Драган Капичиќ
Драган Капичиќ (Белград, 7 август 1948 — Белград, 24 јуни 2024) — српски и југословенски кошаркар.[1][2]
Лични информации | |
---|---|
Роден | 7 август 1948 Белград, НР Србија, ФНР Југославија |
Починат | 24 јуни 2024 Белград, Србија | (возр. 75)
Националност | Српска |
Заведена висина | м | 1,98
Заведена тежина | 95 kg (209 lb) |
Информации за кариера | |
НБА | 1970 / Неизбран |
Играчка кариера | 1965–1981 |
Позиција | Крило |
Број | 9, 10 |
Историјат на кариера | |
1965–1977 | Црвена ѕвезда |
1977–1981 | Сатурн Келн |
Истакнати мигови и награди во кариерата | |
| |
Клупска кариера
уредиИграл за кошаркарскиот клуб Црвена звезда од 1965 до 1977 година. Играл и во кошаркарскиот клуб Сатурн од Келн, Германија. Најдобар стрелец во историјата на кошаркарскиот клуб Црвена звезда. Со КК Црвена звезда двапати го освоил домашното првенство (во 1969 и 1972 година). Трипати бил победник на домашното куп натпреварување (1971, 1973 и 1975 година). Круна на клупската кариера е освојувањето на Купот на победниците на куповите во 1974 година во Удине против Збројовка од Брно.
Репрезентативна кариера
уредиЗа репрезентацијата на Југославија одиграл 30 натпревари на ЕП, 13 на СП, 9 на Олимписките игри и 19 на Балканските игри. Вкупно за репрезентацијата на Југославија одиграл 169 натпревари. На тие натпревари постигнал вкупно 1.484 кошеви. Освојувач е на седум златни медали: 1968 - Балканијада, 1969 - Балканијада, 1970 - Балканијада, 1970 - Светско првенство во Љубљана (каде Југославија го освоила првото злато), 1972 - Балканијада, 1973 - Балканијада, 1973 - Балканијада, 1975 - Европскиот шампионат во Белград. Освоил три сребрени медали: 1969 - Европско првенство во Казерта и Неапол (Италија), 1971 - Европско првенство во Есен, Германија и 1974 - Светско првенство во Сан Хуан (Порторико).
Друго
уредиДипломирал на Вишата економска школа, отсек за надворешна трговија. Бил оженет со Слободанка Беба Жугиќ, глумица, со која имал два сина. По завршувањето на кошаркарската кариера го отворил кафулето „Галерија“, познато собиралиште на спортистите.
Од април 2007 до април 2011 година бил претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Татко на Драган е Јово Капичиќ, народен херој на Југославија, а неговиот син Стефан Капичиќ, глумец.
Наводи
уреди- ↑ „Umro Dragan Kapičić“. b92.net. 24 јуни 2024. Посетено на 24 јуни 2024.
- ↑ Танасковски, Мартин (24.06.2024). „Почина најдобриот стрелец во историјата на Црвена Звезда“. Посетено на 25.06.2024. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)