Изабел Анџелика Аљенде Љона (шпански изговор: [isaˈβel aˈʝende]; роден во Лима, Перу, 2 август 1942 година) е чилеанскa писателka. Таа е во роднинска врска со Салвадор Аљенде (внука) и со политичарката Изабел Аљенде. Една од најпознатите писателки од Латинска Америка и добитник на Чилеанската национална награда за литература (2010)[1].

Изабел Аљенде
Аљенде во Германија, 2015 година
Роден/аИзабел Ангелика Аљенде Љона
2 август 1942(1942-08-02)(82 г.)
Лима, Перу
Занимање
Писателка
Јазикшпански
Националностчилеанка
Државјанство
  • Чилеанка
  • Американка
Значајни награди
Сопруг/аМигел Фриас (в. 1962; divorce 1987)
Вилијам К. Гордон (в. 1988; divorce 2015)
Рожер Кукра (в. 2019)
ДецаПола Фриас Аљенде
Николас Фриас Аљенде
РодниниСемејството Аљенде
мрежно место
isabelallende.com

Книгите на Изабел Аљенде се објавени во над 35 милиони примероци на 27 јазици[2].

Биографија

уреди

Таткото на Изабел, Томас Аљенде, бил дипломат, братучед на Салвадор Аљенде кој бил претседател на Чиле во 1970 до 1973 година, кога бил убиен за време на воениот пуч изведен од Аугусто Пиноче. Изабел признава дека иако ретко го гледала својот вујко, само за време на викендите, многу го почитува. Дури по неговата смрт таа сфатила каква легендарна и херојска личност е Салвадор Аљенде. Мајката на Изабел е Франциска Љона, Дона Панчита, ќерка на Агустин Љона Куевас и Изабел Барос Мореира.

Во 1945 родителите на Изабел се развеле и мајката на Изабел се вратила во Чиле со три деца. Изабел го поминала детството со останатите деца во куќата на нејзиниот дедо. Во 1953 година, кога Изабел имала единаесет години, нејзината мајка по втор пат се омажила за дипломатот Рамон Уидобро. Изабел живеела со своето семејство прво во главниот град на Боливија Ла Пас, а од 1956 до 1958 година во Бејрут. Од Бејрут, семејството се вратило во Сантјаго, каде Изабел завршила средно училиште и го запознала својот прв сопруг, градежен инженер Мигел Фриас.

Од 1959 до 1965, Изабел направила успешна кариера како телевизиски новинар во информативната служба на Организација на ОН за храна и земјоделство. На телевизија, таа водела неделна програма на програмата на Обединетите нации против гладот.

Семејството на Изабел многу патувало низ Европа и некое време живеело во Брисел и Женева.

Изабел Аљенде брзо станала многу барана новинарка и експерт за женски права.

Во 1973 нејзината драма „Амбасадорот“ била изведена во Сантјаго. Во 1975, Изабел завршила во егзил во Венецуела. Таму работела за весникот Ел Национал во Каракас и предавала во училиште.

Во 1981, откако дознала дека нејзиниот 99-годишен дедо умира, Изабел почнала да му пишува писма од кои произлегол нејзиниот прв роман „Куќа на духовите“. Романот веднаш добил светско признание. Врз основа на него, данскиот режисер Бил Август го снимил филмот „Куќа на духовите“ со Џереми Ајронс, Мерил Стрип, Винона Рајдер, Глен Клоус и Антонио Бандерас.

Во 1988 година, во Калифорнија Изабел Аљенде го запознала својот втор сопруг, Вили Гордон. Во 2003 таа добила американско државјанство[3].

Творештво

уреди

До средината на 1980-тите, Изабел Аљенде станала најпознатата латиноамериканска писателка благодарение на нејзините романи „Куќата на духовите“, „Љубов и темнина“ и „Ева Луна“. Како писателка, Аљенде се одликува со способноста да ги изрази во своите дела особеностите на културата, историјата на нејзината татковина и страдањата на нејзиниот народ. Нејзините дела содржат елементи на латиноамерикански магичен реализам, поради што ѝ беше доделен неофицијалниот наслов „Габриел Гарсија Маркез во здолниште“. Историјата на нејзиното семејство и нејзината сопствена биографија играат огромна улога во нејзиното творештво.

Познатиот романописец, Изабел Аљенде се занимава со новинарство, пишува драми и предава литература на неколку универзитети. Во новинарството, таа им дава предност на прашања за жените и родовата еднаквост и е најпозната како автор на критички социјални и феминистички новинарски материјали. Таа долги години беше гласноговорник на сите Чилеанци замолчени од режимот на Пиноче[4],

И. Аљенде е лауреат на бројни книжевни награди.[5],

Романи

уреди
  • 1982 — „Куќа на духовите“ (La casa de los espíritus)
  • 1984 — „Порцеланска дебела жена“ (La gorda de porcelana)
  • 1984 — „За љубов и сенки“ (De amor y de sombra)
  • 1987 — „Ева Луна“ (Eva Luna)
  • 1989 — „Приказните на Ева Луна“ (Cuentos de Eva Luna)
  • 1991 — „Бесконечен план“ (El plan infínito)
  • 1994 — „Пола" (Paula)
  • 1997 — „Афродита" (Afrodita. Cuentos, recetas y otros afrodisiacos)
  • 1998 — „Ќерка на среќата“ (Hija de la fortuna)
  • 2000 — „Портрет во кафени тонови“ (Retrato en sepia)
  • 2002 — „Градот на ѕверовите“ (La ciudad de las bestias)
  • 2003 — „Мојата измислена земја“ (Mi país inventado)
  • 2003 — „Кралство на златниот змеј“ (El reino del dragón de oro)
  • 2004 — „Шума на пигмејците“ (El bosque de los pigmeos)
  • 2005 — „Зоро“ (Zorro)
  • 2006 — „Инес на мојата душа“ (Inés del alma mía)
  • 2007 — „Збир на денови“ (La suma de los días)
  • 2009 — „Остров во длабочините на морето“ (La isla bajo el mar)
  • 2011 — „Дневникот на Маја“ (El cuaderno de Maya)
  • 2014 — „Риперовата игра“ (El juego de Ripper)
  • 2015 — „Јапонски љубовник“ (El amante japonés)
  • 2017 — „Надвор од зимата“ (Más allá del invierno)
  • 2019 — „Долга реса крај морето“ (Largo pétalo de mar)

Наводи

уреди
  1. Isabel Allende
  2. Isabel Allende
  3. Isabel Allende Chilean-American author
  4. Isabel Allende
  5. „Meet the Author: Isabel Allende“. Архивирано од изворникот на 2022-01-02. Посетено на 2022-01-02.