Александар Ѓорѓевиќ
Александар „Саша“ Ѓорѓевиќ (српски: Александар Ђорђевић; роден на 26 август 1967 година во Белград) — бивш југословенски кошаркар. Тој ја започна својата кариера за школскиот тим во својата Деветта београдска гимназија, со која и го освои средношколското Првенство на Белград во 1986. Тој одигра 108 мечеви за репрезентацијата на Југославија. Тој има настапувано за тимовите на КК Партизан, Филипс, Тимсистем, Портланд Треилблејзерс КК Барселона и КК Реал Мадрид. Тој има освоено бројни трофеи: првенството на Југославија во 1987 и 1992, Купот на СРЈ во 1989 и 1992, Купот на Европски шампиони во 1992, сите со КК Партизан, првенството на Шпанија во 1997 и 2000, Купот Радивоје Корач во 1989, 1993 и 1999, сребро на Олимписките игри 1996, злато на Светско првенство во 1998, злато на Европските првенства во 1991, 1995 и 1997 и бронза во 1987. године. Тој е најдобро запомнет по неговите тројки во последите секунди во финалето на Купот на европските шампиони со КК Партизан, и на репрезентативниот меч против Хрватска, со кои донесе победи на својот тим и држава. Тој ја заврши играчката кариера на 3 јули 2005, по што стана шеф на стручниот штаб на италијанскиот прволигаш Армани Џинс Милано. Тој е југословенски амбасадор на добра волја и основач на таканаречената „Група седум“.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |