Драгица Кресоја
Драгица Кресоја (родена на 13 август 1986) — македонска ракометарка од српско потекло.
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Драгица Кресоја | ||
Роден(а) |
13 август 1986 Белград, Србија | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | ||
Тежина | 64 кг | ||
Позиција | среден бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | ХАЦ Авр | ||
Број | 24 | ||
Сениорски клубови | |||
2008 - | Македонија | ||
Таа добила македонско државјанство во 2007. Поради тоа што не ѝ било дозволено да настапи за женската ракометна репрезентација на Македонија на светското првенство во ракомет за жени во 2007 година во Франција, таа дебитирала за Македонија дури во 2008 година, на европското првенство во ракомет за жени 2008 чијшто домаќин била Република Македонија.[1]
Игра на позицијата среден бек.
Кресоја своите почетоци ги имала во РСК Пролет во 1996, по што во 1997 преминала во белградскиот РК ОФК Београд, а во 2004 преминала во унгарскиот РК Ференцварош. Во 2005 играла за РК Наиса од Ниш, по што во 2006 преминала во РК Кометал Ѓорче Петров од Скопје. Сега игра во Француската ракометна лига, во клубот ХАЦ Авр. Со ХАЦ Авр, во сезоната 2011/12 таа го освоила ЕХФ Челинџ Купот.
Таа е висока 175 cm и тешка 64 килограми.
Наводи
уреди- ↑ „Dragica Kresoja igra za Makedoniju (српски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на српски]]“. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 2012-06-15. URL–wikilink conflict (help)
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 22 март 2012 г.