Арменско или Ерменско (грчки: Άλωνα, ̀Алона, до 1927 година Αρμένσκο, Арменско[2]) — село во Егејска Македонија, односно Грција, во општина Лерин. Населението изнесува 237 жители (2001).

Арменско
Άλωνα
Арменско is located in Грција
Арменско
Арменско
Местоположба во областа
Јуруково is located in Лерин (општина)
Јуруково
Местоположба на Крушоради во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°51.68′N 21°36.81′E / 40.86133° N; 21.61350° E / 40.86133; 21.61350Координати: 40°51.68′N 21°36.81′E / 40.86133° N; 21.61350° E / 40.86133; 21.61350
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаЛерин
Надм. вис.&100000000000010280000001.028 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно237
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Географиja и местоположбаУреди

Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Арменско дава многу опширен и детален опис во кој меѓу другото за географијата, местоположбата и природните одлики на околината запишал дека селото Арменско се наоѓа 2 часа на запад од Лерин и е расположено на долниот крај на таканаречената Леринска Долина под самата Бигла на почетокот на Леринската Река која започнува ½ час над селото[3]. Тоа е расположено покрај една река којашто се нарекува Стара Река[3]. Реката тука тече бујно и шумно, а бреговите се стрмни[3]. Селото е изградено на левиот брег на реката во должината по брегот[3].

ИсториjaУреди

Во времето на својата посета во 1896 година на крајот на XIX век Ѓорче Петров запишал дека Арменско имало 120 куќи со околу 720 жители под духовенство на Грчката патријаршија. Повеќето куќи се покриени со слама (сламеници) и се распрснати по брегот без ред, а поради тоа што наклонот на брегот е приближно 45 степени, затоа било многу мачно да се оди по улиците. Меѓу мештаните се раскажувало дека некогаш селото (не се знае точно кога) било погоре и поназапад од сегашното место на ребрата на планината Бигла, при што тоа се состоело од колиби на лажичари (луѓе кои прават лажици) и имало своја црква од која сега останало само името. Тие лажичари го основале сегашното село Арменско, откако слегле подолу. Никој во селото не знае од каде го добило тоа име. За доселеници арменци не се споменува ниту во песните, ниту во приказните, а во физичкиот изглед (тип) не се забележувал ерменски тип. Ерменците се црнооки, а тукашните луѓе се сите сивооки и со бело-црвена кожа. Во селото има една црква посветена на св. Атанасиј летен и еден нов манастир посветен на св. Ѓорѓи изграден пред 20 години (1870-тите) и расположен на јужниот брег на реката наспроти селото на растојание од 3 минути од него. Целото село е чифлик. Пред 15-16 години селаните божем го откупиле од бегот и во тоа време не му ги плаќале давачките, но сега бегот им го откажа тоа на селаните и сака повторно да го земе селото. Во селското училиште по желба на самите селани учителот ги учел децата на бугарски. Поголемиот дел од населението сакало да се откаже од грчкото духовенство, но спорот којшто го имаат со бегот не им дозволувлал да го направат тоа.

СтопанствоУреди

ДемографијаУреди

Општествени установиУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμένσκον - Άλωνας
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (изд. 2016.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 458–459. ISBN 978-608-245-113-8.