Џанлука Брамбила
Џанлука Брамбила (италијански: Gianluca Brambilla; р. 22 август 1987) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[1]
Брамбила на Џиро д’Италија 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Џанлука Брамбила | ||
Прекар | Брамби | ||
Роден | 22 август 1987 Белано, Италија | ||
Висина | 1,70 м | ||
Маса | 57 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Лидл-Трек | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2006 2007–2009 | Ормесани Пани Залф Дезире Фиор | ||
Професионални клубови | |||
2010–2012 2013–2017 2018- | Колнаго-ЦСФ Инокс Омега Парма-Квик Степ Трек-Сегафредо | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 21 јануари 2018 |
Кариера
уредиЈа започнал професионалната кариера во 2010 со Колнаго-ЦСФ Инокс.[2]
На Џиро д’Италија 2011, Брамбила завршил четврти во планинскиот пласман и завршил на четвртото место на етапата 18.[3] Брамбила имал уште два пласмани во првите десет на Џиро д’Италија 2012, завршувајќи десетти на седмата етапа,[4] и седми на осмата етапа.[5]
Во септември 2014 година, Брамбила бил исфрлен од Вуелта а Естапа, затоа што разменил неколку удари со рускиот велосипедист Иван Ровни во текот на шеснаесеттата етапа.[6]
Во 2016 година ја освоил осмата етапа на Џиро д’Италија, која му ја донела и розовата маичка. Ја освоил етапата преку рано бегство.[7] Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[8]
Достигнувања
уреди- 2006
- 3. Краен пласман Џиро дел Венето
- 3. Сталавена
- 2007
- Џиро дел Венето
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 4
- 1. Меморијал Гери Газпарото
- 2. Копа Фиера Меркатале
- 2. Гран Премио деи Коли Изолани
- 2. Гран Премио Ецио дел Росо
- 3. Меморијал Витиме дел Вајонт 9 октомври 1963
- 2008
- 1. ГП Палио дел Речото
- 1. Меморијал Витиме дел Вајонт 9 октомври 1963
- 2. Пикола Санремо
- 2. Џиро дела Провинција ди Падова
- 2. Копа Чита ди Сан Даниеле
- 3. Трофео Зсшди
- 3. ГП Бјанко ди Кустоца
- 3. Копа Лесинија
- 3. Тренто-Монте Бондоне
- 2009
- 1. Краен пласман Џиро дел Фриули
- 1. Медалја д’Оро Фраре де Нарди
- 1. Копа Чита ди Сан Даниеле
- 2. Трофео Џанфранко Бјанкин
- 2. Копа Фиера ди Меркатале
- 3. Национално друмско првенство под 23 години
- 3. Трофео Зсшди
- 3. Џиро дела Вали Аретине
- 3. Руота д’Оро
- 3. Трофео Спортиви ди Бриџа
- 2010
- 1. Гран Премио Нобили Рубинетери
- 6. Гран Премио ди Лугано
- 2011
- 4. Гран Премио Индустрија е Комерчо Артиџанато Карнагезе
- 4. Џиро дела Ромања
- 6. Гран Премио дел’Инсубрија-Лугано
- 2012
- 1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро ди Паданија
- 2. Џиро дел’Апенино
- 4. Трофео Лаигвелја
- 4. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
- 7. Гран Премио ди Лугано
- 2014
- 3. ГП Брик Шоте
- 4. Трофео Сера де Трамунтана
- 2015
- 6. Краен пласман Трка Абу Даби
- 8. Национално друмско првенство
- 10. Џиро ди Ломбардија
- 10. Класик Ла Дром
- 2016
- 1. Етапа 8 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
- 1. Трофео Поленка-Порт де Андрат
- 2. Национално друмско првенство
- 3. Страде Бјанке
- 4. Трофео Сера де Трамунтана
- 6. Класика де Сан Себастијан
- 7. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 8. Тре Вали Варезине
- 10. Краен пласман Трка околу Оман
- 2017
- 8. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 95 | 13 | 105 | 29 | — | 22 | — |
Тур | — | — | — | — | — | — | 53 |
Вуелта | — | — | — | ДСК | 13 | 23 | — |
СО = се откажал; ДСК = дисквалификуван; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Brambilla signs for Trek-Segafredo“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 13 септември 2017. Посетено на 3 јануари 2018.
- ↑ „Колнаго-ЦСФ Инокс (COG) – IRL“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 14 мај 2012.
- ↑ Рајан, Бери (26 мај 2011). „Капеки доби една етапа за Ликвигас“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 14 мај 2012.
- ↑ Вин, Најџел (12 мај 2012). „Хесједал премина во водство на Џиро по планинската завршница“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 14 мај 2012.
- ↑ Аткинс, Бен (13 мај 2012). „Domenico Pozzovivo attacks to win at Lago Laceno“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 14 мај 2012.
- ↑ „Вуелта а Еспања: Брамбила и Ровни дисквалификувани додека Контадор победи“. BBC Sport. Посетено на 9 септември 2014.
- ↑ „Reactions from stage 8 of the Giro d'Italia“. Cycling Quotes (англиски). CyclingQuotes.com 2013. 14 мај 2016. Посетено на 14 мај 2016.
- ↑ „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.
Надворешни врски
уреди„Џанлука Брамбила“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Џанлука Брамбила“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Џанлука Брамбила“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Џанлука Брамбила“. ProCycling.