Шарлиз Терон (родена на 7 август 1975 г.), е јужноафриканска и американска глумица, продуцент и модел. Таа глумела во неколку успешни Холивудски филмови, како Адвокатот на ѓаволот (1997), Моќниот Џо Јанг (1998), Животот нема правила (1999) и Лудиот Макс: Пат на бесот (2015).

Шарлиз Терон
Терон на промоција на Лудиот Макс: Пат на бесот на Канскиот фестивал во 2015
Роден(а)7 август 1975(1975-08-07)(49 г.)
Бенони, Јужна Африка
ДржавјанствоЈАР Јужноафриканско [1]
САД Американско
Занимање
  • глумица
  • продуцент
  • модел
Активен период1995–сè уште
ПартнерСтјуарт Таунсенд (2001–10)
Деца2
Страница
charlizeafricaoutreach.org

Терон добила позитивни критики за нејзината изведба на серискиот убиец Ајлин Вуорнос во Монструм (2003), за која добила Оскар, Сребрена мечка, Златен глобус и награда од страна на здружението на филмски работници за најдобра глумица во главна улога, со што станала првата јужноафриканка со добиен Оскар во некоја од главните категории. Освен тоа таа била номинирана за Оскар и Златен глобус за нејзината улога во драмата Северна земја во 2005 и за Златен глобус за нејзината изведба во комичната драма Млади.

Таа станала државјаниин на САД во 2007, но го задржала и своето јужноафриканско државјанство. Покрај глумата, таа почнала и да продуцира филмови. Во 2006, таа го продуцирала документарниот филм Источно од Хавана. Во 2012, таа глумела во фантазијата Снежана и ловецот и во научно-фантастичниот филм Прометеј; филмови кои имале голема заработка во киносалите.

Ран живот

уреди

Терон е родена во Бенони, во тогашната провинција Трансвал во Јужна Африка, како единствено дете на Герда (моминско презиме Мариц)[2][3] и Чарлс Терон (роден на 27 ноември 1947 г.).[4] Нејзин пра пра чичко е Даниел Терон, кој учествувал во Втората бурска војна. Таа има француско, германско и холандско потекло; нејзините француски предци биле првите доселеници хугеноти во Јужна Африка. Презимето „Терон“ е окситанско презиме (оригинално „Théron“) изговорено на африканс како „Трон“, иако таа вели дека во Јужна Африка го изговарала како „Тирон“. Кога се преселила во САД, таа го сменила начинот на изговарање, за да звучи по американски.

Таа пораснала на фармата на нејзините родители во Бенони, во близина на Јоханесбург.[5][6][7] На 21 јуни 1991, таткото на Терон, алкохоличар, физички ја нападнал нејзината мајка и им се заканувал на двете додека бил пијан. Нејзината мајка во самоодбрана пукала со огнено оружје и го убила. Убиството било пресудено како легално бидејќи било во самоодбрана, и поради тоа мајка ѝ не била осудена.[8][9]

Терон учела во основното училиште Путфонтин, и тој период подоцна го опишала како период во кој „не се вклопила“.[10] На 13 години, Терон била пратена во интернат и започнала со нејзините студии во државното училиште за уметности во Јоханесбург. Иако Терон одлично го владее англискиот јазик, нејзин прв јазик е африканс.[11][12]

Личен живот

уреди
 
Терон на Метеор наградите во 2008

Терон има син, Џексон, чиешто посвојување било објавено во март 2012 година.[13] Терон посвоила второ дете, ќерка, во јули 2015.[14] Таа живее во Лос Анџелес, Калифорнија.[15] Терон станала државјанин на САД во мај 2007 година, задржувајќи го и своето јужноафриканско државјанство.[16]

Во средината на 1990-те, Терон била во двегодишна врска со глумецот Крег Биерко.[17][18] Во периодот 1997-2001, таа била во врска со пејачот на рок групата Third Eye Blind, Стефан Џенкинс.[19] Потоа Терон започнала врска со ирскиот глумец Стјуарт Таунсенд, со кој глумела во филмот Во замка (2002) и Глава во облаците (2004). Терон и Таунсенд се разделиле во јануари 2010, по деветгодишна врска.[20] На почетокот на 2014, таа започнала врска со глумецот Шон Пен,[21] но било објавено дека тие се разделиле во јуни 2015.[22][23]

Здравствени проблеми

уреди

За време на снимањето на Еон Флукс, во Берлин, Германија, Терон боледувала од дискус хернија во нејзиниот врат, предизвикан од пад при превртување преку глава. Поради тоа, таа цел месец морала да носи протеза за вратот.[24] Во јули 2009, на Терон и бил дијагностициран сериозен стомачен вирус, за кој се сметало дека го добила при патување надвор од САД.[25][26] За време на снимањето на филмот Патот, Терон ги повредила гласните жици, додека ги снимала сцените со породување.[27]

Наводи

уреди
  1. Farber, Tanya. „Charlize defends her 'unique' American accent“. IOL News. I am a South African.
  2. Karsten, Chris (2009). Charlize: Life's One Helluva Ride. Human & Rousseau. стр. 18.
  3. Karsten, p. 16
  4. „Charlize“. google.ca.
  5. „Charlize Theron Biography“. Hello Magazine. Посетено на 9 August 2012.
  6. „Benoni, East Rand“. www.sa-venues.com. Посетено на 9 August 2012.
  7. Stated on Inside the Actors Studio, 2004
  8. „Charlize Theron“. BiographyChannel.co.uk. Архивирано од изворникот на 2009-12-08. Посетено на 30 November 2011.
  9. „Charlize Theron's Family Tragedy - ABC News“. Abcnews.go.com. 1991-06-21. Посетено на 2015-08-01.
  10. Chi, Paul (27 November 2011). „Charlize Theron: I Was Teased By Mean Girls in High School“. People. Архивирано од изворникот на 2015-09-05. Посетено на 30 November 2011.
  11. „Charlize Theron“. AccessHollywood.com. Архивирано од изворникот на 2010-07-25. Посетено на 4 April 2015.
  12. „Charlize Theron“. People. Посетено на 24 October 2009.
  13. „Charlize Theron Adopts a Baby Boy“. People. 14 March 2012. Посетено на 16 March 2012.
  14. Webber, Stephanie. „Charlize Theron Adopts Second Child, Baby Girl, After Sean Penn Split - Us Weekly“. Usmagazine.com. Посетено на 2015-08-01.
  15. Caris Davis (11 December 2011). „Charlize Theron's Home Burglarized“. People. Посетено на 16 March 2012.
  16. Tourtellotte, Bob (9 February 2008). „Charlize Theron's awakening“. The Courier-Mail. Архивирано од изворникот на 2011-12-21. Посетено на 20 December 2011.
  17. Rush, George; Molloy, Joanna; Rubin, Lauren (12 March 2002). „Love Stories For Young And Old Alike“. Daily News. Архивирано од изворникот на 2014-09-06. Посетено на 2015-09-01.
  18. „Charlize Theron“. yahoo movies. Архивирано од изворникот на 2012-08-09. Посетено на 8 August 2012.
  19. „Charlize Theron Biography“. People. Архивирано од изворникот 2011-03-28. Посетено на 30 November 2011.
  20. Graham, Caroline (31 January 2010). „Charlize Theron 'rings off' after secret split with Stuart Townsend“. Daily Mail. UK. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 1 February 2010.
  21. „Charlize Theron on Sean Penn Romance: 'It's Nice to Be Not Single'. ABC News. 28 May 2014. Посетено на 7 July 2014.
  22. „Charlize Theron and Sean Penn 'call off engagement after Cannes Film Fesitval' – Daily Mail Online“. Mail Online.
  23. Safronova, Valeriya (26 June 2015). „Exes Explain Ghosting, the Ultimate Silent Treatment“. New York Times. Посетено на 31 July 2015.
  24. Murray, Rebecca. „Charlize Theron Talks About Starring in "Aeon Flux". About.com. Посетено на 23 February 2008.
  25. „Report: Charlize Theron Hospitalized With Serious Virus“. Fox News. 11 July 2009. Посетено на 10 July 2009.
  26. „Charlize Theron Recovering From 'Unknown' Virus“. Digitaljournal.com. Посетено на 8 August 2010.
  27. The Road Region 1 DVD, Special feature: The Making of The Road

Надворешни врски

уреди