Хипнозата е ментална состојба (теорија на свесна состојба) или видови на однесувања (теорија на несвесна состојба) најчесто поттикната со постапка позната како хипнотичка индукција, која обично се состои од серија на претходни инструкции и сугестии. Хипнотичките сугестии може да ги зададе хипнотизер во присуство на субјектот („хетеро-сугестија“), или може да бидат самоуправувани („само-сугестија“ или „автосугестија“). Примената на хипнотизам за терапевтски цели се нарекува „хипнотерапија“.

Сеанса од хипноза“, слика на Ричард Берг
Видеоснимка од хипноза, Абнормална психологија (1938)

Зборовите „хипноза“ и „хипнотизам“ потекнуваат од поимот „невро-хипнотизам“ (нервно спиење) кој го создал шкотскиот лекар и хирург Џејмс Брајд околу 1841 година, за да направи разлика меѓу својата теорија и практика и оние кои ги развил Франц Антон Месмер и неговите следбеници („месмеризам“ или „животински магнетизам“).

Иако има популарно недоразбирање дека хипнозата е форма на несвест која што наликува на спиење, современите истражувања покажуваат дека таа е всушност будна состојба со фокусирано внимание[1] и зголемена сугестивност,[2] а со намалена свесност за околината.[3] Во првата книга за субјектот, Неврипнологија од 1843 година, Брајд го опишува „хипнотизмот“ како состојба на физичко олабавување („нервно спиење“), придружено со и поттикнато од ментална концентрација („отсутност“).[4]

Историја

уреди

Претходници

уреди

Според неговите записи, Брајд почнал да добива извештаи во врска со примената на различни ориентални техники за медитација, веднаш по издавањето на неговата значајна книга за хипнотизмот, Неврипнологија (1843) Брајд најпрво расправа за претходниците на хипнотизмот во неколку статии и тоа Магија, Месмеризам, Хипнотизам, итн., земени предвид од историска и психолошка гледна точка. Повлекува аналогии помеѓу неговата практика на хипнотизам и различни форми на медитација при изведување на Хинду-јога и други древни спиритуални практики. Интересот на Брајд за медитацијата всушност се развил, кога тој го проучил Дабистан-и Мазахиб („Училиште за религии“), што претставува древен персиски текст кој опишува различни ориентални религиски практики.

Последниот мај 1843 г., еден господин кој престојуваше во Единбург, а долго престојувал во Индија и кого јас лично не го познавав, ме фаворизираше мене во еден запис во кој изразува пофалба за ставовите кои ги издадов во врска со природата и последиците на хипнотичките и хипнотизерските појави. Како поткрепа на моите ставови, тој упати на нешто на што претходно бил сведок во ориенталните региони, и ми препорача да погледнам во „Дабистан“, книга која неодамна била издадена, и која претставува дополнителен доказ на истиот ефект. На негова препорака веднаш нарачав копија од „Дабистан“, во која најдов тврдења кои го поткрепуваат истиот факт, дека источните светци се сите само-хипнотизери кои применуваат средства што се во суштина исти со оние кои јас ги препорачав за слични цели.[5]

Иако расправа за религиската интерпретација на појавите во оваа статија и во другите негови записи, Брајд ги искористува овие објаснувања на ориенталната медитација како доказ дека ефектите од хипнотизмот можат да се достигнат насамо, без присуство на магнетизер, и според тоа го зема ова како доказ дека вистинскиот претходник на хипнотизмот треба да се бара во древните практики на медитација, а не во скорашната теорија и практика на месмеризмот. Како што напишал подоцна:

Штом пациентите можат сами да западнат во нервно спиење, и да ги манифестираат сите карактеристични појави на месмеризмот, без нивните напори да бидат потпомпогнати, како што јас повеќепати докажав со тоа што ги наведов да задржат истраен, фиксиран поглед во која било точка, со тоа што ја концентрираат својата цела ментална енергија на мислата за предметот во кој гледаат; или истото може да се постигне ако пациентот гледа во точка од својот прст, или како што свештениците во Персија и јога-инструкторите во Индија практикувале во последните 2400 г., за религиозни цели, да западнат во занесен транс со задржување на истраен, фиксиран поглед на врвот од носот; очигледно е дека нема потреба од егзотерично влијание за да се предизвика појавата месмеризам. … Главната цел на овие процеси е да се поттикне отсутност или концентрирање на вниманието, со што субјектот е целосно задлабочен во една мисла, или во тек на мисли, додека е несвесен или индиферентно свесен за секој друг предмет, цел или акција. [6]

Франц Месмер

уреди
 
Франц Месмер сметал дека постои магнетна сила или „течност“ во универзумот што влијае врз здравјето на човечкото тело.

Франц Месмер сметал дека постои магнетна сила или „течност“ во универзумот што влијае врз здравјето на човечкото тело. Експериментирал со магнети да влијае на ова поле и да причини лечење. Околу 1774 г. тој заклучил дека истите ефекти можат да се постигнат со подавање на рацете пред телото на субјектот, кое се нарекува „хипнотизерско подавање“. Зборот месмеризира (хипнотизира) потекнува од името на Франц Месмер, и намерно се употребувал за да се одделат неговите корисници од оние на различните теории за „течност“ и „магнети“ означени со етикетата „магнетизери“.

Во 1784 г. на барање на кралот Луј XVI теориите на Месмер ги проучиле француските научни комитети, а во еден од нив бил вклучен и американскиот амбасадор во Франција, Бенџамин Франклин. Исто така ја истражиле и практиката на еден незадоволен ученик на Месмер, Чарлс Еслон (1750-1786 г.), и врз основа на нивните истражувања на начинот на кој работел Еслон (а не Месмер), и покрај тоа што прифатиле дека резултатите кои ги тврдел Месмер биле всушност вистинити, нивните плацебо-контролирани експерименти на практиките на Елсон јасно покажале дека ефектите на месмеризмот се повеќе резултат на верувањето и имагинацијата отколку некој вид на невидлива енергија („животински магнетизам“) која се пренесува од телото на некој месмерист (хипнотизер).

Со други зборови, и покрај тоа што прифатиле дека практиката на Месмер има некоја ефикасност, и двата комитета целосно ги отфрлиле теориите на Месмер

Џејмс Брајд

уреди
 
Џејмс Брајд

Според откривањата на француските комитети, во неговото дело Елементи на психологијата на човековиот ум (1827), Дугалд Стјуарт, влијателен академски филозоф во „Шкотското училиште за здрав разум“, ги поттикнал лекарите да ги спасат елементите на месмеризмот со замена на натприродната теорија за „животински магнетизам“ со ново толкување кое се заснова на законите на физиологијата и психологијата на „здравиот разум“. Брајд јасно го цитира следниот извадок на Стјуарт:[7]

Мене ми се чини дека општите заклучоци за практиката на Месмер, во врска со физичките елементи на принципот на имагинација (...) се неспоредливо понеобични отколку тој навистина да го прикажал постоењето на неговата пофална наука (за „животинскиот магнетизам“): ниту пак можам да утврдам некоја добра причина зошто лекар, кој ја признава ефикасноста на моралните [т.е. психолошки] агенси кои ги применил Месмер, треба, во извршувањето на својата професија, да се колеба да ги копира кои било неопходни процеси за да ги подреди под своја команда, повеќе отколку што треба да се двоуми да примени нов физички агенс, како електрицитет или галванизација.[8]

Во времето на Брајд, Шкотското училиште за здрав разум ги произвело доминантните теории на академската психологија и Брајд постојано упатувал на други филозофи во своите записи. Според тоа Брајд ги прегледал теориите и практиките на месмеризамот и развил свој метод на „хипнотизам„ како порационален и алтернатива на „здравиот разум“.

Овде можеби е неопходно да се објасни дека со поимите Хипнотизам или Нервно спиење, кои постојано се појавуваат во наредните страници, јас упатувам на необична состојба на нервниот систем, која се разликува во различни аспекти од обичното спиење и состојбата на будење. Не тврдам дека оваа состојба е поттикната со трансмисија на магнетно или мистично влијание од моето во телото на пациентот, ниту изјавувам дека со моите процеси го создавам вишиот [т.е. натприродниот] феномен на Месмеристите. Моите претензии се од поскромен карактер и се согласни со општо прифатените принципи на физиолошката и психолошката наука. Според тоа хипнотизмот не е означен несоодветно, Рационален Месмеризам, за разликување од Натприродниот Месмеризам на Месмеристите.[9]

И покрај тоа што кратко време си играл со името „рационален Месмеризам“, Брајд најпосле го оддалечил својот пристап од Месмер и ставил акцент на уникатноста, така што извел повеќе неформални експерименти во текот на својата кариера за да ги побие теориите на Месмеристите и другите натприродни практики, и наместо тоа да ја покаже улогата на обичните физиолошки и психолошки процеси како што се сугестија, фокусирање на вниманието за да се постигнат споменатите забелешки.

Брајд тесно соработувал со неговиот пријател и сојузник, еминентниот професор и психолог Вилијам Бенџамин Карпентер, еден од првите невро-психолози, кој ја вовел теоријата на сугестија на „идео-моторните рефлекси“. Карпентер набљудувал многу примери на очекување и имагинација од секојдневниот живот, кои очигледно влијаат врз несвесното движење на мускулите.[а]

Брајд набрзо ги асимилирал забелешките на Карпентер во својата теорија за хипнотизмот, со тоа што сфатил дека ефектот со фокусирање на вниманието е со цел да се предизвика идео-моторна реакција. Брајд ја проширил теоријата на Карпентер за да го вклучи главно влијанието на умот врз телото, надвор од мускулниот систем и како резултат на тоа упатил на „идео-динамичната“ реакција и го составил поимот „психо-физиологија“ за да упати на студијата за интеракција меѓу умот и телото воопшто.

Во подоцнежната работа, Брајд го зачувал поимот „хипнотизам“ за мал број на случаи во кои субјектите влегуваат во состојба на амнезија која наликува на спиење. За останатите, тој зборувал за „моно-идеодинамичен“ принцип на акција за да стави акцент на техниката за поттикнување на фиксирање на погледот која функционира со стеснување на фокусот на вниманието врз една единствена мисла или тек на мисли („моноидеизам“) со што се зголемува ефектот на следствената „доминантна мисла“ во телото на субјектот со помош на идео-динамичен принцип.

Хистерија наспроти сугестија

уреди
 
Жан-Мартин Шарко расправал дека хипнозата е абнормална состојба на нервозно функционирање која е утврдена кај одредени хистерични жени.

За неколку децении, делата на Брајд станале повлијателни во странство отколку во неговата сопствена земја, со исклучок на рака полна со следбеници, особено д-р Џон Милн Брамвел. Еминентниот невролог д-р Џорџ Милер Берд ги преземал теориите на Брајд во Америка. Во меѓувреме Вилхем Т. Прејер, професор по физиологија на универзитетот во Јена, ги превел неговите дела на германски. Подоцна, психијатарот Алберт Мол продолжил со германските истражувања и во 1889 г. го издал неговиот Хипнотизам. Сепак проучувањето на хипнотизмот главно се одвивало во Франција, откако истражувањата на Брајд биле претставени пред Француската Академија на Науките од еминентниот невролог д-р Евген Азам, кој исто рака го превел на француски и последниот ракопис на Брајд (За Хипнотизам, 1860). Француската Академија на Науките, која претходно го испитувала Месмеризмот во 1874 година, подоцна ги испитувала и записите на Брајд, веднаш по неговата смрт, на барање на Азам, Пол Брока и др.

 
Иполит Бернхајм расправал дека хипнозата е зголемување на нормалното психолошко функционирање и дека ефектите варираат и се првенствено резултат на сугестија.

Ентузијазмот на Азам за хипнотизмот влијаел врз Амброаз Лиебо, државен доктор, чија значително популарна група клиничка хипнотерапија ја открил Бернхајм, кој подоцна и самиот станал влијателен хипнотизер. Подоцна проучувањето на хипнотизмот се концентрирало на жестокото соперништво и дебата меѓу Жан-Мартин Шарко и Иполит Бернхајм, двајцата највлијателни личности од крајот на 19. век.

Значајна расправа се развила меѓу „Училиштето за хистерија“ на Шарко фокусирано на клиниката на Шарко во болницата Питје-Салпетрие (позната и како „Училиште Париз“ или „Училиште Салпетрие“) и „Училиштето за сугестија“ на Бернхајм, фокусирано на клиниката на Бернхајм во Нанси познато и како „Училиште Нанси“ во врска со вистинската природа на хипнозата. Шарко, под влијание на месмеристите, расправал дека хипнозата е абнормална состојба на нервозно функционирање која е утврдена кај одредени хистерични жени. Тој тврдел дека се манифестира во форма на низа од физички реакции кои можат да се поделат во одделни фази. Бернхајм спротивно од Шарко расправал дека кој било може да биде хипнотизиран, дека тоа е зголемување на нормалното психолошко функционирање и дека ефектите варираат и се првенствено резултат на сугестија. По неколку децении дебатирање, ставот на Бернхајм најпосле доминирал, а теоријата на Шарко се разгледувала од љубопитност за тоа што се случувало во историјата.

Пјер Жанет

уреди

Пјер Жанет соопштил некои почетни проучувања во областа на хипнозата во 1882 год, кои го привлекле вниманието на Шарко и како резултат на тоа го поставил за директор на психолошката лабораторија во Салпетиере во 1889 г., откако Жанет го завршил својот докторат по филозофија во кој предмет на интерес му бил психолошкиот автоматизам. Во 1898 г. Жанет бил назначен за предавач по психологија на универзитетот Сорбона, а во 1902 г. се здобил со титула на професор по експериментална и компаративна психологија на Универзитетот во Франција (француски: Collège de France). Жанет ги ускладил елементите на неговите ставови со оние на Бернхајм и неговите следбеници и развил своја сопствена софистицирана хипнотичка психотерапија која се заснова на психолошка дисоцијација, која на почетокот на векот му конкурирала на обидот на Фројд да развие поразбирлива психолошка теорија за психотерапијата.

Зигмунд Фројд

уреди
 
Зигмунд Фројд ја нагласувал и популаризирал хипнотичката регресија и реакција (катарза).

Зигмунд Фројд,основачот на психоанализата, го изучувал хипнотизмот во Училиштето Париз на Шарко и накратко го посетил Училиштето Нанси на Бернхајм.

Во почетокот, Фројд бил занесен застапник на хипнотерапијата и набрзо почнал да ја нагласува и популаризира примената на хипнотичката регресија и реакција (катарза) како терапевтски методи. Напишал и корисна статија за хипнотизмот во енциклопедијата, превел едно од делата на Бернхајм на германски и издал низа на влијателни проучувања на случаи заедно со колегата Џозеф Бројер, насловени како Проучувања на Хистерија (1985 г.). Ова станало како еден вид основачки текст за она што подоцна се развило познато како „хипно-анализа“ или „хипнотерапија на регресија“.

Сепак, Фројд постепено ја напуштил употребата на хипнотизмот во корист на неговите методи на психоанализа кои биле во развој, со слободно поврзување и толкување на несвесниот ум. Борејќи се со огромното трошење на време, потребно за психоанализата да стане успешна, подоцна Фројд предложил таа да се комбинира со хипнотичката сугестија и сето тоа го направил во обид да го забрза резултатот од лекувањето,

Исто така, многу е веројатно дека примената на нашата терапија на многумина ќе не принуди да направиме смеса од нашето чисто злато – анализата во изобилство со бакарот - директната [хипнотичка] сугестија.[10]

Сепак, само следбениците на Фројд биле доволно квалификувани во областа на хипнозата за да ја пробаат синтезата. Нивните дела имале ограничено влијание врз постепената појава на хипно-терапевтските пристапи, денес познати како „хипнотичка регресија“, „хипнотичка прогресија“ и „хипноанализа“.

Емил Куе

уреди

Емил Куе работел како асистент на Аброаз Лиебо во неговата хипнотичка група во Нанси. Сепак, по пракса од неколку години како хипнотерапевт применувајќи ги методите на Училиштето Нанси на Лиебо и Бернхајм, Куе започнал да развива нов правец наречен „свесна автосугестија“. Неколку години по смртта на Лиебо, во 1904 г., Куе го основал Новото Училиште Нанси, неврзана соработка на практичари кои ги предавале и промовирале неговите ставови. Методот на Куе не го нагласува „спиењето“ или задлабоченото релаксирање, туку наместо тоа ги учи групите на клиенти како да ја користат автосугестијата при истрагата или учење на грешки што вклучува одредена низа на тест-сугестии. Иако Куе расправал дека повеќе не користи хипноза, некои од неговите следбеници како Чарлс Бодуин сметале дека неговиот пристап е блага форма на автохипноза. Методот на Куе станал меѓународно позната техника на само-помош и психотерапија, која е спротивставена на методите на Фројд за психоанализа и ги најавила техниките на автохипноза и до некој степен развојот на когнитивната терапија.

Следниот главен настан во историјата на хипнотизмот се случил како резултат на напредокот на бихевиористичката психологија во американските универзитетски истражувања. Кларк Xал, еминентен американски психолог, ја издал првата голема компилација на лабораториски проучувања на хипнозата, Хипноза и Сугестивност (1933 г.), во која убедливо докажува дека состојбите спиење и хипноза немаат ништо заедничко. Xал издал многу квантитативни емпириски наоди кои произлегуваат од експериментите со примена на хипноза и сугестија, а со тоа поттикнал понатамошни истражувања во областа на хипнозата и тоа главно од универзитетски психолози. Бихевиористичкото психолошко толкување на хипнозата на Xал, во поглед на условни рефлекси, му конкурирало на психо-динамичното толкување на Фројд во поглед на несвесниот пренос.

Милтон Ериксон

уреди

Милтон Х. Ериксон, доктор по медицина, бил еден од највлијателните хипнотерапевти по војната. Напишал неколку книги и статии во весници на оваа тема. За време на 60-тите години на 20 век, Ериксон бил одговорен за популаризирањето на нова гранка во хипнотерапијата, позната како Ериксонова хипнотерапија, која меѓу другото се одликувала со отсуство на формална хипнотичка индукција и со примената на индиректна сугестија, „метафора“ (всушност тоа биле повеќе аналогии отколку „метафори“), техники на збунување и двојни врски. Сепак, недостатокот на сличност меѓу методите на Ериксон и оние на традиционалниот хипнотизам довеле до тоа неговите современици, како Андре Вајценхофер, сериозно да се запрашаат дали тој воопшто применува „хипноза“, а статусот на неговиот пристап во врска со традиционалниот хипнотизам останал под знак прашалник.

Ериксон воопшто не се двоумел да претстави каков било ефект дека е резултат на „хипноза“ без оглед на тоа дали субјектот бил во хипнотичка состојба или не. Всушност, тој воопшто не се двоумел лажно да претстави некое однесување дека е хипнотичко, иако постои само сомнеж дека е тоа хипнотичко.[11]

Когнитивно-бихевиористички пристап

уреди

Во втората половина на 20 век, два фактора придонеле во развојот на она што подоцна било наречено когнитивно-бихевиористички пристап кон хипнозата.

  • Когнитивните и бихевиористичките теории за природата на хипнозата (кои биле под влијание на аналогиските теории на Сарбин[12] и Барвер[13]) станале значително моќни.
  • Терапевтските практики на хипнотерапијата и различните форми на бихевиористичка терапија почнале да се вкрстуваат и да си влијаат една со друга.[14] Иако когнитивно-бихевиористичките теории за хипнозата мора да се разликуваат од когнитивно-бихевиористичките пристапи кон хипнотерапијата, тие имаат сличен концепт, терминологија и претпоставки и ги присоединиле многу влијателни истражувачи и лекари на клиники како Ирвинг Кирш, Стивен Џеј Лин и други[15].

Хипнозата се користела за време на 1950-тите, како почеток на когнитивно-бихевиористичката терапија, од страна на раните бихевиористички терапевти како Џозеф Волпи[16].

Особености

уреди

Скептичарите ја истакнуваат тешкотијата да се направи разлика помеѓу хипнозата и плацебо ефектот и сметаат дека состојбата наречена хипноза е силно зависна од ефектите на сугестија и уверени се дека е тешко да се замисли како веродостојна плацебо контрола може воопшто да се смисли за хипнотички проучувања.[17]

Сепак, самиот хипнотизам потекнува од многу рани експерименти контролирани со плацебо, кои ги извел Брајд и други проучувачи. Оттаму многу истражувачи и лекари на клиники приговараат дека хипнотичката сугестија е јасно наменета за искористување на плацебо ефектот, пр. Ирвинг Кирш предложил дефиниција за хипнозата како „нелажен мега-плацебо“, т.е. метод кој отворено ја искористува сугестијата и применува методи за да ги засили нејзините ефекти. Оттука, значително е тешко да се направи разлика меѓу ставовите на скептичарите и застапниците во однос на хипнотизмот.

Дефиниции

уреди

Најраната дефиниција за хипнозата ја предложил Брајд, кој го создал и поимот „хипнотизам“ како кратенка од „невро-хипнотизам“ или нервно спиење, кое го противставил на нормалното спиење и го дефинирал како:

необична состојба на нервниот систем, поттикната од фиксирано и отсутно внимание на менталното и визуелното око, врз еден објект, а не врз возбудливата природа.[18]

Брајд ја разработил оваа кратка дефиниција во понатамошната работа:

...вистинското потекло и суштината на хипнотичката состојба е поттикнување на навиката за отсутност или ментална концентрација, со која, како во транс или спонтана отсутност, моќта на умот е обземена само со една единствена идеја или тек на мисла, за во тој момент, на несвесната или индиферентно свесна единка да и се предадат сите други идеи, импресии или тек на мисли. Оттаму, хипнотичкото спиење е антитеза или спротивна ментална или физичка состојба на таа што му претходи и го придружува обичното спиење.[19]

Оттука Брајд го дефинира хипнотизмот како состојба на ментална концентрација која најчесто води до зголемено опуштање кое се означува како „нервно спиење“. А подоцна, во неговата Физиологија на Фасцинација (The Physiology of Fascination) од 1855 год., Брајд признава дека оригиналната терминологија била погрешна и расправа дека поимот „хипнотизам“ или „нервно спиење“ треба да се однесува на оние 10% од субјектите кои се подложни на амнезија и го заменува поимот „моноидеизам“ што означува концентрација на една единствена идеја, со опис на една повнимателна состојба која ја искусиле другите.

Во 2005 година, академската психологија даде современо објаснување за хипнозата, кога здружението за психолошка хипноза, 30-та дивизија на Американската психолошка асоцијација (АПА), ја издаде следнава формална дефиниција:

Дефиниција за хипноза на Американската психолошка асоцијација
Хипнозата карактеристично вклучува воведување во процес со кој на субјектот му се даваат сугестии за имагинативни ситуации што ќе му бидат претставени. Хипнотичката индукција е зголемена внатрешна сугестија за да се примени сопствената имагинација, и понатаму може да содржи усовршувања на воведот. Хипнотичкиот процес се применува за да се поттикнат и проценат реакциите на сугестиите. Кога се врши хипноза, личноста (субјектот) ја води друга личност (хипнотизер) за да се види како ќе реагира на сугестии за промени во субјективното искуство, изменувања на перцепција, чувства, емоции, мисли и однесување. Исто така луѓето можат да научат и автохипноза, така што самите раководат со управувањето на хипнотичкиот процес. Ако субјектот одговара на хипнотичките сугестии, општо може да се заклучи дека е поттикната хипноза. Многумина сметаат дека хипнотичките реакции и искуства се одлика на хипнотичката состојба. Додека некои сметаат дека не е неопходно да се употреби зборот „хипноза“ како дел од хипнотичката индукција, други сметаат дека тоа е од суштинско значење.

Деталите во врска со хипнотичкиот процес и сугестиите варираат во зависност од намерите на лекарот и клиничките цели како и истражувачките цели. Традиционално процесот вклучува сугестии за опуштање, иако опуштањето не е неопходно за хипнозата, а и широк спектар на сугестии можат да се искористат, вклучувајќи ги и тие за опуштање, со цел субјектот да стане повнимателен. Сугестиите кои дозволуваат опсегот на хипнозата да се одредува со споредување на реакциите во некои стандардизирани скали може да се искористат за клинички и за истражувачки цели. Додека поголемиот број на личности реагираат барем на некои сугестии, резултатите со стандардизираните скали варираат од високо до занемарливо ниво.[20]


Индукција

уреди

На хипнозата нормално и претходи техниката „хипнотичката индукција“. Традиционално оваа техника беше претставена како метод на поставување на субјектот во „хипнотички транс“, сепак подоцнежните теоретичари на „несвесната состојба“ имаа поинакви ставови, како средство за зголемување на очекувањата на клиентот, дефинирање на неговата улога, фокусирање на вниманието итн. Има огромен број на различни техники за индукција кои се применуваат во хипнотизмот. Сепак, еден од највлијателните методи е оригиналната техника на „фиксирање на погледот“ на Брајд, позната како „брајдизам“. Постојат повеќе варијации во пристапот на фиксирање на погледот, меѓу кои и Станфордовата скала на хипнотичка осетливост (SHSS), една од најмногу користените алатки за истражување во областа на хипнотизмот. Оригиналниот опис на индукцијата на Брајд е следнава:

Метод на оригинална хипнотичка индукција со фиксирање на погледот на Џејмс Брајд
Земи каков било светол предмет (јас обично користам ланцета) помеѓу палецот и показалецот и средниот прст на левата рака; и држи го околу 20 до 40 cm оддалечен од окото, во позиција над челото, бидејќи може да биде неопходно да се предизвика најголем можен напор на очите и очните капаци, и да се овозможи пациентот цврсто, фиксирано да зјапа во предметот.

На пациентот мора да му се даде до знаење дека треба да ги држи очите цврсто фиксирани на предметот, а умот закован на мислата за тој единствен предмет. Ќе се набљудува дека, како резултат на општото прилагодување на очите, зениците на почетокот ќе бидат стеснати: за кратко време ќе почнат да се шират, и откако ќе го направат тоа до значителен опсег и придобијат брановидно движење, ако раширени и малку разделени показалецот и средниот прст од десната рака се повлечат од предметот накај окото, најверојатно очните капаци ќе се затворат не по своја волја, со вибрирачко движење.Ако тое не се случи, или ако пациентот дозволи очното јаболкце да се движи, побарај да започне одново, давајќи му до знаење дека треба да дозволи очните капаци да се затворат кога прстите повторно ќе се повлечат кон очите, но дека очните јаболкца треба да останат фиксирани, во иста позиција, а умот да биде закован на мислата за објектот што се држи пред очите. Ќе се открие дека очните капаци се затвораат со вибрирачко движење, или се затвораат со грч.[21]


Самиот Брајд подоцна потврдил дека техниката на хипнотичка индукција не е неопходна во секој случај и подоцнежните истражувачи утврдиле дека во просек таа придонесува помалку од претходно очекуваните ефекти од хипнотичките сугестии. Понатаму се развиле многу варијации и алтернативи на оригиналните техники на хипнотичка индукција. Сепак, точно 100 години откако Брајд го воспоставил методот, еден друг експерт можел сè уште да изјави: „Со сигурност може да се каже дека девет од десет хипнотички техники бараат лежечка положба, релаксирање на мускулатурата и оптичко фиксирање проследено со затворање на окото.“[22]

Сугестија

уреди

Кога Брајд за првпат го претставил хипнотизмот, не го употребил поимот „сугестија“, но наместо тоа упатил на постапката да се фокусира свесниот ум на субјектот врз единствена доминантна мисла. Главната терапевтска стратегија на Брајд вклучува стимулирање или намалување на физиолошките функции на различни делови од телото. Во подоцнежната работа Брајд сепак ставил силен акцент врз примената на различни вербални и невербални форми на сугестија, вклучувајќи и „сугестија за будење“ како и автохипноза. Понатаму Иполит Бернхајм го преместил акцентот од физичката состојба на хипнозата на психолошкиот процес на вербалната сугестија.

Го дефинирам хипнотизмот како поттикнување на необична физичка (т.е. ментална) состојба што ја зголемува чувствителноста на сугестија. Најчесто е точно дека (хипнотичкото) спиење може да предизвика забрзување на сугестијата. Сугестијата всушност владее со хипнотизмот. (Хипноза и Сугестија, 1884 г. 15)

Концепцијата на Бернхајм за супериорноста на вербалната сугестија во хипнотизмот доминираше на ова поле низ 20 век, така што некои власти го прогласиле за татко на модерниот хипнотизам (Вајценхофер, 2000 г.) Современиот хипнотизам користи различни форми на сугестија како: директни вербални сугестии, „индиректни“ вербални сугестии како барања или инсинуации, метафори и други реторички стилски фигури и невербални сугестии во форма на ментални слики, звучни тонови и физичка манипулација. Се прави разлика меѓу сугестиите кои се даваат со дозвола и оние кои се даваат на „подиктаторски“ начин. Некои хипнотички сугестии сè со цел да дадат брзи реакции, додека други (по-хипнотички сугестии) сè со цел да предизвикаат реакции со задоцнување од неколку минути до неколку години.

Свесност наспроти несвесност

уреди

Некои хипнотизери сугестиите ги сфаќаат како форма на комуникација првенствено насочена кон свесниот ум на субјектот, додека други сметаа дека сугестиите се средство за комуницирање со „несвесниот“ или „потсвесниот“ ум. Овие идеи за хипнотизмот биле воведени на крајот на 19 век од Зигмунд Фројд и Пјер Жанет. Оригиналните викторијански пионери на хипнотизмот, вклучувајќи ги Брајд и Бернхајм, не ги примениле овие идеи, туку сметале дека хипнотичките сугестии треба да се насочат кон свесниот ум на субјектот. Навистина, Брајд всушност го дефинира хипнотизмот како фокусирано (свесно) внимание врз доминантната идеја (или сугестија). Различните ставови за природата на умот довеле до различни идеи за сугестијата. Хипнотизерите кои верувале дека реакциите главно ги посредува „несвесниот ум“, како Милтон Ериксон, повеќе ги користеле индиректните сугестии, како метафори или приказни, чијашто намера може да биде скриена од свесниот ум на субјектот. Концептот за потсвесна сугестија исто така зависи од ставот за умот. Спротивно на тоа, хипнотизерите кои сметале дека реакциите на сугестијата главно ги посредува свесниот ум, како Теодор Барбер и Николас Спанос, се стремеле кон примена на директни вербални сугестии и инструкции.

Идео-динамични рефлекси

уреди

Џејмс Брајд, прв ја развил невро-психолошка теорија за хипнотичката сугестија, која ја присвоил од теоријата за идео-моторни рефлексни реакции на неговиот пријател и колега Вилијам Карпентер, со цел да одговара за феноменот хипнотизам. Од разгледување на секојдневното искуство Карпентер набљудувал дека под одредени услови само идејата за мускулното движење може да биде доволна за да предизвика рефлексивно или автоматско стегање или движење на мускулите кои се вклучени, но само во мал степен. Брајд ја проширил теоријата на Карпентер и во неа вклучил сфаќање дека под влијание се исто така и широк спектар на телесни движења, а не само мускулните движења, како на пр. мислата за цедење лимон автоматски предизвикува лачење на плунка, реакција со секрет. Како резултат на тоа Брајд го усвоил поимот „идео-динамичен“, со значење „со силата на мислата“ за да објасни широк спектар на „психо-физиолошки“ (ум-тело) феномени. Брајд го составил и поимот „моно-идеодинамичен“ кој се однесува на теоријата дека хипнотизмот претставува концентрација на вниманието врз една единствена мисла со цел да се зголеми идео-динамичната рефлексна реакција. Промените во основната идео-моторна или идео-динамична теорија на сугестија продолжиле значително да влијаат врз подоцнежните теории за хипнозата, меѓу кои и оние на Кларк Л.Хул, Ханс Ајзенк и Ернест Роси. Треба да се забележи дека во викторијанската психологија зборот „идеја“ вклучува каква било ментална претстава како на пр. ментална слика или спомени итн.

Пост-хипнотичка сугестија

уреди

Пост-хипнотичката сугестија може да се примени за да се смени однесувањето на луѓето откако ќе излезат од хипнозата. Еден автор напишал дека „личноста може да реагира некое време подоцна од моментот кога сугестијата е зададена за време на хипнотичката сесија... Еден хипнотерапевт кажал на еден од своите пациенти кој исто така му бил и пријател: „Кога ќе те допрам на прстот веднаш ќе бидеш хипнотизиран.“ По четиринаесет години, за време на една вечера го допрел намерно на прстот и главата му паднала наназад.“[23]

 
Алтајски шаман удира на гонг. Музиката била еден од начините на кои сиберските шамани паѓале во транс.[24]

Осетливост

уреди

Брајд направил остра разлика меѓу различните фази на хипнозата кои ги означил како прва и втора свесна фаза на хипнотизмот, а подоцна ги заменил со разлика меѓу „под-хипнотичка“ фаза, „целосна хипнотичка“ фаза и фаза на „хипнотичка кома“. Жан Мартин Шарко направил слична разлика меѓу фазите означени како месечарство, апатија и каталепсија. Сепак, Амброаз-Август Лиебо и Бернхајм вовеле посложени хипнотички „длабински“ скали врз основа на комбинација од бихевиористички, психолошки и субјективни реакции, од кои некои се резултат на директна сугестија, а некои не. Во првите децении на 20 век, овие рани клинички „длабински“ скали биле заменети со поусовршени скали на „хипнотичка осетливост“ кои се засноваат на експериментални наоди. Највлијателни од нив биле скалите на Дејвис-Хусбанд и Фридландер-Сарбин кои се развиле во 30-тите години на 20 век. Андре Вајценхофер и Ернест Р. Хилгард ја развиле Станфордовата скала на хипнотичка осетливост во 1959 г., која се состои од 12 тест сугестии според стандардизиран распоред за индукција на фиксирање на окото, која прераснала во една од најпрепорачуваните алатки за истражување во полето на хипнозата. Веднаш потоа, во 1962 г., Роналд Шор и Емили Карлота Орне развиле слична скала која ја нарекле скала на хипнотичка осетливост на групата Харвард (HGSHS).

Додека старите „длабински скали“ се обидувале да го докажат степенот на „хипнотички транс“ кој се заснова на можни видливи знаци, како што се спонтана амнезија, подоцнежните скали го мерат степенот на видлива или само-утврдена реакција на одредени тест-сугестии, како што се директни сугестии за вкочанетост на раката (каталепсија).

Примена

уреди

Хипнотерапија

уреди

Современата хипнотерапија може да се подели во неколку главни под методи, од кои најзабележителни се регресионата хипнотерапија (или „хипноанализа“), Ериксоновата хипнотерапија и когнитивно-бихевиористичката хипнотерапија. Хипнозата се проучувала при повеќе клинички ситуации со различни степени на успешност.[25] Се употребувала како аналгетик,[26] додаток за слабеење,[27] лекување на кожни болести[28] и како средство за смирување на вознемирените хируршки пациенти. Исто така се употребувала и како дел од психолошката терапија[29], метод за свикнување на контрола[30], начин на релаксирање[31] и средство за подобрување на спортската изведба.[32]

Автохипнозата популарно се применувала кај луѓе кои сакале да го откажат пушењето, да го намалат стресот, додека хипнозата на сцена се применувала за да се натераат луѓето да изведат некоја необична вештина пред јавноста.[33]

Медицинска примена

уреди
 
Породувањето со хипноза“ претставува многу позната примена на хипнозата.[34]

Хипнотерапијата успешно се применувала за лекување на иритабилен цревен синдром, заклучиле двајца истражувачи кои неодамна ги испитале најдобрите студии во оваа област:

стимулирачки е доказот дека хипнозата е ефикасно лекување на иритабилен цревен синдром. Две од три испитани студии за примената на хипнозата при лекување на иритабилен цревен синдром се добро смислени и покажуваат јасен ефект од хипнотичкото лекување на иритабилен цревен синдром.[35]

Хипнозата за иритабилен цревен синдром добила и скромна поддршка, како лекување засновано на докази, од водичот на Националниот институт за здравје, издаден за социјалното осигурување на Велика Британија.[36]

Голем дел од клиничките студии покажуваат дека хипнозата може да ја намали болката која ја доживеале луѓето кои преживеале пресадување на коскена срж и породување.Меѓународниот весник за клиничка и експериментална хипноза открил дека хипнозата ја намалува болката кај 75% од 933 од субјектите кои учествувале во различни експерименти.[37]

Во 1996 г., Националниот институт за здравје објавил дека хипнозата е ефикасна за намалување на болките од рак и други хронични состојби.[37] Мачнината и други симптоми кои се поврзуваат со неизлечиви болести, можат да се контролираат со хипноза исто така.[38][39][40][41] На пример, во Училиштето по медицина на ритчето Синај биле проучувани две групи на пациенти на кои им била извршена операција на рак на дојката.Групата која била хипнотизирана изјавила дека претрпела помалку болка, мачнина и тешкотија по операцијата. Исто така била направена и анализа на трошоци и приходи: во просек пациентите што биле под хипноза ги намалиле трошоците на своето лекување за околу 772.00 американски долари.[42][43]

Хипнодерматологијата е практика на лекување на кожни заболувања со помош на хипноза: оваа терапија се покажала добра во лекувањето на брадавици, псоријаза и атопичен дерматит.[44]

Хипнозата може да биде корисна како додатна терапија за слабеење. Метаанализата од 1996 г. за проучувањето на ефикасноста на хипнозата во комбинација со когнитивно-бихевиористичката терапија утврдила дека луѓето што ги користат и двата вида на третмани повеќе слабеат од оние кои ја користат само когнитивно-бихевиористичката терапија.[45]

Психотерапија

уреди
 
Професор Жан Мартин Шарко (лево) во Париз,демонстрирајќи хипноза врз „хистеричен“ пациент, Мари Витман, која ја придржува д-р Јозеф Бабински.

Хипнотерапијата е примена на хипнозата во психотерапијата.[46] Ја користат лекари со лиценци, психолози и тоа во самостојни околини. Лекарите и психијатарите можат да ја применат хипнозата за да помогнат во лекувањето на депресија, немир, проблеми со земање на храна, проблеми со спиење, неизлечиво коцкање и состојба на шок по несреќа.[47][48]

Овластени хипнотерапевти, кои не се лекари или психолози, често вршат третмани за откажување на цигари или слабеење. (Стапките на успех варираат: метаанализата која ја проучувала хипнозата како алатка за откажување на цигарите има стапка на успех од 20 до 30 проценти, слично и на многу други методи за откажување на цигарите,[49] додека пак со проучувањата од 2007 г. на пациенти хоспитализирани за срцеви и белодробни заболувања се утврдило дека пушачите кои ја користеле хипнозата за откажување на цигарите имале дупло поголеми шанси да се излечат.[50]) Во една статија во списанието Научен Американец (англиски: Scientific American) од јули 2001 г. насловена како „Вистината и Публицитетот на Хипнозата“, Мајкл Неш напишал

„...со примена на хипнозата, научниците во лабораториите привремено создадоа халуцинации, принуда, одредени видови на губење на меморија, лажна меморија и заблуда за да поттикнат проучување на оваа појава во контролирана околина.“[37]

Постои расправа за примената на хипнотерапијата за враќање на сеќавањата, особено на оние од раното детство или (наводно) претходниот живот. Американската медицинска асоцијација и Американската психолошка асоцијација предупредуваат во врска со примената на терапија за потисната меморија во случаи на наводна траума од детството, наведувајќи дека „е невозможно без некој други докази како поткрепа, да се направи разлика помеѓу вистинската и лажната меморија.“ А пак навраќањето на претходниот живот честопати се гледа со доза на скептицизам.[51][52]

Автохипноза

уреди

Автохипнозата настанува кога некоја личност самата се хипнотизира, обично со помош на автосугестија. Оваа техника се користи за да се зголеми мотивацијата за држење диета, откажување на цигарите или намалување на стрес. Луѓето кои ја применуваат автохипнозата понекогаш имаат потреба од помош, некои луѓе користат уреди познати како машини за аудиовизуелна стимулација на мозокот за да помогне при процесот, додека пак други користат хипнотички снимки.

Автохипнозата, која се смета за вештина што личноста може да ја подобри со текот на времето, може да помогне да се намали стравот, да предизвика опуштање на телото и да се подобри физичката добросостојба.[53]

Хипноза на сцена

уреди

Хипноза на сцена е еден вид забава, обично изведувана во клуб или театар пред публика. Како резултат на способноста на хипнотизерот да го сврти вниманието на сцената, многумина мислат дека хипнозата е еден вид на контрола на умот. Сепак, ефектите од хипноза на сцена веројатно се резултат на комбинација од релативно обични социјално-психолошки фактори, како што се влијание на средината, согласување со средината, избор на учесник, обична сугестивност и до некој степен физичка манипулација, театарска уметност и надмудрување.[54] Желбата да се биде центар на вниманието, да се има оправдување за нарушување на сопствените потиснувачи на внатрешниот страв и задоволување на притисокот се смета дека се начини да се убеди субјектот „да ја прифати играта“.[55] Книгите кои ги напишале хипнотизерите на сцена понекогаш јасно ја опишуваат употребата на измама во нивните постапки, како на пример Мек Гил во Нова енцоклопедија за хипноза на сцена го опишува целокупниот акт на „лажна хипноза“ кој се одвива со лични шепотења во текот на хипнозата.

Хипнотизерот шепоти, но не на микрофонот: „Ќе и направиме добри смешки на публиката и ќе си подиграме со неа...па кога ќе ти кажам да направиш нешто смешно, направи го токму тоа што ти го кажувам тајно. Во ред? Одлично.“ (Потоа намерно им намигна на гледачите на пријателски начин.)[56]

При хипнозата на сцена традиционално се користат три основни стратегии:

  1. Согласност на учесникот. Учесниците настојуваат да бидат согласни поради големиот притисок од ситуацијата симулирана на сцената, и тоа пред публика полна со очекувања.
  2. Избор на учесникот. Воведни тест сугестии, како на пример на присутните во публиката им се кажува да се фатат за раце и да не се пуштаат и на тој начин се одбираат оние кои најлесно потпаѓаат под сугестија и кои се најсогласни. Со тоа што ги поканува доброволците да се качат на сцената, изведувачот се обидува да ги избере најотворените членови од публиката.
  3. Измама на публиката. Хипнотизерите на сцена се изведувачи, кои по обичај, но не секогаш, применуваат различни стратегии на „измама“ , за да ја наведат публиката на драматичен ефект.

Стратегиите на измама кои се применуваат при хипноза на сцена можат да се групираат на следниот начин:

  1. Шепотења без микрофон. Хипнотизерот го намалува звукот на својот микрофон и му шепнува на учесникот на сцената некои тајни упатства, кои публиката не може да ги слушне. Тие упатства можат да вклучат барање „да се приклучи на играта“ или лажни хипнотички реакции.
  2. .Неуспешен предизвик. Хипнотизерот на сцената се обидува да ги предизвика субјектите да се противстават на сугестијата, како на пр. „Не можеш да станеш од столот бидејќи задниот дел ти е залепен со лепило.“ Сепак, на учесниците не им се дава некој посебен сигнал за да почнат со напорот („Почни да се обидуваш сега!“). Оваа создава илузија дека е зададен одреден предизвик и се прави напор како противставување на тоа.
  3. Лажни хипнотички трикови. Хипнозата на сцена содржи широк репертоар на измамнички трикови, такви какви што користат професионални магионичари. Никој од овие трикови не бара хипноза или сугестија, туку целосно зависи од физичка манипулација и измама на публиката. Еден најпознат пример од овој вид е трикот „човек-штица“, кој вклучува вкочанување на телото на субјектот така што тој се поставува хоризонтално меѓу две столчиња, потоа хипнотизерот одвреме-навреме се качува и застанува на неговите гради за да постигне драматичен ефект. Ова нема никаква врска со хипнозата, туку е резултат на фактот дека ако субјектите се постават на правилен начин, можат да поднесат повеќе тежина отколку што публиката може да замисли.

Други примени

уреди

Хипнотизмот исто така се користел и во судската медицина, спортот, образованието, физикалната терапија и рехабилитацијата.[57] Хипнотизмот го применувале и многу артисти за креативни цели, најзабележителен пример е надреалистичкиот круг на Андре Бретон, кој применувал хипноза и авотматско писмо и скечови за креативни цели. Некои луѓе повлекуваат аналогии помеѓу одделни аспекти на хипнотизмот и области како што се психологија на масите, религиозна хистерија и ритуалните трансови во културите на неписмените племиња.[58]

Теории

уреди

Дебата за свесна наспроти несвесна состојба

уреди

Главните теоретски несогласувања во историјата на хипнотизмот се познати како дебата за „свесна наспрема несвесна состојба“. Кога Брајд го вовел концептот на хипнотизмот, тој зборувал двосмислено за природата на „свесната состојба“, понекогаш ја опишувал како одредена невролошка состојба која наликува на спиење и која може да се спореди со хибернацијата на животните или медитацијата во јогата, додека понекогаш нагласувал дека хипнотизмот вклучува неколку различни фази или состојби кои во суштина се проширување на обичните психолошки и физиолошки процеси. Сè на сè, се чини дека Брајд преминал од сфаќање дека хипнотизмот е „специјална свесна состојба“ на почетокот на својата кариера, кон посложена „несвесна состојба“ во подоцнежните дела.

Теоретичарите на свесната состојба ги толкуваат ефектите на хипнотизмот како резултат на одредена, абнормална и еднообразна психолошка или физиолошка состојба на некој опис, која честопати се нарекува „хипнотички транс“ или „ изменета состојба на свесност.“ Теоретичарите на несвесната состојба ја отфрлаат идејата за хипнотички транс и ефектите на хипнотизмот ги толкуваат како резултат на комбинација од многубројни фактори кои потекнуваат од нормалната когнитивна, бихевиористичка и социјална психологија, како што се перцепцијата на општествената улога и поволната мотивација (Сарбин ), активната имагинација и позитивниот когнитивен став (Барбер), очекувањето на реакција (Кирш) и активната примена на специфични субјективни стратегии (Спанос). Честопати се цитира психологот на личноста, Роберт Вајт, дека ја создал една од првите дефиниции за несвесната состојба во хипнозата во статијата од 1941 г.:

Хипнотичкото однесување има значење, насочено е кон некоја цел, неговата најопшта цел, да се однесуваш како хипнотизирана личност, честопати ја дефинира управувачот, а ја разбира клиентот.[59]

Поедноставно кажано, честопати се наведува дека, додека со старото толкување- „специјална свесна состојба“ се става акцент на разликата меѓу хипнозата и обичните психолошки процеси, со толкувањето-„несвесна состојба“ се става акцент на сличноста, постојаноста и преклопувањето. Во практика, теоретичарите на несвесната состојба гледаат повеќе преклопувања меѓу хипнотерапијата и другите психолошки терапии, доколку применуваат ментални слики, вербална сугестија итн., додека теоретичарите на свесната состојба сметаат дека хипнотерапијата применува средства за промена на состојбата на свесност, кои не се нагласени во другите психолошки терапии.

Споредбите меѓу хипнотизираниот и нехипнотизираниот субјект укажуваат дека „хипнотичкиот транс“ ако воопшто постои, тој важи само за мал дел од ефектите што се припишуваат на хипнотичката сугестија, а повеќето од нив можат да се повторат без да се примени техниката на хипнотичка индукција.

Хиперсугестивност

уреди

Подоцна Брајд во своите дела заклучил дека хипнозата е состојба на зголемена сугестивност, поттикната од навика, очекување и фокусирано внимание. Иполит Бернхајм станал познат како водечки застапник на „теоријата на сугестија“ во хипнозата и стигнал дотаму да тврди дека не постои хипноза како (специфична свесна состојба), туку постои само зголемена сугестивност. Постои општа согласност меѓу повеќето истражувачи и лекари на клиники дека зголемената сугестивност е основна одлика на хипнозата, иако сепак постои расправа за тоа дали таа зависи од индукција на изменета состојба на свесност („хипнотички транс“) или од обични психолошки и физиолошки фактори кои посредуваат во ефектот на сугестијата (теорија на несвесна состојба).

Ако субјектот, откако бил подложен на хипнотичка процедура, не покажува вистинско зголемување на чувствителноста на барем некоја сугестија, нема никаква смисла да се вели дека тој е хипнотизиран, без разлика на тоа колку брзо реагира на сугестии како што се затворање на очните капаци, површно спиење итн.[60]

Условна забрана

уреди

Иван Павлов истакнал дека хипнотичката сугестија го дава најдобриот пример за реакцијата на условен рефлекс кај луѓето, т.е. дека реакциите на сугестии се научените врски предизвикани од зборовите. Самиот Павлов напишал:

Говорот, поради целиот претходен живот на возрасната личност, е поврзан со сите внатрешни и надворешни стимули кои достигнуваат до мозочната кора, сигнализирајќи ги сите и заменувајќи ги сите, и според тоа може да ги предизвика сите реакции во организмот кои нормално ги одредуваат фактичките стимули. Според тоа „сугестијата“ можеме да ја означиме како наједноставна форма на типичен рефлекс кај човекот.[61]

Тој исто така сметал дека хипнозата е „непотполно спиење“, со што сакал да каже дека со сугестиите за спиење може да се поттикне забраната на надворешните функции да достигне до одредени делови од мозокот. Набљудувал дека различни степени на хипноза психолошки не се разликуваат во фазата на будење и дека хипнозата зависи од незначајни промени на стимулите од средината. Павлов исто така истакнал дека слабите механизми на продолжениот мозок се вклучени во хипнотичкото условување.[62][63]

Идеите на Павлов биле комбинирани со оние на неговиот противник Бехтерев и станале основа на хипнотичката психотерапија во Советскиот Сојуз, како што е заведено во записите на неговиот следбеник К.И. Платонов. Теориите за хипнотизмот во Советскиот Сојуз влијаеле врз делата на западните бихевиористчки-ориентирани хипнотерапевти како Салтер.. Сепак, теоријата дека хипнозата е специфична свесна состојба на условна надворешна забрана добила многу малку поддржувачи од истражувачите во областа на хипнозата.

Невропсихологија

уреди

Невролошките техники со слики во суштина не успеале да дадат доказ за невролошкиот образец кој може директно да се изедначи со „хипнотичкиот транс“, сепак биле пронајдени разлики во активноста на мозокот во некои проучувања на хипнотизирани субјекти кои во голема мера реагирале. Згора на тоа, овие промени се специфични и варираат во зависност од видот на сугестиите што се даваат во тој момент. Според едно неодамнешно испитување од група на водечки експерти кои ги проучиле истражувањата во оваа област е заклучено:

Хипнозата не е неделива состојба и според тоа треба да покажува различни модели на ЕЕГ активност во зависност од задачата што се извршува.Во нашето вреднување на литературата, зголемената тета се разгледува за време на хипнозата кога има изведување на одредена задача или концентрациона хипноза, но не кога личностите, кои значително лесно се подложни на хипноза, само пасивно се релаксирани, на некој начин заспани и/или со порасеано внимание.[64]

Ана Гослин во една статија на NewScientist.com вели:

„ Грузелиер и неговите колеги ја проучувале активноста на мозокот со примена на функционално сликање со магнетна резонанса додека субјектите извршувале стандардна когнитивна вежба, наречена задача на Струп.
Овој тим ги тестирал субјектите пред проучувањето и избрал 12 од нив кој биле најмногу осетливи на хипноза и 12 со ниска осетливост. Сите од нив ја извршиле задачата при функционално сликање со магнетна резонанса во нормални услови, а потоа хипнотизирани.
Во текот на проучувањето, и двете групи биле доследни во ефектите од задачите, постигнале слични резултати без оглед на нивната ментална состојба. Во текот на првата сесија, односно извршувањето на задачата пред хипнотизирање, немало значителни разлики во активноста на мозокот меѓу двете групи.
Но при хипнотизирање, Грузелиер утврдил дека субјектите кои се поосетливи покажале значително поголема активност на мозокот во предната страна од мозочната кора отколку послабо осетливите субјекти. Овој дел од мозокот покажува реакција на грешки и ги проценува емоционалните последици
Поосетливата група исто така покажала и поголема активност на мозокот во левата страна од предната страна од мозочната кора отколку послабо осетливата група. Во овој дел од мозокот спаѓаат когнитивната обработка и однесување.“[65][66]

Дисоцијација

уреди

Пјер Жанет, како резултат на работата со хистерични пациенти, првобитно ја развил претставата за дисоцијација на свесноста. Тој сметал дека хипнозата е еден пример за дисоцијација, при што деловите каде што има поединечна контрола на однесувањето се одвоени од обичната свест. Хипнозата пак, отстранува одредена контрола што ја има свесниот ум и поединецот реагира автоматски, тоа е т.н. рефлексно однесување. Вајценхофер ја опишува хипнозата со помош на оваа теорија како „дисоцијација на свеста од поголем дел на сетилни и дури строго неутрални настани што се случуваат.“[67]

Неодисоцијација (Нова дисоцијација)

уреди

Ернест Хилгард, кој ја развил теоријата на „неодисоцијација“ во хипнотизмот, поставил хипотеза дека хипнозата предизвикува субјектот доброволно да си ја подели свеста. Со еден дел реагира на инструкциите од хипнотизерот, додека со другиот дел ја задржува свеста за реалноста. Кога ги изведувал експериментите, Хилард ги натерал субјектите да влезат во када со студена вода. Тие воопшто не ни спомнале дека водата е студена, ниту дека почувствувале болка. Потоа Хилард им кажал да го кренат левиот показалец ако чувствуваат болка и 70% од субјектите го кренале показалецот. Ова покажало дека иако субјектите ги слушале сугестиите на хипнотизерот, сепак биле свесни до одредена мера.[68]

Теорија за заземањето на општествената улога

уреди

Главниот теоретичар кој ја вовел влијателната теорија на заземањето улога во хипнотизмот бил Теодор Сарбин. Сарбин расправал дека хипнотичките реакции биле мотивирани од обидите да се исполни општествено-создадената улога на хипнотизираниот субјект. Ова довело до недоразбирање дека хипнотизираните субјекти едноставно се „преправаат“. Сепак, Сарбин внимателно нагласил дека не му било тоа поентата во правењето разлика меѓу играњето на улога, при што има многу малку субјективна идентификација со улогата, и заземањето на улога, при што субјектот не само што надворешно реагира во согласност со улогата, туку и субјективно се идентификува со неа до одреден степен, во однесувањето, мислењето и чувствувањето „како“ да е хипнотизиран. Сарбин повлекол аналогии меѓу заземањето на улога во хипнозата и заземањето на улога во другите области како што се глумата, менталните болести и шаманизмот итн. Ова толкување на хипнозата е од особено значење да се разбере фазата на хипнозата во која има јасно силно влијание на средината за да се исполни општествено-конструираната улога при што ќе се изведе соодветно на театарската сцена.

Оттука, социјалниот конструкционизам и теоријата на заземањето улога во хипнозата тврдат дека поединците воведуваат (како спротивно на играат) улога и дека во суштина не постои нешто како хипнотички транс. Општествено-конструираната врска се гради во зависност од тоа каков однос се воспоставува меѓу „хипнотизерот“ и субјектот.

Некои психолози, како Роберт Бејкер и Грахам Вегстаф, тврдат дека она што го нарекуваме хипноза е всушност форма на учење на социјално однесување, сложен хибрид на социјално условување, релаксирање и сугестивност што може да важи за многу нејасни манифестации на однесување.[69]

Когнитивно-бихевиористичка теорија

уреди

Спанос и Чевјс Барбер во 1974 година ја предложиле „когнитивно-бихевиористичката“ теорија на несвесна состојба во хипнозата, која во одредени аспекти е слична со теоријата на Сарбин за заземањето на општествена улога и е изградена врз основа на претходни истражувања од Барбер. По овој пример, хипнозата се објаснува како проширување на обичните психолошки процеси, како што се фантазирањето, релаксирањето, очекувањето, социјалното условување итн. Barber особено расправал дека реакциите на хипнотичките сугестии се во голем дел посредувани од „позитивен когнитивен правец“ кој се состои од позитивни очекувања, ставови и мотивација. Подоцна, Даниел Араоз го исковал акронимот „ВОСМ“ за да ја симболизира насоченоста на субјектот кон хипнозата во поглед на „верба“, „очекување“, „став“ и „мотивација“.

Барбер и на друго место забележал дека слични фактори всушност ја посредуваат реакцијата и на хипнотизмот и на когнитивно-бихевиористичката терапија (КБТ), особено систематската десензитизација. Оттука, истражувањето и клиничката практика, инспирирани од нивното толкување довеле до зголемен интерес за врската меѓу хипнотерапијата и когнитивно-бихевиористичката терапија.

Информатичка теорија

уреди

Пристапот кој лабаво се заснова на информатичката теорија го користи „мозокот како модел на компјутер“. Во прилагодливите системи, системот може да користи повратна информација за да го зголеми „односот на сигналот и шумот“, кое пак може да води кон урамнотежена состојба. Со зголемувањето на односот меѓу сигналот и шумот се овозможува пораките да се примаат јасно од изворот. Целта на хипнотизерот е да користи техники со што ќе ги намали пречките и ќе го зголеми приемот на одредени пораки (сугестии).[70]

Теорија на системи

уреди

Теоријата на системи, во овој контекст, може да се смета како проширување на оригиналната формулација на Брајд за хипнозата[71], како процес на зголемување или намалување на активноста на нервниот систем. Теоријата на системи ја дели организацијата на нервниот систем на поврзани потсистеми. Според тоа хипнотичкиот феномен вклучува не само зголемена и намалена активност на одделните потсистеми, туку и нивна интеракција. Главниот феномен во овој поглед е повратната врска, слично на теоријата на системи, што предизвикува механизам на создавање на поекстремни хипнотички феномени.[72][73]

Хипнозата како мотив во уметноста и во популрната култура

уреди
  • „Фурати“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[74]
  • „Хипнотизиран“ (англиски: Hypnotised) — песна од истоимениот музички албум на ирската рок-група Андертоунс (The Undertones) од 1980 година.[75]

Белешки

уреди
  • а Класичен пример за идеомоторскиот принцип е т.н. „Шеврелово нишало“ (по Мишел Ежен Шеврел). Шеврел тврдел дека може да се направи нишало, кое само ќе се ниша со соодветна концентрација.

Наводи

уреди
  1. Information for the Public Архивирано на 5 август 2009 г., American Society of Clinical Hypnosis
  2. Hypnosis Gaining Ground in Medicine, Lyda, Alex, Columbia News
  3. стр. 22, Spiegel, Herbert and Spiegel, David. Trance and Treatment. Basic Books Inc., New York. 1978. ISBN 0-465-08687-X
  4. Braid, J. (1843) Neurypnology.
  5. Braid, J. “Magic, Mesmerism, Hypnotism, etc., Historically and Physiologically considered”, 1844-1845, vol. XI., pp. 203-204, 224-227, 270-273, 296-299, 399-400, 439-41.
  6. Braid, J. (1846). The Power of the Mind over the Body
  7. Braid, J., Magic, Witchcraft, etc., 1852: стр.41-42
  8. Stewart, D. Elements of the Philosophy of the Human Mind, 1827: 147
  9. Braid, Observations on Trance or Human Hibernation, 1850, 'Preface.'
  10. S. Freud, Lines of Advance in Psychoanalytic Therapy, 1919
  11. Weitzenhoffer, The Practice of Hypnotism, 2000: 419
  12. Sarbin, T.R. & Coe, W.C. (1972). Hypnosis: A Social Psychological Analysis of Influence Communication.
  13. Barber, Spanos & Chaves (1974). Hypnotism: Imagination & Human Potentialities.
  14. Alladin, A. (2008). Cognitive Hypnotherapy.
  15. Chapman, R.A. (ed.) (2005). The Clinical Use of Hypnosis in Cognitive Behaviour Therapy: A Practitioners Casebook
  16. Wolpe, J. (1958) Psychotherapy by Reciprocal Inhibition.
  17. Hypnosis, Bausell, R Barker, The Skeptic's Dictionary
  18. Braid, Neurypnology, 1843: 'Introduction'
  19. Braid, Hypnotic Therapeutics, 1853
  20. New Definition: Hypnosis, Society of Psychological Hypnosis Division 30 - American Psychological Association
  21. Braid, Neurypnology, 1843
  22. White, Robert W. 'A preface to the theory of hypnotism', Journal of Abnormal & Social Psychology, 1941, 1, 498.
  23. Waterfield, R. (2003). Hidden Depths: The Story of Hypnosis. стр. 36-37
  24. Music and Trance in Siberian Shamanism Архивирано на 21 февруари 2009 г., Gulliford, Tristan
  25. Clinical Research Архивирано на 22 јули 2010 г., www.hypnotic-tracks.us
  26. Hypnosis for Pain, www.webmd.com
  27. Hypnotic Enhancement of Cognitive-Behavioural Weight Loss Treatments--Another Meta-reanalysis, Kirsch, Irving, Journal of Consulting and Clinical Psychology, изд. 64, стр. 517-19, јуни 1996
  28. Applying Hypnosis in Dermatology, Shenefelt, Philip D., www.medscape.com, 6 јануари 2004
  29. The Power of Hypnosis Архивирано на 7 ноември 2007 г., Barrett, Dierdre, Psychology Today, јануари-феврууари 2001
  30. Hypnosis. Another Way to Manage Pain, Kick Bad Habits, www.mayoclinic.com
  31. Clinical review. ABC of complementary medicine. Hypnosis and relaxation therapies, Vickers, Andrew and Zollman, Catherine, British Medical Journal (BMJ), 1999, ISBN 319:1346-1349, 20 ноември
  32. Hypnosis and Sport Performance, www. awss.com
  33. „History of the Stage Hypnotist and Stage Hypnosis Shows“. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2015-05-20.
  34. Discovery Health: All About Hypnobirthing, www.health.discovery.com
  35. Moore, M. & Tasso, A.F. 'Clinical hypnosis: the empirical evidence' in The Oxford Handbook of Hypnosis, 2008: 719-718.
  36. http://www.nice.org.uk/nicemedia/pdf/IBSFullGuideline.pdf Архивирано на 8 октомври 2012 г. Irritable bowel syndrome in adults: Diagnosis and management of irritable bowel syndrome in primary care, NICE Guidance for IBS
  37. 37,0 37,1 37,2 The Truth and the Hype of Hypnosis, Nash, Michael R., Scientific American, јули 2001
  38. Spiegel, D. and Moore, R. (1997) "Imagery and hypnosis in the treatment of cancer patients" Oncology 11(8): стр. 1179-1195
  39. Garrow, D. and Egede, L. E. (ноември 2006) "National patterns and correlates of complementary and alternative medicine use in adults with diabetes" Journal of Alternative and Complementary Medicine 12(9): стр. 895-902
  40. Mascot, C. (2004) "Hypnotherapy: A complementary therapy with broad applications" Diabetes Self Management 21(5): pp.15-18
  41. Kwekkeboom, K.L. and Gretarsdottir, E. (2006) "Systematic review of relaxation interventions for pain" Journal of Nursing Scholarship 38(3): стр. 269-277
  42. Montgomery GH, et al. "A Randomized Clinical Trial of a Brief Hypnosis Intervention to Control Side Effects in Breast Surgery Patients." J Natl Cancer Inst. 2007 Sep 5;99(17):1280-1.
  43. Montgomery, Guy. „Reducing Pain After Surgery Via Hypnosis“. Your Cancer Today. Архивирано од изворникот на 2010-04-16. Посетено на 2009-06-09.
  44. Hypnosis: Applications in Dermatology and Dermatological Surgery, Shenefelt, Philip D., www.emedicine.com
  45. Journal of Hypnotic enhancement of cognitive-behavioural weight loss treatments: Another meta-reanalysis Архивирано на 14 мај 2011 г., Kirsch, Irving, Consulting and Clinical Psychology
  46. Hypnosis[мртва врска], Wordnet search
  47. Compulsive Gaming Архивирано на 19 февруари 2009 г., Dubin, William, 2006
  48. Cognitive Hypnotherapy: An Integrated Approach to the Treatment of Emotional Disorders
  49. The Claim: Hypnosis Can Help You Quit Smoking, O'Connor, Anahad
  50. Hypnotherapy for Smoking Cessation Sees Strong Results, ScienceDaily
  51. „Questions and Answers about Memories of Childhood Abuse“. American Psychological Association. Посетено на 22 јануари 2007.
  52. Astin, J.A. et al. (2003) "Mind-body medicine: state of the science, implications for practice" Journal of the American Board of Family Practitioners 16(2): стр. 131-147
  53. Self-hypnosis as a skill for busy research workers, London's Global University Human Resources
  54. Yapko, Michael (1990). Trancework: An introduction to the practice of Clinical Hypnosis. NY, New York: Brunner/Mazel. стр. 28.
  55. Wagstaff, Graham F. (1981) Hypnosis, Compliance and Belief St. Martin's Press, New York, ISBN 0-312-40157-4
  56. McGill, Ormond (1996) The New Encyclopedia of Stage Hypnosis, p. 506
  57. André M. Weitzenbhoffer. The Practice of Hypnotism 2nd ed, Toronto, John Wiley & Son Inc, Chapter 16, p. 583-587, 2000 ISBN 0-471-29790-9
  58. Wier, Dennis R (1996). Trance: from magic to technology. Ann Arbor, Michigan: TransMedia. ISBN 1888428384.
  59. White, R.W. 'A preface to the theory of hypnotism', Journal of Abnormal Psychology, 36, 477-505, October, 1941
  60. Hull, Hypnosis & Suggestibility, 1933: 392
  61. Pavlov, quoted in Salter, What is Hypnosis?, 1944: 23
  62. Pavlov, I. P.: Experimental Psychology, New York, Philosophical Library, 1957.
  63. Brain Wave Patterns Accompanying Changes in Sleep and Wakefulness During Hypnosis, Psychosomatic Medicine
  64. Horton & Crawford, in Heap et al., The Highly Hypnotisable Subject, 2004: 140.
  65. Gosline, Anna (10 септември 2004). „Hypnosis really changes your mind“. New Scientist. Посетено на 27 август 2008.
  66. Egner, Jamieson, Gruzelier, 2005, Hypnosis decouples cognitive control from conflict monitoring processes of the frontal lobe. NeuroImage, 27, 969-978.
  67. Weitzenhoffer, A.M.: Hypnotism - An Objective Study in Suggestibility. New York, Wiley, 1953.
  68. Baron's AP Psychology 2008
  69. Baker, Robert A. (1990) They Call It Hypnosis Prometheus Books, Buffalo, NY, ISBN 0-87975-576-8
  70. Kroger, William S. (1977) Clinical and experimental hypnosis in medicine, dentistry, and psychology. Lippincott, Philadelphia, 31. ISBN 0-397-50377-6
  71. Braid J (1843). Neurypnology or The rationale of nervous sleep considered in relation with animal magnetism. Buffalo, N.Y.: John Churchill.
  72. Morgan J.D. (1993). The Principles of Hypnotherapy. Eildon Press.
  73. „electronic copy of The Principles of Hypnotherapy. Посетено на 22 јануари 2007.
  74. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 14-15.
  75. DISCOGS, The Undertones – Hypnotised (пристапено на 15.4.2024)

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Хипноза“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).