Тијаго Мота (роден на 28 август, 1982 година, во Сао Бернардо до Кампо) — бразилско-италијански фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред. Моментално ја води екипата на Јувентус.

Тијаго Мота
Лични податоци
Роден на 28 август 1982(1982-08-28)(42 г.)
Роден во Сао Бернардо до Кампо, Бразил
Држава Бразил Бразил
Италија Италија (од 2011)
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Јувентус Јувентус (тренер)
Повлекување 4 јули 2018 (35 г.)
Младинска кариера
Жувентус Жувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999-2002 Барселона Б Барселона Б 84 (12)
2001-2007 Барселона Барселона 96 (6)
2007-2008 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 6 (0)
2008-2009 Џенова Џенова 27 (6)
2009-2012 Интер Интер 55 (11)
2012-2018 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 166 (8)
Репрезентација
1999 Бразил Бразил 17 3 (1)
2003 Бразил Бразил (олимп.) 8 (1)
2003 Бразил Бразил 2 (0)
2011-2016 Италија Италија 30 (1)
Раководител на екипите
2018-2019 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен (У19)
2019 Џенова Џенова
2021-2022 Специја Специја
2022-2024 Болоња Болоња
2024- Јувентус Јувентус

Израснат во младинскиот сектор на Барселона, дебитирал за Блауграна во 2001, останувајќи таму се до 2007 година тој освоил две шпански првенства, два Суперкупа на Шпанија и една титула во Лигата на шампионите. Во следните две години (2007-2009) од кариерата, тој играл прво за Атлетико Мадрид, а потоа за Џенова. Од 2009 до 2012 година, го носел дресот на Интер со кој освоил едно италијанско првенство, два Купа на Италија, Лигата на шампионите и едно Светско клупско првенство. Помеѓу 2012 и 2018 година, последната била и годината во која тој ја завршил својата играчка кариера, Мота играл за Париз Сен Жермен, каде освоил пет француски првенства, пет Лига купа на Франција, четири Купа на Франција и пет Суперкупа на Франција.

Роден и израснат во Бразил, но со италијанско потекло, Мота исто така има и италијански државјанство.[1] Откако забележал два настапи за Бразил во 2003, во 2011 тој се определил да настапува за италијанската репрезентација забележувајќи вкупно 30 настапи и еден гол. Тој бил дел од селекцијата на Аѕурите која била вицешампион на Европското првенство 2012.

По завршувањето на кариерата како фудбалер, тој се посветил на онаа како тренер. Почетоците ги имал во неговиот последен клуб, Париз Сен-Жермен, каде го водел младинскиот тим до 19 години. По краткото искуство во Џенова (2019), во сезоната 2021-2022 ја тренирал Специја, со која успеал да обезбеди опстанок во Серија А. Во 2022 година, тој седнал на клупата на Болоња, со која се квалификувал за Лигата на шампионите во сезоната 2023-2024, враќајќи ги Болоњезите во споменатото натпреварување по 60 години пауза. По завршувањето на сезоната се преселил во Јувентус.

Биографија

уреди

Тијаго Мота има италијанско државјанство по потеклото: неговиот татко, Карло Роберто Мота, е од италијанско потекло од страната и на неговиот татко и од мајката. Всушност, на почетокот на 20 век, прадедото на Тијаго Мота, Фортунато Фогањоло, како млад човек роден во 1897 година, заминал во потрага по среќата во Јужна Америка од Полесела, во провинцијата Ровиго.[2]

Технички карактеристики

уреди

Играч

уреди

Тој бил играч од средниот ред, кој најчесто играл во улогата на плејмејкер.[3] Како играч од суштинско значење во натпреварите на неговиот тим,[4][5] и во дефанзивната и во напаѓачката фаза,[4][6][7][8] тој бил надарен со техника,[8][9] физичка сила и способност за движење без топка,[6][7] и покрај недостатокот на брзина.[10] Прецизен во додавањата, флексибилен и тактички дисциплиниран,[5][8] меѓу неговите квалитети се вбројуваат и добриот шут од далечина и неговата способност за игра во воздухот.[6] Сепак, неговата кариера била обележана и од различни сериозни повреди.[11]

Тренер

уреди

На клупата се покажува како тренер кој претпочита напаѓачки фудбал и пристап кој започнува од одбраната. За него се важни високиот пресинг, играта со топка на земја и движењата без топка. Најчесто ги користел следниве формации: 4-3-3, 4-2-3-1 и 4-1-4-1.[12]

Клупска кариера

уреди

Почетоци

уреди

Мота ја започнал својата кариера во родниот Бразил во Клуб Атлетико Ипиранга. Тој ја напуштил Ипиранга и се приклучил на Жувентус, бразилски клуб од областа Моока во сојузната држава Саун Пауло, основан од италијански емигранти. И токму во Жувентус, Тијаго ја имал првата шанса да стане професионален играч. Всушност, Жувентус е единствениот клуб во Бразил каде што играл Мота, и тој е многу благодарен за она што клубот го направил за него на почетокот на неговата кариера:

Додека играл за Жувентус, Мота бил повикан во бразилската репрезентација под 17 години за да го игра Турнирот во Тулон, во Франција, каде што бил забележан од скаутите на Барселона.

Барселона

уреди

Во 1999 година, на возраст од само 17 години, тој потпишал за Барселона[13] по препорака на Љоренс Сера Ферер, тогашниот извршен директор на клубот. Тој ги одиграл првите три сезони во Б тимот,[13] правејќи притоа и неколку настапи за првиот тим но само во пријателски натпревари. Своето деби за првиот тим во официјален натпревар, Тијаго го направил под водството на тренерот Карлес Решак, на 3 октомври 2001 година, против Мајорка на Камп Ноу, во натпревар кој Блауграна го добила со 3-0. Во Б тимот играл на поофанзивни позиции, додека во првиот тим, тој бил преместен од Решак во средниот ред, каде што имал одлични перформанси, особено во Ел Класико против Реал Мадрид, каде што тој бил пофален за одличното маркирање на Зинедин Зидан.

По овој натпревар, тој станал столб во средниот ред на Барселона,[14] благодарение на неговата разновидност и неговиот статус како ЕУ играч (поради неговиот италијански пасош). Кон крајот на сезоната 2002-2003, под водството на тренерот Радомир Антиќ, Мота се наметнал како еден од најприсутните играчи во каталонскиот клуб, играјќи 26 натпревари и постигнал еден гол, против Реал Сосиедад. Сезоната 2004-2005, донела голем пех за бразилско-италијанскиот фудбалер: на 11 септември 2004 година, тој ги скинал лигаментите на десното колено за време на натпреварот против Севиља, повреда кој го извадила од игра за седум месеци.[13] Иако, тој се вратил на терен пред крајот на истата сезона, играјќи во победата со 2-0 над Хетафе, оваа повреда и последователното подобрување на тимот, значела дека Мота засекогаш ќе го загуби своето место во почетната постава на Барселона.

Вкупно за Блауграна тој одиграл 147 натпревари и постигнал 10 гола.

Атлетико Мадрид

уреди

Кон крајот на август 2007 година, Мота потпишал едногодишен договор со Атлетико Мадрид за необјавена сума.[15] Уште еднаш започнувајќи ја сезоната повреден, во дресот на Атлетико Мадрид, Мота го имал своето најлошо искуство во кариерата, запишувајќи само 10 настапи за клубот во сите натпреварување во текот на сезоната 2007-2008. Дополнително, во четвртфиналниот натпревар од Купот на Шпанија против Валенсија, тој бил исклучен по само 25 минути, а „Колчонерос“ го загубиле натпреварот со 0–1 и последователно биле елиминирани.[16] Поради повредата на редовниот стартер Раул Гарсија и заминувањето на Маниш во јануари 2008 година, можностите за игра на Мота се зголемиле. Сепак, во март, хроничните проблеми со неговото колено повторно се појавиле и неговата сезона била завршена, проследено со успешна операција и рехабилитација во САД.[17][18]

Џенова

уреди

На 14 септември 2008 година, на 26-годишна возраст, тој се преселил во Џенова.[19] Своето деби во Серија А со дресот на Грифоните го имал на 19 октомври за време на натпреварот Џенова - Сиена (1-0) влегувајќи во игра во 15-тата минута, додека 10 дена подоцна, на 29 октомври, го постигнал својот прв гол во италијанското првенство во победата на домашен терен со 2-1 над Каљари.[20] На 11 април 2009, тој постигнал два гола против Јувентус во победата со 3-2.[21]

Сезоната на Џенова, предводена од насоките на Тијаго Мота и головите на Диего Милито, била извонредна, толку многу што им овозможила на рособлу да се квалификуваат за Лига Европа, испуштајќи го од раце пласманот во Лигата на шампионите само поради неповолниот резултат во директните пресметки со Фјорентина. Во сезоната 2008-2009, Мота одиграл 27 натпревари и постигнал 6 гола за Џенова во Серија А.

Интер

уреди

На 20 мај 2009 година, претседателот на Џенова, Енрико Прециози, го потврдил трансферот на Мота и Диего Милито во Интер за сезоната 2009-2010:[22] трансферот на Мота бил официјализиран на 1 јули, кога тој станал играч на Интер откако нероаѕурите платиле за него сума од приближно 9 милиони евра.[23] Овoj потег на пазарот исто така бил во центарот на вниманието бидејќи Прециози, инхибиран, не можел самиот да преговара за продажбата, нешто што тој јавно го изјавил.[24]

 
Мота (првиот од десно) за време на тренинг со Интер во 2010

Своето деби за Интер го направил во натпреварот од Суперкупот на Италија, во кој неговиот тим бил поразен од Лацио со 1-2. На 23 август, дебитирал за нероаѕурите во првенството во натпреварот против Бари, кој завршил 1-1. Шест дена подоцна, за време на Дербито на Милано кое завршило 4-0 за Интер, тој го постигнал својот прв гол за клубот. На 3 април 2010 година, тој постигнал два гола во домашниот натпревар против Болоња. На 5 мај пристигнал и неговиот прв трофеј во Италија: тоа бил Купот на Италија освоен со победа во финалето, одиграно на Олимпико против Рома. Единаесет дена подоцна, на 16 мај, со клубот го освоил скудетото по натпреварот против Сиена.[25]

На 28 април, за време на полуфиналето на Лигата на шампионите против неговиот поранешен тим Барселона, тој бил исклучен откако очигледно со рака го удрил Серхио Бускетс во лицето: поради тоа, Интер бил принуден да го одигра остатокот од натпреварот со бројчана инфериорност, но сепак успеал да се пласира во финалето.[26] На 22 мај 2010 година, тој ја освоил тројната круна, откако Интер во финалето на Лигата на шампионите го победиле Бајерн Минхен со 2-0. Тој ја затворил 2010 година со освојување на Светското клупско првенство во декември. На 29 мај 2011 година, по сезона испрекината со бројни повреди, тој го освоил Купот на Италија победувајќи го Палермо со 3-1 во финалето. Во дресот на Интер одиграл 83 натпревари, постигнувајќи 12 гола и освои вкупно 6 титули: едно скудето, една Лига на шампиони, едно Светско клупско првенство, 2 Купа на Италија и еден Суперкуп на Италија.[27]

Париз Сен Жермен

уреди
 
Мота со ПСЖ во 2013

На 31 јануари 2012 година, тој бил продаден на Париз Сен Жермен,[27] за 11,5 милиони евра;[28] за време на официјалната презентација, тој открил дека доаѓањето во Париз бил неговиот личен и професионален избор, диктиран од потребата за промена, повторувајќи ја својата одлука, претходно соопштена до претседателот на Интер Масимо Морати дека сака да биде продаден.[29][30]

Своето деби во француското првенство го имал на 4 февруари, против Евијан; на 22 април го постигнал својот прв гол, во натпреварот против Сошо. Во сезоната 2012-2013, под водство на Карло Анчелоти, тој се борел да најде простор за игра: во средниот ред, италијанскиот тренер често го претпочитал триото Хавиер Пасторе, Блез Матуиди и Марко Верати. На крајот сепак ја славел титулата во француското првенство и покрај тоа што забележал само 15 настапи.

 
Мота играјќи за Париз Сен Жермен во натпревар од Лигата на шампионите против Челси во 2015

Следната година, тој се нашол во стартната постава благодарение на плановите на новиот тренер Лоран Блан; во август го освоил Суперкупот на Франција, а на 17 септември за прв пат во кариерата постигнал два гола во ист натпревар од Лигата на шампионите, против Олимпијакос. Уживајќи во најдобрата сезона во својата кариера, Мота забележал 47 настапи и 6 гола за ПСЖ во текот на сезоната 2013-2014, освојувајќи ја на крајот од сезоната својата втора последователна титула во Франција.

Тој останал важен играч за Париз Сен Жермен и во следните три сезони, дури и кога Блан бил заменет на клупата од Унаи Емери во летото 2016, играјќи во најголемиот дел натпреварите во тие три сезони и освојувајќи нови две титули во француската Лига 1 (2014-2015 и 2015-2016). Покрај првенството освоил уште по три Купови и Лига купови на Франција (во сезоните 2014-2015, 2015-2016 и 2016-2017) и три Суперкупа на Франција (2014, 2015, 2016). Во меѓувреме, на 26 април 2017, тој го одиграл својот 200-ти натпревар за клубот, во победата со 5-0 над Монако во полуфиналето на Купот на Франција 2016-2017 и ја носел капитенската лента на Париз Сен Жермен во неколку наврати.[31]

Во неговата последна играчка сезона во кариерата, 2017-2018, неговите настапи драстично се намалиле во однос на претходните сезони: одиграл 28 натпревари, придонесувајќи за освојувањето на сите четири домашни натпреварувања. Во мај 2018 година, тој објавил дека сака да се пензионира на крајот на сезоната за да продолжи со тренерската кариера, после вкупно 231 настап и 12 гола за шест и пол години во ПСЖ, освојувајќи 19 титули.

Севкупно во својата кариера одиграл повеќе од 600 натпревари за клубовите и репрезентациите, освојувајќи 30 трофеи.

Репрезентативна кариера

уреди

Тијаго Мота бил повикан во сениорската репрезентација на Бразил, играјќи за неа двапати, и во двата случаи за време на КОНКАКАФ Голд купот 2003, на кој кариоките го освоиле второто место. Тој претходно бил член на бразилските селекции под 17 години и олимписката репрезентација под 23 години.[32]

 
Мота пред почетокот на натпреварот против Шпанија, во рамките на фазата по групи на Европското првенство 2012

По неговиот трансфер во Џенова и одличните настапи во италијанското првенство, започнала да се разгледува можноста за негово повикување во италијанската репрезентација, за кое играчот се изјаснил потврдно и се ставил на располагање,[33] а за која можел да игра со оглед на неговото двојно државјанство. На 6 февруари 2011 година, тој бил повикан во националниот тим од селекторот Чезаре Прандели за пријателскиот натпревар закажан против Германија.[34] Неговата достапност да го носи синиот дрес сепак била доведена во прашање поради неговите настапи за Бразил претходно.

Конечното овластување пристигнало од ФИФА ​​непосредно пред да биде повикан, врз основа на членот 18 од Статутот на Меѓународната федерација.[35][36][37] Потоа, тој го направил своето деби за Италија на 9 февруари 2011 година, на 28-годишна возраст, во натпреварот кој завршил нерешено 1-1 против Германија одигран во Дортмунд.[38] На 25 март, во својот втор натпревар за Аѕурите, Мота го постигнал својот прв гол за репрезентацијата, победничкиот во успехот со 1-0 против Словенија во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2012.[39]

 
Мота, со помош на медицинскиот персонал на Италија, го напушта теренот за време на финалето на Евро 2012 загубено од Шпанија

Откако помогнал Италија успешно да ги мине квалификациите, Мота бил повикан на Европското првенство 2012; таму, одиграл пет од шестте натпревари на репрезентацијата (не настапил само во четвртфиналето против Англија), која стигнала до финалето, каде загубила со 4-0 од Шпанија. Откако влегол во второто полувреме од финалето, тој морал да го напушти теренот по само 3 минути игра поради истегнат мускул, оставајќи ја Италија со 10 играчи до крајот на натпреварот. Со тоа бил поставен рекорд, а токму Тијаго Мота бил играчот кој најкратко останал на теренот во едно финале на Европските првенства.

Тој бил повикан од Прандели и за Светското првенство 2014,[40] каде излегол на терен и во трите натпревари кои ги одиграла Италија, која била елиминирана во групната фаза.

По скоро 2 години отсуство од националниот тим, тој бил повикан повторно од новиот селектор Антонио Конте за пријателските натпревари против Шпанија и Германија на 24 и 29 март 2016 година,[41][42] во кои бил стартер.

Конте, последователно го повикал и за Европското првенство 2016 во Франција,[43] каде ги одиграл првите четири натпревари, но не можел да го одигра петтиот, натпреварот од четвртфиналето против Германија поради суспензија од парни жолти картони,[44] а токму во тој Италија била елиминирана по изведување на пенали.

По завршувањето на Европското првенство 2016, Тијаго Мота се збогувал со репрезентацијата, забележувајќи вкупно 30 настапи и еден гол во италијанскиот национален дрес.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
  • Италија
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-2-2011 Дортмунд Германија   1 – 1   Италија Пријателска -   81'
25-3-2011 Љубљана Словенија   0 – 1   Италија Квал. за Евро 2012 1
10-8-2011 Бари Италија   2 – 1   Шпанија Пријателска -   46'
2-9-2011 Торшавн Фарски Острови   0 – 1   Италија Квал. за Евро 2012 -   73'
6-9-2011 Фиренца Италија   1 – 0   Словенија Квал. за Евро 2012 -   46'
11-11-2011 Вроцлав Полска   0 – 2   Италија Пријателска -   46'
29-2-2012 Џенова Италија   0 – 1   САД Пријателска -   59'
1-6-2012 Цирих Италија   0 – 3   Русија Пријателска -   61'
10-6-2012 Гдањск Шпанија   1 – 1   Италија Евро 2012 - Прва фаза -   90'
14-6-2012 Познан Италија   1 – 1   Хрватска Евро 2012 - Прва фаза -   62'
18-6-2012 Познањ Италија   2 – 0   Ирска Евро 2012 - Прва фаза -
28-6-2012 Варшава Германија   1 – 2   Италија Евро 2012 - Полуфинале -   63'
1-7-2012 Киев Шпанија   4 – 0   Италија Евро 2012 - Финале -   57'
6-9-2013 Палермо Италија   1 – 0   Бугарија Квал. за СП 2014 -
10-9-2013 Торино Италија   2 – 1   Чешка Квал. за СП 2014 -   86'
11-10-2013 Копенхаген Данска   2 – 2   Италија Квал. за СП 2014 -
15-11-2013 Милано Италија   1 – 1   Германија Пријателска -   80'
18-11-2013 Лондон Италија   2 – 2   Нигерија Пријателска -   53'
5-3-2014 Мадрид Шпанија   1 – 0   Италија Пријателска -   62'
31-5-2014 Лондон Италија   0 – 0   Ирска Пријателска -   62'
14-6-2014 Манаус Англија   1 – 2   Италија СП 2014 - Прва фаза -   57'
20-6-2014 Ресифе Италија   0 – 1   Костарика СП 2014 - Прва фаза -   46'
24-6-2014 Натал Италија   0 – 1   Уругвај СП 2014 - Прва фаза -   75'
24-3-2016 Удине Италија   1 – 1   Шпанија Пријателска -   45'
29-3-2016 Минхен Германија   4 – 1   Италија Пријателска -   68'
6-6-2016 Верона Италија   2 – 0   Финска Пријателска -   63'
13-6-2016 Лион Белгија   0 – 2   Италија Евро 2016 - Прва фаза -   78'   84'
17-6-2016 Тулуза Италија   1 – 0   Шведска Евро 2016 - Прва фаза -   74'
22-6-2016 Лил Италија   0 – 1   Ирска Евро 2016 - Прва фаза -
27-6-2016 Сен Дени Италија   2 – 0   Шпанија Евро 2016 - Осминафинале -   54'   89'
Вкупно Настапи 30 Голови 1
  • Бразил
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
13-7-2003 Мексико Сити Мексико   1 – 0   Бразил Голд куп 2003 - Прва фаза -   54'
15-7-2003 Мексико Сити Бразил   2 – 1   Хондурас Голд куп 2003 - Прва фаза -   55'
Вкупно Настапи 2 Голови 0

Тренерска кариера

уреди

Почетоци

уреди

На 18 јули 2018 година, Мота станал тренер на тимот до 19 години на Париз Сен Жермен.[45] На 27 септември, добил лиценца од прв степен од УЕФА.[46] На крајот од сезоната, тој ја напуштил позицијата во взаемен договор со парискиот клуб, и покрај тоа што завршил на второто место на табелата и стигнал до осминафиналето на УЕФА Младинската лига.[47]

Џенова

уреди

На 22 октомври 2019 година, на 37-годишна возраст, тој бил назначен за нов тренер на Џенова, клубот за кој настапувал една година како играч, заменувајќи го Аурелио Андреацоли.[48] Четири дена подоцна, тој го имал своето деби како професионален тренер во натпреварот од Серија А во кој ја победил Бреша со 3-1 на Лујџи Ферарис; сите голови за Рособлу бил постигнати од три различни играчи кои влегле во игра како замена, што е рекорд во историјата на Серија А.[49][50] По 10 натпревари, во кои тимот постигнал само 2 победи (исто така сметајќи го тука и Купот на Италија,[51] во кој го победиле Асколи со 3-2 ) и се нашол на последното место во поредокот, на 28 декември 2019 година тој добил отказ.[52]

Во септември 2020 година, се здобил со квалификација за професионален тренер од прва категорија - УЕФА Про, со оцена 108/110.[53]

Специја

уреди

На 8 јули 2021 година, тој бил назначен за нов тренер на друг клуб од Серија А, Специја.[54] Водејќи ги Лигуријците, Мота обезбедил опстанок со клубот во Серија А и тоа на едно коло пред крајот, победувајќи на гостувањето кај Удинезе (3-2), со што ја завршиле сезоната на петтото место одзади на табелата.[55] Во текот на сезоната „орлите“ постигнале неколку победи за паметење како оние на гостувањата кај Милан (1-2)[56] и кај Наполи (0-1).[57] И покрај тоа што ја постигнал целта и останал во првата лига, на крајот од сезоната Мота и Специја се договориле да го раскинат договорот.[58]

Болоња

уреди
 
Мота го слави пласманот во Лигата на шампионите со играчите на Болоња по завршувањето на сезоната 2023-2024

На 12 септември 2022 година, Мота бил повикан да седне на тренерската клупа на Болоња, во тоа време дванаесетта на табелата во Серија А со шест освоени бодови по исто толку одиграни натпревари, заменувајќи го отпуштениот Синиша Михајловиќ.[59] После три порази и реми и по победата над Каљари во второто коло на Купот на Италија, првата победа во Серија А 2022-2023 за Мота како тренер на Болоња пристигнала на 23 октомври против Лече (2-0) на Ренато Дал'Ара.[60] Откако изборил три победи во четири натпревари во февруари, вклучително и една против Интер (1-0), Мота бил прогласен за добитник на наградата за најдобар тренер на месецот од Лега Серија А.[61] Болоња го завршила првенството на деветтото место со 54 бода (тогашен клупски рекорд по бодови), од кои 48 во 32 натпревари под водство на Мота, со скор од 13 победи, 9 нерешени и 10 порази.[62]

Во следната сезона, Мота ја водел Болоња во првенството далеку над првичните очекувања,[63][64] освојувајќи ја наградата за тренер на месецот два месеци по ред,[65] завршувајќи на петтото место во рангирањето, пласман што им донел квалификација за Лигата на шампионите, прва за оваа екипа по 60 години.[66] Во мај 2024 година, било објавено дека тренерот нема да го продолжи договорот што му истекува, со што ќе го напушти клубот на крајот на сезоната;[67] последен пат на клупата на Болоња седнал на 24 мај, при поразот со 2-0 од Џенова.[68][69]

Јувентус

уреди

На 12 јуни 2024, Мота бил назначен за тренер на Јувентус.[70] Своето деби на кормилото на Јувентус го имал на 19 август, победувајќи го Комо со 3-0 во првото коло од Серија А 2024-2025.[71]

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1999-2000   Барселона Б СДБ 33 2 - - - - - - - - - 33 2
2000-2001 СДБ 29 5 - - - - - - - - - 29 5
2001-2002 СДБ 16+6[72] 4+1[72] - - - - - - - - - 22 5
Вкупно Барселона Б 78+6 11+1 - - - - - - 84 12
2001-2002   Барселона ПД 18 1 КШ 1 0 ЛШ 7 0 - - - 26 1
2002-2003 ПД 21 3 КШ 1 0 ЛШ 13[73] 2 - - - 35 5
2003-2004 ПД 20 1 КШ 1 0 КУ 5 1 - - - 26 2
2004-2005 ПД 8 0 КШ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 8 0
2005-2006 ПД 15 1 КШ 1 1 ЛШ 7 0 СШ 0 0 23 2
2006-2007 ПД 14 0 КШ 4 0 ЛШ 6 0 СШ+СУ+Скп 2+1+2 0 29 0
Вкупно Барселона 96 6 8 1 38 3 5 0 147 10
2007-2008   Атлетико Мадрид ПД 6 0 КШ 2 0 КУ 2 0 - - - 10 0
2008-2009   Џенова А 27 6 КИ 0 0 - - - - - - 27 6
2009-2010   Интер А 26 4 КИ 5 0 ЛШ 8 0 СИ 1 0 40 4
2010-2011 А 19 4 КИ 3 0 ЛШ 5 1 СИ+СУ+Скп 0+0+2 0 29 5
2011-јан. 2012 А 10 3 КИ 1 0 ЛШ 2 0 СИ 1 0 14 3
Вкупно Интер 55 11 9 0 15 1 4 0 83 12
јан.-јун. 2012   Париз Сен Жермен Л1 14 2 КФ+ЛКФ 2+0 0 ЛЕ 0 0 - - - 16 2
2012-2013 Л1 12 1 КФ+ЛКФ 1+0 0 ЛШ 2 0 - - - 15 1
2013-2014 Л1 32 3 КФ+ЛКФ 2+3 1+0 ЛШ 9 2 СФ 1 0 47 6
2014-2015 Л1 27 0 КФ+ЛКФ 2+2 0 ЛШ 6 0 СФ 1 0 38 0
2015-2016 Л1 32 1 КФ+ЛКФ 3+1 0 ЛШ 9 0 СФ 0 0 45 1
2016-2017 Л1 30 0 КФ+ЛКФ 4+2 1+0 ЛШ 5 0 СФ 1 0 42 1
2017-2018 Л1 19 1 КФ+ЛКФ 4+0 0 ЛШ 4 0 СФ 1 0 28 1
Вкупно Париз Сен Жермен 166 8 26 2 35 2 4 0 231 12
Вкупно во кариерата 428+6 42+1 47 3 90 6 13 0 584 52

Репрезентативна статистика

уреди
Репрезентација Година Наст Гол
  Бразил 2003 2 0
Вкупно 2 0
  Италија 2011 6 1
2012 7 0
2013 5 0
2014 5 0
2015 0 0
2016 7 0
Вкупно 30 1
Вкупно во кариерата 32 1

Тренерска кариера

уреди

Статистиката е ажурирана на 24 мај 2024.

Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно Победи % Пласман
Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И %
окт.-дек. 2019   Џенова А 9 1 3 5 КИ 1 1 0 0 - - - - - - - - - - &1000000000000001000000010 &100000000000000020000002 &100000000000000030000003 &100000000000000050000005 &1000000000000200000000020,00 наз. 19., отп. 20. место
2021-2022   Специја А 38 10 6 22 КИ 2 1 0 1 - - - - - - - - - - &1000000000000004000000040 &1000000000000001100000011 &100000000000000060000006 &1000000000000002300000023 &1000000000000275000000027,50 16. место
сеп. 2022-2023   Болоња А 32 13 9 10 КИ 2 1 0 1 - - - - - - - - - - &1000000000000003400000034 &1000000000000001400000014 &100000000000000090000009 &1000000000000001100000011 &1000000000000411800000041,18 наз., 9. место
2023-2024 А 38 18 14 6 КИ 4 3 1 0 - - - - - - - - - - &1000000000000004200000042 &1000000000000002100000021 &1000000000000001500000015 &100000000000000060000006 &1000000000000500000000050,00 5. место
Вкупно Болоња 70 31 23 16 6 4 1 1 - - - - - - - - &1000000000000007600000076 &1000000000000003500000035 &1000000000000002400000024 &1000000000000001700000017 &1000000000000460500000046,05
2024-2025   Јувентус А 2 2 0 0 КИ 0 0 0 0 ЛШ 0 0 0 0 СИ+Скп 0+0 0+0 0+0 0+0 &100000000000000020000002 &100000000000000020000002 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &10000000000010000000000100,000 во тек
Вкупно во кариерата 119 44 32 43 9 6 1 2 0 0 0 0 0 0 0 0 &10000000000000128000000128 &1000000000000005000000050 &1000000000000003300000033 &1000000000000004500000045 &1000000000000390600000039,06

Титули

уреди

Клупски

уреди

Барселона

уреди
2004-2005, 2005-2006
2005, 2006
2005-2006

Интер

уреди
2009-2010
2009-2010, 2010-2011
2010
2009-2010
2010

Париз Сен Жермен

уреди
2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2017–2018
2014–2015, 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018
2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017
2013, 2014, 2015, 2016, 2017

Индивидуални

уреди
Серија А Тим на годината: 2011
Идеална постава на Лига 1 : 2014

Наводи

уреди
  1. „Azzurri più vicini all' Europa grazie al signor Fogagnolo“ [Blues closer to Europe thanks to Mr. Fogagnolo]. Corriere della Sera (италијански). 27 March 2011. Посетено на 12 February 2012.
  2. Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. vol. 27 (2010-2011). La Gazzetta dello Sport. 5 ноември 2012. стр. 5.
  3. Elefante; Licari (31 мај 2016). „Nazionale, i 23 convocati: De Rossi c'è, Insigne, Sturaro e Bernardeschi pure“. Посетено на 9 ноември 2018.
  4. 4,0 4,1 Robin Bairner (14 мај 2014). „Who is Paris Saint-Germain's Player of the Season?“ (англиски). Посетено на 2 јуни 2016.
  5. 5,0 5,1 Luciano Cremona (10 март 2016). „Thiago Motta e la Nazionale: Conte lo ignora, meriterebbe gli Europei?“. Посетено на 2 јуни 2016.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Thiago Motta“ (англиски). Посетено на 2 јуни 2016.
  7. 7,0 7,1 Lorenzo Mangini (14 април 2009). „Thiago Motta e la scommessa-gol. 'Mi esalto se gioco con le punte'. Посетено на 2 јуни 2016. Занемарен непознатиот параметар |pubblicazione= (help)
  8. 8,0 8,1 8,2 Riccardo Pratesi (26 marzo 2011). „Il pensiero azzurro di Prandelli , "Serenità e voglia di bel gioco" - La Gazzetta dello Sport“. Посетено на 9 novembre 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. Mirko Graziano (2 giugno 2016). „Nazionale, De Rossi: "Qui per vincere. Thiago Motta? Sciacquatevi la bocca". Посетено на 9 ноември 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. Riccardo Signori (19 јуни 2014). „Thiago Motta, il figlio dell'82 Oriundo fa rima con mondiale“. Посетено на 2 јуни 2016.
  11. „Inter: l'ultimo mese di mercato“. 2 август 2010. Посетено на 9 ноември 2018.
  12. „No, Thiago Motta non ha inventato il 2-7-2“. 23 октомври 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  13. 13,0 13,1 13,2 „Biografia“. Посетено на 10 фервуари 2011. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help) Thiago Motta.com
  14. „La favola bella di Thiago Motta, carioca che stasera indossa la maglia azzurra“. Посетено на 10 febbraio 2011. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help) Il Sole 24 ore
  15. „Thiago Motta es nuevo jugador del Club Atlético de Madrid“ [Thiago Motta new Club Atlético de Madrid player] (шпански). Atlético Madrid. 31 August 2007. Архивирано од изворникот на 8 February 2009. Посетено на 24 August 2009.
  16. Malagón, Manuel (23 January 2008). „El Valencia deja al Atlético en pie“ [Valencia leave Atlético standing]. Marca (шпански). Посетено на 20 June 2014.
  17. „Second foot op for Motta“. UEFA. 5 August 2005. Посетено на 11 May 2010.
  18. „Atlético lose Motta for the season“. UEFA. 29 February 2008. Посетено на 13 September 2022.
  19. „UFFICIALE: Thiago Motta al Genoa“.
  20. Paolo Malpezzi (29 октомври 2008). „Genoa cinque meraviglie“. Посетено на 15 јуни 2016. Занемарен непознатиот параметар |city= (help)
  21. „Genoa corsaro, 3-2 alla Juventus“.
  22. „Milito e Motta all'Inter Al Genoa Acquafresca“. Посетено на 20 мај 2009. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  23. „Thiago Motta - Transfer history“.
  24. „Moratti deferito per Milito-Motta. Trattò con l'inibito Preziosi“.
  25. Valerio Clari (16 мај 2010). „Inter, scudetto numero 18 Milito-gol per il tricolore“. Посетено на 15 јуни 2016.
  26. „L'Inter è in finale. Solo un gol del Barcellona“. 28 април 2010. Посетено на 9 ноември 2019.
  27. 27,0 27,1 „Mercato: Thiago Motta al Paris Saint-Germain“. 31 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 6 ноември 2019. Посетено на 31 јануари 2012. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  28. „Motta, sono 11,5 i milioni incassati da Moratti“. 1 февруари 2012. Посетено на 1 февруари 2012.
  29. „T. Motta:"Psg scelta professionale". Il centrocampista si presenta a Parigi“. 1º febbraio 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  30. "Motta è scappato via dall'Inter" - L'agente: "Pregò Moratti con un sms". 7 февруари 2012.
  31. Jonathan Johnson (27 април 2017). „Thiago Motta wants domestic double after reaching PSG landmark“. espn. Посетено на 29 август 2024.
  32. Mirko Graziano (18 август 2009). „Thiago Motta «Il mio è sangue italiano, ecco perché oggi fra Italia e Brasile sceglierei Lippi...»“. La Gazzetta dello Sport. стр. 12. Посетено на 7 февруари 2011.
  33. „Genoa, Thiago Motta: "Giocare con l'Italia? Sarebbe un sogno". 26 февруари 2009. Посетено на 7 април 2009.
  34. „Italia: per Prandelli ci sono Matri e Thiago Motta“. 6 febbraio 2011. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 12 мај 2014. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  35. „Inter, Thiago Motta in Azzurro: la FIFA dà l'ok“.
  36. "Cassano? È la sua ultima possibilità". 7 февруари 2011. Посетено на 22 декември 2019.
  37. „Thiago Motta e Matri in azzurro“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  38. „Germania-Italia 1-1: Non male questi azzurri! Pepito Rossi rovina la festa di Löw“.
  39. „Italia, basta Thiago Motta Che colpo in Slovenia!“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 26 март 2011. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  40. „Nazionale, ecco i 23 di Prandelli: niente Brasile per Giuseppe Rossi“. Посетено на 9 ноември 2019.
  41. „Nazionale: Conte chiama Bernardeschi e Jorginho, torna Thiago Motta“. Посетено на 9 ноември 2019.
  42. „Nazionale: Conte chiama Bernardeschi e Jorginho, torna Thiago Motta“. Посетено на 9 ноември 2019.
  43. „Inizia il 'Sogno Azzurro': su Rai 1 ufficializzata la lista dei convocati per l'Europeo“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 31 мај 2016. Занемарен непознатиот параметар |datе= (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  44. „Euro2016, Motta squalificato per la Germania e i social festeggiano“. Посетено на 26 октомври 2019.
  45. „Thiago Motta named new Paris Saint-Germain U19 coach“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  46. „Juventus scuola di allenatori: abilitazione Uefa A per Pirlo e Montero“. Посетено на 26 ottobre 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  47. „Thiago Motta lascia il Psg: non allenerà più l'Under 19“. Посетено на 26 октомври 2019.
  48. „Thiago Motta è l'allenatore del Genoa“. 22 октомври 2019.
  49. „VITTORIA CON RECORD IN SERIE A (3-1)“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 26 октомври 2019.
  50. „Genoa-Brescia, i gol rossoblu arrivano da 3 sostituti: è record“. 26 октомври 2019. Посетено на 26 октомври 2019.
  51. „Coppa Italia, Genoa-Ascoli 3-2: rimonta rossoblù e Grifone agli ottavi“. 3 декември 2019. Посетено на 28 декември 2019.
  52. „Davide Nicola è il nuovo tecnico“. 28 декември 2019.
  53. „Juventus, Pirlo allenatore abilitato: superato l'esame per il patentino Uefa Pro“. 16 септември 2020. Посетено на 12 јуни 2024.
  54. „Ufficiale: Thiago Motta è il nuovo allenatore dello Spezia Calcio“. 8 јули 2021.
  55. „Spezia, tre gol in rimonta a Udine e salvezza aritmetica: finisce 2-3“. Посетено на 2022-05-15.
  56. „FINALE Milan-Spezia 1-2: Gyasi gela San Siro al 96'!“. Посетено на 2022-05-15.
  57. „Lo Spezia ha vinto a Napoli senza mai tirare in porta“. Посетено на 2022-05-15.
  58. „Comunicato Ufficiale“. Посетено на 2022-06-28.
  59. „Thiago Motta è il nuovo allenatore del Bologna“. 12 септември 2022. Посетено на 12 септември 2022.
  60. „Bologna, tutto facile col Lecce: 2-0 e primi tre punti per Thiago Motta“. 23 октомври 2022. Посетено на 8 март 2023.
  61. Vittorio Rotondaro (8 март 2023). „Soddisfazione Thiago Motta: è il miglior allenatore del mese di febbraio“. Посетено на 8 март 2023.
  62. Pietro Agoglia (5 giugno 2023). „Bologna record punti: impresa per Thiago Motta“. Посетено на 6 јуни 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  63. Nicola Santolini (5 јануари 2024). „Ce la può fare il Bologna ad arrivare in Champions League?“. Посетено на 23 мај 2024.
  64. Mark Carey (25 март 2024). „Football's best up-and-coming managers: Thiago Motta, a fascinating tactician“ (англиски). Посетено на 23 мај 2024.
  65. Stefano Francesco Utzeri (2024-04-11). „Serie A, Thiago Motta Allenatore del Mese di marzo: secondo premio consecutivo“. 1000 Cuori Rossoblu (италијански). Посетено на 2024-06-21.
  66. „Il Bologna è forte coi forti“. 13 мај 2024. Посетено на 23 мај 2024.
  67. „Nota del Club“. 23 мај 2024. Посетено на 23 мај 2024.
  68. „Malinovskyi-Vitinha, festa Genoa: piega il Bologna e rende amaro l'addio di Motta“. 24 мај 2024. Посетено на 25 мај 2024. Занемарен непознатиот параметар |autore= (се препорачува |author=) (help)
  69. „Il saluto commosso di Thiago Motta al Bologna“. 25 мај 2024. Посетено на 25 мај 2024.
  70. „Benvenuto, Mister Thiago Motta!“. 12 јуни 2024.
  71. „Juventus - Como | La partita“. 19 август 2024.
  72. 72,0 72,1 Регуларна сезона+Плејоф
  73. 1 настап во квалификациските кола.

Надворешни врски

уреди