Џузепе Парини
Џузепе Парини (италијански: Giuseppe Parini, 1729 - 1799) бил италијански поет.
Животопис
уредиПарини е роден во малото место Бозизио.[1]
Творештво
уредиВо 18 век, Парини бил познат сатиричен поет во Италија. Неговото најважно дело е „Ден“ во кое ги исмејува обичаите и навиките на повисоките општествени слоеви во неговото време.[2]
Значење и влијание
уредиВо своето дело „Парини или за славата“, италијанскиот поет Џакомо Леопарди го оценува Парини како еден од ретките Италијанци кои совршеноста на пишувањето ја споиле со длабочината на мислата, со широките познавања и со употребата на философијата. Исто така, според Леопарди, Парини бил човек со единствена чистота на карактерот, милост кон несреќните и љубов кон татковината, искреност кон пријателите, како и со благородност и цврстина на душата во однос на спротивностите на природата и судбината.[3]