Масимилијано Алегри

италијански фудбалер

Масимилијано Алегри (роден на 11 август 1967 во Ливорно) — италијански фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.

Масимилијано Алегри
Лични податоци
Полно име Масимилијано Алегри
Роден на 11 август 1967(1967-08-11)(57 г.)
Роден во Ливорно, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2003 (35 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1984–1985 Куоиопели Куоиопели 7 (0)
1985–1988 Ливорно Ливорно 29 (0)
1988–1989 Пиза Пиза 2 (0)
1989–1990 Ливорно Ливорно 32 (8)
1990–1991 Павија Павија 29 (5)
1991–1993 Пескара Пескара 64 (16)
1993–1995 Каљари Каљари 46 (4)
1995–1997 Перуџа Перуџа 41 (10)
1997 Падова Падова 21 (0)
1997–1998 Наполи Наполи 7 (0)
1998–2000 Пескара Пескара 46 (4)
2000–2001 Пистоезе Пистоезе 18 (1)
2001–2003 Алјанезе Алјанезе 32 (8)
Раководител на екипите
2003–2004 Алјанезе Алјанезе
2004–2005 СПАЛ СПАЛ
2005–2006 Гросето Гросето
2007–2008 Сасуоло Сасуоло
2008–2010 Каљари Каљари
2010–2014 Милан Милан
2014–2019 Јувентус Јувентус
2021–2024 Јувентус Јувентус

Клупска кариера

уреди

Откако почетокот на својата кариера ја поминал во пониските лиги, вклучувајќи го клубот од неговиот роден град Ливорно, Алегри и се приклучил на Пескара во 1991. Тој многу добро се снашол како играч од средниот ред, по што екипата на Џовани Галеоне изборила промоција во Серија А во 1992. Алегри бил извонреден играч за Пескара во Серија А. И покрај испаѓањето во втората лига со последното место на табелата, Алегри постигнал импресивни 12 гола. Тој продолжил во Каљари, потоа во Перуџа и Наполи пред да се врати пак во Пескара. Краток периоди играл и во Пистоезе и Алјанезе пред да се пензионира од професионалниот фудбал како играч во 2003.

Тренерска кариера

уреди

Почетокот на кариерата

уреди

Алегри започна тренерска кариера во 2004, служејќи како шеф на тимот од Серија Ц2 Алјанезе, клубот во кој тој ги помина последните две години од неговата професионална фудбалска кариера. По една импресивна сезона со нив, Алегри беше повикан да го предводи Гросето, тогаш во Серија Ц1; неговото искуство со бјакнороси-те не беше толку успешна како она со Аљанезе, и беше многу брзо отпуштен по почетокот на сезоната 2006-07 во Серија Ц1. Откако беше отпуштен од Гросето, Алегри се согласи да му се придружи на неговиот ментор Џовани Галеоне кај Удинезе, станувајќи дел од неговиот тренерски персонал. Оваа пракса сепак се докажа дека е забраната од страна на законите на италијанскиот фудбал затоа што сè уште траеше неговиот договор со тосканскиот клуб, и предизвика Алегри да биде дисквалификуван за три месеци на почетокот на 2008 година.

Сасуоло

уреди

Во август 2007 Алегри стана тренер на амбициозниот тим од Серија Ц1, Сасуоло, кој Алегри успеа да брзо да го доведе во врвните места во лигата. На 27 април 2008 Сасуоло математички ја обезбеди титула за сезоната 2007-08 во Серија Ц1/А, со тоа освојувајќи прва историска промоција во Серија Б за неровердите.

Каљари

уреди

На 29 мај 2008 беше најавен како нов тренер на Каљари во Серија А, заменувајќи го Давиде Балардини. И покрај разочарувачкиот старт на сезоната, со пет порази во првите пет натпревари во лигата, Алегри беше потврден од страна на претседателот на клубот Масимо Челино и продолжи како тренер по што го доведе својот тим до средината на табелата до декември. На 9 декември по домашната победата од 1-0 против Палермо, Каљари Калчо најави дека склучиле нов две годишен договор со Алегри, кој истекнува на 1 јуни 2011. Потоа беше откриено дека договорот бил склучен во октомври, во средината на раните кризни резултати на рособлу-ите.

Тој ја заврши сезоната 2008-09 во извонредно деветто место, кој беше поздравен како огромен резултат земајќи ги предвид ограничените ресурси, недостатокот на топ играчи и високиот квалитет на напаѓачкиот фудбалски стил на Каљари кој ги доведе Сардинците многу блиску до квалификација во УЕФА Европа Лига. Таквите резултати го доведоа да биде награден со Панкина д'Оро (Златна Клупа), награда која му се доделува на најдобриот фудбалски менаџер од Серија А според гласовите на другите менаџери. Тој ја освои истата награда за вторпат по ред, исто така, за неговите резултата за сезоната 2009-2010, каде успеа да ги потврди високите фудбалски нивоа на Каљари и покрај загубата на редовниот напаѓач Роберто Аквафреска, како и водејќи импресивен број од три играчи од неговиот тим (имено, Давиде Бјондини, Федерико Маректи и Андреа Косу) да добијат повик за италијанската фудбалска репрезентација за неговото време во клубот.

На 13 април 2010 Каљари изненадувачки го отстрани Алеги од неговите менаџерски задачи и покрај доброто дванаесетто место со 40 бодови, и тренерот на младите Џорџо Мелис (со Џанлука Феста како негов помошник) бил назначен на неговото место.

Милан

уреди

Тој беше ослободен од неговиот договор со Каљари на 17 јуни 2010, под барање на гигантите од Серија А, Милан, кои беа заинтересирани да го назначат него нивен нов тренер. На 25 јуни, Алегри беше официјално назначен за нов тренер на Милан. Во неговата прва сезона на чело, Алегри ги предводи Милан до нивната прва шампионска титула од 2004, победуваќи го Интер во двете натпревари, но сепак, неговиот тим не успеа да го помине полуфиналето на Купот на Италија, губејќи од Палермо со вкупен резултат 4-3 во неговата прва сезона. Тимот исто така се квалификуваше и во осмина финалето на Лигата на Шампионите за 2010-11, кога беа елиминирани од Тотенхем Хотспар.

Сепак, Масимилијано Алегри се докажа во Серија А дека тој е млад талентиран тренер и ги предводи Милан до шестиот Супер Куп на Италија, враќајќи го резултатот во 2-1 против Интер во меч кој беше одигран во Националниот Стадион на Пекинг.

На 13 јануари 2012 година, Масимилијано Алегри се согласи да го продолжи договорот со Милан до крајот на сезоната 2013-2014.

Јувентус

уреди
 
Алегри (десно) го води од клупата Јувентус во пред-сезонски натпревар во летото 2014.

На 16 јули 2014, Алегри ја преземал тренерската функција во Јувентус откако Антонио Конте еден ден пред тоа поднел оставка од непознати причини.[1][2] Тој го направил своето деби како тренер на Јувентус на 30 август, во првото коло од првенството 2014-2015 на гостувањето кај Кјево, со победа од 1-0. На 9 декември, со нерешените 0-0 на домашен терен против вице-шампионот на Европа Атлетико Мадрид, го одвел Јувентус во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Потоа, го одвел до четвртфиналето, поразувајќи го Борусија Дортмунд, со 2-1 во Торино, а потоа со убедливи 0-3 на гостувањето во Германија. На 7 април, со победата над Фјорентина со вкупен резултат од 4-2, Алегри и неговите пулени се пласирале во финалето на италијанскиот куп. На 22 април, Алегри го води Јувентус во полуфиналето на Лигата на шампионите, по 12 години, победувајќи го Монако во првиот натпревар на домашен терен со 1-0 и потоа реми без голови (0-0) на гости. На 2 мај, победувајќи ја Сампдорија на гостувањето со 0-1, ја освоил титулата во Серија А, 4-та по ред за Јувентус, и негова втора лична титула во италијанското првенство.

Со овој успех, Алегри влегол во клубот на тренери кои го имаат освоено популарното скудето со најмалку два различни клубови. Тука спаѓаат: Капело, кој победил со три екипи (Милан, Рома и Јувентус), Вајс (Интер и Болоња), Бернардини (Фиорентина и Болоња), Лидхолм (Милан и Рома), Трапатони (Јувентус и Интер).

Тренерска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 4 мај 2015.

Сезона Екипа Првенство Место Учинок
Одиграни Победи Нерешени Порази % успешност
2003-2004   Алјанезе Ц2 13º во група Б &1000000000000003800000038 &1000000000000001000000010 &1000000000000001300000013 &1000000000000001500000015 &1000000000000263200000026,32
2004-2005   СПАЛ Ц1 9º во група Б &1000000000000004000000040 &1000000000000001300000013 &1000000000000001500000015 &1000000000000001200000012 &1000000000000325000000032,50
2005-2006   Гросето Ц1 4º во група Б, елиминирани во финалето на плејофот
(отпуштен, потоа вратен)
&1000000000000002000000020 &100000000000000060000006 &1000000000000001000000010 &100000000000000040000004 &1000000000000300000000030,00
2006-2007 Ц1 12º[3] во група А (отпуштен) &1000000000000001000000010 &100000000000000010000001 &100000000000000060000006 &100000000000000030000003 &1000000000000100000000010,00
Вкупно Гросето &1000000000000003000000030 &100000000000000070000007 &1000000000000001600000016 &100000000000000070000007 &1000000000000233300000023,33
2007-2008   Сасуоло Ц1 1 во група А &1000000000000004200000042 &1000000000000002300000023 &100000000000000060000006 &1000000000000001300000013 &1000000000000547600000054,76
2008-2009   Каљари А &1000000000000004000000040 &1000000000000001600000016 &100000000000000080000008 &1000000000000001600000016 &1000000000000400000000040,00
2009-2010 А 12º[4] (ослободен) &1000000000000003400000034 &1000000000000001100000011 &100000000000000070000007 &1000000000000001600000016 &1000000000000323500000032,35
Вкупно Каљари &1000000000000007400000074 &1000000000000002700000027 &1000000000000001500000015 &1000000000000003200000032 &1000000000000364900000036,49
2010-2011   Милан А 1 &1000000000000005000000050 &1000000000000002800000028 &1000000000000001400000014 &100000000000000080000008 &1000000000000560000000056,00
2011-2012 А &1000000000000005300000053 &1000000000000003000000030 &1000000000000001300000013 &1000000000000001000000010 &1000000000000566000000056,60
2012-2013 А &1000000000000004800000048 &1000000000000002500000025 &1000000000000001100000011 &1000000000000001200000012 &1000000000000520800000052,08
2013-2014 А 11[5] (отпуштен) &1000000000000002700000027 &100000000000000080000008 &1000000000000001100000011 &100000000000000080000008 &1000000000000296300000029,63
Вкупно Милан &10000000000000178000000178 &1000000000000009100000091 &1000000000000004900000049 &1000000000000003800000038 &1000000000000511200000051,12
2014-2015   Јувентус А &1000000000000005700000057 &1000000000000003700000037 &1000000000000001300000013 &100000000000000070000007 &1000000000000649100000064,91
2015-2016   Јувентус А &1000000000000005200000052 &1000000000000003700000037 &100000000000000070000007 &100000000000000080000008 &1000000000000711500000071,15
2016-2017   Јувентус А &1000000000000005700000057 &1000000000000004200000042 &100000000000000080000008 &100000000000000070000007 &1000000000000736800000073,68
2017-2018   Јувентус А &1000000000000005300000053 &1000000000000003900000039 &100000000000000080000008 &100000000000000060000006 &1000000000000735800000073,58
Вкупно Јувентус &10000000000000219000000219 &10000000000000155000000155 &1000000000000003600000036 &1000000000000002800000028 &1000000000000707800000070,78
Вкупно во кариерата &10000000000000620000000620 &10000000000000326000000326 &10000000000000148000000148 &10000000000000146000000146 &1000000000000525800000052,58

Почести

уреди

Тренер

уреди

  Милан

уреди

  Јувентус

уреди

Поединечно

уреди

Наводи

уреди
  1. a1on.mk (уред.). „Алегри нов тренер на Јувентус“. Посетено на 16 јули 2014.[мртва врска]
  2. juventus.com (уред.). „Marotta: «Allegri, il profilo ideale»“. Посетено на 16 lug 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Позицијата на тимот по 9 кола. На крајот од сезоната Гросето завршил 1.
  4. Позиција на тимот по 33-тото коло. На крајот од сезоната Каљари завршил 14º.
  5. Позиција на тимот по 19 кола. На крајот на сезоната Милан завршиле 8º.

Надворешни врски

уреди