Сашка Петковска

македонска и југословенска пејачка на забавна музика

Сашка Петковска - Липша ( 1951, Битола - Светиниколско, 31 август 1983) била популарна македонска и југословенска пејачка.[1]

Сашка Петковска - Липша

Кариера

уреди

Петковска има добиено неколку награди на Скопскиот фестивал и на фестивалите во поранешна Југославија: "Белградска пролет", "Опатија", "Вашиот шлагер на сезоната". Нејзини најпознати песни се „Бакни ме“, „Чао, Адио“, „Грижа“. Таа била и член на познатата група „Македонија“. Загинала во сообраќајна несреќа на 31 август 1983 година, патувајќи на концерт во Свети Николе.

Во нејзина чест одреден период, детскиот битолски фестивал за деца Си-До доделувал награда со нејзиното име, а додека во 2010 година по повод 27 години од нејзината трагична смрт организиран бил концерт под името „Незаборав“.[2]

Фестивали

уреди
  • 1970 Вашиот шлагер на сезоната, Сараево - Доцна е за двајца
  • 1970 Омладина, Суботица - Еден пораз не е крај
  • 1970 Опатија - Среќна сум што живеам
  • 1970 Скопје - Никогаш, никогаш
  • 1971 Златни орфеј - Остани
  • 1971 Белградска пролет - Толико љубави
  • 1971 Сплит - Има у теби нешто
  • 1972 Скопје - Граде мој
  • 1977 Скопје - Есенска роза (со групата „Македонија“)
  • 1978 Вашиот шлагер на сезоната, Сарајево - Има једна дјевојка (со групата „Македонија“)
  • 1978 Скопје - Ѕма, Ѕма, Ѕм (со групата „Македонија“)
  • 1979 Белградска пролет - Цео је свет, велики цвет (со групата „Македонија“)
  • 1979 Опатија - Око моје зелено (со групата „Македонија“)
  • 1980 Опатија - Зимска елегија
  • 1983 Опатија - Минува како река

Наводи

уреди
  1. Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989613915.
  2. „Концерт посветен на Сашка Петковска во Битола“. Журнал. 23 август 2010. Посетено на 2010-08-24.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди
Дел од дискографијата (од YouTube)