<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024

31 август — 243-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (244-и во престапна година). Остануваат 122 денови до крајот на годината.

Шарл Пјер Бодлер (9 април 1821 - 31 август 1867) е еден од најголемите и највлијателните француски поети на XIX век.

Настани:

1942  Втора светска војна: Започна Битката кај Алам ел-Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ервин Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот Канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по Битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
1957  Федерацијата на Малезија се здоби со независност.
1962  Тринидад и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1983  Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово - Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска и три члена од балетската група Авона.
1992  Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот парламент во Македонија со седиште во Скопје.

Родени:

1919  Амрита Притам — индиска писателка.
1928  Џејмс Кобурн — американски глумец.
1937  Васко Ташковски — македонски сликар.
1945  Ван Морисон — северноирски рок-музичар.
1949  Ричард Гир — американски глумец.
1955  Едвин Мозес — американски атлетичар.
1970  Никола Груевскипремиер на Македонија.
1975  Сара Рамирес — мексиканско-американска глумица.
1982  Пепе Рејна — шпански фудбалски голман.
1984  Мати Брешел — дански велосипедист.
1984  Тед Лигети — американски скијач.
1988  Давид Оспина — колумбиски фудбалски голман.
1989  Салваторе Пучо — италијански велосипедист.
1991  Морено Хофланд — холандски велосипедист.
1992  Николас Таљафико — аргентински фудбалер.
1993  Пабло Мари — шпански фудбалер.
1997  Дика Мем — француски ракометар.
1999  Миомир Кецмановиќ — српски тенисер.

Починале:

577  Јован III Схоластик — цариградски патријарх.
1795  Франсоа-Андре Даникан Филидор — француски шахист.
1867  Шарл Бодлер — француски поет.
1930  Владан Ѓорѓевиќ — српски лекар.
1941  Марина Цветаева — руска поетеса.
1963  Жорж Брак — француски сликар.
1973  Џон Форд — американски филмски режисер.
1983  Сашка Петковска - Липша — македонска пејачка на поп-музика.
1986  Хенри Мур — британски вајар.
1997  Дијана — Принцеза од Велс.
2002  Лајонел Хемптон — американски џез-музичар.