Кирил Манчевски (Броштица, Дебарско, 8 ноември 1935 - 8 август 1974) бил еден од великаните на градската, лирска народна песна[1].

Кирил Манчевски
Роден(а)8 ноември 1935
(Броштица, Дебарско
Починал(а)8 август 1974
Занимањамузичар

Животопис

уреди

Роден е во Броштица, Дебарско. Иако по занимање всушност беше металски работник, во текот на неговиот кус живот тој и се посвети на народната песна, која беше неговиот најверен сопатник. Како човек беше едноставен и искрен, исклучително духовит, вистински професионалец - велат за него оние кои го имаа задоволството лично да го познаваат. Неговиот музички талент е откриен во 1950-тите години. Оттогаш тој стана и сценски презентатор на народната песна, во и надвор од Македонија. Заедно со разните македонски фолклорни ансамбли тој имаше можност да ја отвори својата "лирска душа" и на светската јавност, која е љубител на македонските музички бисери. Најчесто настапувал како солист, а многу ретко во дует. Неговиот репертоар ги вклучувал најубавите бисери на македонската староградска музика. Меѓу нив, доминантно место имаат лирските песни, со поетски стихови и широко распеани мелодии, но и печалбарските, патриотските и други. Тој изградил единствен интерпретаторски стил, кој се одликува со широки и богати мелизми, вкусни и издржани каденци, карактеристнични и особено прецизни мелодиски орнаменти. Колку само внимателно, преполн со емоции, гази по секој од тоновите на мелодијата! Неговиот глас ѕвони во бавните и широки, рубато песни, од кои блика сиот лиризам на срцето. Долгите издржано каденци на крајот како да се претопуваат во тишината, толку природно и нежно, како снегулката што при допирот со дланката се топи и исчезнува.

Наводи

уреди
  1. Makedonski folklor (23. изд.). Institut za folklor. 1979.