Стојан Христов (англиски: Stoyan Christowe, 18 август 1898, Кономлади, Костурско, Егејска Македонија24 јануари 1996, Томпсон Хаус, Вест Довер, САД) — македонско-американски писател, новинар, публицист со македонско потекло[1] и сенатор на сојузната држава Вермонт. Стојан Христов бил избран за член на МАНУ и почесен член на ДПМ[2][3].

Стојан Христов
Роден/аСтојан Христов
18 август 1898
Кономлади, Костурско, Егејска Македонија
Починат/а26 јануари 1996
Томпсон Хаус, Вест Довер, САД
Занимањеписател, публицист, новинар.
НационалностМакедонец
Жанрмакедонска етнологија, историја и култура
Значајни делаМојот американски аџилак“, „Ова е мојата земја“ и други.
Сопруг/аМаргарет Христов

Животопис уреди

Стојан Христов е роден во селото Кономлади, Костурско во Егејска Македонија на 18 август 1898 година. На својата четиринаесет-годишна возраст тој заминува за САД на печалба поради таканаречената „америкоманија“ која ја чувствувал и поради тешката политичко-економска ситуација во Македонија една година пред Првата балканска војна. Во САД бил физички работник во ложарницата на Сент Луис, а потоа и работел на изградбата на железничката линија Монтана - Вајоминг. Во периодот од 1918 до 1922 година тој успеал да ги заврши своите студии на универзитетот „Валпаризо“ во Индијана. Своите студии ги завршил со прекини поради тешката материјална положба и услови на живеење[3].

Откако се стекнал со американското државјанство, се вработил како уредник во весникот „House Organ“ во Чикаго, а потоа се префрлил како новинар во редакцијата на веникот „Daily News“. Две години, од 1927 до 1929 година бил специјален дописник од Балканот. Едно време дури и бил слободен писател во Њујорк. За време на Втората светска војна бил аналитичар и предавач по балканско партизанско движење во воениот департман, Оддел за воени известувања на Пентагон. Во текот на 1952 и 1953 година тој повторно допатувал на Балканот како дописник на северноамериканското новинарско здружение „НАНА“. Тогаш ја посетил Југославија и Македонија како гостин на Друштвото на писателите на Македонија. По враќањето станал сенатор на американската сојузна држава Вермонт со која должност и се пензионирал. Успеал уште еднаш да ја види својата татковина како специјален и драг гостин на македонската држава[3].

Творештво уреди

Стојан Христов бил раскажувач и романописец. Романите и расказите можете да ги видите подолу и сите романи се преведени на македонски јазик. Прозата на Христов е реалистична и целата е свртена кон „стариот крај“. Неколку од неговите романи се со историска тематика преку кој се согледува страдалничкиот живот на македонскиот народ под ропство, но и неговите борби и востанија[3].

Романи уреди

Стојан Христов е автор на следните романи[4]:

  • „Мара“ (1937 г.),
  • „Оваа е мојата таковина“ (1938 г.)
  • „Мојот американски аџилак“ (1947 г.)
  • „Орелот и штркот“ (1976 г.)
  • „Лавот од Јанина“ (1941 г.)
  • „Невестата на доселеникот“, „Дијалог“, Скопје, 2010.[5]

Раскази уреди

Покрај романите, автор е и на следните раскази [4]:

  • „Стариот пчеларник “ (1926 г.)
  • „Камбана “ (1927 г.)
  • „Два роја пчели “ (1927 г.)
  • „Сечко “ (1928 г.)
  • „Кукери “ (1940 г.)
  • „Мечка игра на сред село “ (1930 г.)
  • „Чочек “ (1930 г.)
  • „Таро тапанџијата “ (1930 г.)
  • „Орли на ливадата “ (1929 г.)
  • „Пазарен ден во главниот град на Бугарија“ (1928 г.)
  • „Новата жена на Истанбул “ (1928 г.)
  • „Балканските бездомни веселковци“ (1928 г.)
  • „Црните бегалци на Балканот“ (1929 г.)
  • „Со циганите на Балканот“ (1930 г.)
  • „Низ долината на Балканот“ (1930 г.)
  • „Полуамериканец“ (1929 г.)
  • „Америкоманија“ (1930 г.)
  • „Мојот пријател Слободата“ (1930 г.)
  • „Неприродна натурализација“ (1930 г.)
  • „Зеленоглавец во Сент Луис“ (1947 г.)
  • „Групата од железничката линија на Монтана“ (1947 г.)
  • „Неприродна натурализација“ (1930 г.),

Наводи уреди

  1. The Taste and Fever of America; Stoyan Christowe, an Immigrant From Macedonia, Writes of This Country With Emotional and Intellectual Ardor, New York Times, September 18, 1938, Sunday
  2. „Стојан Христов на ДПМ“. Архивирано од изворникот на 2009-09-08. Посетено на 2010-02-24.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Сталев, Георги (1995). Нада Манојловиќ (уред.). Литература на македонскиот јазик (VII изменето и дополнето издание. изд.). Скопје: Просветно дело. стр. 167/168.
  4. 4,0 4,1 „Стојан Христов“. Посетено на 2010-02-24.
  5. Објавен досега непознат роман од Стојан Христов

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди