Сергеј Игнатов (роден на 6 август 1960 во Видин) — бугарски политичар и министер за образование на Бугарија во периодот од 19 ноември 2009 до 28 јануари 2013 година.

Сергеј Игнатов
Министер за образование
На должноста
19 ноември 2009 – 28 јануари 2013
Премиер Бојко Борисов
Претходник Јорданка Фандакова
Наследник Стефан Воденичаров
Заменик-министер за образование
На должноста
август 2009 – 19 ноември 2009
Премиер Бојко Борисов
Лични податоци
Роден(а) 6 август 1960(1960-08-06)(64 г.)
Видин, Бугарија
Партија ГЕРБ

Игнатов завршил на Ленинградскиот универзитет, со насока Египтологија во 1985 година. Во истиот универзитет докторирал по историја во 1994. Во Оксфорд бил на специјализација.

Игнатов се служи со руски, англиски, француски, староегипетски, коптски, старогрчки и акадски јазик.

Во 2009 година станал заменик-министер за образование, а од 19 ноември 2009 година станал министер.