Славеј (планина)

планина во западна Македонија, дел од Караорман
(Пренасочено од Славеј Планина)

Славеј — планина во областа Дебрца, Западна Македонија, во состав на големиот масив Шара-Кораб-Дешат-Стогово-Караорман. На југ се граничи со Караорман (во потесна смисла), а на север со Бистра. Важи за дел од Караорман.

Славеј Планина
Славеј Планина на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.714 м
Географија
МестоДебрца, западна Македонија

Историја

уреди

За време на Втората светска војна, планината Славеј била партизанска база во состав на слободната територија Дебрца. На неа во 1943 г. се основани неколку партизански единици: одредите „Дримкол“ и „Славеј“, баталјонот „Мирче Ацев“, а во 1944 г. и Шестата македонска ударна бригада. Планината Славеј како седиште на партизаните во Втората светска војна е опеана во народната песна „Гледај ме, мило либе“.[1]

На Славеј Планина на 18 август се одбележува Денот на Армијата на Република Македонија, кој е денот на основањето на баталјонот „Мирче Ацев“.[2]

Славеј Планина како мотив во уметноста

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 133.
  2. „Почесна стрелба во пресрет на Денот на АРМ“. Сител. 17 август 2016. Посетено на 10 февруари 2017.
  3. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 86.

Надворешни врски

уреди