Измир

град во Турција

38°25′19″N 27°07′44″E / 38.422° СГШ; 27.129° ИГД / 38.422; 27.129

Измир
Град
Alsancak quarter in the Konak district of İzmir
İzmir Clock Tower
Asansör in İzmir
Konak Pier in İzmir
Kültürpark
Прекар(и): Бисер на Егејот
Измир is located in Turkey
Измир
Измир
Location of İzmir
Координати: 38°26′N 27°09′E / 38.433° СГШ; 27.150° ИГД / 38.433; 27.150
Земја Турција
РегионЕгејски регион
ПокраинаИзмир
Управа
 • ГрадоначалникАзиз Коџаоглу
(РНП)
Површина
 • Град7.340,00 км2 (283,000 ми2)
Надм. вис.&100000000000000020000002 м
Население (2014)[1][2]
 • Град2.847.691
 • Густина3,9/км2 (10/ми2)
 • Метро4.113.072
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код35xxx
Повик. бр.(+90) 232
Регистарски  таблички35
Мреж. местоwww.izmir.bel.tr
www.izmir.gov.tr

Измир (турски: İzmir, грчки: Σμύρνη) — град кој се наоѓа во југозападна Турција, во Измирскиот Залив на Егејско Море. Градот е трет по големина во земјата по Истанбул и Анкара[1][2], и во него се наоѓа второто најголемо пристаниште во Турција. Градот е и главен на Измирската провинција. Во антиката, градот бил познат како Смирна.

Во 2014 година, Измир имал население од 2.847.691, додека провинцијата Измир имала вкупно 4.113.072[1][2].

Потекло на поимот

уреди

Околината на денешен Измир некогаш била позната како Ти-Смирна. Овој назив за првпат бил споменат во некои табели од асирските колонии во Ќултепе (првата половина на вториот милениум пред Христос). Претставка „Ти“ го идентифицира соодветното име, иако не се знае со точност дали тоа име има врска со името на Измир[3]. Некои прават врска меѓу името на Измир и името на амазонски град наречен Смирна.

 
Поглед кон Измир

Етимологијата на името на современиот град може да биде откриена и во најголемото, но не многу познато Кралство Арзава кое често паѓало под власта на Хетити, чии територии се наоѓале во близина на брегот во нивното Големо Кралство. Според ова, се смета дека името на Измир потекнува од името на градот на хетите - Мира, сместен само на 50 километри од Смирна во 13 век п.н.е[4].

Од грчки јазик, името на градот може да доаѓа од „мирха“, што се поврзува со јонската грчка форма на Смирне[5]. Името Мирха пак потекнува од средината на Јужна Африка и Северна Африка - растение од кое се произведува ароматична сол. Римјаните го зеле тоа име и го транскриптирале во Смирна, име кое се среќава и до денес на територијата на Западна Европа. Современото име Измир е модерна турска верзија на истото име[6].

Главни одлики

уреди

Историски гледано, Измир постои повеќе од 4.000 години кој се наоѓа на западниот брег од Анадолија. Градот претставувал еден од главните трговски градови на Средоземно Море во поголемиот дел од својата историја. Измир е град кој прв во регионот каде било изградено пристаниште со бесцаринска зона, изградена преку договор меѓу САД и Турција во 1990 година. Тука се наоѓаат зградите и производствените центри на некои водечки компании на светскиот пазар, поради што Измир се смета за еден од најпознатите либерални градови кој истовремено успеал да ги зачува своите вредности, идеологија, изглед и стил, динамичност и да има голема улога од политички и економски аспект. Политички, Измир се смета за упориште на Републиканската народна партија.

Градот бил домаќин на Средоземните игри во 1971 година, и на Летната универзијада во 2005 година. Денешниот Измир, исто така ги вклучува блиските антички градови на Ефес, Пергам, Сард и Клазомена.

Историја

уреди

Праисторија

уреди

Градот претставува една од најстарите населби на Средоземјето. Истражувањето во 2004 година на Јеселова Хујук ја вратило историјата на градот уште поназад и докажало дека тој постоел од многу повеќе векови. Откритието покажало три нивоа, од кои две се праисториски, додека второто ниво се смета дека произлегува од периодот на раниот и среден халколит - период од бакарно време, додека пак третото ниво е од неолитот. Овие две нивоа биле населени од месното население на оваа територија приближно помеѓу 6.500 и 4.000 години п.н.е. Од 1.500 година п.н.е. регионот паднал под власта на Хетитите. Измир или претходна Смирна била една од најразвиените култури во Анадолија во нејзино време, на ниво дури на Троја[7]. Оваа фаза од историјата на градот е од времето кога бил поврзуван и со Аазонска Смирна.

Во 1.200 година п.н.е. инвазијата на Балканот ја уништила Троја и Хатусас - престолнината на големата Хетитска империја. Централна и Западна Анадолија паднале во т.н. темна ера, која завршила пред населувањето на овие простори од Фригијците во 8 век п.н.е.

Во железно време куќите биле мали, со една соба. Најстарата куќа, отворена во Бајракли, датира од периодот помеѓу 925 - 900 п.н.е. Ѕидовите на оваа добро сочувана куќа со една соба и димензии околу 2,45 на 4 метри, биле направени од печени тули, а покривот на куќата - од трска. Околу тоа време луѓето почнале да го штитат градот со дебели ѕидови, исто направени од сончево печени тули. Од тоа време градот добил статус на областен. Околу илјада луѓе живееле зад неговите ѕидови, а другите во куќи сместени во близина на градот, каде биле полињата од маслинови насади, лозја и работните простори, како и забавни објекти. Луѓето се занимавале со земјоделство и риболов.

Се тврди дека Хомер е роден во Измир.

Античка историја

уреди

Терминот Античка Смирна е употребен за да се опише грчкиот окружен град во класичната ера. Античка Смирна или Измир била обновена подоцна на падините на Кадифекале. Најважно светилиште на Античка Смирна бил храмот на Атина, обновен до одреден степен, овие денови. Најстарите урнатини, задржани до денес датираат од 725 година - 700 година п.н.е.

Грчката населба во Смирна датира од околу 1.000 година п.н.е. Градот бил првично населуван од Еолијците, но малку подоцна бил освоен од Јонијците и Смирна станала еден од дванаесетте јонски градови. Така градот бил поставен пред тест да стане еден од најзначајните културни и трговски центри во овој период во Средоземјето.

Периодот во кој Античка Смирна достигнала највисоко ниво во својот развој бил меѓу 650 година - 545 година п.н.е. Овој период се смета како најмоќниот во развојот на јонската цивилизација. Под водството на градот Милет, јонски колонии биле создадени во Египет, Сирија, западното крајбрежје на Либан, Мармарскиот регион, околу Црно Море и Грција. Колониите се натпреварувале меѓу себе и на територијата на Грција често имало војни за превласт. Смирна, од оваа гледна точка, не била долго време мал град и станала областен центар, кој зел важна улога во трговијата во Средоземно Море.

Еден од најважните симболи на овој период е широкото користење на пишаниот збор од 650 година п.н.е. Имало многу натписи, посветени на Атина, чиј храм е датиран од 640 - 580 година п.н.е.

Најстариот модел на куќа со повеќе соби од овој период бил пронајден во Античка Смирна. Таа била изградена во втората половина на 7 век п.н.е., и била составена од двор и два ката со пет соби. Куќите пред овој период биле една до друга и со една соба. Најстарата асфалтирана улица во јонските градови била отриена токму во Античка Смирна.

Богатството на градот сепак паднало во голем степен кога тој бил освоен од Лидијците во периодот меѓу 610 година - 600 година п.н.е.[8], каде по освојувањето на градот, истиот бил опожарен и разрушен. Набргу потоа следела нова инвазија - овој пат Персијците целосно го уништиле градот како областен центар. Персискиот цар одлучил да ги казни градовите кои не сакале да му помогнат во неговиот поход против Лидијците. Како резултат на тоа древна Смирна била уништена во 545 година п.н.е. Александар Македонски го изградил повторно градот во 300 година п.н.е. Тој ги победил Персијците во неколку борби и царот Дариј бил поразен во 333 година п.н.е. Во овој период градовите растеле до речиси половина милион жители - Ирод и Пергам достигнале околу 100.000 жители, Антиохија, Александрија и Ефес - околу 400.000 жители. Смирна, која била создадена повторно на мал рид била доволна само за неколку илјади луѓе и затоа новиот и голем град бил изграден на падините на Кадифекале во 300 година п.н.е. Брдото изгледало како природен акропол за луѓето.

Римско управување

уреди
 
Агора
 
Агора

Градот бил вклучен во римските територии во 133 година п.н.е.. Во тој период градот ја доживеал својата втора златна ера од својата историја и развој. Царот Адријан го посетил градот Смирна во своето патување од 121 - 125 година[9]. Тој наредил и нова конструкција во близина на пристаништето.

Во 178 година градот бил разрушен уништен од земјотрес, што се смета за едно од најголемите катастрофални земјотреси во текот на својата историја. Загубите на градот биле толку големи што била потребна помош од империјата, за да биде изграден повторно. Императорот Марко Аурелиј придонесел многу за градот повторно да биде изграден и така градот наскоро бил обновен. Различни варијанти на архитектурата биле направени во времето на Римското Царство, улиците биле целосно изградени од камења и поплочени.

По поделбата на царството на два дела, Смирна станала дел од територија од Источното Римско Царство. Таа го задржила својот статус како автономен религиозен центар во раните времиња на Византија. Градот се намалил во доцната антика и раниот среден век и никогаш потоа не достигнал таков развој како за време на римското владеење.

Среден век

уреди

Турските Селџуци за првпат ја освоиле Смирна во 1076 година под команда на Чака Бег. Чека Бег го користел Измир како место од кое изведувал ненадејни напади. По неговата смрт во 1102 година градот и соседните области биле повторно освоени повторно од Византија. Потоа Смирна била повторно окупирана од Малтешки ред, кога Цариград паднал во 1204 година во Четвртата крстоносна војна.

Смирна била освоена повторно од Турците во 14 век, кога Умур бег, син на основачот на бејликот Ајдин, го освоил прво горниот дел на Кадифекале и потоа долниот дел кај замокот Ок Калези. Исто како Чака Бег што правел два века порано, така и Умур бег го користел градот за ненадејни напади.

Смирна била освоена и припоена кон царството на Отоманците за првпат во 1389 година во времето на Бајазит I, кој истата година се искачил на престолот. Во 1402 година Тимур по победата во Битката кај Анкара нанесел тежок удар на Отоманците, спречувајќи го зголемувањето на нивната воена моќ и сила за понатамошни освојувања.

Во 1425 година Мурат II го освоил Измир по вторпат. За време на воената кампања Османлиите биле потпомогнати од силите на витезите кои го притискале султанот да им го предаде главниот дворец на пристаништето. Султанот ова барање го одбил и покрај тензиите меѓу двата табора и им дал дозвола да изградат друга палата во Петрониум - замокот во Бодрум.

Градот станал типичен отомански санџак во огромната османлиска провинција на Ајдин. Во 1475 година градот бил нападнат од Венеција, додека по 1492 година како друг голем настан бил населувањето на еврејско население од Шпанија, кои подоцна Измир го претвориле во еден од главните градови во земјите на царството.

Измир станал еден од најголемите трговски центри поради неговата клучна позиција во Заливот на Егејското Море. Како критичен период во неговата историја може да се забележи чума во 1676 година, земјотресот во 1688 и големиот пожар во 1743 година, но и покрај тоа се обновувал и продолжувал да расте. Во 1866 година Британците ги изградиле првите 130 километри од пругата на градот и областа. Од тоа време во градот живеело голем број западноевропско население - Французи, Англичани, Германци и други.

Модерно време

уреди
 
Големиот пожар во Смирна од 14 септември 1922 година

По поразот на Отоманското Царство во Првата светска војна, царството било поделено во соодветни зони на влијание од страна на победниците од војната. Грција на 15 мај 1919 година ја окупирал Смирна но грчкиот поход во Анадолија бил одбиен. Турската војска влегла во Измир на 9 септември 1922. Ова го означило крајот на војната. Грчката војска и администрацијата заминале од морското крајбрежје. Четири дена подоцна, на 13 септември 1922 година во градот избувнал голем пожар кој траел до 22 септември. Огнот целосно ги уништил грчките и ерменските четвртини, додека муслиманските и еврејските населби ја избегале штетата. Тврдењата за тоа кој е одговорен за пожарот се разликуваат. Се смета дека бројот на загинати од овој период се движи од 10.000[10][11] до 100.000 луѓе[12][13]. Околу 50.000[14] до 400.000[15] грчки и ерменски бегалци биле сместени на брегот за да го избегнат огнот и биле принудени да останат таму под тешки услови за речиси две недели. Систематската евакуација на Грците на кејот започнала на 24 септември, кога првите грчки бродови влегле во пристаништето под надзор на сојузничките сили[16]. Од 150.000 до 200.000 Грци биле евакуирани[11]. Останатите Грци заминале во Грција во 1923 година, како дел од размената на населението меѓу Грција и Турција и како дел од Лозанскиот договор, кој формално ставил крај на грчко-турската војна.

По крајот на војната, Измир станал дел од Република Турција.

Население

уреди
Население на Измир
Година Население
2014 2,847,691
2009 2,727,968
2007 2,606,294
2000 2,232,265
1990 1,758,780
1985 1,489,817
1970 554,000
1965 442,000
1960 371,000
1955 286,000
1950 231,000
1945 200,000
1940 184,000
1935 171,000
1927 154,000
1918 300,000[17]
1890 200,000[17]
1660 60,000–70,000[17]
1640 35,000–40,000[17]
1595 2,000[17]

Периодот после 60-тите и 70-тите години на 20 век се поврзуваат со нов проблем за градот - емиграција на населението од цела Турција, како и од целиот свет. За да се ограничи неселективната изградба, локалната власт воведела закон со кој се ограничила изградба на згради повисоки од 8 ката.

Клима

уреди

Измир има средоземна клима која се одликува со долги, топли и суви лета и благи и врнежливи зими. Вкупните врнежи во Измир во просек се 686 милиметри на годишно ниво. Сепак, 77% од врнежите паѓаат во текот од ноември до март. Останатиот дел од врнежите паѓаат во текот на април до мај и септември до октомври. Постои многу малку врнежи од јуни до август.

Максималните температури во текот на зимските месеци обично се помеѓу 10 и 16 °C (50 и 61 °F). Иако тоа е ретко, може да падне снег во Измир во периодот од декември до февруари и да остане одреден период од време. Во текот на летото, температурата на воздухот може да се искачи високо до 40 °C (104 °F) од јуни до септември, но просечно температурата се движи обично помеѓу 30 и 36 °C (86 и 97 °F).

Климатски податоци за Измир (1950-2014)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 21.4
(70.5)
23.9
(75)
30.5
(86.9)
32.5
(90.5)
37.5
(99.5)
41.3
(106.3)
42.6
(108.7)
43.0
(109.4)
40.1
(104.2)
36.0
(96.8)
30.3
(86.5)
25.2
(77.4)
43
(109.4)
Прос. висока °C (°F) 12.5
(54.5)
13.6
(56.5)
16.3
(61.3)
20.9
(69.6)
26.0
(78.8)
30.8
(87.4)
33.2
(91.8)
32.9
(91.2)
29.1
(84.4)
22.9
(73.2)
18.4
(65.1)
14.1
(57.4)
22.56
(72.6)
Сред. дневна °C (°F) 8.9
(48)
9.5
(49.1)
11.7
(53.1)
15.9
(60.6)
20.8
(69.4)
25.6
(78.1)
28.0
(82.4)
27.6
(81.7)
23.6
(74.5)
18.8
(65.8)
14.0
(57.2)
10.6
(51.1)
17.92
(64.25)
Прос. ниска °C (°F) 5.9
(42.6)
6.2
(43.2)
7.8
(46)
11.3
(52.3)
15.5
(59.9)
20.0
(68)
22.6
(72.7)
22.5
(72.5)
18.7
(65.7)
14.7
(58.5)
10.7
(51.3)
7.7
(45.9)
13.63
(56.55)
Најниска забележана °C (°F) −6.4
(20.5)
−5.2
(22.6)
−3.1
(26.4)
0.6
(33.1)
7.0
(44.6)
10.0
(50)
16.0
(60.8)
15.2
(59.4)
10.0
(50)
5.3
(41.5)
−1.7
(28.9)
−4
(25)
−6.4
(20.5)
Прос. дожд мм (ин) 124.4
(4.898)
101.9
(4.012)
75.1
(2.957)
46.7
(1.839)
30.9
(1.217)
9.1
(0.358)
1.9
(0.075)
2.0
(0.079)
15.1
(0.594)
44.7
(1.76)
94.7
(3.728)
143.3
(5.642)
689.8
(27.159)
Прос. бр. дождливи денови 11.9 10.7 9.1 8.2 5.4 2.0 0.5 0.5 2.0 5.6 8.9 12.7 77.5
Прос. релативна влажност (%) 68 63 62 58 55 48 42 47 53 60 68 70 57.8
Сред. бр. сончеви часови месечно 133.3 141.3 195.3 219.0 294.5 342.0 375.1 353.4 300.0 226.3 159.0 124.0 2.863,2
Извор бр. 1: Turkish Meteorological Service,[18] World Meteorological Organization (precipitation data)[19]
Извор бр. 2: BBC Weather (humidity values)[20]

Главни знаменитости

уреди
 
Саат-кулата во Измир

Еден од најзначајните споменици е саат-кулата која се наоѓа во средината на плоштадот Конак со висина од 25 метри. Архитектот на кулата е Рејмонд Чарлс Пер и била завршена за 25-годишнината од искачувањето на престолот на Абдулхамид II во 1901 година. Кулата има четири фонтани поставени околу неа во кружна форма, а столбовите се инспирирани од северноафриикански теми.

Агора на Смирна е сместен заедно со античкиот театар на ридот Кадифекале, додека театарот сè уште не е откриен од археолозите. На врвот на Кадифекале се наоѓа еден од трите замоци на градот. Во Измир има 9 синагоги кои биле изградени во духот на 19 век, бидејќи или биле изградени или реставрирани токму во тоа време. Во Циглане има и резерват за птици, каде се одгледуваат и размножуваат повеќе од 200 видови птици.

Култура

уреди

Фестивали

уреди

Во Измир годишно се одржуваат 2 фестивали:

  • Меѓународен уметнички фестивал, кој се одржува во јуни и јули;
  • Меѓународен саем во август и септември

Кујна

уреди

Таа претрпела бројни измени и паднала под влијание на многу други народни кујни - француската, грчката и др. Множеството зеленчук кои се одгледуваат во регионот на Ајдинската провинција ја прават разновидна и егзотична измирската кујна. Традиционални јадења се супа тархан подготвена од цеден јогурт и домати, измирско ќофте, зерде, приготвено од засладен ориз итн.

Спорт

уреди
 
Кемал Којунџу за време на Европското првенство во атлетика во 2011 година.
 
Стадионот „Ататурк“.

Неколку важни меѓународни спортски настани се одржале во Измир:

  • 26-28 април 2013 - Фајналфор на ФИБА
  • 18-19 јуни 2011 - 2011 Европско екипно првенство во атлетика
  • 28 август - 2 септември 2010 - Група Д на Светското првенство во 2010 година,
  • Од 3-13 септември 2009 година - групи А, Ц, Е, полуфиналето и финалето на Европското првенство во одбојка за мажи во 2009 година,
  • 7-11 мај 2008 - Светското јуниорско првенство во Теквондо,
  • 4-9 јули 2006 - Европско првенство по мечување
  • 14-23 јули 2006 - Европското првенство во кошарка за мажи до 20 години
  • 7-22 август 2005 - Летната универзијада
  • 2-7 септември 2005 - Прелиминарните игри на првенство во кошарка за 2005 година
  • 6-17 октомври 1971 година - Средоземни игри.

Познати фудбалски клубови во Измир вклучуваат: ФК Алтај, ФК Буџаспор, ФК Алтинорду, ФК Гозтепе, ФК Измирспор и ФК Каршијака. Од сезоната 2010-2011 година, Буџаспор се натпреватура во најсилната фудбалска лига во земјата, супер лига. Гозтепе направил спортска историја во Турција кога играл во полуфиналето на Купот на УЕФА во сезоната 1968-1969, и во четврт-финалето на Купот на победниците на куповите во сезоната 1969-1970 година, со што станал првиот турски фудбалски клуб да игра полуфинален натпревар во Европа. Алтај и Гозтепе го освоиле турскиот куп двапати. Историски гледано, Измир е родното место на два грчки спортски клубови: Паниониос и Аполон Смирни, кои биле основани во градот пред нивното седиште да се пресели во Атина во 1922 година.

Кошаркарскиот клуб Каршијака двапати ја има освоено турската лига и двапати турскиот куп и купот на претседателот.

Акрас Измир е успешен клуб во одбојка во градот, откако ја освоил турската машка одбојкарска лига и турски куп на неколкупати и Челинџ Купот на ЦЕВ во 2008-09 година.

Најголем стадион во градот е стадионот Ататурк со 50.000 капацитет.

Градот може да се пофали на неколку спортски легенди, во минатото и во сегашноста. Во 1960 година во градот е роден фудбалска ѕвезда Метин Октај, со прекар „некрунисаниот крал“. Октај станал првиот турски фудбалер кој заиграл во странство, со Палермо во италијанската Серија А, во текот на сезоната 1961-1962. Две други познати фудбалски личности од областа Измир се Алпај Озалан и Мустафа Денизли. Алпај играл за ФК Астон Вила во периодот меѓу 2000 и 2003 година, а Денизли по долгата играчка кариера како капитен на ФК Алтај, имал успешна кариера како тренер како единствен менаџер во историјата на Турската Супер лига кој успеал да освои шампионска титула со секој од трите најголеми истанбулски фудбалски клубови: Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ. Освен тоа, тој бил и селектор на фудбалската репрезентација во 2000 година.

Политика

уреди
 
Општинската зграда во Измир
Измир
ЦХП
22 / 30
АКП
6 / 30
МХП
2 / 30
Измир
ЦХП
12 / 26
АКП
8 / 26
МХП
4 / 26
ХДП
2 / 26

Моментален градоначалник на Измир е Азиз Коџаоглу од Републиканската народна партија и на оваа функција е од 2004 година бидејќи бил повторно избран во 2009 и 2014 година. Неговиот претходник, градоначалникот Ахмет Пириштина првпат бил избран во 1999 година, но починал од срцев удар во 2004 година.

Измир традиционално се смета за упориште на Републиканската народна партија, која е со централно-левичарска ориентација, основана од Мустафа Кемал Ататурк и која денес е најголемата опозициска партија во Националното собрание на Турција. Како трет по големина град во Турција и како центар на левичарското движење, Измир има голема улога во политичкиот живот на земјата, и покрај тоа што партијата има ограничена поддршка во Истанбул и во Анкара. Откако десничарската Партија на правдата и развојот дошла на власт во 2002 година, гласачкото тело на Измир е познато по поддршката на левичарската партија на сите општи и локални избори. Во двата референдуми за уставот во 2007 и во 2010 година, електоратот остро ги отфрлил предлозите за уставните реформи на владата.

Поради економското и историското наследство на градот, Измир одамна е стратешка цел за изборната кампања за АКП. Поголемиот дел од граѓаните во Измир продолжуваат да гласаат за централно-левите политички партии, и покрај големите ветувања на АКП за нови инвестиции и нова инфраструктура[21]. На општинските избори, Измир избира 26 пратеници за Националното собрание на Турција. Провинцијата е поделена во две изборни единици[22] , поделувајќи го градот на северен и јужен дел. Анти-владините протести во 2013 и 2014 година против АКП биле особено силни во Измир[23].

За време на претседателските избори во 2014 година, 58,64% од гласачкото тело во градот гласале за кандидатот на Републиканска народна партија, Екмеледин Ихсаноглу. Спротивно на тоа, кандидатот на Партија на правдата и развојот, Реџеп Таип Ердоган добил 33,38% од гласовите. Кандидатот на прокурдската партија добил 7,98%[24].

Религија

уреди

Ислам

уреди

Во градот Измир постојат неколку џамии, меѓу кои најпознати се:

    • Хисар џамија - била изградена во периодот од 1592 до 1598 година. Џамијата според својата внатрешна декоративност е една од најголемите примери за османлиската архитектура и уметност во градот[25].
    • Џамија Башдурак - била изградена во 1652 година, која вклучува и медреса, библиотека и чешма[26].
    • Џамија Кестанепазари - била изградена уште во времето на Селџуците[27], но својот денешен изглед го има од 19 век[28].
    • Јали џамија - била изградена во 1755 година и се наоѓа на плоштадот Конак, во близина на саат-кулата. И покрај релативно малата големина, се смета дека е едно од обележјата на градот[29][30].
    • Салепчиоглу џамија - била изградена во 1905 година.

Христијанство

уреди

Главна катедрала на Ерменската Апостолска црква била црквата Свети Стефан, која била изградена во 1863 година и разрушена во текот на големиот пожар во градот од 1922 година. Денеска, во градот се наоѓаат англиканската црква Свети Јован Благослов која била изградена во 1899 година[31], и римокатоличката црква посветена на Свети Јован Крстител[32].

Образование

уреди

Во Измир се наоѓаат следните универзитети:

Следните универзитети се наоѓаат во близина на градот Измир:

  • Измирски институт за технологија - основан во 2002 година.
  • Универзитет Гедиз - основан во 2009 година.

Постојат вкупно девет универзитети во близина на Измир. Градот е исто така дом на средни училишта, кои се познати низ цела Турција, како што се Измирската анадолска висока стручна школа за трговија која била основана во 1854 година и Американскиот институт основан во 1878 година

Историски гледано, во доцниот 19 век и почетокот на 20 век, градот бил образовен центар на грчкиот свет, со вкупно 67 машки и 4 женски училишта во тоа време. Најзначајната грчки образовна институција била Евангелското училиште кое работело од 1733 до 1922 година[35].

Меѓународни училишта во Измир:

  • Botschaftsschule Ankara (германско училиште)
  • Scuola primaria e dell’infanzia italiana di Smirne (италијанско училиште)

Сообраќај

уреди
 
Железничката станица Алсанџак, изградена во 1858 година
 
Превоз преку ферибот
 
Измирско метро
 
Железнички превоз

Измир има развиено голема сообраќајна мрежа. Градот во денешно време се обидува да привлече инвеститори преку својата стратешка локација и релативно новата и високоразвиенита технолошка инфраструктура во транспортот, телекомуникациите и енергијата[36].

Во Измир се наоѓа меѓународниот Аеродром Аднан Мендерес кој се опслужува од страна на националните и меѓународните летови. Аеродромот се наоѓа во измирската област Газиемир. Неодамна во градот бил изграден голем автобуски терминал, Отогар, во предградието на Пинарбаши на периферијата на градот. Измир има меѓуградски автобуси со одредишта низ цела Турција. Во современи услови, денеска е сосема лесно да стигне до автобуската станица бидејќи постојат миниавтобуси низ градот кои ги транспортираат своите клиенти од скоро сите најважни делови на градот. Измир има две историски железнички станици во центарот на градот. Железничката станица Алсанџак била изградена во 1858 година и се наоѓа во центарот на градот, како и железничката станица Башмане која била изградена во 1866 година.

Координираниот сообраќај во градот бил воведен во 1999 година, како прв град во Турција. Во градот има формирано посебна институција, наречена УКОМЕ, чија главна задача е да дава насоки во сообраќајот во метрото, на автобускиот превоз, на фериботите итн. Градот има интегриран претплатнички билет, каде по издавањето на службите, сопственикот на картичката има право истата да ја користи во метро, автобус, траект или некој друг вид на градски превоз. Освен тоа постои и кенткарт која овозможува користење на повеќе форми на транспорт во рамките на 90 минути[37].

Автобус

Автобускиот превоз во градот го врши компанијата ESHOT која има околу 1.500 автобуси и околу 2.700 вработени. Освен оваа компанија, има и приватна фирма која врши превоз со 400 автобуси или минибуси.

Ферибот

Превозот преку ферибот од 2000 година го врши приватната фирма İzdeniz, која има 24 фериботи и врши превоз помеѓу 8 кејови на градот, започнувајќи од Бостанли, Каршијака, Алсанџак, Пасапорт, Конак, Ѓозтепе и Учкујулар. Во текот на летото се отвораат и посебни специјални линии за екскурзија на туристите.

Метро

Измир има изградено метро чија сообраќајна мрежа постојано се проширува преку нови линии. Метрото започнува од станицата Фехретин Алтај која се наоѓа во Балчова во јужниот дел на градското подрачје и води кон североисток. Како крајно одредиште е станицата во Борнова. Линијата е долга 20 километри. Станиците се: Фехретин Алтај, Полигон, Ѓозтепе, Хатај, Измирспор, Учјол, Конак, Чанкаја, Басмане, Хилал Халкапинар, Стадиум, Санај, Болге, Борнова, универзитет Еге и Евка 3.

Компанијата İZBAN започнала со изградба на нова линија која треба да е долга 80 километри. таа треба да започнува од северниот дел од Алиага до јужниот дел на областа Мендерес, како крајна станица за аеродромот. Линијата се состои од 31 станици и целосното возење меѓу двата краја трае 86 минути.

Железнички пат Компанијата İZBAN го обезбедува железничкиот превоз низ градот, како еден од најпрометните железнички превози во Турција, кои опслужуваат на околу 150.000 патници дневно[38]. Основана во 2006 година, компанијата започнала со работа во 2010 година, со цел да го заживее железничкиот сообраќај во Измир.==Измир во медиите и уметноста==

Медиум

уреди
  • Комедијата „L'impresario delle Smirne„ на Карло Голдони (1759).
  • Поемата „Турски заробеник“ од Виктор Иго (1828)
  • Песната „Во Смирна“ од Едвард Елгар (1905).
  • Романот „Маската на Димитриос“ од Ерик Амблер (1939).
  • Филмот „You Can't Win 'Em All“ (1970).
  • Романот „Scotch and Holy Water“ од Џон Тумпан
  • Романот „Збогум Анадолија“ од Дидо Сотириу (1962)
  • Романот „Измир“ од Хауард Хант (2006)
  • Романот „Middlesex“ од Џефри Еугенидес (2002)
  • Романот „Верштерките од Смирна“ од Мара Мемариди (2004)

Личности

уреди
Родени
Починати

Збратимени градови

уреди
Европа
Азија
Африка
Америка
Океанија

Литература

уреди
  • Ekrem Akurgal (2002). Ancient Civilizations and Ruins of Turkey: From Prehistoric Times Until the End of the Roman Empire ISBN 0-7103-0776-4. Kegan Paul.
  • George E. Bean. Aegean Turkey: An archaeological guide ISBN 978-0-510-03200-5, 1967. Ernest Benn, London.
  • Cecil John Cadoux (1938). Ancient Smyrna: A History of the City from the Earliest Times to 324 A.D. Blackwell Publishing.
  • Daniel Goffman. İzmir and the Levantine world (1550–1650) ISBN 0-295-96932-6, 2000. University of Washington.
  • C. Edmund Bosworth. Historic Cities of the Islamic World, İzmir pp. 218–221 ISBN 978-90-04-15388-2, 2008. Brill Academic Publishers.
  • Philip Mansel, Levant: Splendour and Catastrophe on the Mediterranean, London, John Murray, 11 November 2010, hardback, 480 pages, ISBN 978-0-7195-6707-0, New Haven, Yale University Press, 24 May 2011, hardback, 470 pages, ISBN 978-0-300-17264-5

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Turkey: Major cities and provinces“. citypopulation.de. Посетено на 2015-02-08.
  2. 2,0 2,1 2,2 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-06-10. Посетено на 2016-10-19.
  3. Ekrem Akurgal (1983). Old Smyrna's 1st Settlement Layer and the Artemis Sanctuary. Turkish Historical Society.
  4. J.D.Hawkins (1998). „Tarkasnawa King of Mira“. Anatolian Studies. British Institute at Ankara. 48: 1–31. doi:10.2307/3643046. Посетено на 2007-12-19.
  5. Molly Miller (1971). The Thalassocracies ISBN 0-87395-062-3, ISBN 978-0-87395-062-6. State University of New York Press.. See also Life of Homer (Pseudo-Herodotus) and Cadoux.
  6. For example, Izmir in the Library of Congress Country Studies (Turkey), by the US State Department Архивирано на 19 декември 2008 г., by the UN in legal treaty texts, by the British Foreign Office Архивирано на 4 јули 2009 г., in Encarta Архивирано на 7 јуни 2009 г. (first listing is Izmir, secondary is İzmir), in Webster's, by the BBC, by the London Times Архивирано на 6 јуни 2010 г., by CNN, by CBC, by NPR, by the Washington Post. The Turkish spelling İzmir is also seen in English texts, for example, in the Encyclopædia Britannica.
  7. „Yeşilova Höyük excavations“. Посетено на 2007-02-21.
  8. An earlier siege laid by Gyges of Lydia is recounted by Herodotus in the form of a story according to which the King of Lydia would have attacked the city to avenge the ill-treatment received from its inhabitants a certain Manes, a poet and a favorite of the sovereign.
  9. Ronald Syme (1998). „Journeys of Hadrian“ (PDF). Dr. Rudolf Hbelt GmbH, BonnUniversity of Cologne. стр. 162.
  10. Biondich, Mark. The Balkans: Revolution, War, and Political Violence Since 1878. Oxford University Press, 2011. p. 92 [1]
  11. 11,0 11,1 Naimark, Norman M. Fires of Hatred: Ethnic Cleansing in Twentieth-Century Europe. Cambridge: MA: Harvard University Press, 2002, p. 52.
  12. Rudolph J. Rummel, Irving Louis Horowitz (1994). „Turkey's Genocidal Purges“. Death by Government. Transaction Publishers. ISBN 978-1-56000-927-6., p. 233.
  13. Naimark. Fires of Hatred, pp. 47-52.
  14. Edward Hale Bierstadt, Helen Davidson Creighton. The great betrayal: a survey of the near East problem (1924), R. M. McBride & company, p.218
  15. "U.S. Red Cross Feeding 400,000 Refugees," Japan Times and Mail, 10 November 1922.
  16. Naimark, Fires of Hatred, p. 50.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 Encyclopedia of the Ottoman Empire, Gábor Ágoston,Bruce Alan Masters, page 292, 2009
  18. „Official Statistics (Statistical Data of Provinces and districts)-İzmir“ (турски). Turkish Meteorological Service. Посетено на September 14, 2012.
  19. „Climate Information for İzmir“. World Meteorological Organization. Архивирано од изворникот на 2019-03-27. Посетено на September 14, 2012.
  20. „BBC Weather: İzmir“. BBC. Посетено на September 14, 2012.
  21. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-11-09. Посетено на 2016-10-19.
  22. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-28. Посетено на 2016-10-19.
  23. http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-22802572
  24. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-28. Посетено на 2016-10-19.
  25. „İzmir Çevre ve Şehircilik İl Müdürlüğü“. Архивирано од изворникот на 2012-07-19. Посетено на 2016-10-19.
  26. „GPSMyCity Izmir Religious Sights, Izmir“. Архивирано од изворникот на 2016-09-11. Посетено на 2016-10-19.
  27. „Kestanepazarı Camii“. Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 2016-10-19.
  28. „İZMİR KÜLTÜR TURİZMİNİN GELİŞTİRİLMESİ PROJESİ:Kestanepazari Mosque“. Архивирано од изворникот на 2013-01-26. Посетено на 2016-10-19.
  29. „Izmir Daily Excursions“. Архивирано од изворникот на 2012-10-27. Посетено на 2016-10-19.
  30. İzmir Tarihi Yerler, Camiler
  31. http://www.achurchnearyou.com/izmir-smyrna--st-john-the-evangelist-church/
  32. GCatholic.org
  33. Agelopoulos, Georgios. „Ethnography and national priorities in the post-Ottoman context“ (PDF). Department of Balkan, Slavic and Oriental Studies. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-11. Посетено на 5 June 2011.
  34. Θεοδωρίδου Λίλα; Σωτηρίου Ζωή. „Η Βιβλιοθήκη του Ιωνικού Πανεπιστημίου Σμύρνης“ (PDF). Πανεπιστήμιο Ιωαννίνων. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-25. Посетено на 5 June 2011.
  35. Geōrgiadou, Maria (2004). Constantin Carathéodory: mathematics and politics in turbulent times. Springer. стр. 145. ISBN 978-3-540-20352-0.
  36. „İzmir News“.
  37. „İzmir transport article“. Архивирано од изворникот на 2011-02-14.
  38. İZBAN

Надворешни врски

уреди