Отвори го главното мени

22 јуни (настани)

шаблон на Викимедија
217 п.н.е.  Птоломеј IV го поразил Антиохиј III од Селевкидското кралство во битката кај Рафија (денешна Рафа на границата помеѓу Палестина и Египет).
168 п.н.е.  Четврта македонско-римска војна: Во битката кај Пидна, Римската Република ја поразила војската на македонскиот крал Персеј од антигонидската династија.
1633  Светата канцеларија во Рим го принудила Галилео Галилеј да се откаже од неговите научни тези дека Сонцето, а не Земјата, е центар на вселената.
1815  Наполеон абдицирал по втор пат по поразот во Битката кај Ватерло.
1889  Германија под водство на канцеларот Ото фон Бизмарк прва во светот вовела пензиски систем за работниците, земјоделците, занаетчиите и слугите постари од 70 години.
1941  Втора светска војна: Почеток на операцијата „Барбароса“ — Германија го нападна СССР.
1976  Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинувањето на смртната казна.
1978  Откриен е Харон, сателитот на џуџестата планета Плутон.