Кирил Дојчиновски

Кирил Дојчиновски (роден на 14 јули 1943, Скопје, Југославија10 август 2022) — поранешен македонски и југословенски фудбалер.

Кирил Дојчиновски
Лични податоци
Полно име Кирил Дојчиновски
Роден на 14 октомври 1943(1943-10-14)(80 г.)
Роден во Скопје, Царство Бугарија
Починал на 10 август 2022(2022-08-10) (возр. 78)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1963-1967 Вардар 106 (0)
1967-1974 Црвена звезда 190 (3)
1974-1975 Троја 25 (3)
1975-1977 Париз 38 (0)
Репрезентација
1968-1974 Југославија 6 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 9 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 2 јуни 2012

Животопис уреди

Кирил Дојчиновски е роден на 14 јули 1943 година во Скопје. Починал на 10 август 2022 година во родниот град.[1]

Кариера уреди

Кирил својата кариера ја започнал во ФК Вардар. За првиот тим заиграл во сезоната 1963-1964, а дресот на Вардар го носел до јуни 1967 и во тој период одиграл 106 првенствени натпревари. Потоа, тој преминал во Црвена звезда, а дебитирал на 22 јули 1967. До 14 мај 1974 година, тој одиграл вкупно 420 натпревари за Црвена звезда од кои 189 биле првенствени при што постигнал 11 голови. Со Црвена звезда освоил четири шампионски титули: 1967-1968, 1968-1969, 1969-1970 и 1972-1973, како и два трофеи од Фудбалскиот Куп на Југославија (1968 и 1970). Кариерата ја продолжи во Франција, во екипите Троја (1974-1975) и Париз (1975-1977) каде што ја завршил кариерата.

Дојчиновски играл и за фудбалската репрезентација на СФРЈ при што настапил и на Светското првенство во 1974 година.[2]

По завршувањето на професионалната кариера, тој работел како тренер на неколку клубови во Ел Салвадор, а исто така бил и тренер на фудбалската репрезентација на Ел Салвадор. Потоа, тој бил тренер и неколку македонски фудбалски клубови, како: ФК Вардар, ФК Пелистер, ФК Македонија Ѓорче Петров, ФК Брегалница од Штип и ФК Брегалница од Делчево.[3]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. mkd.mk (2022-08-10). „Почина Кирил Дојчиновски, легендата на македонскиот фудбал“. mkd.mk. Архивирано од изворникот на 2022-09-26. Посетено на 2022-08-12.
  2. Официјално мрежно место на Фудбалската федерација на Македонија (пристапено на 12.8.2022)
  3. Официјално мрежно место на Фудбалската федерација на Македонија (пристапено на 12.8.2022)