Блуз е вокален и инструментален облик на музика чии корени потекнуваат од афро-американската музика во 19 век. Во првите децении на 20 век, овој жанр се распространил најпрвин во САД, а подоцна и во рамките на светската култура.

Содржина

ИсторијаУреди

Првите описи на блузот како вид музика можат да се пронајдат дури во текстовите на некои патописци кои при своите патувања во САД ритмичната музика наречена „блуз“ ја опишувале како музика на Афроамериканците, кои со неа си ја олеснувале работата на плантажите. Меѓу првите објавени авторски блуз-композиции се смета делото од 1912 година, „Мемфис блуз“ на Вилијам Кристофер Хенди, кој е познат како татко на блузот. Во 1926 година, тој ја објавил својата блуз-антологија, која е веројатно првиот обид за документирање на блузот. Преку делата на Хенди, блузот пристигнал во Европа и тоа благодарение на американските воени оркестри, кои ја придружувале американската војска за време на Првата светска војна. Така, во Европа почнал да се развива стилскиот блуз, а меѓу првите кои го прифатиле блузот биле француските композитори Дариус Милхауд и Морис Равел. Во 1920 година била издадена плочата со Мами Смит која претставува првата грамафонска снимка од црн изведувач на блуз. Првите песни постигнале релативен успех, па потоа биле снимаат уште неколку песни: „Crazy Blues“, „It's Right Here For You“, „If You Don't Get It“ и „Аin't No Fault of Mine“ кои постигнале поширок успех и со тоа започнала ерата на класичниот блуз, карактеристична по блуз-пејачите кои пееле во придружба на џез-музичари, како: Кинг Оливер, Луис Армстронг, Чарли Грин и др. Урбаниот велеградски блуз се развил во црнечките заедници по Втората светска војна како самостојна блуз-уметност, која во почетокот немала никакви врски со џезот или со забавната музика, а со времето наместо „Race Records“ се претворила во „Rhythm and Blues“ и така ја поставила подлогата за новиот музички жанр од 1950-ите - Рокенролот.

Ран кантри-блузУреди

Најважни претставници за раниот кантри-блуз се:

  • Barbecue Bob (1902-1931)
  • Blind Blake (1893-1933)
  • Big Bill Broonzy (1893/1898-1958)
  • Ida Cox (1896-1967)
  • Gary Davis (1896-1972)
  • Sleepy John Estes (1904-1977)
  • Blind Boy Fuller (1908-1941)
  • Jesse Fuller (1896-1976)
  • Son House (1886/1902-1988)
  • Alberta Hunter (1895-1984)
  • Mississippi John Hurt (1893-1966)
  • Skip James (1902-1969)
  • Blind Lemon Jefferson (1893-1929)
  • Blind Willie Johnson (1902-1945)
  • Lonnie Johnson (1894-1970)
  • Robert Johnson (1909/1912-1938)
  • Tommy Johnson (1896-1956)
  • Louis Jordan (1908-1975)
  • Leadbelly (1885-1949)
  • Furry Lewis (1899-1981)
  • Mance Lipscomb (1895-1976)
  • Cripple Clarence Lofton (1887-1957)
  • Fred McDowell (1904-1972)
  • Brownie McGhee (1915-1996)
  • Blind Willie McTell (1901-1959)
  • Memphis Blues Band
  • The Memphis Jug Band
  • Big Maceo Merriweather (1905-1953)
  • Memphis Minnie (1897-1973)
  • Charlie Patton (1893-1934)
  • Ma Rainey (1886-1939)
  • Tampa Red (1904-1981)
  • Bessie Smith (1894-1937)
  • Mamie Smith (1883-1946)
  • Victoria Spivey (1906-1976)
  • Frank Stokes (1888-1955)
  • Sonny Terry (1911-1986)
  • Bessie Tucker (1906-1933)
  • Sippie Wallace (1898-1986)
  • Washboard Sam (1910-1966)
  • Peetie Wheatstraw (1902-1941)
  • Bukka White (1909-1977)
  • Josh White (1914/1915-1969)
  • Sonny Boy Williamson I (1914-1948)

Ран урбан блузУреди

Најважни претставници за раниот урбан-блуз се: Gladys Bentley (1907-1960.) Lucille Bogan (1897-1948.) Thomas A. Dorsey (1899-1993) Lil Green (1919-1954) Lucille Hegamin (1894-1970) Alberta Hunter (1895-1984) Ma Rainey (1886-1939) Clara Smith (1894-1935) Mamie Smith (1883-1946) Bessie Smith (1894-1937) Ethel Waters (1896-1977)

Блуз-рокот во 1960-титеУреди

Во 1960-тите се појавиле бројни изведувачи кои ги споиле блузот со рокот:

  • Allman Brothers Band
  • The Animals
  • Captain Beefheart
  • Canned Heat
  • Cream
  • Creedence Clearwater Revival
  • Fleetwood Mac
  • Free
  • Hot Tuna
  • Jimi Hendrix
  • Johnny Winter
  • Raj Kuder
  • Humble Pie
  • Janis Joplin (1943-1970)
  • Alexis Korner
  • Led zepelin
  • John Mayall & the Blues breakers
  • The Rolling Stones
  • The Fabulous Thunderbirds
  • Carlos Santana
  • Taste % Rory Gallagher
  • Ten Years After
  • Van Morrison
  • The Yardbirds
  • ZZ Top

Одлики на блузотУреди

Во блузот доминираат љубовните теми пишувани во музички форми од по 12 такта, а текстот вообичаено е поделен на строфи од по три стиха при кои најчесто вториот стих е идентичен на првиот. На пример:

Woke up this morning with the blues down in my soul

Woke up this morning with the blues down in my soul

Saying My baby gone and left me, got a heart as black as coal

Блузот како тема во популарната музикаУреди

  • „Зошто пеам блуз“ (Why I Sing the Blues) - песна на Дејв Кларк (Dave Clark) и Рајли Кинг (Riley King), во изведба на американската пејачка Арета Френклин (Aretha Franklin) од 1970 година.[1]
  • „Полноќниот блуз на вујче Боб“ (Uncle Bob's Midnight Blues) - песна на американскиот поп-рок музичар Ренди Њумен од 1970 година.[2]
  • „Блуз“ (The Blues) - песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.[3]
  • „Мојот стар пријател, блузот“ (My Old Friend The Blues) - песна на американскиот рок-музичар Стив Ерл (Steve Earle) од 1986 година.[4]

Блузот како тема во филмотУреди

НаводиУреди