Робин ван Перси
Робин ван Перси (роден 6 август 1983 во Ротердам) — холандски фудбалер, напаѓач на Фејенорд и на холандската репрезентација.
Робин ван Перси | |||
---|---|---|---|
Ван Перси со Фенербахче во февруари 2016 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 6 август 1983 | ||
Роден во | Ротердам, Холандија | ||
Висина | м | 1,83||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фенербахче | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
Фејенорд | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001–2004 | Фејенорд | 59 | (15) |
2004-2012 | Арсенал | 194 | (96) |
2012-2015 | Манчестер Јунајтед | 86 | (48) |
2015-2018 | Фенербахче | 57 | (25) |
2018- | Фејенорд | 28 | (16) |
Репрезентација ‡ | |||
2007-2010 | Холандија 21 | 6 | (1) |
2007- | Холандија | 101 | (50) |
* Ажурирано на: 16 јануари 2012 ** Ажурирано на: 16 јануари 2012 |
Како син на двајца уметници, Ван Перси бил охрабруван и самиот да стане уметник и да тргне по стапките на неговите родители, но нему повеќе му се допаднал фудбалот и станал член на младиот состав на СБВ Екселсиор во 2001. Неговиот пробив беше во клубот од неговиот роден град Фејенорд, каде што помина три сезони и го освои купот на УЕФА во 2002. Во 2004, се пресели во Англија и потпиша за Арсенал, со кого истата сезона го освои Комјунити Шилд, а во сезоната 2004-05 и ФА Купот.
Ван Перси има повеќе од 100 настапи и 32 голови за Холандската репрезентација, за која учествувал и на Светското Првенство во 2006, Светско првенство во 2010, Светско првенство 2014 и на Европското првенство во 2008 и 2012 година.
Животопис
уредиРобин ван Перси пораснал во Ротердамската населба Кралинген. Неговата мајка, Хосе Рас, била сликар, а неговиот татко, Боб, бил вајар.[1] Тој има две сестри, Лили и Кики.[2] Често бил охрабруван да тргне по стапките на неговите родители и да стане уметник, но тој го избрал фудбалот.
Клупска Кариера
уредиФејенорд
уредиВан Перси стана член на холандскиот младинскиот тим на СБВ Екселсиор во 2001, но си замина поради конфликти со тренерскиот состав и потпиша за Фејенорд.[3] Набрзина се проби до првиот тим поради повреди на некои од играчите, дебито за клубот му беше на 17 години, прв од вкупно 15 настапи. На крајот на сезоната 2001-02, беше прогласен за Најдобар Млад Талент во холандската прва лига.
На почетокот на следната сезона, Ван Перси потпиша нов три годишен професионален договор со Фејенорд, и постигна пет гола на натпреварот од Амстел Купот против АГОВВ кој заврши 6-1 на 6 февруари 2003.[4] Но, поради несогласувања со менаџерот Берт ван Марвијк Ван Перси беше префрлен во резервниот состав, за што Ван Марвијк изјави, „Поради неговото однесување, невозможно беше тој да остане во почетниот состав, па затоа ќе им се приклучи на резервите.“[5] За време на натпревар помеѓу резервите на Феенорд и Ајакс, тој беше еден од неколкуте играчи на Феенорд кои беа нападнати од страна на хулигани кои навлегоа на теренот.[3] Разликите помеѓу Ван Перси и Ван Марвијк се продлабочија кога Ван Перси беше испратен дома пред натпреварот од Супер Купот против Реал Мадрид откако наводно тренерот не бил задоволен од говорот на телото на Ван Перси, кога му било кажано да се загрее за натпревар од лигата.[1] Ван Перси ја заврши својата деби сезона во првиот тим, имаше вкупно 28 настапи и осум голови, таа сезона Феенорд загуби во финалето на Холандскиот куп.
Феенорд неуспешно се обиде да го продолжи договорот на Ван Перси за време на летото. Сезоната 2003-04 ја помина на клупата поради се полошите односи со Ван Марвијк. Повторно играше 28 натпревари, но постигна само 6 голови. Фејенорд го понудија на продажба на крајот на сезоната, но поради неговото дисциплинарно досие немаше многу заинтересирани. Во јануарскиот преоден рок во 2004, холандскиот клуб започна преговори со Арсенал. Арсенал имаше потреба од долгорочна замена за ветеранот Денис Беркамп. Двете страни не успеаја да се договорат во јануари, но пет месеци подоцна, во летниот преоден рок, Ван Перси се пресели во Арсенал за 2,75 милиони фунти, малку повеќе од половина од оригиналната цена поставена од Феенорд, 5 милиони фунти.[3][6]
Арсенал
уредиНа 17 мај 2004, Ван Перси потпиша четиригодишен договор со Арсенал.[7] Менаџерот Арсен Венгер, кој планирал да го претвори Ван Перси од лево крило во напаѓач, што претходно му успеа со Тјери Анри,[8] за новиот играч изјави, „Може да игра на лево во средниот ред, како креативен играч зад напаѓачите или како напаѓач.“[9] Арсенал дополнително го засилија напаѓачкиот ред со купувањето на шпанецот Хосе Антониот Рејес,[10] со што дојде до ситуација во која овие двајца треба да се борат за место во првиот тим, но Ван Перси прв го имаше дебито за тимот, и при тоа освои и трофеј, кога влезе како замена на натпреварот против Манчестер Јунајтед во Комјунити Шилд на 8 август 2004 кој Арсенал го освои со 3:1.[11]
Ван Перси поминуваше многу време на клупата во почетокот на сезоната 2004–05, неговото натпреварувачко деби беше на 27 октомври 2004 кога го постигна и својот прв гол во победата од 2:1 на натпреварот од Карлинг Купот против Манчестер Сити.[12] Сепак, првиот црвен картон во Арсенал го заработи веќе на 26 февруари 2005 за време на гостивањето кај Саутхемптон кој заврши 1:1. Картонот го доби поради старт врз левиот бек на Саутемптон Грем Ле Со,[13] по што вообичаено смирениот Венгер бил виден како му вика на Ван Перси додека овој го напуштал теренот. Подоцна Венгер го критикуваше Ван Перси и на прес-конференцијата со изјавата: „Не го поддржувам Ван Перси денес, но на полувреме изгледаше како да има се под контрола. Кога судијата му дава црвен на домашен играч, тогаш тој е под притисок, што значи дека ако некој требаше да се контролира, тоа беше тој.“ Во меѓувреме, спортскиот писател на Телеграф Клајв Вајт во својот извештај за натпреварот го опиша Ван Перси како „9 годишно момче во телото на 21 годишник.“[14] По ова Ван Перси беше приморан да седи на клупа неколку натпревари, почнувајќи со повторениот натпревар од ФА Купот против Шефилд Јунајтед,[15] и беше вратен во составот само поради повредата на листот на Тјери Анри, на првиот натпревар откако се врати постигна два гола на победата во полуфиналето на ФА Купот против Блекбурн Роверс. Сезоната заврши за Ван Перси набрзо потоа поради повреда, но тој сепак имаше постигнато 10 голови на 40 настапи.[16]
Добрата форма на Ван Перси му донесе награда Играч на Месецот на Премиер Лигата за ноември откако имаше осум голови на осум настапи,[1][8] по што беше награден со петгодишно продолжување на договорот на 4 јануари 2006.[17] Но, два дена по потпишувањето на новвиот договор, Ван Перси се здоби со нова повреда, на натпреварот од ФА Купот против Кардиф, еден од противничките играчи го згазна на стапалото и му скрши еден од прстите.[18] Ван Перси играше на следните три натпревари со дупка во копачката, исечена за да се намали притисокот, а со тоа и болката, по што беше одморен на Премиерлигашкиот натпревар против Вест Хем Јунајтед на 1 февруари.[1] На првото финале на Арсенал во Лигата на Шампионите во 2006 беше на клупата, но не влезе во игра, Арсенал загуби со 2:1 од Барселона.[19]
На почетокот на сезоната 2006–07 на натпреварот против Чарлтон Атлетик, Ван Перси постигна гол од волеј, во скок, за кој Венгер рече „таков (гол) се постигнува еднаш во животот“,[20]
Подоцна беше прогласен за Гол на Месецот за септември од страна на BBC,[21] а годината ја заврши како Ротердамски Спортист на Годината за 2006. Сепак, неговата сезона беше предвреме завршена по вторпат во својата кариера на 21 јануари 2007, кога заработи фрактура на коска во десното стапало додека го прославуваше израмнувачкиот гол на натпреварот против Манчестер Јунајтед. Сезоната ја заврши со 13 постигнати голови.[22]
Откако Анри си замина во Барселона пред почетокот на сезоната 2007–08, Ван Перси ја презеде улогата на главен напаѓач на Арсенал. Сезоната ја започна добро откако го постигна победничкиот гол во натпреварот против Интер од Купот на Емирати кој заврши 2:1. Истото го постигна и на натпреварот против Ајакс од Купот на Амстердам кој заврши 1:0. По серијата од седум голови на десет натпревари во лигата, Ван Перси повторно се повреди, овојпат повредата беше на коленото, а ја доби на натпревар за Холандија.[23] Враќањето во форма му беше на натпреварот од фазата по групи од Лигата на Шампионите против Стеауа на 12 декември,[24] а во Премиер Лигата се врати против Виган на 9 март, кога влезе како замена во второто полувреме. Првиот гол по враќањето го постигна од пенал во победата од 3:2 против Болтон Вондерерс.
Ван Перси ја започна сезоната 2008-09 на 31 август со два гола во победата од 3:0 против Њукасл Јунајтед.[25] На 29 октомври, го постигна својот педесетти гол за Арсенал во дербито против соперниците Тотенхем кое заврши 4:4. На 1 ноември го доби и својот прв црвен картон за 2008-09 откако го турна голманот Томас Соренсен на поразот од 2:1 против Стоук Сити. Соренсен подоцна призна дека го „зафркавал“ Ван Перси со цел да го испровоцира реакција.[26]
Манчестер Јунајтед
уредиНа 15 август 2012 година, Арсенал објавија дека се договорени условите со Манчестер Јунајтед за неговиот трансфер, но Ван Перси требаше уште да ги договори личните услови со клубот. На 17 август 2012 година, Ван Перси и официјално стана фудбалер на Манчестер Јунајтед за сума од £ 24.000.000, потпишувајќи четиригодишен договор.[27] Тој е првиот играч којшто преминал од Арсенал во Манчестер Јунајтед уште од Вивијан Андерсон кој во 1987 направи ваков трансфер. За својата прва сезона го добил дресот со број 20, бидејќи асистенот Рене Мулестен верувал дека ван Перси ќе помогне да се освои 20-тата лигашка титула.
На 20 август 2012, ван Перси го направи своето деби за Манчестер Јунајтед, влегувајќи како замена во 68-мата минута на местото на Дани Велбек во поразот на неговиот тим со 1-0 од Евертон.[28] Пет дена подоцна тој го постигна својот прв погодок за клубот со својот прв удар за клубот, за да го израмни резултатот на 1-1 во натпреварот со Фулам на Олд Трафорд. Јунајтед забележа победа од 3-2 на тој натпревар.
Фенербахче
уредиНа 14 јули 2015, Ван Перси потпишал за турскиот Фенербахче за 3,84 милиони фунти. Нему му бил доделен дресот со број 10. Тој и неговиот поранешен колега од Манчестер јунајтед Нани, дебитирале за Фенербахче две недели после потпишувањето, во третата рунда квалификации за Лигата на шампионите против Шахтар Донецк заменувајќи го Муса Со. Првиот свој настап во турската лига го имал на 14 август против Ескисехирспор, како замена за Фернандао во 60-та минута, во победата од 2-0. Шест дена подоцна тој го постигна својот прв гол за Фенербахче, како замена за Муса Со, и тој го постигна единтвениот гол на мечот против Атромитос од Атина во првиот натпревар од Лигата на шампионите - бараж, со својат прв допир на целиот натпревар.[29] Ван Перси го постигна својот прв гол во домашното првенство за клубот на својот прв настап како стартер на 23 август, по асистенцијата Нани за ремито 1-1 со Ризеспор.[30]
Репрезентативна кариера
уредиПрвите настапи за Холандија Ван Перси ги направи за помалку од недела, прво во победата од 2:0 од квалификациите за Светското Првенство 2006 против Романија на 4 јуни 2005,[31][32] а потоа во друг натпревар од квалификациите, четири дена подоцна против Финска, натпревар на кој го постигна својот прв репрезентативен гол во победата од 4:0.[33]
Светско Првенство 2006
уредиИ покрај тоа што не беше редовен стартер во составот на Арсенал, Ван Перси беше дел од составот на Марко ван Бастен за Светското Првенство 2006. Играше на сите четири натпревари на Холандија, и го постигна својот единствен гол во групната фаза против Брегот на Слонова Коска од слободен удар, по што Холандија беше елиминирана во првата елиминациона фаза.[34][35]
Европско Првенство 2008
уредиНа квалификациите за ЕП 2008, Ван Перси постигна 4 гола, најмногу во холандската репрезентација,[36][37] и играше како крило за време на првенството, зад единствениот напаѓач Руд ван Нистелрој откако Ван Бастен реши да смени во 4-2-3-1 формација. На 13 јуни, постигна гол откако влезе во 55 минута, во победата од 4:1 против финалистот од СП 2006 Франција, и беше стартер на следниот натпревар против Романија, кога постигна гол на асистенција од Деми де Зеуф. Првенството го заврши со само два гола, откако Холандија заврши на врвот во групата Ц, но повторно беше исфрлена во првата елиминациона фаза.[38]
Личен живот
уредиВан Перси и жена му, холанѓанка со мароканско потекло, Бушра имаат еден син, Шекил, кој е роден на 16 ноември 2006. Тие живеат во Гофс Оук, Хертфордшајр.[3]
Обвинение за силување
уредиНа 13 јуни 2005, додека беше во Ротердам на подготовки со тимот на Холандија за квалификациите за СП 2006, Ван Перси беше уапсен поради сомнение за силување од страна на холандската полиција откако поранешната холандска Мис Нигерија Сандра Кријгсман изјавила дека тој наводно ја нападнал два дена порано во хотел.[39] Тој помина две недели во затвор додека полицијата ги истражувала обвинението на Кријгсман,[40] по што беше ослободен по одлука на судот дека нема потреба да седи во затвор, но сè уште важеше за осомничен.[41]
Во февруари 2006, случајот беше целосно отфрлен од страна на холандското јавно обвинителство откако заврши нивната истрага. Обвинителството изјави, по темелната истрага, дека немало насилен сексуален контакт.[42] Ван Перси јавно проговори за времето поминато во затвор неколку месеци подоцна, опишувајќи го искуството како понижувачко, исто така изјави и дека во затворот бил третиран како криминалец, и покрај фактот што не бил виновен. Во октомври 2005 излезе извештај во кој пишуваше дека над 200 полицајци од Ротердам се обиделе да го видат неговото досие, и покрај фактот што голем дел од нив немале одобрение.[43]
Статистика
уредиКлуб | Сезона | Лига | Куп | Европа | Вкупно | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | Настапи | Голови | Асист. | ||
Феенорд | 2001-02 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 7 | 0 | 0 | 15 | 0 | 0 |
2002–03 | 23 | 9 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 25 | 9 | 0 | |
2003–04 | 28 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | 0 | 31 | 6 | 0 | |
Феенорд вкупно | 71 | 15 | ? | ||||||||||
Арсенал | 2004–05 | 26 | 5 | 1 | 9 | 4 | 0 | 6 | 1 | 0 | 41 | 10 | 1 |
2005–06 | 24 | 5 | 1 | 7 | 4 | 0 | 7 | 2 | 0 | 38 | 11 | 1 | |
2006–07 | 22 | 11 | 7 | 1 | 0 | 0 | 8 | 2 | 1 | 31 | 13 | 8 | |
2007–08 | 15 | 7 | 3 | 1 | 0 | 0 | 7 | 2 | 2 | 23 | 9 | 5 | |
2008–09 | 9 | 5 | 3 | 0 | 0 | 0 | 3 | 2 | 2 | 12 | 7 | 5 | |
Арсенал вкупно | 145 | 50 | 20 | ||||||||||
Кариера вкупно | 216 | 65 | 20 |
(Клупска статистика заклучно со 16 ноември 2008)
Репрезентативни голови
уредиРепрезентација | Сезона | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Холандија | 2004–05 | 2 | 1 |
2005–06 | 12 | 1 | |
2006–07 | 5 | 5 | |
2007–08 | 8 | 3 | |
Вкупно | 32 | 10 |
(Репрезентативна статистика заклучно со 16 ноември 2008)
Почести
уредиФеенорд
уреди- Куп УЕФА: 2002
Арсенал
уреди- Комјунити Шилд: 2004
- ФА Куп: 2005
- Лига на Шампиони - второ место: 2006
Манчестер Јунајтед
уреди- Премиер лига : 2012-13
Поединечни почести
уреди- Најдобар млад талент на холандската лига 2000-01
- Играч на Месецт во Премиер Лига: ноември 2005
- Ротердамски спортист на годината: 2006
- Гол на месецот во Премиер Лига: септември 2006
Белешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Young Gunner Архивирано на 4 јуни 2011 г., timesonline.co.uk. Retrieved September 19 2008.
- ↑ Robin Van Persie Bio Архивирано на 14 март 2009 г., tv.com. Retrieved November 16 2007.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Young man's game“. Sunday Times.[мртва врска]
- ↑ FEYENOORD DRINK FROM CUP OF CHEER Архивирано на 24 декември 2008 г. - feyenoord.com, 2/6/03. Посетено на 11/9/08.
- ↑ Take care with Persie - The Sun Sport, 4/29/04. Посетено на 11/9/08.
- ↑ Feyenoord slap £5m price tag on Van Persie Архивирано на 4 февруари 2009 г. - The Telegraph, 1/20/04. Посетено на 11/9/08.
- ↑ Arsenal win the race to capture £3m Van Persie[мртва врска], Independent Online Edition, April 29 2004. Посетено на 1 декември 2007.
- ↑ 8,0 8,1 Van Persie hits spot for Wenger - The Guardian, 12/3/05. Посетено на 11/9/08.
- ↑ 9,0 9,1 Robin van Persie - History Архивирано на 11 мај 2009 г., soccernet.espn.go.com, accessed 29 септември 2007.
- ↑ CBBC Newsround, Arsenal sign Reyes for record fee, January 27 2004. Посетено на November 30 2007.
- ↑ BBC Sport, Arsenal 3-1 Man Utd, August 8, 2004. Посетено на November 30 2007.
- ↑ Man City 1-2 Arsenal, BBC Sport, October 27 2004. Посетено на November 30 2007.
- ↑ Southampton 1-1 Arsenal, BBC Sport, February 26 2005. Посетено на November 30.
- ↑ Brain is not used by Van Persie - The Telegraph, 2/26/05. Посетено на 11/9/08.
- ↑ Van Persie wants to make amends Архивирано на 2 февруари 2009 г. - ESPN Soccernet, 3/11/05. Посетено на 11/9/08.
- ↑ 4thegame Profile Архивирано на 11 февруари 2009 г., посетено на November 30.
- ↑ Van Persie signs new Arsenal deal, BBC Sport, January 6 2006. Посетено на November 30 2007.
- ↑ Arsenal's Van Persie to miss cup tie with broken toe Архивирано на 5 февруари 2009 г. - ESPN Soccernet, 1/10/06. Посетено на 11/9/08.
- ↑ Barcelona 2-1 Arsenal - BBC Sport, 5/17/06. Посетено на 11/9/08.
- ↑ Wenger: 'Winner was the goal of a lifetime' Архивирано на 18 декември 2007 г., Arsenal.com, September 30 2007. Посетено на December 10 2007 (dead link) [мртва врска]
- ↑ Goal of the month, BBC SPORT, January 8 2007. Retrieved December 8 2007.
- ↑ „Van Persie set to sit out season“. BBC Sport. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ Van Persie could be sidelined for a month Архивирано на 18 декември 2007 г., Arsenal.com, October 20, 2007. Посетено на November 30, 2007.
- ↑ Arsenal 2–1 Steaua Bucharest, BBC SPORT, December 12, 2007. Посетено на December 12, 2007.
- ↑ Van Persie double seals winning display - The Guardian, 8/31/08. Посетено на 11/9/08.
- ↑ Stoke keeper admits: I wound van Persie up to get him red card Архивирано на 23 февруари 2009 г. Northampton Chronicle and Echo, 11/3/08. Посетено на 11/9/08.
- ↑ Coppack, Nick (17 August 2012). „Van Persie transfer completed“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 17 August 2012.
- ↑ "Everton 1-0 Man Utd" BBC Sport. 20 August 2012. Retrieved 20 August 2012.
- ↑ „Atromitos Athens 0–1 Fenerbahçe“. BBC Sport. 20 August 2015. Посетено на 21 August 2015.
- ↑ „Fenerbahçe falters away, shares spoils with Rizespor“. Today's Zaman. 24 August 2015. Архивирано од изворникот на 2015-08-26. Посетено на 30 August 2015.
- ↑ 17 Robin van Persie Holland Stats Архивирано на 23 декември 2008 г., ITV Sport, World Cup 2006. Посетено на December 11 2007.
- ↑ „Soccerbase stats for Romania vs. Holland game“. Архивирано од изворникот на 2009-02-02. Посетено на 2008-11-16.
- ↑ „Soccerbase stats for Finland vs. Holland game“. Архивирано од изворникот на 2009-02-02. Посетено на 2008-11-16.
- ↑ „Soccerbase stats for Van Persie's World Cup (see bottom of list)“. Архивирано од изворникот на 2007-12-18. Посетено на 2008-11-16.
- ↑ „Soccerbase stats for Holland's 2006 World Cup game against Ivory Coast“. Архивирано од изворникот на 2009-02-02. Посетено на 2008-11-16.
- ↑ „Soccerbase stats for Albania vs. Holland“. Архивирано од изворникот на 2009-02-02. Посетено на 2008-11-16.
- ↑ „Soccerbase stats for Luxembourg vs. Holland“. Архивирано од изворникот на 2009-02-02. Посетено на 2008-11-16.
- ↑ „Gespeelde wedstrijden“. KNVB. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2007-05-16.
- ↑ Arsenal star held over rape claim, BBC News, June 14 2007. Посетено на November 17 2007.
- ↑ Rape quiz Arsenal star still held, BBC News, June 16 2007. Посетено на November 17 2007.
- ↑ Rape claim Arsenal star released, BBC News, June 27 2007. Посетено на November 18 2007.
- ↑ „Van Persie no longer rape suspect | FOOTBALL | SPORT | tvnz.co.nz“. Архивирано од изворникот на 2009-02-03. Посетено на 2008-11-16.
- ↑ "Над 200 полицајци во Ротердам се обиделе да ѕирнат во дигиталното досие составено за напаѓачот на Арсенал Робин ван Перси." Архивирано на 12 ноември 2007 г., Telegraaf, October 12 2005 (холандски)
- ↑ Robin van Persie statistics from voetbalstats.nl. Посетено на 2007-11-15
Надворешни врски
уреди- Профил Архивирано на 12 февруари 2012 г. на Arsenal.com
- Холандските статистики на Ван Перси на voetbalstats.nl
- Goals by Robin van Persie Архивирано на 6 септември 2008 г.