Атанас Ботев
Атанас Ботев (Скопје, 30 август 1973) — македонски ликовен уметник.
Атанас Ботев | ||
Роден | 30 август 1973[1] Скопје, Република Македонија[1] | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | македонски графички и ликовен уметник | |
Занимање | графички и ликовен уметник, куратор | |
Официјално мрежно место | http://atanasbotev.com/ |
Животопис
уредиРоден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на Град Скопје.[2] Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.
Активен е и на полето на графичкиот дизајн: плакат за Скопски џез фестивал, 2005; обвивки за албумите на Пиколомини, Алек Пејовски и НАВ; поштенска марка - 100 години ФИФА; плакат за документарниот филм Ако никој не свири во режија на Ѓорѓи Јаневски; бројни илустрации за детски списанија и книги. Објавувал стрипови и илустрации во списанијата Лифт, Макстрип, Strip No Borders, Маргина, Автор е на сторибордот за филмот Тајната книга во режија на Владо Цветановски, 2002.
Творештво
уредиАтанас Ботев е ангажиран автор кој совршено владее со сликарските техники. Ангажираноста и засегнатоста со општествените проблеми на глобален и локален план, како и критичкото преиспитување на општествените вредности во неговите дела, се одлики на неговото творештво. Според образованието графичар, Атанас Ботев поддеднакво владее со графиката, стрипот, цртежот, колажот, сликарските техники и концептуалната практика, до максимум експлоатирајќи ги и комбинирајќи ги нивните можности во рамките на постмодерниот дискурс и неговата автореферентност, наративност, фетишизам, симулација, мас-медиумска иконографија, јукстапозиција, суперреалност. Творештвото на Атанас Ботев е авторски одговор на агресијата на стварното. Неговите слики полемизираат со актуелните политички и културни состојби. Неговиот сликарски свет се конституира како резултанта на судирот меѓу две сили -дезинтеграцијата (политичка, културна, религиска, сексуална, национална...) и интеграцијата (глобализација, мултикултура, мултиконфесионалност, транссексуалност, Нов Светски поредок...).
Изложби
уредиСамостојни изложби:
- 2014 - Цетиње, Црна Гора, Црногорска галерија на уметноста „Миодраг Дадо Ѓуриќ“[3]
- 2012 - Скопје, Луцидно синестетички дијалог, Галерија „Око“
- 2010 - Скопје, Deus Sex Machina, Музеј на Град Скопје; Нирнберг, Германија, Der Kreis Gallery
- 2008 - Скопје, Што не е деконструкција...?, Културно информативен центар
- 2007 - Скопје, An Apple a Day Keeps the Doctor Away, Press to exit project space
- 2006 - Њујорк, Вид(ови), @MC Gallery#
- 2005 - Скопје, Музеј на Град Скопје
- 2003 - Скопје, Вид(ови), Културен центар - Точка
- 2000 - Скопје, Отворено графичко студио
Исто така, Ботев учествувал на бројни групни изложби во земјава и во странство.
Награди
уреди- 2012 - Награда Остен, 40 Светска галерија на цртеж - Остен
- 2006 - Годишна награда за млад ликовен уметник Денес
- 2006 - Награда од спонзорите на 4 Меѓународен салон на стрип Белград
- 1996 - Годишна награда на факултетот за ликовни уметности во Скопје
- 1996 - Награда 26 Јули од фондацијата на Франк Харкорд Манинг
Работилници, artist in residence и симпозими
уреди- 2010 - На покана на Универзитетот од Чикаго учествува на симпозиум на тема: New Histories of Modern Art – The Eastern Europian Avant – Gardes
- 2009 - Работилница со Јута Бауер, Гете институт, Белград
- 2008 - Престојува во Санта Фе (Њу мексико) каде што започнува нов циклус на слики насловен Луцидно синестетички дијалог
- 2006 - Престој во Cite International des arts, Париз
- 2006 - YVAA (Young Visual Artist Award),ISCP (International studio&curatorial program) artist in resident, Њујорк
Публикации / биографија
уреди- П(наводи), Отворено графичко студио, 2000 (брошура; Конча Пирковска)
- Комбинирање на клонираното, (Форум, бр. 78, 2001, магазин; Зоран Бојаровски)
- Телото мисли, Отворено графичко студио, 2002 (каталог; Сузана Милевска, куратор)
- Вид(ови), Културен центар Точка, 2003 (брошура; Сузана Милевска, куратор)
- Стрип, Томислав Османли (издавач: Култура, 2004)
- Концептуализација на манифестното, Музеј на Град Скопје, 2005 (каталог; Александар Станковски)
- 7Биенале на млади уметници, Музеј на современа уметност, 2005 (Големото стакло бр.19/20, 2005, списание за уметност; Ана Франговска)
- Човекот што ги обединува спротивностите (Неделно време, бр. 356, 2005, списание; Наташа Бунтевска)
- Кулиси на зачудноста (Форум, бр.33, 2006, магазин; Влатко Галевски)
- Македонскиот стрип, (Арт република бр.6, 2006, списание за уметност; Владимир Величковски)
- Мала ноќна музика (и други цртачки ониризми и лудила), Мала станица-Национална галерија, 2006 (брошура; Никола Гелевски)
- За современиот македонски стрип (Стрипбурек, стрип списание, 2007; Иванка Апостолова)
- За уметноста...и здравството (Утрински весник, 2007; Златко Теодосиевски)
- Супер(х)ХЕРОС, Мала станица -Национална галерија, 2008 (каталог; Соња Абаџиева, куратор)
- Уметноста во времето на телевизијата, билбордите и тероризмот, Културно информативен центар, 2008 (каталог, Соња Абаџиева)
- Уметничко-политичка контроверза со ефект, (Време, 2008; Александра Бубевска)
- Исповед низ алегории (Вест, 2008, Соња Абаџиева)
- Што не е деконструкција?, (Дневник, 2008, Надица Смилевска)
- Уметност со став и порака, (Нова Македонија, 2008, Владимир Величковски)
- Ватра, Галерија Фонтикус (Хрватска), 2009 (ЦД-ром каталог; Еуген Борковски, куратор)
- Ликовната уметност на почвата на Македонија на XX век, (Зборник на текстови; Издавач: МАНУ, 2009; Владимир Величковски)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Атанас Ботев“. Посетено на 2010-10-06.[мртва врска]
- ↑ „Атанас Ботев, ликовен сликар: Кулиси на зачудноста“. Посетено на 2010-10-06.[мртва врска]
- ↑ „Ботев и Башески изложуваат во Цетиње“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Од националната ризница, македонско сликарство: Атанас Ботев - краток документарен филм
- Уметникот Атанас Ботев во Санта Фе, Ново Мексико: Спокоен вестерн, зачинет со чили и отворен за сите уметности[мртва врска] - Вест, 10 ноември 2010
- Ботев изложува дела во Германија Архивирано на 28 октомври 2011 г. - Дневник, 19 април 2010 (англиски, пренесено преку culture.in.mk)
- Протестирам со уметничко дело, не со транспарент[мртва врска] - интервју во Нова Македонија, 9 април 2010
- Сликарство со став и порака[мртва врска] - кон изложбата на Атанас Ботев во Културно-информативниот центар во Скопје, Владимир Величковски, Вечер, 3 мај 2008
- Транзициската реалност е податна за ангажирана уметност[мртва врска] - интервју во Утрински весник, 1 јуни 2007
- Осврт кон изложбата An Apple a Day Keeps the Doctor Away (англиски)
- За уметноста... и за здравството[мртва врска] - кон проектот на Атанас Ботев во Галеријата „Прес то егзит”, Златко Теодосиевски, Утрински весник, 25 мај 2007
- Осврт кон делото WWW.MARKOS.COM Архивирано на 5 март 2016 г. (англиски)
- Атанас Ботев е прогласен за најдобар млад уметник[мртва врска] - Вест, 22 јуни 2006
- YVAA[мртва врска] (англиски)