Дипломатија
Зборот "дипломатија" потекнува од грчкиот збор диплома. Во Стара Грција дипломата била државен документ кој се давал на определено лице како препорака или уверение за неговите официјални овластувања да ја претставува државата во други земји. Носителот на диплома започнал да се нарекува дипломат, а од таму и дејноста сврзана со тие лица го добила името дипломатија.
Во меѓународната доктрина постојат различни определби за поимот дипломатија. Така некои автори сметаат дека дипломатијата е уметност - дипломатија е уметност и пракса на водење на преговори меѓу овластени личности, кои претставуваат групи или нации. Најчесто се однесува на меѓународна дипломатија, водење на меѓународни односи преку посредувањето на професионални дипломати во врска со прашања поврзани со постигнувањето на мир, култура, економија, трговија и војна. Додека други автори сметаат дека дипломатијата е наука со определени задачи, методи, правила и норми. Се среќава и разгледување на дипломатијата во тесна и широка смисла. Во првиот случај дипломатијата е уметност за претставување и водење на преговори со официјални лица од туѓи држави, додека во широка смиска дипломатијата е официјалната дејност на органите за надворешни/меѓународни односи, севкупност од разнообразни средства, методи и форми со коишто се користи државата во водењето на надворешните функции. Со анализа, се откриваат неколку општи црти за поимот дипломатија:
- прво- дипломатијата наоѓа израз во областа на меѓународните надворешни односи.
- второ- основен метод за спроведување на дипломатската дејност се преговорите.
- трето- дипломатската работа се извршува од официјално задолжени лица.
Дипломатската дејност се регулира од општо прифанатите принципи на современото меѓународно право, коешто ја создава основата на дипломатското право. Основниот универзален документ којшто ги содржи принципите на дипломатската дејност е Уставот на ООН. За реализација на својата надворешна политика секоја држава има специјализиран апарат со систем од органи за надворешни односи. Тие можат да бидат внатрешно-државни и задгранични органи за надворешни односи. Внатрешно-државни се: Парламентот, Претседателот, Министерството за надворешни работи и специјализирани внатрешно-државни органи. Додека задграничните органи се делат на постојани и времени, постојани се: дипломатските, трговските и претставништва во меѓународните организации.
Се смета дека најстарите споменици на дипломатијата потекнуваат од Египет- ЕлАмаранската преписка од 15 и 14 век п.н.е (360 глинени плочки кои содржеле дипломатски писма помеѓу египетски фараон и туѓи владетели).
Во неформална или општествена смисла, дипломатијата е употребување на такт да се добие стратешка предност, збир на алатки за формирање на изјавите на неконфронтирачки начин.
Историски развој
уредиСтар Египет, Канаан и Империја на Хетити
уредиНекои од најраните дипломатски записи се армана писмата, напишани меѓу фараоните на осумнаесеттата династија на Египет и владетелите на Амуру од Канаан за време на 14 век п.н.е. По битката на Кадеш во 1274 година п.н.е. за време на деветнаестата династија, фараонот на Египет и владетелот на Хетитското царство постигнаа еден од првите познати меѓународни договори за мир кои опстојуваат на фрагментите од камената плоча.
Стара Грција
уредиГрчките градови-држави понекогаш испраќаат пратеници едни до други за да преговараат за специфични проблеми, како што се војна и мир или трговски врски, но немаа дипломатски претставници кои редовно се поставени на територијата на другиот. Сепак, некои од функциите придодадени на модерните дипломатски претсавници во Стара Грција се пополнети со застаници, кои се граѓани од градот-домаќин кои имаат посебни пријателски врски со друг град- врска која е често наследна во фамилиите.
Европа
уредиАнтички почетоци
уредиСпособноста да се практикува дипломатијата е еден од дефинирачките елементи за држава. Како што е напишано погоре, дипломатијата се практикувала уште од создавањето на првите градови-држави пред еден милениум во Стара Грција. Поголемиот дел од човековата историја, дипломатите биле испраќани само за посебни преговарања и веднаш се враќале откако ќе ја завршеле мисијата. Вообичаено, дипломатите биле роднини на владејачката фамилија или биле со висок ранг со цел да имаат легитимитет кога ќе сакаат да преговараат со други држави.
Еден значаен исклучок е врската помеѓу Папата и Византискиот цар. Агентите на папата, наречени апокрисиари (дипломатски претставници за време на Антиката и раниот Среден век), и биле со постојано место на живеење во Цариград. Сепак, по 8 век конфликти меѓу Папата и царот (како што е контраверзијата иконоборство- намерно уништување на икони и црковни споменици) доведоа до кршење на екстремно блиските врски.
Потеклото на дипломатијата се наоѓа во стратешката и конкурентната размена на впечатливи подароци, коишто можат да се забележат уште во Бронзената ера и да се признаат како хомеров став за пријателски однос на гостинот. Според тоа, дипломатијата и трговијата биле уште од почеток постојано поврзувани. Дејвид Џакоби забележува дека,, во рамката на дипломатски односи вообичаено е да визанитиските цареви и муслиманските владетели, особено Абсиди и Фатмиди, како и муслимански владетели меѓу себе да разменуваат вредни подароци, со кои ќе се обидат да ги импресионираат или надминат колегите,`` во контекст на економијата на свилата во културната размена меѓу Византија, Исламот и Латинскиот запад: трговци придружувани од емисари кои често патувале со комерцијални бродови. Подоцна, ќе се прибележи дека англискиот авантурист и трговец Ентони Шерли го убедил персискиот владетел да ја направи првата персиска амбасада во Европа (1599-1602).
Извори на модерната дипломатија
уредиПотеклото на раната модерна дипломатија често се бара во државите во Северна Италија во раната ренесанса, со воспоставувањето на првите амбасади во 13 век. Милано ја играл водечката улога, особено Франческо Сфорца, кој воспоставил постајани амбасади во другите градови-држави во Северна Италија. Тоскана и Венеција, исто така, биле центри каде што цветала дипломатијата од 14 век па наваму. Многу од модерната дипломатија започна токму на италијанскиот полуостров, како што е претставување на акредитиви на амбасадори до шефот на државата.
Практиката се прошири од Италија во другите европски региони. Милано е првиот град којшто испратил претставници во францускиот двор во 1455 година. Меѓутоа, Милано одбил да биде домаќин на француските претставници поради страв од шпионажа и дека француските претставници ќе интервенираат во неговите внатрешни работи. Бидејќи надворешната моќ на Франција и Шпанија станала се повклучена во италијанската политика се прифати потреба за прифаќање на емисари. Набрзо потоа, големите европски сили разменуваа претставници. Назначија амбасадор во англискиот двор во 1487 година. До доцниот 16 век, постојаните мисии станаа вообичаени. Сепак, Царевите на светото Римско Царство редовно не испраќаа постојани пратеници, бидејќи тие не можат да ги ”ретставуваат интересите на сите германски принцови (кој во теорија биле поданици на царот, но во пракса секој од нив бил независни).
За време на тој период правилата на модерната дипломатија дополнително се развија. Највисокиот ранг на претставништво беше амбасадор. Во тој период амбасадор беше благородник, а рангот на назначениот благородник варирал од престижот на државата во која тој бил назначен. Строгите стандарди за амбасадорите, бараат да тие имаат големи места на живеење, домаќини на богати забави и да играат значајна улога во дворскиот живот на нацијата-домаќин. Во Рим, најценети именувања за католички амбасадор, француските и шпанските претставници, имале придружба дури и до 100 луѓе. Дури и на помалите места, амбасадорите биле доста скапо платени. Помалите држави би испратиле и примиле пратеници, кои биле на ранг понизок од амбасадор. Некаде помеѓу двете била позицијата на ополномоштен министер.
Дипломатијата била сложена работа, дури и повеќе отколку сега. Амбасадорите од секоја држава биле рангирани преку сложено ниво на приоритет кои често се оспорувани. Вообичаено, државите биле рангирани со титулата на владетелот. За католичките нации емисарите од Ватикан биле најзначајни, потоа оние од кралствата, па од војводствата и кнежевствата. Претставниците од републиките биле рангирани најдолу (што најчесто ги правело гневни водачите на бројните германски, скандинавски и италијански републики). Одредување на првенство меѓу две кралства зависело од бројот на факторите кој често се менувал, што доведувало до блиски и чести препирања.
Амбасадори, благородници со мало искуство во странство и накакви очекувања од кариара во дипломатија, имаа потреба да бидат поддржани од многубројниот кадар во амбасадата. Овие професионалци би биле испратени на подолги задачи и би биле со далеку поголемо знаење отколку високо рангираните службеници за земјата-домаќин. Кадарот на амбасадата би вклучил вработени од сите професии, вклучувајќи и некои кои се посветени на шпионажата. Потребата за вешти поединци во кадарот на амбасадите е исполнет со дипломците на универзитетите и ова доведе до зголемување на оние кои ги изучуваат меѓународното право, модерните јазици и историјата на универзитетите ширум Европа.
Истовремено, биле воспавени постајани надворешни министерства во речиси сите европски држави да ги координираат амбасадите и нивниот кадар. Формата на овие министерства е далеку од модерната форма, и многу од нив имале неважни внатрешни одговорности. Британија имаше два оддела со надлежности кои често се поклопувале сè до 1872 година. Тие, исто така, биле далеку помали од денешните. Франција, која ги поседуваше најголемите оддели за надворешни работи, имаше само 70 постојано вработени луѓе во осумдесеттите години на 18 век.
Елементите на модерната дипломатија бавно се проширија кон Источна Европа и Русија, пристихнувајќи во 18 век. Целата градба би била прекината од Француската револуција и последователните години на воена состојба. По револуцијата и обични луѓе ќе почнат да ја преземаат контролата врз дипломатијата во француската држава и оние освоени од револуционерните армии. Укинати се ранговите на првенство. Наполеон, исто така, одби да признае дипломатски имунитет, затворајќи неколку британски дипломати обвинети за правење на интриги против Франција.
По падот на Наполеон, Конгресот од Виена во 1815 година воспостави меѓународен систем на дипломатски рангови. Конфликти за првенство помеѓу нациите (а со тоа и соодветните користени дипломатски рангови) опстојаа уште еден век сè до крајот на Втората светска војна, кога рангот на амбасадор стана норма. Во меѓувреме, личности како германскиот канцелар Ото Фон Бизмарк беа обновени за меѓународна дипломатија.
Азија
уредиСтара Индија
уредиСтара Индија, со нејзините кралства и династии,, имаат долга традиција на дипломатија, Артшастра, се придодава на Котија (исто така позната како Чанакја), кој е главниот советник на Чандрагупт Морија, основачот на династијата Морија кој владеел во 3 век п.н.е. (чиј главен град бил Паталипутра, денешен Патна, централниот град на државата Бихар). Артшастра е целосно дело на уметноста на кралството, со многу оданочувања и издигнувањето и одржувањето на армии. Исто така вградува теорија на диплматија, за како во ситуација на заемно на заемно оспорување на кралства, мудро изградени сојузи на кралот и обид за матирање на неговите противници. Во тој период, испратените пратеници во дворот на другото кралство имаа тенденција да престојуваат за подолг период, а Артшастра содржи совет на однесувањето на пратениците, вклучувајќи ги и острите предлози дека ,, дома треба да спие сам``. Најголемиот морал на кралот е дека кралството треба да просперира.
Кина
уредиЕден од најраните реалисти за теоријата за меѓународните врски е стратегот од 6 век п.н.е. Сун Цу (496 година п.н.е.), автор на делото Уметноста на војувањето. Тој живееше во време кога државите-соперници почнаа да обрнуваат се помалку внимание на традиционалните почитувања за почитувањето на династијата Џоу (1050-256 година п.н.е.) монарси, додека сите се натпреваруваа за моќ и целосно освојување. Сепак, за секоја завојувана држава неопходно беше употреба на дипломатија во воспоставувањето на сојузници, трампањето на земја и потпишувањето на мировни договори.
Од битката на Бејденг (200 година п.н.е.) до битката на Мај, динистијата Хан е принудена да подржи сојузништво преку склучување на брак и да плата огромна сума на данок (во свила, ткаенина, житни култури и други хранливи производи) на моќниот номад од северот Сјону кој беше поддржан од Моду Шанји. Откако Сјону му пренесе на царот Вен на Хан (180-157 година п.н.е.) дека тие контролираат области кои се простираат од Манџурија до градовите-држави во оазата Таримскиот басен, во 162 година п.н.е. подготвија договор со кој прокламираа дека сè што е северно од Кинескиот ѕид им припаѓа на номадските земјишта, додека пак сè што е јужно од Кинескиот ѕид ќе им припаѓа на ханските Кинези. Договорот е обновен не помалку од девет пати, но не ги ограничи некои Сјону дучи (=мудар кнез) од продирање на границите на Хан. Ова беше додека оддалечените движења на царот на Хан, Ву (141-87 година п.н.е.) кој го распарчи единството на Сјону и дозволи на Хан да ги освојат западните региони. Под водството на Ву, во 104 година п.н.е. армиите на Хан стигнаа сè до Фергана во Средна Азија да војуваат против Јуеџе, кој ги освоил старомакедонските области.
За време на кинеската династија Танг (618- 907 година) Корејците и Јапонците гледаа на кинескиот главен град, Чанг-ан како колевка на цивилизацијата и ги имитираа нивните централни бирократии како модел на владеење. Во овој период Јапонците испраќаа чести претставништва во Кина, иако ги запреа овие патувања во 894 година за време на неизбежниот колапс на Танг. По разорувачкото востание на Ан Ши од 755 година до 763 година, динистијата Танг не беше во позиција да повторно ги освои Средна Азија и Таримската Котлина. По неколкуте конфилкти со Тибетската имеприја долж неколку децении, Танг конечно склучи примирје и потпиша мировен договор со нив во 841 година.
Во 11 век за време на динистијата Сунг (960-1279 година) имаше вешти амбасадори како Шен Куо и Су Сунг кои постигнаа дипломатски успех со династијата Љао, често непријателски настроениот северен сосед Китај. И двајцата дипломати ги обезбедија вистинските граници на династијата Сунг преку знаење на картографија и барање во старите судски архиви. Постоеше, исто така, тријада на војување и дипломатија помеѓу овие две држави и династијата Тангут северна Сја на северозападот од Кина на Сунг (централно во денешна Шанјси). По војувањето со династијата Лу од Виетнам од 1075 година до 1077 година, во 1082 година Сунг и Лу склучија мировен договор за да ги разменат соодветните земји кои ги освоија за време на војната.
Долго пред династиите на Танг и Сунг, кинезите испраќаа пратеници во Средна Азија, Индија и Персија, почнувајќи од 2от век п.н.е. Друг значаен настан во кинеската дипломатија е кинеската амбасадорска мисија на Жоу Дагуан во империјата Кмер на Камбоџа во 13 век. Кинеската дипломатија беше потреба во различни периоди на кинеското истражување. Од династијата Танг (618-907 година), кинезите, исто така, многу испраќаа дипломатски пратеници надвор од границите на поморски мисии во Индискиот Океан, Индија, Персија, Арабија, Источна Африка и Египет. Кинеската поморска активност драмтично се зголеми за време на трговскиот период на династијата Сунг, со нови наутички технологии, многу повеќе сопственици на приватни бродови и зголемен број на економски инвеститори во прекуморските мисии.
За време на монголската империја (1206-1294 година), Монголците направија нешто слично на денешните дипломатски пасоши, наречени ,,паиза.`` Овие пасоши постоеле во три различни видови (златни, сребрени и бакарни) во зависност од пратеничкото ниво на значајност. Со овој вид на пасош доаѓа и авторитет со кој пратеникот може да побара храна, превоз, место да остане во кој било град, село или клан без потешкотии во рамките на империјата.
Од 17 век, постоеја серија на договори поддржани од кинеската династијата Кинг и Царска Русија, почнувајќи со договорот од Нерчинск во 1689 година. По ова следеше Аигун договорот и конвенцијата од Пекинг во средината на 19 век.
Како што европската моќ се прошири ширум светот во XVIII и XIX век така и нејзиниот дипломатски модел и систем се усвои од азиските држави.
Модерна ера
уредиВо рамките на раната модерна ера на Азија дипломатските врски биле прикажани како средина на престиж и статус. Била застапена идејата дека за да претставуваш една автономна држава на меѓународно поле треба да се биде од благородничко потекло. Според тоа, позицијата на дипломат во Азија често е почитувана како елемент на супериорната класа. Способноста на државата да практикува дипломатија е една од основните дефинирачки одлики за автономна држава. Затоа токму оваа практика се применува од концептот на првите градови-држави во рамките на меѓународниот спектрум. На почетокот дипломатите од Азија се испраќале само поради преговарање. Од нив се барало да веднаш се вратат откако ќе ја завршат својата задача. На почетокот, мнозинството на дипломати биле роднини на владејачкото семејство. Тие се наградуваат со повисок ранг со цел да можат да претставуваат одреден легитимитет во поглед на нивното присуство. Италија, Отоманското Царство и Кина се првите вистински држави кои одржаа средини за дипломатија. За време на раната модерна ера дипломатијата еволуирала за да стане клучен елемент во меѓународните врски во рамките на Средоземјето и Азија.
Отоманско Царство
уредиНадвор од Европа дипломатските традиции се доста различни. Особина потребна за дипломатија е постоењето на број на држави со речиси иста моќ, како што постоеле во Италија за време на ренесансата и во Европа за време на поголемиот дел од модерниот период. Споредбено со ова, во Азија и на Блискиот Исток, Кина и Отоманското Царство одбиваат да практикуваат билатерална дипломатија, бидејќи се гледале себеси како несомнено супериорни наспроти нивните соседи (затоа, поставија помали нации како провинции и вазали). На пример, отоманските Турци не би испраќале мисии во другите држави, очекувајќи дека претставници ќе дојдат во Истанбул. Дури во 19 век Отоманското Царство ќе воспостави постојани амбасади во другите главни градови.
Врските на владата на Отоманското Царство (познати како Висока порта) се особено важни за италијанските држави. Поморските републики, Џенова и Венеција, зависеле се помалку на наутичките способности, а сè повеќе и повеќе на одржување на добри врски со Отоманите. Заемната акција меѓу различните трговци, дипломати и религиозни лица меѓу Италијанската и Отоманското Царство помогнаа да се инагурираат и создадат нови форми на дипломатија и политичка вештина. На крај, првичната цел на дипломат, која претставувала преговарач, еволуирала во личност која претставува независна држава на сите полиња од политиката. Стана очигледно дека сите владетели имаат потреба да имаат дипломатски претставништво поради неопходноста од моќната политичка средина на Отоманското Царство. Според тоа, може да се заклучи дека, во раниот модерен период дипломатијата се вртела околу основање на согласност со Отоманската култура.
Италија
уредиПотеклото на модерната дипломатија во рамките на меѓународниот спектрум на политика, често може да се бара во државите на Северна Италија. Ова е за време на раната ренесанса, кога во 13 веик се воспоставија првите дипломатски амбасади. Во рамките на градовите-држави во Северна Италија, државата Милано одигра огромна улога во воспоставувањето на постојани амбасади. Различни дипломатски традиции се, исто така, осмислени во Италија. Претставувањето на амбасадорските акредитиви и признавање и нивно признавање се елементи кои се инагурираат во италијанската рана модерна дипломатија.
Практикувањето на дипломатијата и нејзинита заплетканост, исто така, се прошири во различни независни европски држави. Во 1455 година, Милано го направи првиот меѓународен дипломатски гест, испраќајќи претстевници во францускиот двор. Беше доста контраверзно, иако тие не го прифатија истиот гест од Франција, поради страв од шпионажа и интервенција во внатрешните работи. Најпосле, Стана јасно дека велесилите како што Франција и Шпанија растеа во големина и сила, беше неизбежна потребата да се прифатат кои било форми на дипломатски напори во рамките на меѓународната арена. На крајот, Италија го изгради патот за сите европски сили да разменат претставници. До крајот на 16 век, постојаните емисари беа стандардна практика.
Дипломатска стратегија
уредиДипломатските преговарања во вистинскиот свет се многу поразлични од интелектиуалните дебати на универзитетите каде за еден проблем се одлучува врз основа на заслугите од аргументите и преговарачите прават голема работа со тоа што ги разделуваат разликите. Иако понекогаш дипломатските аргументи можат да се постигнат меѓу либерално демократските нации со повикување на повисоки принципи, повеќето од демократијата во вистинскиот свет традиционално е под силно влијание на ,,хард пауер`` (моќ преку присилни мерки).
Интеракцијата на сила и дипломатија може да се илустрира преку споредба на преговорите за труд. Доколку еден работнички синдикат не сака да штрајкува, тогаш синдикатот нема да оди никаде бидејќи управата нема никакви поттици да се согласи со барањата на синдикатот. Од друга страна, доколку управата не сака да штрајкува, тогаш компанијата ќе биде целосно прегазена од работничкиот синдикат и управата ќе биде принудена да се согласи на сите барања поднесени од синдикатот. Истиот концепт се применува и на дипломатские преговарања.
Во дипломатијата, исто така, постојат стимуланси за да разумно однесување, особено доколку е потребна поддршката од други глумци. Добивката од добивање на едно преговаеање може да биде многу помала отколку зголеменото непријателство од другите страни. Ова, исто така, се вика ,,софт пауер`` (мека моќ, индиректно влијание врз другиот).
Многу институциии во модерната дипломатија, исто така, се засноваат на правила. На пример, кога две земји-членки на Светската трговска организација имаат спор, во интерес на двете држави е да се ограничи преливањето на штетата во други области со тоа што ќе ги следат некои правила на кои тие се согласиле.
Дипломатски имунитет
уредиСветоста на дипломатите долго време е набљудувана. Светоста стана позната како дипломатски имунитет. Иако, има многу случаи кога дипломати биле убивани, ова вообичаено се гледа како сериозно прекршување на честа. Џингис Кан и Монголците биле многу познати во врска со инсистирањето за правата на дипломатите, па тие често би предизвикале ужасна одмазда против која било држава што ќе ги прекрши овие правила. Дипломатските права се воспоставени во средината на 17 век во Европа, и се прошириле низ светот. Овие права станаа формални со Конвенцијата од Виена за дипломатски односи од 1961 година, која ги штити дипломатите да бидат гонети или да се гонат додека извршуваат дипломатска мисија. Доколку дипломат навистина изврши сериозно кривично дело во земјата-домаќин, тој може да биде именуван како персона нон грата (непосакувана личност). На таквите дипломати често им се суди во нивните родни земји.
Често на дипломатските врски се гледа како на неповредливи, и на дипломатите долго време им било дозволено да носат документи преку границите без да бидат претресени. Механизмот за ова се вика ,, дипломатски куфер`` (или во некои држави ,, дипломатската торбичка``). Иако радио и дигиталните комуникации биле постандардни за амбасадите, дипломатските торбички сè уште се чести во некои држави, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, кои декларираат цели контејнери за испорака како дипломатски торбички за да донесат важни материјали (често поради залихи) во државата.
Во време на непријателство, дипломатите често се повлекуваат поради лична безбедност, како и во некои случаи кога земјата-домаќин е пријателски настроена но постои опасност од внатрешни немири. Амбасадорите и другит дипломати често се отповикуваат повремено од нивните држави како начин да изразат незадоволство од земјата-домаќин. Во двата случаи, вработените од пониско ниво ќе останат да сè уште ги вршат работите во поглед на дипломатијата.
Во меѓународното-правна смисла, денес се смета дека дипломатскиот имунитет, како имунитет од јурисдикцијата е одлика на правниот субјективитет на едно меѓународното правно лице (држава или меѓународна организација). Само државите и меѓународните организации поседуваат имунитет за своите претставништва и претставници во другите држави или кај меѓународните организации.
Дипломатите како гаранција
уредиВо Отоманското Царство, дипломатите од Персија и другите држави биле како гаранција за добро однесување. Доколку нацијата прекрши договор или нивните граѓани лошо се однесуваат, тогаш дипломатите би биле казнетии. Според тоа, дипломатите се користат како механизам за примена на договори и меѓународно право. За да се осигураат дека казнувањето на дипломат им е важно на владетелите се инсистирало на личности со висок ранг. Оваа традиција е спроведена од поддржувачи на Иран како правна основа за иранската криза со заложници во 1979 година. Како имитација на наведна претходна практика поборници на иранската револуција се обидоа да ги казнат САД за нивните наводни лоши дела со тоа што држеа нивни дипломати како заложници. Дипломатите како гаранција, исто така, понекогаш се применувале во предмодерна Европа и некои делови на Азија
Дипломатија и шпионажа
уредиДипломатијата е тесно поврзана со шпионажата или собирањето на разузнавачки информации. Амбасадите се база и за дипломати и за шпиони и одредени дипломати и отворено се признати шпиони. На пример, работата на воените аташеа вклучува проучување на колку што е можно повеќе информации за војската на нацијата во која тие се назначени. Тие не се обидуваат да ја скријат оваа улога, и како такви се поканети на настани од нивните домаќини, како што се воени паради или воздушни демонстрации. Постојат и тајни и прикриени шпиони кои оперираат во многу амбасади. На овие поединци им се даваат лажни работни места во амбасадата, но нивната главна задача е да правно собираат разузнавачки материјали, преку координирање на круг од шпиони од локални луѓе или други шпиони. Поголем дел, шпионите кои оперираат надвор од амбасадите самите собираат малку разузнавачки материјали и нивните идентите се познати од страна на противникот. Доколку се откријат, овие дипломати можат да бидат избркани од амбасадата, но за поголем дел агенциите за противразузнавање претпочитаат да ги чуваат ин ситу и да бидат под строг надзор. Информациите собрани од шпионите играат многу значајна улога во дипломатијата. Договори за контрола на вооружувањето би биле невозможни без способноста на сателитите за извидување и агентите за условено набљудување. Информациите собрани од шпионажата се корисни во речиси сите видови на дипломатија, од трговски договори до гранични спорови.
Дипломатско решавање на проблеми
уредиРазлични процеси и постапки еволуираа со текот на времето во поглед на решавањето на дипломатски проблеми и спорови.
Арбитража и посредување
уредиПонекогаш нациите кога имаат потреба од разрешување на нешто се потпираат на меѓународната арбитража кога се соочени со специфични проблеми или теми на расправа. Во поголем дел од историјата не постоеја службеници или формални постапки за ваквите настани. Обично тие се прифатени да се третираат со општите принципи и протоколи во врска со меѓународното право и правда. Понекогаш, овие се во форма на формална арбитража и посредување. Во таков случај се повикува комисија од делегати за да ги сослуша сите страни од проблемот, и да дојде до одреден вид на пресуда врз основа на меѓународното право. Во модерната ера, голем дел од оваа работа често е спроведена од Меѓународниот суд за правда во Хаг, или други формални комисии, агенции и трибунали, кои работат за Обединетите Нации. Подолу се претставени неколку примери.
- Договорот Хеј-Херберт е спроведен откако Соединетите Американски Држави и Британија поднесоа спор за меѓународно посредување во врска со американско-канадската граница.
Конференции
уредиВо друг случаи, решавање на проблеми се барале преку свикување на меѓународни конференции. Во таков случај, постојат неколку основни правила и помалку формални апликации од меѓународното право. Сепак, од учесниците се очекува да се водат самите преку принципите на меѓународна правичност, логика и протокол. Некои примери од овие формални конференции се:
- Конгресот од Виена (1815 година) – откако Наполеон е поразен, постоеја многу дипломатски прашања кои допрва требаа да се решаваат. Помеѓу нив беа, изгледот на мапата на Европа, располагањето на политички и националистички тврдења за различни етнички групи и националности кои сакаа да имаат одредена политичка автономија, и решавање на различни барања од различни европски сили.
- Конгресот од Берлин (13 јуни-13 јули 1878 година) е собир на големите европски сили и отоманската империја како водечки портпарол за време на конгресот во 1878 година. Во зората на руско-турската војна, 1877-1878 година, целта на собирот е да се реорганизираат условите на Балканот.
Преговарања
уредиПонекогаш нациите свикуваат официјални процеси за преговарање за да решат проблем или спор меѓу различни нации кои се странки на спорот. Ова е слично како на конференциите гореспоменати, бидејќи технички не постојат основани правила или постапки. Меѓутоа, постојат општи принципи и преседани кои можат да помогнат да се развие текот на случајот за ваквите постапки. Некои примери се:
- Спогодбата од Камп Дејвид свикана во 1978 година од американскиот претседател Џими Картер за да се постигне согласност меѓу израелскиот преимиер Мехаем Бегин и египетскиот претседател Анвар Садат. По неколку неделно преговарање, се постигна договор и се потпишаа спогодбите, кои подоцна доведоа до израелско-египетскиот мировен договор во 1979 година.
- Договорот од Портсмут спроведен откако претседателот Теодор Рузвелт ги собра делегатите од Русија и Јапонија, да ја решат руско-јапонската војна. Личното залагање на Рузвелт го реши конфилктот и му помогна да добие Нобелова награда за мир.
Дипломатско признавање
уредиДипломатско признавање е важен фактор во одредувањето дали една нација претставува независна држава. Да се биде признат е често тешко, дури и за држави кои се целосно суверени. Многу децении откако станаа независни, дури и едни од најблиските сојузници на Холандската република обдија да и дадат целосно признание. Денес постојат бројни независни субјекти без широкораспространето дипломатско признавање, особено Република Кина (РК) за Тајван. Од седумдесеттите години на минатиот век, повеќето држави престанаа да го признаваат постоењето на Република Кина како Тајван, по инсистирање на Народна Република Кина. Денес, Соединетите Американски Држави и други нации одржуваат неформални односи преку де факто амбасади, именувани како на пример Американски институт во Тајван. Слично е и со надворешните де факто амбасади на Тајван, кои се познати како на пример Канцеларија за економски и културно претставништво на Тајпеј. Ова не било отсекогаш случај, САД одржуваше официјални дипломатски врски со Република Кина, признавајќи ја како самостојна и легитимна влада од Кина до 1979 година, кога врските беа п’екинати како услов за воспоставување на односи со комунистичка Кина.
Палеситнската Самоуправа има своја дипломатска услуга, сепак палестински претставници ви повеќето западни држави немаат усогласен дипломатски имунитет, и нивните мисии се познати како Генерални делегации.
Други непознати региони кои ја тврдат својата независност вклучувааат: Косово, Абхазија, Приднестровие, Сомалиленд, Јужна Осетија, Нагорно Карабах и Турска република во Северен Кипар. Во недостаток на економска и политичка значајност на Тајван, овие нации имаат наколеност да бидат сè повеќе изолирани.
Иако се користи како фактор во пресудувањето на суверенитет, Член 3 од Конвенцијата од Монтевидео гласи ,,политичкото постоење на држава е независно од признавање од друга држава.``
Неформална дипломатија
уредиНеформална дипломатија (понекогаш наречена „дипломатија од втора лента“) се користи со векови за комуникација меѓу силите. Повеќето дипломати работат за да регрутираат личности од други нации кои би можеле да обезбедат неформален пристап до водството на државата. Во одредени ситуации, како што е меѓу Соединетите Американски Држави и Народна Република Кина, голем дел на дипломатија е сработена преку полуформални канали користејќи соговорници како што се академските членови на политичките институти. Ова се случува во ситуации кога владата сака да го изразат намерите или да предложат методи на решавање дипломатски ситуации, но не сакаат да изразат формална позиција.
,,Трак II`` дипломатијата е специфичен вид на неформална дипломатија, во која неслужбените лица (академски научници, пензионирани граѓански и воени службеници, јавни личности, социјални активисти) се ангажират во дијалог, со цел решавање на конфликт или градење на доверба. Понекогаш владите можат да најдат такви размени од „втора лента“. Понекогаш размените можеби немаат никаква поврзаност со владата или непослушност на владите. Ваквите промени се наречени „дипломатија од трета лента“.
Во некои случаи поранешен носител на службена позиција и понатаму спроведува неформални дипломатски активности по пензионирањето. Во некои случаи, владите им посакуваат добредојде на таквите активности, на пример, како средства за воспоставување на почетен контакт со непријателска состојба на група без да се биде формално посветен. Меѓутоа, во некои случаи, така неформалните дипломати бараат начин да промовираат политичка агенда различна од она на владата која што е на власт. Таква неформална дипломатија ја практикуваше поранешниот американски претседател Џими Картер и (донекаде) Бил Клинтон и поранешниот израелски дипломат и министер Јуси Бејлин (види Женевска иницијатива).
Парадипломатија
уредиПарадипломатија се однесува на меѓународните односи спроведени од поднационални, регионални, локални или нецентрализирани влади. Најобичните случаи на парадипломатски врски се однесуваат на соработката меѓу политичките субјекти кои граничат. Сепак, интереси на федерналните држави, провинции, региони итн. Можат да се прошират на различни региони или на проблеми кои ги состануваат локалните влади во мултулатерлани собири ширум светот. На некои нецентрализирани влади може да им биде дозволено да преговараат и да стапуваат во договори со странски централни држави.
Културна дипломатија
уредиКултурна дипломатија е дел од дипломатијата. Цели кон нови начини на правење дипломатија преку вклучување на нови невладини и непрофесионални глумци во создавањето на дипломатијата. Во рамките на глобализацијата, културата игра главна улога во дефинирањето на идентитетот и во односите меѓу луѓето. Џозеф Нај ја нагласува важноста на постоењето на индиректното влијание на другиот, освен присилените мерки. Кога ќе пропадне класичната дипломатија, подобро знаење може да помогне да се поврзат разликите меѓу различни култури.
Културната дипломатија станува предмет на академските студии врз основа на историските есеи за Соединетите Американски Држави, Европа и Студената војна.
Дипломатија на малите држави
уредиДипломатијата на малите држави добива сè поголемо внимание во дипломатските студии и меѓународните односи. Малите држави се особено погодени од развојот кој се случува преку нивните граници како што се климатските промени, обезбедување на вода и промени во глобалната економија. Дипломатијата е главниот двигател со кој малите држави се во можност да се обезбедат дека нивните цели ќе се разгледат на глобална сцена. Овие фактори значат дека малите држави имаат силни поттици да ја поддржат меѓународната соработка. Иако имаат на располагање ограничени ресурси, спроведувањето на делотворна дипломатија претставува единствен предизвик за малите држави.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0
- Игор Јанев, Мегународно право и мегународни односи, Институт за политички студии, Белград, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
- Игор Јанев, Културна дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2004, ISBN 86-7419-069-3.
- Black, Jeremy. A History of Diplomacy (U. of Chicago Press, 2010) ISBN 978-1-86189-696-4
- Berridge, G. R. Diplomacy: Theory & Practice, 3rd edition, Palgrave, Basingstoke, 2005, ISBN 1-4039-9311-4
- Cunningham, George. Journey to Become a Diplomat: With a Guide to Careers in World Affairs FPA Global Vision Books 2005, ISBN 0-87124-212-5
- Dorman, Shawn, ed. Inside a U.S. Embassy: How the Foreign Service Works for America by American Foreign Service Association, Second edition February 2003, ISBN 0-9649488-2-6
- Callieres, Francois De. The Practice of Diplomacy (1919)
- Fischer, Roger and Ury, William L. Getting to Yes: Negotiating Agreement Without Giving In (1991)
- Hill, Henry Bertram. The Political Testament of Cardinal Richeleiu: The Significant Chapters and Supporting Selections (1964)
- Kennan, George F. American Diplomacy (Walgreen Foundation Lectures) (1985)
- Kissinger, Henry. A World Restored: Metternich, Castlereagh, and the Problem of Peace: 1812-1822 (1999)
- Henry Kissinger. Diplomacy (1999)
- Kurbalija J. and Slavik H. eds. Language and Diplomacy DiploProjects, Mediterranean Academy of Diplomatic Studies, Malta, 2001, ISBN 99909-55-15-8. The volume contains collection of paper presented at the international conference.
- Garrett Mattingly, Renaissance Diplomacy Dover Publications, ISBN 978-0-486-25570-5
- Metternich, Clemens von. Mettetnich: The Autobiography, 1773-1815 (2005)
- Nicolson, Sir Harold George. Diplomacy (1988)
- Nicolson, Sir Harold George. The Congress of Vienna: A Study in Allied Unity: 1812-1822 (2001)
- Nicolson, Sir Harold George. The Evolution of Diplomatic Method (1977)
„Дипломатија“ на Ризницата ? |