Паул Валот
Паул Валот (гер. Paul Wallot), (26 јуни 1841, Опенхајм на Рајна - 10 август 1912, Бад Швалбах) бил германски архитект од хугенотско потекло, најпознат како архитект на зградата на Рајхстагот во Берлин подигната помеѓу 1884 и 1894 г. Негово дело е и ближната Палата на претседателот на Рајхстагот, завршена во 1904, и поранешното Собрание на Саксонија (Ständehaus) во 1906 на Бриловата тераса во Дрезден.
![]() | Оваа статија за архитект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |