Гугл
Google Inc. или гугл — американска корпорација специјализирана за интернет-пребарувања. Помеѓу корисниците е најпозната по својот пребарувач, но покрај него нуди и многу други услуги. Главно своите приходи ги остварува преку својот систем на рекламирање. Главното седиште на компанијата, познато под името Googleplex, се наоѓа во Калифорнија.
Вид | комерцијална |
---|---|
Дејност | Интернет |
Основано | 4 септември 1998 |
Основачи | Сергеј Брин, Лери Пејџ |
Седиште | Маунтин Вју , |
Клучни личности | Сундар Пичаи (CEO) |
Производи | интернет, софтвер |
Сопственик | Alphabet Inc. |
Вработени | 114.096 |
Мреж. место | google.com |
Историјат
уредиОсновачи на компанијата се тогашните студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин. Целата приказна ја започнувале неофицијално во јануари 1997 година, на Универзитетот Стенфорд, а официјално започнувале со работа на 7 септември 1998 година, започнувајќи со својот интернет пребарувач. Потоа, тие успеале својата основна дејност, пребарување и рекламирање, да ја прошират на други подрачја, како што се: електронска пошта, онлајн мапи, прикажување на видео-формати и слично.[1][2]
Името на фирмата
уредиИмето Google претставува игра на зборови, т.е. тоа е изведено од зборот „гугол“ (googol) - математички термин за број, претставен со единица и 100 нули. Поради популарноста на пребарувачката машина, во англискиот јазик се појавил неологизмот to google или to Google, што значи „пребарување на Google за наоѓање на информации на Интернет“. Овој збор е додадена во Оксфордскиот англиски речник и во Merriam-Webster.
Gmail
уредиGmail е веб-заснован поштенски клиент. Корисниците имаат возможност да добиваат електронски писма од други локални клиенти. Како и други дополнителни функционалности, која ја прави услугата на Google популарна и лесна за користење.
Операции и финансиски резултати
уредиВо 2018 година, регулаторните тела на Европската комисија за заштита на конкуренцијата ѝ изрекле казна на „Алфабет“ (Alphabet), фирмата-мајка на „Гугл“, во висина од 4,6 милијарди евра. Казната била изречена поради злоупотреба на оперативниот систем „Андроид“ во наметнувањето на интернет-пребарувачот „Гугл Хром“ (Google Chrome) и на системот за апликации „Гугл плеј“ (Google Play). Претходно, во 2017 година, „Гугл“ бил принуден да плати казна од 2,5 милијарди евра.[3]
Надворешни врски
уреди- Google.com
- Страница на компанијата (англиски)
- Официјален Google блог (англиски)
- За потеклото на Google (англиски)
- Google Истражување (англиски)
„Гугл“ на Ризницата ? |