Ана Политковскаја

(Пренасочено од Ана Политковска)

Ана Степановна Политковскаја (30 август 1958 - 7 октомври 2006) — руска новинарка и заштитник на човековите права, позната по својата критична позиција кон политиката на рускиот претседател Владимир Путин, како и со своите воени репортажи од Чеченија и Северен Кавказ, кои раскажуваат како руските војници се однесувале со мирното население таму. На 7 октомври 2006 година таа била застрелана во лифтот пред станот во кој живела. Нејзиното убиство предизвикало силни реакции во целиот свет [1]. Според некои, тоа било по нарачка на руските власти.

Ана Политковскаја
Анна Политковская
Роден/а30 август 1958(1958-08-30)
Њујорк, САД
Починат/а7 октомври 2006(2006-10-07) (возр. 48)
Москва
Занимањеновинар, автор
Националноструско и американско државјанство
Апсолвент наМосковски државен универзитет Ломоносов
Период1982–2006
ПредметПолитика, Човекови права, слобода на медиумите
Значајни делаПутинова Русија
Значајни наградиAmnesty International Global Award for Human Rights Journalism
2001

Посмртно Ана Политковскаја е добитничка на престижната награда за слобода на печатот во светот „Гуљелмо Кано“ за 2007 година, што ја доделува УНЕСКО. Наградата посмртно била доделена за првпат. Политковскаја е позната особено според извештаите за воените случувања во Чеченија, како колумнист на дневникот „Новаја Газета“, а нејзината работа била призната ширум светот. Помеѓу бројните награди што ги добила е и „Златно перо на Русија“ и специјалното признание на жирито на наградата „Андреј Сахаров“, „За жртвување на животот за новинарството“.

Извори

уреди
  1. Published in Russia after her death on the Novaya gazeta website "Новая газета" Путинская Россия[мртва врска]