Тодор Гечевски
Тодор Гечевски (роден на 28 август 1977 во Кавадарци) — македонски поранешен кошаркар, член на Македонската кошаркарска репрезентација и поранешен директор на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој бил прогласен за најдобар македонски интернационалец од 2005 до 2009 година, како и најдобар домашен играч за 2012 година. Гечевски играл на позицијата центар.
Тодор Гечевски | |
---|---|
Гечевски со МЗТ во 2013 година | |
Прекар(и) | Тоше |
Позиција | Центар |
Висина | 2,09 м |
Тежина | 110 кг |
Број | 11 |
Роден | 28 август 1977 Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 1993–2015 |
Клубови | |
1993-1999 | Тиквеш |
1999-2000 | Никол Ферт |
2001 | МЗТ Аеродром |
2001-2002 | Никол Ферт |
2002-2003 | БББ Хаген |
2003 | Аир Авелино |
2003-2004 | Работнички |
2004-2009 | Задар |
2009-2011 | ПАОК |
2011-2014 | МЗТ Аеродром |
2014-2015 | Работнички |
Репрезентација | |
Инфо од: 26 февруари 2018. |
Професионална кариера
уредиКлупска кариера
уредиТодор Гечевски бил откриен од страна на Димитар Пецов, популарниот „професор“ од Кавадарци од чија „работилница“ излегоа и Врбица Стефанов, Ристе Стефанов и Горан Самарџиев. Во Гечевски тој виде кошаркарски „бисер“ и реши да му даде шанса да дебитира во првиот тим на КК Тиквеш на само 16 години.[1] Центарот во редовите на Тиквеш настапувал четири години и се изгради како кошаркар.[2]
Гечевски потоа заминал во Никол ферт каде за првпат станал првак во македонското првенство 1999/00.[2] Заедно со Никол Ферт, Гечевски го освоил и Суперкупот на Македонија 2000. Но таму не ја завршил сезоната 2000/01, бидејќи на полусезоната се преселил во МЗТ,[3] станувајќи вицепрвак во Првенството. За сезоната 2001/02, Гечевски се вратил Никол Ферт при што го освоил Купот на Македонија. За сезоната 2002/03, тој настапувал во италијански Аир Авелино. За следната сезона, Гечевски првата полусезона ја поминал во германски Хаген, кога потоа преминал во Фершпед Работнички и ја освоил двојната круна.[2]
Најголемиот успех на клупски план Тоше го изградил во хрватски Задар, каде настапувал од 2004 до 2009 година и освоил вкупно пет трофеи. Воедно, поради добрите игри во хрватскиот тим Гечевски се нашол и во идеалниот тим на Еврокупот во сезоната 2008/09. Благодарение на добрите игри на Гечевски, Задар дошол до прва титула по 19 годишна пауза. По Хрватска, за центарот следел двосезонски настап за грчки ПАОК.[2]
Потоа Гечевски се вратил во Македонија, поточно во редовите на МЗТ Аеродром, во чиј дрес настапувал кога клубот ја испиша својата најголема историја. Како „штрк“ Гечевски трипати ја освоил двојната круна во македонското првенство и воедно со првите сезони на тимот во АБА-лигата дојде до историја во регионалното натпреварување - најдобар скокач на сите времиња (1.314 скока), како и играч со најмногу индекс-бодови во АБА (3.212).[2] Последната играчка сезона во кариерата Гечевски ја мина во најтрофејниот македонски клуб, екипата на Работнички, притоа повторно освојувајќи го Купот на Македонија 2015.[2] Во февруари 2015 година, Македонската Кошаркарска Федерација објавила дека Гечевски е еден од четворицата номинирани кандидати за наградата за најдобар кошаркар на Македонија за 2014 година.[4] На крајот на јануари 2016 година било најавено дека Тодор Гечевски повторно ќе се активира како кошаркар и да се врати во екипата на Работнички,[5][6][7] но тоа не се остварило.[2]
По завршувањето на сезоната 2014/15, Тодор Гечевски се пензионирал како кошаркар и станал координатор на младинските школи во Работнички.[8][9][10]
На 30 септември 2016 година, на натпреварот Работнички - Фенербахче, кој бил по повод 70 години постоење на КК Работнички, Гечевски официјално се пензионирал како кошаркар.[11][12][13] Тој влегол во деветтата минута, одиграл 21 секунда, дал кош и ја завршил својата играчка кариера.[14][15][16][17]
Репрезентативна кариера
уредиРусокосиот центар во репрезентацијата бил од 1996 година до 2013 година и настапи на сите големи натпреварувања. Популарниот Тоше бил еден од водачите на репрезентацијата во блесокот на Евробаскетот 2011 во Литванија и освојувањето на историското четврто место, а најмногу се истакна во победите над фаворизираната Хрватска (78-76) и „лутиот соперник“ Грција (72-58). На мечот од втората групна фаза против Грузија, кавадарчанецот заработил скршеница на левата рака и му било соопштено дека за него е завршен Евробаскетот, но сепак, тој молел за да игра и бил решен да биде дел од составот, што била голема мотивација за македонските кошаркари да го покажат своето вистинско лице на паркетот и да „изгинат“ за стариот лисец Тоше кој бил приморан да ги пропушти најважните средби за нашиот национален состав.[2]
Гечевски по извесен период заздравел и се врати меѓу „жолто-црвените“, но не успеал на нашата селекција да и помогне да обезбеди историски пласман на Олимписките игри кои во 2012 се одржаа во Лондон. По фијаското против Доминиканска Република следело откажување од репрезентацијата на неколку искусни кошаркари, меѓу кои бил и Тоше.[2]
Желбата да игра во дресот на нашата држава Гечевски уште еднаш ја покажал во 2013 година кога по барање на македонската нација, но и неговите колеги Мекејлеб, Илиевски и Антиќ, кој лично инсистирал за негово враќање во репрезентацијата преку СМС-порака, ја „одложил“ репрезентативната пензија и настапи на Евробаскетот 2013 во Словенија. Настапот на нашите кошаркари во „Подмежкала“ не бил сјаен - од пет меча во групната фаза загубивме четири, поради што го освоивме 21. место од вкупно 24 репрезентации. Но и покрај тоа, потегот на Гечевски бил голем, затоа што тој не само што покажал дека е голем професионалец, туку станал вистински пример на останатите генерации како треба да се сака својата држава.[2]
Гечевски според статистиката е кошаркар кој зад своето име има најмногу настапи во жолто-црвениот дрес – вкупно 89 меча. Исто така, Гечевски е и сопственик на „Медал за заслуги за Македонија“, врачен лично од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.[2]
Останата кариера
уредиВо април 2019 година, Перо Антиќ станал кандидат за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, а Гечевски станал негов соработник.[18] Откако Антиќ бил избран за Претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Гечевски бил поставен за директор на КФМ.[19]
Успеси
уреди
ТитулиуредиГостиваруреди
Работничкиуреди
Задаруреди
МЗТ Аеродромуреди
|
Признанијауреди
|
Наводи
уреди- ↑ „Проф. Пецов – синоним за пронаоѓање таленти“. gol.mk. 19 април 2013. Посетено на 2 октомври 2016.[мртва врска]
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 „Русокосиот кавадарчанец заминува меѓу легендите: Тоше, фала ти за сè!“. gol.mk. 30 септември 2016. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ МТВ 2 (30 март 2020). „NIKOLFERT - MZT (19 април 2001)“. канал Stari Natprevari на Youtube. Посетено на 4 април 2020.
- ↑ „Гечевски и Дамјан Стојановски главни во трка за најдобар кошаркар во 2014“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 23.
- ↑ Гечевски повторно ќе игра за Работнички[мртва врска] maksport.ml 29 јануари 2016
- ↑ Пак се спојуваат „Кулите близначки“: Гечевски се враќа во тимот на Работнички! sportmedia.mk 29 јануари 2016
- ↑ Гечевски се врати во редовите на Работнички![мртва врска] sport365.mk 29 јануари 2016
- ↑ Легендата во нова улога: Гечевски ќе го враќа стариот сјај на младинската школа на Работнички sportmedia.mk 17 август 2015
- ↑ Гечевски: Сакаме Работнички пак да биде доминантен со играчи од сопствената школа! sportmedia.mk 17 август 2015
- ↑ Гечевски ќе им помага на младите, а можеби и пак ќе заигра за Работнички centarnews.net 17 август 2015
- ↑ „Антиќ го испраќа Гечевски во пензија“. sportmedia.mk. 27 септември 2016. Посетено на 29 септември 2016.
- ↑ „Гечевски ќе се збогува со кошарката на ревијалниот натпревар против Фенербахче“. ekipa.mk. 27 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-09-29. Посетено на 29 септември 2016.
- ↑ „Гечевски ќе го одигра последниот кошаркарски „танц" против Фенербахче“. gol.mk. 27 септември 2016. Посетено на 29 септември 2016.
- ↑ „Овации за Гечевски: Влезе, даде кош и се прости од кошарката“. ekipa.mk. 30 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-10-03. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „Гечевски испратен со овации“. sportmedia.mk. 30 септември 2016. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „Гечевски: Ова е идеален крај, голема благодарност до сите…“. ekipa.mk. 30 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-10-03. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „Гечевски се „одјави" како што најдобро знае – со дефанзивен скок и два бода!“. gol.mk. 30 септември 2016. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „Перо Антиќ ги „отвори" картите: Кошарката пак да ни биде спорт „број еден"!“. gol.mk. 24 април 2019. Посетено на 25 април 2019.
- ↑ „Антиќ го потврди тимот: Гечевски нов директор, Георгиевски ќе биде генсек“. gol.mk. 29 мај април 2019. Посетено на 30 мај 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Николферт го освои својот втор трофеј[мртва врска] dnevnik.mk 7 мај 2002
- ↑ „Тасовски кошаркар на годината“. time.mk. 29 декември 2005. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „Диме Тасовски и Тодор Гечевски - кошаркари во годината“. star.dnevnik.com.mk. 31 декември 2005. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-02-08.
- ↑ „Тасовски - играч на годината“. vesnik.com. 29 декември 2005. Посетено на 24 декември 2018.[мртва врска]
- ↑ „„Новинарите" подобри од репрезентацијата“. sportskoradio903.com.mk. 25 декември 2006. Архивирано од изворникот на 2020-06-14. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „Новинарите ја преслушаа репрезентацијата“. vecer.mk. 25 декември 2006. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
- ↑ „Гоцевски и Колариќ играчи на годината“. vecer.mk. 23 декември 2007. Архивирано од изворникот на 2015-02-19. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „Војдан Стојановски - најдобар кошаркар“. vecer.mk. 22 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
- ↑ „Војдан Стојановски е број еден“. idividi.com.mk. 23 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „Тони Симиќ е кошаркар на годината“. vest.com.mk преку archive.li. 9 февруари 2010. Архивирано од изворникот на 2015-02-27. Посетено на 26 февруари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 30,0 30,1 30,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2011-12“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ „Година во знакот на Антиќ, Гечевски, Тодоров…“. ekipa.mk. 19 декември 2012. Посетено на 6 јули 2017.[мртва врска]
- ↑ „КФМ ги објави најдобрите“. ohridnews.com. 19 декември 2012. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Гечевски најдобар македонски кошаркар“. vecer.mk. 20 декември 2012. Посетено на 6 јули 2017.[мртва врска]