„Лолита“роман од Владимир Набоков, напишан на англиски јаизик и објавен во 1955 година во Париз, во 1958 година во Њујорк и во 1959 година во Лондон. Подоцна, авторот го превел романот на руски јазик. Романот е забележлив по неговата контроверзна тема, главниот лик и раскажувач кому не може да му се верува, 37 до 38-годишен професор по литература по име Хамберт Хамберт е опседнат со дванаесетгодишната Долорес Хејз со која влегува во сексуални односи, откако ќе стане нејзин очув. Лолита е негов таен прекар за Долорес ( и двете имиња се од шпанско потекло).

Лолита
Прво издание
АвторВладимир Набоков
ЗемјаФранција
Јазиканглиски
Жанртрагедија, роман
ИздавачОлимпија прес
Издадена
1955

По нејзиното издавање, Лолита добива статус на класик, станувајќи еден од најпознатите и најконтроверзни примери на литературата од дваесеттиот век. Името Лолита навлезе во поп културата како опис на девојче кое предвреме созреало сексуално. Романот беше адаптиран во филм во 1966 година од страна на Стенли Кјубрик и во 1997 година од Адријан Лејн. Неколкупати беше адаптиран на сцена и беше тема на две опери, два балета и извикан, но неуспешен Бродвејски мјузикал.

Лолита е вклучена и во списокот на 100 најдобри романи на англиски јазик од 1923 до 2005 година издадена од Тајм. Четрврта е на списокот на 100 најдобри романи на 20 век од Модерната библиотека и е вклучена во списокот на 100 најдобри книги на сите времиња направена во 2002 од стана на Норвешкиот клуб на книги.

Содржина

уреди

Фиктивниот предговор на романот тврди дека Хамберт Хамберт умира од коронарна тромбоза додека ги завршува неговите мемоари, настаните од романот. Исто така се вели дека госпоѓа Ричард Шилер умрела на возраст од 17 години при раѓањето на мртво девојче на Божиќ 1952 година.

Хамберт Хамберт, книжевен научник, криеше долготрајна опсесија со млади девојчиња или „нимфети“. Тој претпоставуваше дека ова е предизвикано од прераната смрт на неговата сакана од детсвото, Анабел Ли. По неуспешен брак и краток период во ментална болница поради нервен слом Хамберт се преселува во малата Нова Англија во Ремсдејл за да пишува. Тој изнајмува соба во куќата на вдовицата Шарлот Хејз. Хамберт се запознава и со нејзината дванаесетгодишна ќерка Долорес (родена во 1935 година)[1] позната како „Ло“, „Лола“ или „Доли“ која веднаш го заведува, делумно поради нејзината необјаснива сличност со Анабел. Тој тајно ѝ го дава прекарот Лолита. Хамберт останува во куќата само за да остане близу до неа. Додека Долорес е во летниот камп, Шарлот која се заљуби во Хамберт му вели дека тој мора да се ожени со неа или во спротивно да се отсели. Хамберт се согласува да се ожени со неа за да може да остане близу до Лолита. Шарлот е несвесна за гадењето кое Хамберт го чувствува кон неа, како и за желбата која ја има за Лолита, додека не го прочита неговиот дневник. Дознавајќи за вистинските чувства и намери на Хамберт, Шарлот планира да избега и да ја прати Долорес во поправно училиште заканувајќи му се на Хамберт дека ќе го претстави како „гнасен, одвратен, криминален измамник“. Сепак судбината работи во корист на Хамберт – додека Шарлот во шок ја преминува улицата, ја удира кола и таа умира.

Хамберт ја зема Лолита од кампот преправајќи се дека Шарлот е во болница. Намаесто да ја врати дома, Хамберт ја носи Лолита во хотел каде и дава апчиња за спиење. Додека чека апчињата да почнат да делуваат се шета низ хотелот и запознава еден човек, кој како да знае кој е тој. Хамберт се извинува за чуднот разговор и се враќа во собата. Таму се обидува да ја злоупотреби Лолита, но забележува дека седативите не се доволно силни. Но, утредента таа иницира секс, по објаснувањето дека во кампот спиела со некое момче. Подоцна Хамберт ѝ открива на Лолита дека Шарлот е мртва не давајќи ѝ друг избор освен да го прифати како очув или да се соочи со домот за сираци. Лолита и Хамберт патуваат низ земјата, од држава во држава, од мотел во мотел. За да ја оттргне од идејата да оди во полиција Хамберт ѝ вели на Лолита дека така ќе го уапсат и таа ќе стане штитеник на државата и ќе ја изгуби цела облека и сè што поседува. Исто така ја подмитува за сексуални услуги, иако знае дека таа го прави тоа со сила и не ги дели неговите интереси. По една година патувајќи низ Северна Америка тие се вселуваат во нов град во Нова Англија каде Лолита се запишува во училиште за девојчиња. Хамберт станува многу посесивен и строг и не ѝ дозволува на Лолита да учествува во училишни активности по часовите или да другарува со момчиња. Најголемиот дел на жителите на градот ова го гледаат како однесување на загрижен и старомоден родител, но полн со љубов.

Лолита моли за дозвола да игра во училишната претстава, а тој без задоволство ѝ ја дава во замена за уште сексуални услуги. Претставата е напишана од г-дин Клер Квилти. Наводно Квилти присуствувал на пробите и се воодушевил од глумата на Лолита. Пред вечерта на премиерата Лолита и Хамберт имаат жестока расправија, по која Лолита бега од дома додека Хамберт ги убедува соседите дека сè е во ред. Тој ја бара очајнички и ја наоѓа како излегува од една телефонска говорница. Таа е во весело, пријатно расположение велејќи му дека се обидувала да го добие и дека донела важна одлука. Одат да се напијат нешто и таму Лолита му вели на Хамберт дека не ѝ е гајле за претставата и дека сака да продолжат со патувањето.

Додека возат кон запад, Хамбер добива чувство дека некој ги следи и станува претерано параноичен, сомневајќи се дека Лолита крои завера со други како да избега. Лолита се разболува и мора да закрепне во болница, додека Хамберт престојува во мотел во близина без Лолита за првпат во толку години. Една вечер Лолита исчезнува од болницата. Вработените му кажуваат на Хамберт дека нејзиниот „вујко“ ја отпишал. Хамберт влегува во очајничка потрага по Лолита и нејзиниот грабнувач, но најпосле се откажува. За ова време Хамберт има двегодишна врска со жена по име Рита, која ја опишува како „вид добар спорт“ кој ја дозволува неговата потрага по Лолита без да ги знае деталите. Хамберт добива писмо од Лолита, која сега има седумнаесет, и која му вели дека е мажена (нејзиното сегашно име е Долорес Шилер), бремена и очајно ѝ се потребни пари. Хамберт оди да ја види, давајќи ѝ пари во замена за името на човекот кој ја грабна. Таа му ја открива вистината. Клер Квилти ја отпишал од болницата, откако ги следел насекаде при нивните патувања и се обидел да ја направи ѕвезда во нековите порнографиски филмови. Откако одбила, тој ја исфрлил. Работела несекојдневни работи пред да го запознае и да се омажи со нејзиниот сопруг кој не знае ништо за нејзиното минато. Хамберт ја замолува Лолита да го остави нејзиниот сопруг Дик и да се врати да живее со Хамберт, но таа го одбива. И покрај тоа, тој ѝ дава голема сума пари која ќе ѝ ја обезбеди иднината. Додека тој си заминуваше таа се насмевна и го отпоздрави на сладок американски начин. Хамберт го наоѓа Квилти, кого има намера да го убие во неговиот замок. Пред да го направи тоа, сака Квилти да дознае зошто ќе биде убиен. Најпосле, го застрелува и убива, и ја напушта куќата. Кратко потоа го апсат за возење во спротивна насока и застранување. Раскажувањето завршува со завршните зборови на Хамберт со кои ѝ посакува на Лолита сè најдобро и го предава романот да биде објавен по неговата и по смртта на Лолита.

Еротски мотиви и контроверзија

уреди

Лолита повремено е опишана како „еротски роман“ од страна на некои критици како и од стандардни наводи... Големата советска енциклопедија ја нарече Лолита експеримент во комбинирање на еротски роман со поучен манирен роман. Истото објаснување е најдено и во рефернцната работа на Дезмонд Морис во Книгата на вековите. Попретпазливи класификации ја класифицираат како „роман со еротски мотиви“ или еден од многуте дела на класична еротска литература и уметност и романи кои содржат елементи на еротика како Улис и Љубовникот на Лејди Четерли. Сепак, оваа класификација беше оспорена. Малком Бредбери пишува „одпрво позната како еротски роман Лолита пробива низ патот како литературен роман – доцна модернистичка дестилација на целата сурова митологија. Семјуел Шуман вели дека Набоков е надреалист сличен на Гогољ, Достоевски и Кафка. Лолита е карактеризирана со иронија и сарказам. Не е еротски роман. Ленс Олсен пишува „Првите 13 глави од текстот кулминирајќи со сцената во која Ло не сакајќи ги испружува нозете преку Хамбертовиот возбуден скут...се единствените глави кои наведуваат на еротиката. Набоков и самиот забележува во поговорот дека некои читатели биле наведени на погрешно мислење. На почетокот на книгата заклучуваат дека ќе биде разуздана, очекуваат разгорување на еротските сцени и кога тие запираат на читателите им се здосадува и запираат и тие.

Стил и интерпретација

уреди

Романот е трагикомедија, раскажана од Хамберт, кој ја изрешетува нарацијата со игра на зборови и неговите изопачени набљудувања на американската култура. Неговиот хумор обезбедува ефективне контрапункт на патосот на трагичната содршина. Екстравагантниот стил на романот се одликува со двојни значења, анаграми и кованици како што е нимфета, збор кој по романот создава свој живот и може да се најде во повеќето речници, и помалку употребваниот фаунлета. Еден од ликовите во романот „Вивиан Даркблум“ е анаграм од името на авторот. Неколкупати, раскажувачот го моли читателот да разбере дека тој не се гордее со силувањето на Лолита и дека е полн со грижа на совест. Во еден момент тој слуша звуци на деца како си играат и е погоден од грижа на совест кога сфаќа дека ѝ го украл детствотот на Лолита. Кога повторно се среќава со седумнаедетгодишната Лолита, тој сфаќа дека сè уште е заљубен во неа, иако таа веќе не е нимфетата од неговите соништа. Некои критици ја прифатија верзијата на настаните на Хамберт во номинална вредност. Во 1959 година романописецот Робертсон Дејвис целосно го оправдува наараторот пишувајќи дека „темата на Лолита не е корупцијата на невино дете од страна на итар возрасен човек туку експлоатацијата на слаб возрасен од страна на корумпирано дете. Ова не е пријатна тема, но е таква со која социјалните работници, магистрите и психијатрите се запознаени“. Повеќето критици, како и да е, му препишале помалку значење на Хамберт, а повеќе на Набоковите вештини како иронист. За Ричард Рорти, во неговата интерпретација на Лолита во Контингенција, иронија и солидарност Хамберт е „рамнодушен монструм“. Набоков, самиот го опиша Хамберт како „суетен, суров бедник“ и „личност полна со омраза“. Во неговиот есеј за станилизмот Мартин Амис предлага дека Лолита е сложена метафора за тоталитаризмот кој ја уништи Русија во детството на Набоков (иако Набоков во поговорот тврди дека презира симболи и алегории). Амис го толкува романот како приказна за тиранијата раскажана од тиранот. „Набоков, во целата негова фикција пишува со неспоредлива пенетрација за делузијата и принудата, за суровоста и лагите,“ тој вели „дури и Лолита, особено Лолита е студија по тиранија“. Критиците понатаму забележаа дека романот дава многу малку информации за тоа каква е Лолита лично, на некој начин била премолчена. Номи Тамир – Гез пишува „не само гласот на Лолита бил премолчен, туку и нејзината гледна точка, начинот на кој гледа на ситуацијата и се чувствува во врска со неа ретко се спомнува и читателот може само да претпоставува за тоа...бидејќи Хамберт е тој кој ја раскажува приказната, читателот е апсорбиран во неговите чувства“. Слично пишуваат и Мика Хоув и Сара Апелтон Агиар, дека расказот ја премолчува и објектифицира Лолита. Кристин Клег забележува дека ова е повторлива тема во критиката на романот во деведесеттите. Глумецот Брајан Кокс, кој го одигра Хамберт во претставата – монолог заснована на романот, изјави дека романот не е за Лолита како ентитет од крв и месо, туку за Лолита како спомен. Тој заклучи дека монолог на сцена би бил поблизок до книгата, повеќе од кој било филм што би можел да биде. Елизабет Џејвеј, пишувајќи во Њујоршкиот преглед на книги вели дека, Хамберт е секој човек кој толку силно ја поскаува својата Лолита, што не може да гледа како човечко суштество или што било освен месо од соништата. Клег го гледа неоткривањето на чувствата на Лолита како директно поврзано со фактот дека нејзиното вистинско име e Долорес и само Хамберт (во романот, не и во филмот) се повикува на неа како на Лолита. Ерик Лимеј од Северозападниот универзитет пишува: „Човечкото дете, она забележано од ненимфоманијата, одговара на други имиња, „Ло“, „Лола“, „Доли“, и најмалку привлечно од сите „Долорес“, „но во моите раце“, изјавува Хамберт, „таа секогаш беше Лолита“.

Објавување и прифатеност

уреди

Набоков го завршил романот на 6 декември 1953 година, пет години по започнувањето на пишувањето.[2] Поради нејзината тема Набоков имал намера да ја објави под псевдоним (иако анаграмот Вивијен Даркблум ќе го алармирал читателот). Ракописот бил одбиени неколку издавачи, како: од Вајкинг, Сајмон и Шустер, Нови правци, Фарар, Штраус и Даблдеј. По овие одбивања и предупредувања, Набоков се обратил за издавање во Франција. Преку неговиот преведувач стигнал до Маурицио Гиродиас од „Олимпија прес“ „од чиј каталог, три четвртини беше порнографско ѓубре“. Недоволно информиран за „Олимпија“, и покрај предупредувањата од неговиот пријател од Корнел, Морис Бишоп, Набоков потпишал договор со „Олимпија прес“ за издавање на книгата под неговото име.

Романот бил објавен во 1955 година, со зелени, меки корици, а книгат била полна со печатни грешки. Иако првото печатење од 5 000 примероци било распродадено, за книгата не се појавиле никакви позначајни критички есеи. Најпосле, на крајот од 1955 година, Грахам Грине во лондонскиот „Сандеј тајмс“ ја прогласил книгата за една од трите најдобри книги на годината. Оваа изјава предизвикала одговор од „Сандеј експрес“, чиј уредник Чон Гордон, ја нарекол „највалканата книга која некогаш сум ја прочитал“ и „чиста, неконтролирана порнографија“. Притоа, „Лолита“ била забранета во Велика Британија и во Франција. Нејзиното подоцнежно издавање во Британија од лондонската издавачка куќа „Вајденфелд и Николсон“ во 1959 година предизвикал скандал кој придонесол за крајот на политичката кариера на еден од издавачите, Најџел Николсон.

Подоцна се појавиле преводи на романот на дански и на холандски јазик, а две изданија на шведски биле повлечени на барање на авторот). И покрај почетните стравувања, во САД немало службен одговор и првото американско издание било издадено во август 1958 година. Книгата станала првата книга по „Одвеани од виорот“ која продала 100 000 копии во првите три недели. „Лолита“ е објавена и на македонски јазик од издавачката куќа „Темплум“, како 24. книга од библиотеката „Магма“.

Романот „Јакоб фон Гунтен“ е објавен како прва книга на библиотеката „Магма“. Преводот од германски јазик е направен од Лепа Георгиевска. Книгата е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 150 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 9989-902-11-9. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Точка“. Сликата на предната корица е дело на Ширин Кулаџи (Shirin Kouladjie). На крајот од книгата се наоѓа белешка за романот, напишана од Никола Б. Цветковиќ, како и белешка за авторот, потпишана со иницијалите Н.Г. На задната корица е даден кус осврт врз делото.[3]

Романот продолжува да генерира контроверзија и денес, кога модерното општество е свесно за опасноста од сексуалната злоупотреба на децата. Во 2008 година била издадена книга со најдобрите начини како да се предава книгата во колџите во која е наведено дека „нејзиниот особен микс на раскажувачки стратегии, накитена алузивна проза, и мачното сиже го комплицираат нејзиното презентирање на студентите“. Во оваа книга, еден автор ги наговара професорите да забележат дека страдањето на Лолита е забележано во книгата, иако главниот фокус е на Хамберт.

Денес многумина ја сметаат „Лолита“ за еден од најдобрите романи напишани во XX век. Во 1988 година, таа била поставена на четвртото место на списокот на Модерната библиотека на најдобрите романи на англиски јазик во 20 век.[4]

Извори и врски

уреди

Поема, наречена Лилит, која опишува сексуално привлечна, малолетна девојка која го заведува машкиот протагонист само за да го омаловажи пред јавноста, беше напишана од Набоков во 1928 година. Во 1939 година Набоков ја напиша новелата Волшебник, која беше објавена посмртно во 1989 година. Носи многу сличности со Лолита, но има и значајни разлики. Дејството се одвива во Центална Европа, а главниот јунак е неспособен да ја уништи страста кон својата поќерка, што е причина за неговото самоубиство. До хебефилијата како тема Набоков веќе имаше допрено во неговата расказ Приказна од детската соба напишана во 1926 година. Исто така, во Смеење во темница од 1939, Маргот Питерс е 16 годишна девојка и веќе има афера, кога средновековниот Албин ќе биде привлечен од неа.

Во третата глава од романот Подарок (напишана на руски во 1935 – 1937) преку главниот лик е прикажната истата суштина, како во првата глава во Лолита. Маж се венчава со вдовица, само за да добие пристап до нејзината млада ќерка.

Во април 1947, Набоков му пишува на Едмунд Вилсон „Пишувам краток роман за човек на кого му се допаѓаа млади девојчиња и ќе се вика Кралството покрај морето“ Делото се прошири во Лолита во наредните осум години. Набоков го употреби насловот Кралство покрај морето во неговиот псевдо-автобиографски роман за книга слична на Лолита во која раскажувачот патува од мотел во мотел со неговата ќерка, тинејџерка Бел, по смртта на нејзината мајка и подоцна неговата четврта жена личи на Бел и тие го делат истиот роденден. Во Набоковиот роман од 1962 година Блед пламен, во насловната поема од фиктивниот Џон Шејд, се спомнува ураган Лолита кој доаѓа на Американскиот Источен Брег во 1958 година. Подоцна, во коментарот во книгата раскажувачот прашува зошто некој би избрал толку опскурно шпанско име за ураган. Таа година немаше урагани наречени Лолита, но тоа беше годината кога романот Лолита беше објавен во Северна Америка.

Во недовршениот роман, Оригиналот на Лаура, објавен посмртно е вклучем ликот Хјуберт Х. Хјуберт кој плени по главниот лик, десетгодишната Флора. За разлика од оние на Хамберт Хамберт во Лолита, Хјубертовите додворувања се неуспешни.

Книжевни имитации, алузии и прототипи

уреди

Романот изобилува со наговестувања на класична и модерна литература. Сите тие беа виртуелно забележани во Анотираната Лолита. Многу од нив се повикуваат на омлениот писател на Хамберт, Едгар Алан По. Првата љубов на Хамберт, Анабел Ли, е именувана по „момата“ во поемата Анабел Ли на По. На оваа поема се алудира многупати во романот и нејзините стихови се позајмени со цел да ја опишат љубовта на Хамберт. Двојното име на Хамберт Хамберт се повикува на Вилијам Вилсон, приказна од По, приказна во која главниот лик е прогонуван од неговиот двојник. Целта била да се даде паралела на присуството на Хамбертовиот двојник, Клер Квилти. Сепак Хамберт не е неговото вистинско име туку избран псевдоним. Темата за двојникот може да се сретне и во поранешниот роман на Набоков, Очај. 26 глава од првиот дел содржи пародија на Џојсовиот роман на струјата на свеста. Полето на компетенција на Хамберт Хамберт е француската литература (една од неговите работи е пишување на серија образовни дела за споредба на француски со англиски автори). Неколкупати се повикува на француска литература вклучувајќи ги авторите Густав Флобер, Марсел Пруст, Франсоа Рабле, Шарл Бодлер, Проспер Мериме, Оноре де Балзак и Пјер де Ронсар. Набоков беше обожавател на Луис Керол и ја преведе Алиса во земјата на чудата на руски. Тој дури го нарече Керол „првиот Хамберт Хамберт“. Лолита содржи неколку кратки алузии на книгите за Алиса, иако Набоков избегнувал директни алузии на Керол. Џојс Милтон има изјавено дека најголем дел од инспирацијата за романот Животот на Чарли Чаплин е добиена од врската на Чарли Чаплин со неговата втора сопруга Лита Греј, чие вистинско име е Лилита и често е помешано со Лолита. Грахам Викерс, во неговата книга Бркајќи ја Лолита – Како поп културата повторно го расипа малото девојче на Набоков расправа за тоа дека двајцата главни претходници на Хамберт се Луис Керол и Чарли Чаплин. Бил Делани бележи дека на крајот на романот Лолита и нејзиниот сопруг се селат во градот Сива Ѕвезда (греј стар) во Алјаска , додека во Златната грозница на Чарли Чаплин, снимана во Алјаска првенствено беше одредена за ѕвездата Лита Греј. Првата сексуална средба на Лолита беше со момче по име Чарли Холмс, кое Хамберт го опишува како „молчаливиот... но неуморен Чарли“. Чаплин имаше уметничка слика Лита Греј во имитација на Добата на невиност од Џошуа Греј. Кога Хамберт ја посетува Лолита на час во училиштето забележува отпечаток од истата слика во училницата. Делани во својата статија забележува и многу други паралели.

Предговорот се однесува на „значајната одлука донесена на 6 декември 1933 година од Џон М. Вулси која се однесува на друга, значајно подиректна книга“ – тоа е одлуката во случајот САД против Една книга наречена Улис во кој Вулси пресуди дека Улис на Џејмс Џојс не е непристоен роман и може да се продава во САД.

Во 29 глава од вториот дел Хамберт коментира дека Лолите изгледа како „темно-црвената Венера на Ботичели – истиот нежен нос, истата замаглена убавина“ повикувајќи се на описот на Венера кој Сандро Ботичели го има дадено во Раѓањето на Венера или Венера и Марс. Во 35 глава во втората глава, смртната казна која Хамберт му ја пресуди на Квилти е пародија на ритамот и анафората користена во поемата Чиста среда на Т.С. Елиот. Изобилство од други наводи на класична литература и роматизам, вклучувајќи го Странствувањето на Чајлд Харолд од Бајрон и поезијата на Лоренс Стерн.

Други можни прототипи од вистинскиот живот

уреди

Покрај горенаведените можни прототипи на Луис Керол и Чарли Чаплин, Александер Долинин претпоставува дека прототипот на Лолита е 11-годишната Флоренс Хорнер, киднапирана во 1948 година од 50-годишен механичар, кој ја фатил како краде бележник од пет центи. Тој патувал со неа низ разни земји 21 месец и се верува дека ја силувал. Тој изјавил дека ФБИ агент и ѝ се заканил дека ќе ја уапси за кражба и ќе ја однесе „на место за девојчиња како тебе“. За случајот Хорпер не се известило надалеку, но Долини забележал разни сличности во настаните и описите.

Додека Набоков веќе ја употребил истата базична идеја – онаа за злоупотребувач на дете и неговата жртва кои резервираат соба во хотел како татко и ќерка – во неговата тогаш необјавена книга Волшебник, случајот Хорнер експлицитно е споменат во 33 глава од вториот дел: „Дали можеби и го направив на Доли тоа што Френк Ласел, 50-годишен механичар и го направи на 11 годишната Сели Хорнер во 1948 година?“

„Лолита“ на Хајнц фон Лингберг

уреди

Германскиот академик Михаел Маар во својата книга Двете Лолити го опишува своето недамнешно откритие на германска расказ од 1916 година наречена Лолита чив средновековен раскажувач го опишува патувањето во странство како студент. Тој изнајмува соба како потстанар и инстантно се опседнува со девојче во предтинејџерска возраст (исто така Лолита), која живее во истата куќа. Маар шпекулираше дека можеби Набоков имал криптомнезија („скриено сеќавање“ на расказот за кое Набоков не бил свесен) додека ја пишувал Лолита.

Набоков за Лолита

уреди

Поговор

уреди

Во 1956 година Набоков напиша поговор за Лолита. Една од првите работи кои ги мисли дека треба да ги каже е дека и покрај изјавата на Џон Реј Џуниор во предговорот приказната нема поука. Набоков додава дека „почетната треска од инспирација“ за Лолита „на некој начин беше предизвикана од приказна во весник за мајмун во Градината на растенијата кој по месеци убедувања од страна на еден научник ја создаде првата слика нацртана со јаглен од животно. Оваа скица ги покажа решетките на кафезот на кутрото суштество. Ниту статијата, ниту цртежот беа надоместени.

Како одговор на еден американски критичар кој ја карактеризираше Лолита како снимка на „љубовната афера на Набоков со романтизмот“ Набоков пишува дека замената на англискиот јазик со романтизмот би ја направил оваа елегантна формула поисправна. Набоков го завршува поговорот со рефернца за неговиот мајчин јазик, кој го напушти како писател кога се пресели во САД во 1940 година: „Мојата приватна трагедија, која не може, и навистина не би требала да биде ничива грижа е дека јас морав да го напуштам својот мајчин идиом, мојот неограничен покорлив руски јазик за просечен англиски“.

Оценување

уреди

Набоков високо ја оцени книгата. Во едно интервју за Би Би Си изјави:

„Лолита е мој посебен фаворит. Тоа е мојата најтешка книга – книга која обработуваше тема која е толку далечна,од мојот личен емоционален живот што ми направи посебно задоволство да употребам мојот комбинирачки талент за да ја оживеам.“

Една година подоцна во интервју за Плејбоj рече:

„Никогаш нема да се покајам за Лолита. Таа е како композиција на прекрасна сложувалка. Нејзина композиција и решение во исто време. Секако дека таа потполно ги засени моите други дела – барем оние кои ги напишав на англиски Вистинскиот живот на Себастијан Најт и Бенд Синистер, моите кратки приказна, мојата книга на реколекции, но не можам да ѝ судам за тоа. Постои некој чуден, нежен шарм кај митската нимфета.“

Истата година во интервју за Лајф Набоков го прашаа кое од неговите дела му причинило најголемо задоволство. Тој одговори:

„Би рекол дека од сите мои дела Лолита ми остави најзадоволувачки одсјај, можеби затоа што е најчистата од сите, најапстрактна и внимателно создадена. Јас сум најверојатно одговорен за тоа што луѓето повеќе не ги крстуваат своите ќерки Лолита. Сум чул за млади пудлици на кои им е дадено тоа име по 1956, но не и за човечки суштества“.

Наводи

уреди
  1. Nabokov, Vladimir (1997). Lolita (Second Vintage International. изд.). New York: Random House. стр. 32. Born 1935.)
  2. Brian Boyd, Vladimir Nabokov: The American Years (Princeton, NJ: Princeton University Press, 1991; ISBN 0-691-06797-X), p.226.
  3. Роберт Валзер, Јакоб фон Гунтен (второ издание), Темплум, Скопје, 2005.
  4. "100 best novels", Modern Library. Retrieved 8 February 2011.