Сузана Спасовска
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
- За истоимената писателка видете Сузана В. Спасовска
Сузана Спасовска (Скопје, 24 август 1964) — македонска музичка ѕвезда која од 80-тите години на XX век ја негува македонската песна и има снимено над 25 самостојни аудио, двд и видео изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и има настапувано на речиси сите фестивали. Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“, „наследничка на Васка Илиева“ . Позната е по своите уникатни настапи и кореографии[1].
Сузана Спасовска | ||
Родена | 24 август 1964 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | фолк пејачка |
Почетоците на музичката кариера
уредиСпасовска е родена во Скопје на 24 август 1964 година. Уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи (на 11 години членува во детскиот хор „Развигорче“, солист во пионерскиот дом „Карпош“, Младинскиот хор „25 Мај“...“ Почетоците на професионалната кариера се поврзани со членување во пејачката група „Сирма“, како и со забавните групи „Калиопи“ и „Макакус“.) Почетоците започнуваат со првите снимки за Продукцијата на МРТВ во '86 и '87, потоа настапот на манифестацијата „Студентско лето '87“ во Маглај, Босна и Херцеговина. Следната година ја објавува првата касета со наслов „Земи ме“, настапува на Фолк Фест Валандово '88 и тогаш нејзината кариера започнува да оди нагоре. Следува првата турнеја во Австралија, Канада, Германија, Шведска... Од тогаш, Сузана забрзано чекори по патот на македонската песна, учествувајќи речиси на сите фестивали и манифестации, освојувајќи високи и значајни награди. [2]Подоцна постигнува извонредна пејачка кариера, изведувајќи неколку стотици народни и авторски фолк песни[3].
Митот за „Сузе Национале“
уредиКрајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите се мошне значајни за кариерата на Сузана Спасовска. Редовно, тема на разговор се нејзините настапи, сценскиот изглед и вокалната интерпретација. Забележани и значајни се нејзините настапи на Фолк Фест Валандово, кога најмногу од сè, публиката се интересира „Како ќе биде облечена Сузана Спасовска?“ Како најголем хит на овој фестивал во тоа време се издвојува нејзината „Кога љуби мома млада“.
Прва ги воведува високите потпетици и прва се појавува со високи чизми, перики во разни бои и кратки дзолништа. Прва прави револуцијата на македонската сцена и остава впечаток кај публиката после секој настап. Сузана создава креативен печат, изграден врз чувството на иновативност и креативност за комплетен уметник. Тогаш се раѓа Сузе Национале.
Во тој период соработува со најголемите автори и музичари во Македонија. За неа песните ги пишуваат: Хилми Билбил, Мате Грујовски, Димитар Чемков, Љупчо Трајковски-Фис, а најдолго Тодор Трајчевски со кого има остварено долга и значајна соработка. Редовно настапувала на сите фестивали: Валандово, Цветници, Фолк Хит, Гоце Фест, Песна на летото, Охридски трубадури, Интерфест... Незаборавни рефрени кои се врежани во меморијата на публиката од тие фестивали се: Марко, Марко изведена на Цветници, Зошто лажеш и Кога љуби кома млада на Валандово, Чудна судба на Фолк Хит... потоа, „Јас бев твоја робинка“, „Стара мајко“, „Супер пар“... Во нејзин стил, а сепак поразлично од сè претходно, меѓу најпознатите песни е љубовната и веќе легендарна „Ти верував до крај“ изведена на Цветници, која многумина ја нарекуваат Минисимфонија, а со неа дел „открија“ дека Сузана знае да пее.
Во почетокот на деведесеттите објавува два хитовски албума: „Јас бев твоја робинка“ во 1992. и „Стара мајко“ во 1994., кои ги овековечи со солистички концерти во Универзална сала, и тоа: еден по друг во '92 и рекордни четири концерти во '94.
Единствено за неа е напишана театарската претстава „Кој ја уби Сузана Спасовска“, која во тоа време беше изведувана по неколкупати во сите градови.
Има одржано и концерто во Домот на синдикати во Белград, изведувајќи само македонски народни песни, рушејќи ги бариерите и стереотипите за неможноста одржување концерти на пејачи од Македонија во Србија.
Неочекувано за неа е објавувањето на албумот со староградски народни песни во 1996 год., „Староградски бисери“, истакнувајќи го нејзиниот лирски глас. Нејзината оригиналност повторно ја води кон целовечерен концерт во Универзална сала, интерпретирајќи само староградски песни.
Еден од најзначајните настапи во нејзината кариерата е настапот како гостин на прошталниот концерт на легендарната Васка Илиева, по повод „50 години песна“, изведувајќи ја вековната и тешко болната „Судбо моја“. Тогаш, го добива од неа аманетот да продолжи по патот на народната песна и да ја пее насекаде низ светот, па така, кариерата намерно или не, оди по тој пат.
По патот на родољубивата песна
уредиВо 2001. го објавува хитовскиот албум „Бомба“ кој и овој го прави за сечиј вкус. Дводимензионално-песни во модерен фолк ритам и патриотска тематика. На албумот, народот како најголем хит ја издвојува „Гордо Македонијо“ која во тие судбински денови си го наоша својот пат. Па така, Сузана продолжува да снима песни со родољубива и патриотска тематика: Стани Македонијо, Наша татковино, Столетна, Александар Цар Македонски, Пусти да се тие граници...
Паралелно ја негува и трудовата тематика, па ги изведува композициите: Печалбарска елегија, Празничка, Македонска крвава свадба, Бериќет, а меѓу најголемите хитови се издвојува и веселата „Здравоживо домаќини“, изведена на Фолк Фест Роса 2003.
Во тој период уште еден значаен настап е во Опера Хаус-Сиднеј заедно со Танец, по повод 100 години Илинден. Паралелно настапувала и снимала во Бугарија, и во 2004 год. го објавува заедничкиот албум со Васко Лазаров, „Балканска истина“. Неколкупати има забележано учество на фестивалот за народна музика, „Пирин Фолк Сандански“.
Низ кариерата, посветува композиции на значајни ликови од музиката, овековечува трагични настани, пее за празници... Посветува песни за Тоше Проески, Гоце Николовски Владиката Кирил, за загинатите кај Вејце и Шар Планина, но им дава важност и на празниците, пеејќи песни како: Божиќна, Песна за Водици, Илинденска, Велигден сè до Спасовден...
Има забележани дуети снимени со повеќе пејачи, почнувајќи од Мишко Талески („Верувај во овој живот'',„Навек векуваш Македонијо'',„Прочка'', „Вечнаја памјат владико Кирил'' и др.), Наум Петрески („Животот е многу убав'', Пеј, бистро пеј'', „Невено, Невенке'', „Цветините очи черешови'', ''Лино, моме Лино''), со Ефто Пупиновски („Ќе се женат другари''), со Миле Кузмановски („Што спечаливме'', „Ацано млада невесто“), со Спасен Силјановски („Мерак песна''), гр. Свадбари („Свадбарска''), Борис Чоревски („Печалбарска балада'', „Столетна''), Дарко Нечовски („Бог го има секој клуч''), Новица Василевски и Група Биоритам („Назад, назад, Калино моме'', „Девојко мори убава"), Група Академци („Петка, глава“), Оливер Додев („Имала мајка рани две“), како и уметникот од Бугарија - Васко Лазаров („Балканска вистина“, снимена и на бугарски јазик-Балканска истина“, „Терзиче младо'', „Еден е животот'', „Пусти да се тие граници''), вклучувајќи ги и дуетските цедиња со Цане Петров („Бакрдан''), Гоце Џуклески („Тоа сме ние''), Зоран Џорлев („Виолина и глас''), Балканска истина (дуетско цд со Васко Лазаров за бугарски пазар), Антологиско цд, заедно со Душко Георгиевски, Виолета Томовска, Наум Петрески, Нино Величковски...[4]
Дискографија
уредиСузана Спасовска гостувалa речиси низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а имала и настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав Лисински - Загреб, Дом на синдикати - Белград, Цанкарјев дом - Љубљана, Брукс центар - Мелбурн, Опера хаус - Сиднеј и др. Почнувајќи од 1986 до 2024 година, таа има издадено повеќе од 21 албум, меѓу кои и неколку двд и видео изданија, почнувајќи од:
- Земи ме (1988) со оркестарот Урнебес: „Дојди пиле љубено“,„ Ах мил, убав мој“, „Земи ме“, „Води ме во рај“, „Не сум ти кукла“, „Не ти верувам“, „Младост остани“, „Од твојте очи“, „Илија момче сојлија“, „Јас те чекам“, „Една насмевка“.
- Јас бев твоја робинка (1992): „Јас бев твоја робинка“, „Грешно вљубени', „Пари, пари“, „Мандолини и гитари“, „Ќе го љубам довека“, „Што ми фали“, „Чувај се мој војнику“, „Не ме сонувај“, „Свадба убава“, „Ајде Душко Кажи ми“.
- Сузана (1993) - Видео касета од промотивниот концерт во Универзална сала по објавување на касетата „Јас бев твоја робинка“.
- Стара мајко (1994): „Џаро ми е драг“, „Стара мајко“, „Си имам јадови“, „Казни ја Боже“, „Ти, ти“, „Бегај ѓаволе“, „Супер пар“, „Нема да дозволам“, „Ако сакаш љуби ме“.
- Македонски бисери (изворни песни - 1996): „Не виткај се Софче“, „Параходот ми пристигна“,„Билбил пее“ „Бор садила мома Евгенија“, „Со маки сум се родила“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Пилето ми пее“,„Јано мори“, „Судбо моја“, „Благуно дејче (дует со Пепи Бафтировски)“
- Македонски бисери (1997) DVD: „Не виткај се Софче“, „Параходот ми пристигна“, „Јано мори“, „Не си г продавај Кољо чифликот“, „Билбил пее“, „Пилето ми пее“, „Судбо моја“, „Благуно дејче (дует со Пепи Бафтировски)“
- Песно, развесели ме (1998): „Песно развесели ме“, „Ти си ми по мерак“, „Не е штос“, „Личен Дејан“, „Добар чочек пари вреди“, „Фалбаџијо“, „Плати ми“, „Гори срце, гори“, „Не ми треба богатство“,„Отров ти е душата“+екстра хит „Џингрлака Џикица“ (во втората верзија на касетата, 1999 г.)
- Бомба (2001): „Бомба“, „Миле, Миле“, „Ај со среќа денот“, „Аман, аман“, „Среќен роденден“, „Чоколада“, „Гордо Македонијо“, „Расти сине“, „Егејска мака“,„Земјо моја“, „Стара мајко“.
- Балканска истина (дуетско цд со Васко Лазаров, издадено за Бугарски пазар-2004): „Високи чардаци-В.Л.“, „Здравоживо домаќини-С.С.“, „Кирчо на чардак-В.Л.“, „Засвири една наша-С.С.“, „Като Лена-В.Л.“, „Сватба убава-В.Л.“, „Маико-В.Л.“, „Билбил пее-С.С.“, „Балканска истина (дует)“.
- Здравоживо домаќини (2005): „Здравоживо домаќини“, „Две лози“, „За нас“, Зумба, зумба“, „Дај ја сметката“, „Јас те сакам“, „Од љубов не се бега“, „Животот е многу убав“, „Ако душо, ако“, „Младо Охриѓанче“, „Засвири една наша“, „Стојане сто те убиле“, „Отров ти е душата“, „Грешно вљубени“, „Печалбарска балада“.
- Песни за татковината (2005) - Двојно цд со Здравоживо домаќини: „Столетна“, „Навек векуваш Македонијо-дует со М.Т“, „Александар цар Македонски“, „Стани Македонијо“, „Пусти да се тие граници“, „Лешочките камбани“, „Каде се дванаесетмината“, „Егејска мака“, „Наша татковино“, „Бошја реч“, „Гордо Македонијо“, „Расти сине“, „Пеј, бистро пеј-дует со Н.П.“, „Земјо моја“.
- Здравоживо домаќини (2006) DVD - Здравоживо домаќини, Две лози, Александар цар македонски......
- Антологиско цд со народни песни (2006)
- Празнична (2008): „Празнична“, „Вино му се пие“, „Бериќет“, „Илинденска“, „Ќе се женат другари-дует со Е.П.“, „Родно огниште“, „Низ корија зелена“, „Митра низ двори шеташе“, „Китуше, Митуше-дует со гр.Бекрии“, „Жилче, доме мој“, „Саде ти се чудам Цвето“, „Младост“, „Љубов“, „Урнебес“, „Прочка-дует со М.Т.“.
- Македонски бисери (2008) DVD - народни песни за бугарски пазар
- Бакрдан (народни песни во етно стил наменети за Хрватскиот пазар (2008) - со Цане Петров: „Смилјана“, „Македонско девојче“, „Сношти појдов мила мамо“, „Невесто мори убава“, „Ој девојче, ран бел мој“, „Ацано млада невесто“, „Там дека има високи чардаци“, „Каде се чуло видело“, „Билјана платно белеше“.
- Сполај ти, Боже (2013) двојно цд: „Заради децата“, „Градат Мијаци крсто до облаци“, „Печалбарска елегија“, „Сполај ти Боже“, „Еден е животот-дует со В.Л.“, „Велигден дојде“, „Денес ми е роденден“, „Оган да го гори“, „Една е, една Македонија“, „Мерак песна-дует со С.Сиљановски.“, „Осум бигори на Македонија“, „Свадбарска-дует со гр. До Ре Ми“, „Велигден сè до Спасовден“, „Божиќна“, „Те љубам“.
- Македонски бисери 2 (2013-народни песни)- Двојно цд со „Сполај ти Боже“: „Ој Јоване“, „С каменички флат мамо“, „По друм одам мајче“, „Белите манастири“, „Виното и песната“, „Сношти појдов мила мамо“, „Пушко ле, пушко“, „Внуците на Гоце“, „Ој девојче, ран бел мој“, „Море сокол пие“, „Што имала к'смет Стамена“, „Сестра кни брата на вечера“, „Таму долу крај Белото Море“, „Македонки билбилјанки“, „Калино моме“.
- Тоа сме ние (2013) - со Гоце Џуклески: „Тоа сме ние“, „Денес ми е роденден“, „Во срцево те насликав“, „Нека памети“, „Новогодишна снегулка“, „Пеј, играј со мене“, „Валцер за младенците“, „Песна за Водици“.
- Виолина и глас (2013)-Со Зоран Џорлев (изворни песни, снимени со виолина и гласот на С. Спасовска): „Те видов и се заљубив“, „Налеј, налеј“, „По друм одам мајче“, „Ајде брала мома“, Жали Горо“, „Параходот ми пристигна“, „Градел Илија манастир“, „Црна се чума зададе“, „Сношти појдв, мила мамо“, „Т'га за југ“.
- Македонски бисери 3 (2014) - народни песни: „Земјо Македонска“, Петро ле, пиле шарено“, „Три години стана“, „Мори сваќе, сваќе“, „Таму долу крај Белото Море“, „Остана Ратка млада удовица“, „Болен лежи млад Стојан“, „Ајде да си речеме една песна“, „Македонско девојче“, „И ние сме деца на Македонија“.
- 30 години музика, сцена, за Македонија (2016) DVD - јубилеен концерт одржан на 4. март 2016 во МОБ по повод 30 години на сцената.
- Спомени (2017) - BoxSet со 3 цд - ЦД1/ Ти верувај до крај, ЦД2/ Кој пее зло не мисли, ЦД3/ Кога љуби мома млада
- Земјата на сонцето (2017) - BoxSet со 3 цд - ЦД1/ Мојата земја, ЦД2/ Божја реч, ЦД3/ Ден да се памети
- Солзана (2017) - Промотивен албум со аудио и двд издание
- Приказна (2021-2022) - Јубилеен проект по повод 35 години на сцената. Изданието се состои од албум-цд, усб клуч, усб касета и касета.
- Терирем (2023) - Православни и црковни песнопеења
- Судбо моја (2023) - етно
Спасовска истовремено работела како директорка во нејзината матична продукција ’’С Национале’’, основана во 2010 година. Досега ги има реализирано концертите: 10 години од смртта на Васка Илиева, насловен како ’’Земјо Македонска’’ во 2011 година; ’’Македонско име нема да загине’’ во 2011 година; Концертот во чест на Секула Пупиновски во 2012 година; Етно фест „Три Круши ’’ во 2010, 2011 и 2012 година; снимен еден циклус на музичката емисија ’’Здравоживо домаќини’’. Таа 15 години е директор на Лешочки Фолк Фест.
Во организација на „Роса продукција“, на 4 март 2016 година, Спасовска одржа голем јубилеен концерт по повод 30 години од нејзината музичка кариера.
ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ-30 ГОДИНИ НА СЦЕНАТА
уреди„Т’га за југ“, арија од Пучини, песна на кинески јазик... Со совршена леснотија во својата изведба, Сузана Спасовска им ги подари овие музички изненадувања, поразлични од нејзиниот вообичаен репертоар, на сите оние што дојдоа на нејзиниот јубилеен концерт, што се одржа на 4 март, во салонот на МОБ. За овие три децении на македонската естрада, колку што Сузе национале ги одбележа со овој концерт, насловен како „30 години сцена, музика, Македонија“, дури и оние што се резервирани кон нејзината фолк-определба, не посакале да и' ги оспорат гласовните капацитети на музичка примадона.
Сузе национале, епитет кој како што вели, и' е чест што го носи, ја делеше сцената со своите пријатели и колеги и ги испеа сите свои најголеми хитови. Имаше многу аплаузи, солзи, емоции, награди и други бројни изненадувања.
Елегантна, во три гламурозни творби, Сузана Спасовска на сцената на МОБ, ја остави во спомените онаа сценски екстравагантна Сузе, од која како што знае да каже, учела и Леди Гага. Емоциите насобрани поради јубилејот, полната сала, семејството и пријателите во публиката... не предизвикаа да и' затрепери гласот на погрешно место, туку само создаде нов квалитет во нејзината изведба.
Концерт на Спасовска започна со нејзините песни, кои беа хитови од нејзината рана фаза, крајот на осумдесеттите и деведесеттите години: „Здравоживо домаќини, Кога љуби мома млада, Зошто лажеш зошто мамиш, Марко-Марко, Стара мајко,Личен Дејан“ и др. Вистинската моќ на „голиот“ глас на славеничката, во придружба на само еден инструмент, гитара, првпат се покажа во вториот дел од концертот, со песната „Стојане, сто те убиле“. Потоа, со секоја песна само се потврдуваше впечатокот и се надградуваше концертното доживување.Нејзиниот ѕвонлив, силен, пробивен, но истовремено нежен глас, се вивна во невидени височини, но допре и до најдлабоките катчиња на душите на сите во салата. Таа во придружба на виолината на Зоран Џорлев продолжи со „Параходот ми пристигна“ од дуетското цд „Глас и виолина“, „Јано севдалино“, „Судбо моја“ и дуетот со машката пејачка група од „Танец“ на песната „Назад Калино моме“. Како гости на концерот се појавија хармоникашите и композитори Тодор Трајчевски, со заедничка изведба на „Ти верував до крај“, со Гоце Џуклески, “Пеј, играј со мене“, како и Милан Завков со песната “Засвири една наша Милане“. Големо изненадување за публиката во овој блок беше изведбата на „Т'га за југ“, што го заокружи блокот за заедничкото цд со Зоран Џорлев, а потоа и оперската арија од Пучини и народната кинеска песна, на која се придружи нејзиниот професор по кинески јазик. Публиката со големи оваа ја придружуваше и заедничката изведба на „Македонско девојче.“
Во третиот дел од концерт, кој Сузе го најави како дел за провеселување, беа изведени композиции кои низ годините беа хитови, а некои од нив се се“ уште. Има ли некој кој не се сеќава на песните во периодот од 1998 до 2003 г.? Како такви беа испеани: „Гордо Македонијо, Песно развесели ме, Супер пар, Робинка, Навек Векуваш Македонијо со Мишко Талески... Но големо изненадување за публиката беше сплетот од безвременските песни како „Бомба, Ај со среќа денот“, за да финалето на концертот се случи со безвременкиот хит „Џингрлака џикицак“, неизбежен елемент за весела атмосфера насекаде. По сплетот од весели рефрени, кога Сузе на нозе ја крена цела сала, концертот заврши со песната на легендарната Васка Илиева, која токму Сузе Национале ја прогласи за своја наследничка - „Земјо Македонска“, заедно со сите кои беа дел од овој јубилеј.
Едноставно, од сите аспекти си ја потврди „титулата“ - Национале. По вториот дел од концертот ѝ беа доделени неколку награди и признанија од целиот свет, но се закити и со најголемата награда, „Македонски сенатор“, која ја додели македонското друштво од Австралија. Пред сите присутн доделувачот на наградата рече дека нашинците ја очекуваат на летната турнеја во Австралија, каде што ќе продолжи да го слави јубилејот. Народот потврди дека Сузе мора да прави концерт секоја година, без да прескокнува. Заслужено.
Видеографија
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Албум: Македонски бисери
|
1997 | Сенатор Рекордс |
Да се памти овој ден | 2001 | МТВ |
Гордо Македонијо | 2001 | МТВ |
Земјо моја | 2001 | МТВ |
Стојане сто те убиле | 2001 | МТВ |
Печалбарска балада | 2001 | МТВ |
Опомена | 2001 | МТВ |
Верувај во овој живот | 2001 | МТВ |
Подај рака | 2001 | МТВ |
Расти сине | 2001 | МТВ |
Те љубам | 2002 | МТВ |
Божја реч | 2002 | МТВ |
Стани Македонијо | 2002 | МТВ |
Ај со среќа денот | 2002 | МТВ |
Дај ја сметката | 2002 | МТВ |
Грешно вљубени | 2003 | Видео Бокс Продукција |
Верувај во овој живот | 2003 | |
Лешочките камбани | 2003 | |
Здравоживо домаќини | 2003 | - |
Китуше Митуше | 2005 | - |
Божиќна | 2006 | |
Митра низ двори шеташе | 2006 | |
Саде ти се чудам Цвето | 2008 | ТВ Родина |
Промотивно ДВД „Празнична“
|
2008 | Тв Морис, Охрид |
Сон сум сонил | 2009 | - |
Еден е животот | 2010 | ТВ Родина |
Терзиче младо | 2010 | ТВ Родина |
|
2011 | С Национале |
Едно мирно топло лето | 2014 | Томато Продукција |
Тагувам со насмевка | 2015 | Фабрика Продукција |
Лажи ме | 2015 | - |
Има една земја | 2015 | - |
Спомени | 2016 | Фабрика Продукција |
Велигден се’ до Спасовден | 2017 | MТВ |
Проект „Солзана“
-Македонска митологија
|
2017 | ИН Продукција, Охрид |
Рамо за плачење | 2018 | Фабрика Продукција |
Девојко мори убава | 2018 | Миле Грозданоски |
Со тебе имам се’ | 2018 | Фабрика Продукција |
Ти верував до крај | 2021 | МТВ |
Рибарот мој | 2021 | МТВ |
Среќо мајкина | 2021 | МТВ |
Народе Македонски | 2023 | Скендеровски Продукција |
Проект „Терирем“ - црковни и
православни песнопеења 1.Спаси ни, сине Божји 2. Да исправитсја молитва моја 3. Господи помилуј 4. Тебе поем 5. Кресту твоему 6. Свјатиј Боже 7. Стихири на Пасха 8. Тропар на Свети Никола 9. Терирем 10. Елици во Христа 11. Тропар на Света Петка Римјанка 12. Господи помилуја 13. Достојно Ест 14. Богородице Дево 15. Катавасии на Рождество Христово 16. Света Дево Владичице |
2024 | Арт Студио |
Наводи
уреди- ↑ „Леди Гага ме копира“. Вест. Посетено на 2010-03-28.[мртва врска]
- ↑ „БИОГРАФИЈА“. Сузана Спасовска - Suzana Spasovska. 2018-08-15. Посетено на 2024-07-23.
- ↑ Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ „БИОГРАФИЈА“. Сузана Спасовска - Suzana Spasovska. 2018-08-15. Посетено на 2024-07-23.
Надворешни врски
уреди- Сузана Спасовска на YouTube
- Сузана Спасовска на Facebook - Фан страна
- Податоци за изданија Архивирано на 12 април 2020 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар.
„Сузана Спасовска“ на Ризницата ? |
https://www.youtube.com/playlist?list=PLsCOSfJA3vG8cFmBMN7btn5qI3zq6eiZG[1]
- ↑ Спасовска, Сузана (2.6.2024). „2024 - Видео проект ТЕРИРЕМ“. YouTube. Посетено на 2024-08-03. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)