Википедија:На денешен ден/Архива/Јануари
Настани
45 п.н.е. | Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулијански календар. |
404 | Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум. |
439 | Објавен е Теодосиевиот законик, најголемата збирка на римски закони во тој период. |
1651 | Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска. |
1801 | Церера, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци. |
1804 | Независност на Хаити од Франција. |
1818 | Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн. |
1880 | Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот Канал. |
1892 | Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави. |
1901 | Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер. |
1908 | За првпат пуштена топка изработена од кристали и електрични светла плоштадот Тајмс сквер во Њујорк, отпочнувајќи традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година во градот. |
1909 | Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов. |
1925 | Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Претходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година. |
1932 | Во Виена се одржа првиот Новогодишен концерт.о Виена се одржа првиот Новогодишен концерт. |
1942 | Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации. |
1945 | Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“. |
1948 | Основана е Државната опера на Народна Република Македонија |
1959 | За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста. |
1965 | Под водство на водачот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО. |
1982 | Перес де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации. |
1990 | формирана е политичката партија НДП. |
1995 | Започна со работа Светската трговска организација. |
1997 | Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева. |
2002 | Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија. |
2006 | Почна примената на Законот за заштита од пушењето. |
2007 | Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија. |
2017 | Поранешниот премиер на Португалија од Социјалистичката партија, Антонио Гутерес станува Генерален секретар на ООН. |
Родени
1449 | Лоренцо де Медичи — владетел на Фиренца. |
1823 | Шандор Петефи — унгарски револуционер и лирски поет. |
1863 | Пјер де Кубертен — основоположник на модерните Олимписки игри. |
1873 | Марија Јуриќ Загорка — хрватска писателка и новинарка. |
1878 | Пејо Јаворов — бугарски поет, сопатник и биограф на Гоце Делчев. |
1879 | Е. М. Форстер — англиски писател. |
1894 | Џон Форд — американски режисер. |
1895 | Џ. Едгар Хувер — директор на ФБИ. |
1912 | Ким Филби — британски таен агент на КГБ. |
1915 | Бранко Ќопиќ — српски писател. |
1923 | Милт Џексон — американски џез-музичар. |
1932 | Иван Лацковиќ — хрватски сликар. |
1934 | Бранко Варошлија — македонски писател, литературен критичар, драматург и новинар. |
1937 | Влатко Марковиќ — хрватски фудбалер и тренер. |
1940 | Мерсад Бербер — босански сликар. |
1941 | Ева Рас — српска глумица. |
1942 | Корнелие Ковач — српски рок-музичар, член на групите Индекси и Корни група. |
1946 | Ривелино — бразилски фудбалер. |
1946 | Снежана Стамеска — македонска глумица. |
1949 | Љубодраг Симоновиќ — српски и југословенски кошаркар. |
1951 | Слободан Халиловиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
1952 | Миле Китиќ — српски фолк-пејач. |
1956 | Енди Гил — британски рок-музичар и продуцент. |
1959 | Панајотис Јанакис — грчки кошаркар. |
1963 | Дражен Ладиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
1968 | Давор Шукер — хрватски фудбалер. |
1972 | Лилијан Тирам — француски фудбалер. |
1973 | Врбица Стефанов — македонски кошаркар. |
1973 | Искра Трпева — македонска поп пејачка. |
1977 | Хасан Салихамиџиќ — босански фудбалер. |
1982 | Давид Налбандијан — аргентински тенисер. |
1985 | Оскар Гато — италијански велосипедист. |
1988 | Алекс Хаус — американски велосипедист. |
1997 | Гонсало Монтиел — аргентински фудбалер. |
Починале
1515 | Луј XII — француски крал. |
1894 | Хајнрих Рудолф Херц — германски физичар. |
1941 | Петар Поп Арсов — македонски револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, автор на првиот македонски устав. |
1953 | Хенк Вилијамс — американски кантри-музичар. |
1972 | Морис Шевалије — француски пејач и глумец. |
1995 | Методија Ивановски - Менде — македонски сликар и сценограф. |
2001 | Фабијан Шоваговиќ — хрватски глумец. |
2012 | Киро Глигоров — прв претседател на независна Македонија. |
2021 | Зоран Џорлев — македонски виолинист. |
Настани
1839 | Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја снимил првата фотографија на Месечината. |
1905 | Над селото Кнежево, Кратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7 јануари истата година. |
1946 | Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“. |
1959 | Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советскиот брод без екипаж „Луна I“. |
1971 | Во Глазгов, за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Селтик“ и „Ренџерс“ загинале 66 навивачи поради уривање на дел од трибината. |
Родени
1642 | Мехмед IV — отомански султан. |
1699 | Осман III — отомански султан. |
1837 | Милиј Алексиевич Балакирев — руски композитор, пијанист и диригент. |
1920 | Исак Асимов — американски писател на научна фантастика од руско потекло. |
1936 | Роџер Милер — американски композитор и пејач (†1992) |
1948 | Огњен Петровиќ — српски и југословенски фудбалер. |
1964 | Пернел Витекер — американски боксер. |
1968 | Олег Дерипаска — руски бизнисмен. |
1969 | Кристи Тарлингтон — американски модел и манекенка |
1980 | Жером Пино — француски велосипедист. |
1992 | Пауло Газанига — аргентински фудбалски голман. |
1997 | Карлос Солер — шпански фудбалер. |
Починале
1801 | Јохан Каспар Лаватер — швајцарски писател, теолог и филозоф. |
1952 | Христо Татарчев — македонски револуционер. |
1955 | Хосе Антонио Ремон — претседател на Панама. |
1977 | Ерол Гарнер — американски џез-музичар. |
1987 | Методи Поповски — македонски командант од НОАВМ. |
1988 | Ремон Рубен — професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од водечките дерматовенеролози во Македонија. |
1993 | Михајло Лалиќ — црногорски писател. |
2005 | Едо Муртиќ — хрватски сликар. |
2019 | Марко Николиќ — српски глумец. |
Настани
1918 | Признаена е независноста на Финска. |
1945 | Во Скопје започнало да излегува првото детско списание на македонски јазик во Македонија, „Пионер“. Неговите први уредници биле писателот Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски. |
1945 | По наредба на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, била формирана Командата на градот Скопје. |
1961 | САД ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас. |
2009 | Сатоши Накамото го произвел првиот биткоин. |
Родени
106 п.н.е. | Цицерон — римски државник. |
1840 | Отец Дамјан — белгиски свештеник. |
1849 | Адријан VI — римски папа. |
1867 | Андон Димитров — еден од основачите на МРО. |
1901 | Нго Дин Дием — првиот претседател на Јужен Виетнам. |
1902 | Умберто Барбаро — италијански режисер. |
1919 | Херби Николс — американски џез-музичар. |
1920 | Милан Срдоч — српски и југословенски глумец. |
1926 | Џорџ Мартин — британски музички продуцент. |
1929 | Серџо Леоне — италијански режисер. |
1933 | Хисен Рамадани — македонски политичар и политиколог. |
1945 | Стивен Стилс — американски рок-музичар. |
1946 | Глигор Каневче — македонски научник, универзитетски професор и академик. |
1946 | Џон Пол Џонс — англиски рок-музичар, член на групата Лед Цепелин. |
1956 | Мел Гибсон — американски глумец. |
1957 | Бојан Крижај — словенечки и југословенски скијач. |
1969 | Михаел Шумахер — германски возач на „Формула 1“. |
1974 | Алесандро Петаки — италијански велосипедист. |
1985 | Марко Томас — хрватски кошаркар. |
1988 | Џони Еванс — Северноирски фудбалер. |
Починале
236 | Антер — римски папа. |
1322 | Филип V — француски крал. |
1924 | Јиржи Волкер — чешки писател. |
1945 | Едгар Кејси — американски парапсихолог и јасновидец. |
1987 | Драган Ѓаконовски - Шпато — македонски композитор, диригент и музички аранжер. |
1987 | Иван Влашки — шеф на Уролошката клиника при Медицинскиот факултет во Скопје. |
1996 | Христо Маловски — македонски историчар и педагог. |
1999 | Воислав Кушевски — македонски историчар. |
2003 | Владимир Костов — македонски писател. |
2016 | Пол Блеј — канадско-американски џез-пијанист. |
2017 | Иво Брешан — хрватски писател. |
Настани
1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е првпат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен. |
1996 | Република Македонија и Република Таџикистан воспоставиле дипломатски односи. |
Родени
1643 | Исак Њутн — англиски физичар и математичар. |
1710 | Џовани Батиста Перголези — италијански композитор. |
1785 | Јакоб Грим — германски филолог и фолклорист. |
1809 | Луј Брај — француски учител, пронаоѓач на азбуката за слепи, наречена Брајова азбука. |
1883 | Макс Истмен — американски политичар. |
1909 | Тодор Ангеловски — македонски комунист, учесник во НОБ. |
1922 | Френк Вес — американски џез-музичар. |
1932 | Фабијан Шоваговиќ — хрватски и југословенски глумец. |
1935 | Флојд Патерсон — американски боксер. |
1942 | Џон Меклафлин — англиски џез-гитарист. |
1955 | Марк Холис — англиски поп-рок музичар, член на групата Ток Ток (Talk Talk). |
1956 | Бернард Самнер — англиски рок-музичар, член на групите Џој Дивижн (Joy Division) и Њу Ордер (New Order). |
1957 | Весна Змијанац — српска фолк-пејачка. |
1960 | Мајк Стајп — американски пејач, член на рок-групата РЕМ (REM). |
1962 | Робин Гатри — шкотски рок-музичар, член на групата Кокто Твинс (Cocteau Twins). |
1964 | Александар Фадеев — руски и советски спортист, европски и светски првак во уметничко лизгање. |
1973 | Јозеф Кабањ — словачки автоконструктор. |
1974 | Данило Хондо — германски велосипедист. |
1980 | Јарослав Попович — украински велосипедист. |
1986 | Џејмс Милнер — англиски фудбалер. |
1990 | Алберто Палоски — италијански фудбалер. |
1990 | Тони Крос — германски фудбалер. |
Починале
Настани
1895 | Вилхелм Рентген, германски физичар, ги пронајде Х-зраците, подоцна по него наречени „рендгенски зраци“. |
1909 | Излегол последниот број на весникот „Единство“, уредуван од Димитар Влахов. |
1919 | Основана Германската работничка партија (ДАП) — претходник на Националсоцијалистичката германска работничка партија или Нацистичка партија (НСДАП). |
1947 | Во Белград е одиграно првото „вечно дерби“ меѓу фудбалските клубови „Црвена ѕвезда“ и „Партизан“. |
1968 | Александар Дупчек станал прв секретар на Комунистичката партија на Чехословачка и со него започнал процесот на внатрешна либерализација, наречен „Прашка пролет“. |
1981 | Започнала електрификацијата на железничката пруга Скопје-Гевгелија. |
1995 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Узбекистан и со Република Молдавија. |
Родени
1767 | Жан Батист Сеј — француски економист. |
1875 | Владислав Ковачев — штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. |
1915 | Јон Исаја — македонски филмски, театарски и телевизиски глумец. |
1917 | Адолфо Консолини — италијански атлетичар. |
1931 | Роберт Дувал — американски глумец. |
1932 | Умберто Еко — италијански писател и филозоф. |
1942 | Звонко Богдан — српски пејач на народни и староградски песни. |
1946 | Дајан Китон — американска глумица. |
1947 | Петре Бакевски — македонски писател, публицист и театарски критичар. |
1950 | Крис Стајн — американски рок-музичар, член на групата Блонди (Blondie). |
1952 | Ули Хенес — германски фудбалер. |
1954 | Муарем Кочиу — албански писател. |
1957 | Никица Клинчарски — македонски и југословенски фудбалер. |
1968 | Анджеј Голота — полски боксер. |
1975 | Бредли Купер — американски глумец. |
1979 | Ина Суслина — руска ракометарка. |
1982 | Јаница Костелиќ — хрватска скијачка. |
1988 | Мирослав Радуљица — српски кошаркар. |
1988 | Никола Калиниќ — хрватски фудбалер. |
Починале
911 | Свети Наум Охридски Чудотворец — еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. |
1910 | Леон Валрас — француски економист. |
1913 | Луис Свифт — американски астроном, откривач на многу комети и маглини. |
1952 | д-р Христо Татарчев — македонски револуционер, еден од основачите на ВМРО. |
1979 | Чарлс Мингус — американски џез-музичар. |
1988 | Пит Маравич — американски кошаркар. |
1990 | Филип Симоновски — македонски новинар, уредник и публицист во „Нова Македонија“. |
1991 | Васко Попа — српски и југословенски поет. |
2014 | Еузебио — португалски фудбалер. |
2018 | Џери ван Дајк — американски глумец и комичар. |
2019 | Драгослав Шекуларац — српски и југословенски фудбалер. |
2021 | Колин Бел — англиски фудбалер. |
2022 | Сидни Поатје — американски глумец. |
2024 | Марио Загало — бразилски фудбалер и тренер. |
Настани
1392 | Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад. |
1838 | Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор. |
1896 | Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер. |
1916 | На Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ. |
1945 | Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања. |
1992 | По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава. |
Родени
1367 | Ричард II — крал на Англија. |
1412 | Јованка Орлеанка — француска национална хероина од Стогодишната војна (1337-1453.). |
1848 | Христо Ботев — бугарски револуционер и поет. |
1850 | Едуард Бернштајн — германски социјалдемократски теоретичар. |
1883 | Халил Џибран — либански поет. |
1903 | Валтер Ниг — швајцарски теолог. |
1925 | Лучано Леџо — сицилијански мафијаш, инспирација за романот „Кум“ на Марио Пузо. |
1926 | Кид Гавилан — кубански боксер. |
1936 | Сафет Исовиќ — босански и југословенски фолк-пејач. |
1941 | Милутин Бебековски — македонски поет. |
1942 | Јанис Бутарис — градоначалник на Солун. |
1953 | Томислав Ивчиќ — хрватски поп-пејач. |
1953 | Манфред Калц — германски фудбалер. |
1956 | Џастин Велби — Архиепископ Кантербериски, поглавар на Англиканската црква. |
1961 | Шабан Салиу — македонски политичар. |
1963 | Пол Кипкоеч — кениски атлетичар. |
1973 | Христина Андоновска — македонски професор. |
1984 | Матео Монтагути — италијански велосипедист. |
1985 | Валерио Ањоли — италијански велосипедист. |
1994 | Денис Суарез — шпански фудбалер. |
Починале
1693 | Мехмед IV — отомански султан. |
1882 | Ричард Хенри Дана — американски писател. |
1884 | Грегор Мендел— австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар. |
1904 | Александар Малинов — македонски револуционер. |
1949 | Виктор Флеминг — американски филмски режисер. |
1983 | Владимир Брезовски — македонски историчар. |
1987 | Маргарет Лоренс — канадска писателка. |
1993 | Рудолф Нуреев — руски и советски балетан. |
1993 | Дизи Гилеспи — американски џез-музичар. |
1998 | Сони Боно — американски музичар и политичар. |
1999 | Мишел Петручијани — француски џез-музичар. |
2022 | Питер Богданович — американски режисер. |
2023 | Џанлука Вијали — италијански фудбалер. |
Настани
1584 | Католичките држави во рамките на светото Римско Царство го усвоија грегоријанскиот календар. |
1789 | По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност. |
1898 | По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање. |
Родени
Починале
1536 | Катерина Арагонска — кралица на Англија. |
1655 | Инокентиј X — римски папа. |
1943 | Никола Тесла — српско-американски истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. |
1957 | Јоже Плечник — словенечки архитект. |
1988 | Милан Срдоч — српски и југословенски глумец. |
1988 | Венко Марковски — македонски и бугарски поет. |
1989 | Хирохито — цар на Јапонија. |
2004 | Ингрид Тулин — шведска глумица. |
2021 | Мерион Ремзи — американска глумица. |
2024 | Франц Бекенбауер — германски фудбалер. |
Настани
1198 | Инокентиј III станува папа. |
1679 | Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величествените Нијагарини Водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција. |
1991 | Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили. |
1993 | На пат кон Сараевскиот аеродром, во конвој под заштита на силите на УНПРОФОР, од страна на српските сили е убиен заменик-премиерот на Босна и Херцеговина, Хакија Тураљиќ. |
Родени
Починале
1198 | Целестин III — римски папа. |
1324 | Марко Поло — венецијански трговец и истражувач. |
1642 | Галилео Галилеј — италијански астроном и физичар. |
1713 | Арканџело Корели — италијански композитор и виолинист. |
1896 | Пол Верлен — истакнат француски симболистички поет. |
1951 | Војдан Чернодрински — македонски драматург, основоположник на македонскиот театар. |
1965 | Борис Барнет — советски филмски режисер и глумец. |
1980 | Џон Мокли — американски физичар. |
1991 | Стив Кларк — англиски рок-музичар, член на групата Деф лепард (Def Leppard). |
2007 | Ѓорѓи Здравев — македонски етнолог и костимограф. |
2010 | Славка Манева — македонска писателка. |
2016 | Отис Клеј — американски соул-пејач. |
Настани
1431 | Во Руан, седиштето англиската окупациона влада, започнува судењето на Јованка Орлеанка. |
1960 | Започнува изградбата на Асуанската брана во Египет. |
1991 | Претседателството на СФРЈ усвојува наредба со која изречно се бара расформирање на сите нерегуларни вооружени формации на територијата на државата. |
1996 | Британската новинска куќа Би-би-си почна да емитува програма и на македонски јазик. |
Родени
Починале
1873 | Наполеон III — француски крал. |
1908 | Вилхелм Буш — германски сликар и писател. |
1995 | Питер Кук — англиски глумец и комичар. |
2016 | Џон Бери — американски рок-музичар, член на групата „Ајдахо“. |
Настани
49 п.н.е. | Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеј која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција. |
1863 | Во Лондон, Велика Британија, е отворена Метрополската линија - првата подземна железница во светот. |
1920 | По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година. |
1975 | Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Средна Европа со оние во Данска и во Шведска. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година. |
1996 | Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија. |
1996 | Република Македонија и Европската унија воспоставиле дипломатски односи. |
Родени
Починале
1778 | Карл фон Лине — шведски ботаничар и систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња. |
1862 | Семјуел Колт — американски пронаоѓач. |
1891 | Лаза Лазаревиќ — српски писател. |
1917 | Вилијам Коди (познат како Бафало Бил) — американски каубоец. |
1951 | Синклер Луис — американски писател. |
1971 | Коко Шанел — француска модна дизајнерка. |
1986 | Јарослав Сајферт — чешки поет, добитник на Нобеловата награда за литература во 1984 година. |
1991 | Александар Лазаров — редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија. |
2003 | Жулињо — бразилски фудбалер. |
2006 | Фадил Тоскиќ — босански и југословенски пејач. |
2007 | Карло Понти — италијански филмски продуцент. |
2011 | Бора Костиќ — српски и југословенски фудбалер. |
2011 | Бошко Петровиќ — хрватски џез-музичар. |
2015 | Тим Драмонд — американски рок-музичар. |
2016 | Дејвид Боуви — англиски рок-музичар. |
2018 | Димитар Димитров — македонски гинеколог. |
2018 | Еди Кларк — британски рок-музичар, член на групата Моторхед. |
2020 | Неда Арнериќ — српска и југословенска глумица. |
2023 | Џеф Бек — англиски рок-гитарист. |
Настани
1693 | Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе. |
1897 | САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес. |
1945 | Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји. |
1994 | Република Финска и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи. |
1995 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија. |
Родени
347 | Теодосиј I — римски цар. |
1814 | Танкреди Пазеро — италијански оперски бас-пејач. |
1842 | Вилијам Џејмс — американски психолог. |
1920 | Славко Јаневски — македонски писател. |
1923 | Јово Камберски — македонски писател. |
1941 | Жерсон — бразилски фудбалер. |
1951 | Фредерик Мишкин — американски економист. |
1957 | Брајан Робсон — англиски фудбалер и тренер. |
1961 | Жан Митрев — македонски кардиохирург. |
1963 | Мија Беговиќ — југословенска и хрватска глумица. |
1963 | Роланд Волфарт — германски фудбалер. |
1968 | Саша Ќириќ — македонски фудбалер. |
1975 | Матео Ренци — премиер на Италија. |
1985 | Жозе Семедо — португалски фудбалер. |
1987 | Џејми Варди — англиски фудбалер. |
1988 | Камерон Мајер — австралиски велосипедист. |
1992 | Дани Карвахал — шпански фудбалер. |
1993 | Филип Стојковиќ — црногорски фудбалер. |
1996 | Лирој Сане — германски фудбалер. |
Починале
705 | Јован VI — римски папа. |
1801 | Доменико Чимароза — италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа. |
1928 | Томас Харди — англиски писател. |
1923 | Константин I — грчки крал. |
1941 | Емануел Ласкер — германски шахист. |
1966 | Алберто Џакомети — италијанско-швајцарски вајар и сликар. |
1990 | Асен Тодоров — еден од доајените на македонското новинарство. |
2008 | Едмунд Хилари — првиот освојувач на Монт Еверест. |
2010 | Ерик Ромер — француски режисер. |
Настани
1915 | Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас. |
1945 | Втора светска војна: Во текот на жестоките борби на Ардените, Сојузничките сили тргнале во голема офанзива против Третиот Рајх. Брзо ја пробиле непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите тенкови стасале до Кистрин и Франкфурт. |
Родени
1746 | Јохан Хајнрих Песталоци — швајцарски педагог и реформатор. |
1876 | Џек Лондон — американски писател и социјалист. |
1893 | Херман Геринг — член на водството на германската Националсоцијалистичката партија. |
1903 | Игор Курчатов — советски јадрен физичар. |
1906 | Сергеј Корољов — советски ракетен инженер. |
1944 | Џо Фрејзер — американски боксер. |
1949 | Отмар Хицфилд — германски фудбалер и тренер. |
1951 | Крис Бел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star). |
1956 | Николај Носков — руски рок-музичар |
1959 | Бликса Баргелд — германски рок-музичар. |
1969 | Роберт Просинечки — хрватски фудбалер и тренер. |
1969 | Реквон — американски рапер. |
1970 | Зак де ла Роча — американски музичар, член на рап-метал групата Рејџ агеинст д машин (Rage Against the Machine). |
1973 | Ибрахим Ба — француски фудбалер. |
1980 | Роберто Гарсија Парондо — шпански ракометар и тренер. |
1989 | Аксел Вицел — белгиски фудбалер. |
1989 | Бранко Лазиќ — српски кошаркар. |
1994 | Емре Џан — германски фудбалер. |
1998 | Хуан Фојт — аргентински фудбалер. |
Починале
1972 | Франтишек Чап — чешки режисер. |
1987 | Анатолиј Ефрос — советски режисер. |
1995 | Климе Савин — македонски пливачки маратонец и спортски работник. |
Настани
532 | Бунтот Ника во Цариград. |
1610 | Галилео Галилеј го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер. |
1785 | Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на „Тајмс“ (The Times). |
1898 | Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на Евреите. |
1938 | Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет. |
1953 | Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија. |
Родени
Починале
1625 | Јан Бројгел Постариот — фламански сликар, син на познатиот уметник Питер Бројгел Постариот. |
1943 | Благој Страчковски — македонски народен херој, учесник во НОБ. |
1977 | Жорж Клузо — француски филмски режисер и сценарист. |
1979 | Дони Хатавеј — американски џез и блуз музичар. |
1984 | Вера Циривири Трена — носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија. |
1994 | Добри Ставревски — македонски пејач. |
1994 | Горан Ивандиќ — српски и југословенски рок-музичар, член на групата „Бијело дугме“. |
2002 | Антоние Исаковиќ — српски писател и академик. |
2007 | Мајкл Брекер — американски џез-музичар. |
2012 | Миљан Миљаниќ — српски и југословенски фудбалски тренер и функционер. |
2021 | Силвејн Силвејн — американски рок-музичар. |
Настани
1914 | Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена. |
1969 | Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод. |
1994 | Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европскиот фудбалски сојуз. |
Родени
Починале
1742 | Едмунд Халеј — англиски астроном и геофизичар. |
1833 | Готлоб Ернст Шулце — германски скептички филозоф. |
1945 | Густав Касел — шведски економист. |
1957 | Хемфри Богарт — американски глумец. |
1986 | Дона Рид — американска филмска и телевизиска артистка. |
2017 | Саша Николовски - Ѓумар — мекедонски диригент. |
2019 | Павел Адамович — полски политичар. |
Настани
1945 | Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, со тоа основајќи ја денешната ветеринарна служба во Македонија. |
1945 | Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова претставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија. |
1992 | Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. |
1992 | Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија. |
Родени
1622 | Жан Батист Поклен Молиер — француски писател. |
1850 | Михај Еминеску — романски поет. |
1875 | Војдан Поп Георгиев - Чернодрински — основоположник на првиот македонски театар. |
1891 | Осип Мандељштам — руски и советски поет и есеист. |
1893 | Драгиша Цветковиќ — југословенски политичар. |
1902 | Назим Хикмет — турски писател. |
1906 | Аристотел Оназис — грчки стопанственик. |
1918 | Гамал Абдел Насер — претседател на Египет. |
1923 | Јан Владислав — чешки писател. |
1926 | Љутви Сејфула — македонски глумец. |
1927 | Георги Арсовски — македонски поет. |
1929 | Мартин Лутер Кинг — борец за граѓански права и за мир. |
1946 | Јован Дамјановски — македонски романописец и драмски автор. |
1957 | Јордан Даниловски — македонски поет, критичар, есеист, романописец. |
1965 | Бернард Хопкинс — американски боксер. |
1967 | Азиз Кељменди — војник во ЈНА, познат по масакрот во Параќин. |
1968 | Борис Тадиќ — поранешен претседател на Србија. |
1978 | Франко Пелицоти — италијански велосипедист. |
1982 | Емина Јаховиќ — српска пејачка. |
1986 | Арнолд Жанесон — француски велосипедист. |
1988 | Дарвин Атапума — колумбиски велосипедист. |
1989 | Мартин Дубравка — словачки фудбалер. |
1990 | Костас Слукас — грчки кошаркар. |
Починале
69 | Галба — римски цар. |
1595 | Мурат III — отомански султан. |
1919 | Роза Луксембург — една од организаторите на полското и германското работничко движење. |
1919 | Карл Либкнехт — германски револуционер. |
1955 | Исак Самоковлија — босански писател. |
1962 | Иван Мештровиќ — хрватско-американски вајар. |
2015 | Рима Маркова — советска и руска глумица. |
2018 | Долорес О'Риордан — ирска рок-музичарка, членка на групата „Кренберис“ (Craberries). |
2021 | Ѓоко Дончев — македонски фолк пејач. |
Настани
27 п.н.е. | Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Октавијан. Подоцна, сите римски цареви си ја придодавале оваа титула. |
1492 | Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик ѝ е претставена на кралицата Изабела I. |
1547 | Кнезот Иван IV Васиљевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар. |
1605 | Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес. |
1778 | Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција. |
1920 | Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја. |
1945 | Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна. |
1979 | Реза Пахлеви, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република на чело со верскиот водач Хомеини. |
1996 | Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски. |
2020 | Михаил Мишустин е назначен за премиер на Русија. |
Родени
1853 | Андре Мишлен — француски индустријалец. |
1924 | Александар Тишма — српски и југословенски писател. |
1933 | Сузан Зонтаг — американска писателка. |
1935 | Удо Латек — германски фудбалер и тренер. |
1940 | Лепа Лукиќ — српска фолк-пејачка. |
1948 | Џон Карпентер — американски режисер и сценарист. |
1950 | Дамо Сузуки — јапонски музичар, пејач на групата Кен (Can). |
1956 | Тадија Качар — српски и југословенски боксер. |
1956 | Џеарлс Хендерсон — американски кошаркар. |
1957 | Митар Мириќ — српски фолк-пејач. |
1959 | Шаде — англиска поп-пејачка. |
1961 | Хари Варешановиќ — босански поп-пејач. |
1962 | Златко Портнер — југословенски ракометар. |
1969 | Рон Џоунс — американски боксер. |
1974 | Кејт Мос — британска манекенка. |
1979 | Алија — американска пејачка. |
1980 | Ларс Бак — дански велосипедист. |
1980 | Сејду Кејта — фудбалер од Мали. |
1981 | Ник Валенси — американски рок-музичар, член на групата Строукс (The Strokes). |
1984 | Серхио Пардиља — шпански велосипедист. |
1984 | Штефан Лихтштајнер — швајцарски фудбалер. |
1985 | Пабло Забалета — аргентински фудбалер. |
1995 | Такуми Минамино — јапонски фудбалер. |
Починале
1927 | Јован Цвииќ — српски географ и претседател на Српската академија на науките и уметностите. |
1936 | Алберт Фиш — американски сериски убиец. |
1957 | Артуро Тосканини — италијански диригент. |
1962 | Иван Мештровиќ — хрватски вајар. |
1991 | Густав Влахов — првоборец, носител на „Партизанска споменица 1941“ и општествено-политички работник. |
1997 | Олга Милосавлева — македонска балерина, кореограф и педагог. |
2008 | Никола Кљусев — македонски премиер. |
2012 | Густав Леонхарт — холандски клавијатурист и диригент. |
2012 | Џина Лолобриџида — италијaнска глумица. |
Настани
1377 | Грегориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим. |
1562 | На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција |
1601 | Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Ваљадолид. |
1773 | Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Јужниот Поларник. |
1912 | Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот Пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Роалд Амундсен. |
1919 | Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна. |
1939 | Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време. |
1945 | Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска |
1948 | Основано препријатието за јавен превоз ЈСП Скопје. |
1953 | Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија. |
1961 | По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“. |
1991 | Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата „Пустинска бура“. Ирак лансира 8 ракети Скад погодувајќи цели во Израел |
1995 | Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6.433 лица. |
1996 | Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција. |
1998 | Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување. |
2001 | Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и англиски јазик |
Родени
Починале
395 | Теодосиј I — римски цар. |
1468 | Скендербег — албански средновековен владетел. |
1598 | Фјодор I — руски цар. |
1751 | Томазо Албинони — италијански композитор. |
1864 | Марко Павлов — првиот дипломиран македонски лекар. |
1961 | Патрис Лумумба — прв премиер на Демократска Република Конго. |
1978 | Атанас Далчев — бугарски поет. |
1986 | Станко Липша — оперски пејач. |
1997 | Славко Поп Антовски — македонски професор. |
2010 | Михалис Папаконстантину — грчки политичар. |
2008 | Роберт Фишер — американски шаховски велемајстор. |
2009 | Томислав Црнковиќ — хрватски и југословенски фудбалер. |
2016 | Дејл Грифин — британски рок-музичар, член на групата „Мот д хупл“ (Mott the Hoople). |
2020 | Пјетро Анастази — италијански фудбалер. |
2021 | Фил Спектор — американски музички продуцент. |
Настани
1535 | Конквистадорот Франсиско Писаро го основал Сиудад де лос Рејес, денешна Лима, како главен град на новоосвоените територии на шпанската круна во Јужна Америка. |
1778 | Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите. |
1871 | На иницијатива на премиерот на Прусија Бизмарк, 26 држави се обединиле и го основале Германското Царство, на чело со прускиот цар Вилхелм I. |
1995 | Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови. |
1996 | Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба. |
1997 | Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба. |
2000 | Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада. |
2002 | Поранешниот политички водач на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА. |
Родени
1519 | Изабела Јагелонска — кралица на Унгарија. |
1689 | Шарл Монтескје — француски филозофско-политички писател. |
1702 | Сава Петровиќ Његош — црногорски владика и митрополит. |
1795 | Ана Павловна — кралица на Холандија. |
1825 | Григор Прличев — македонски поет, преведувач и преродбеник. |
1834 | Јоаким III — цариградски патријарх. |
1864 | Кантаро Сузуки — премиер на Јапонија. |
1879 | Александар Балабанов — македонски книжевен научник. |
1892 | Оливер Харди — американски глумец. |
1894 | Едмунд Бартон — премиер на Австралија. |
1904 | Кери Грант — англиско-американски глумец. |
1909 | Оскар Давичо — српски и југословенски писател. |
1916 | Волче Наумчески — македонски писател. |
1921 | Јоиширо Намбу — американски физичар. |
1923 | Александар Грличков — претседател на владата на СР Македонија. |
1925 | Гого Ивановски — македонски поет и раскажувач. |
1950 | Жил Вилнев — канадски возач на Формула 1. |
1950 | Дино Менегин — италијански кошаркар. |
1954 | Исмета Крвавац — босанскa и југословенскa поп-пејачка. |
1955 | Кевин Костнер — американски глумец. |
1955 | Сњешко Церин — хрватски и југословенски фудбалер. |
1957 | Рајко Јањанин — српски и југословенски фудбалер. |
1959 | Ранко Стојиќ — српски и југословенски фудбалски голман. |
1961 | Веселин Вујовиќ — југословенски ракометар и тренер. |
1961 | Питер Бердсли — англиски фудбалер. |
1966 | Александар Халифман — руски шахист. |
1967 | Иван Заморано — чилеански фудбалер. |
1968 | Драгана Мирковиќ — српска пејачка. |
1970 | Џонатан Дејвис — пејач на рок-групата „Корн“ (Korn). |
1971 | Жузеп Гвардиола — шпански фудбалер и тренер. |
1978 | Тор Хушовд — норвешки велосипедист. |
1979 | Пауло Фереира — португалски фудбалер. |
1980 | Роберт Грин — англиски фудбалер. |
1981 | Кристоф Керн — француски велосипедист. |
1984 | Евгенија Образцова — руска балерина. |
1985 | Рикардо Монтоливо — италијански фудбалер. |
1986 | Сенад Лулиќ — босански фудбалер. |
1988 | Бој ван Попел — холандски велосипедист. |
1988 | Анжелик Кербер — германска тенисерка. |
1998 | Едер Милитао — бразилски фудбалер. |
1998 | Лисандро Мартинес — аргентински фудбалер. |
2002 | Карим-Давид Адејеми — германски фудбалер. |
Починале
350 | Констанс I — римски цар. |
474 | Лав I — византиски цар. |
1367 | Петар I — крал на Португалија. |
1567 | Маргарита Пармска — намесничка на Холандија. |
1860 | Џон Тајлер — претседател на САД. |
1862 | Константин Миладинов — македонски поет, собирач на народни песни и умотворби. |
1890 | Амадеј I — шпански крал. |
1906 | Петар Јуруков — бугарски револуционер. |
1910 | Александар Чакаров — македонски деец. |
1936 | Радјард Киплинг — англиски писател. |
1982 | Хуанг Сјенфан — кинески историчар и антрополог. |
2016 | Глен Фреј — американски рок-музичар, член на групата Иглс. |
2023 | Дејвид Крозби — американски рок-музичар. |
Настани
1419 | Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија. |
1806 | Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж. |
1853 | Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим. |
1861 | Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД. |
1899 | Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет. |
1915 | Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето. |
1945 | Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900. |
1966 | Индира Ганди станала премиер на Индија. |
1969 | Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на Вацлавскиот плоштад во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет. |
Родени
1544 | Франсоа II — крал на Франција. |
1736 | Џејмс Ват — англиски физичар и пронаоѓач. |
1798 | Огист Конт — француски филозоф. |
1809 | Едгар Алан По — северноамерикански поет и писател. |
1839 | Пол Сезан — француски сликар. |
1847 | Милован Глишиќ — српски писател. |
1868 | Густав Мајринк — австриски писател. |
1871 | Дамјан Груев — македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО. |
1879 | Симеон Радев — публицист и новинар. |
1912 | Леонид Канторович — советски математичар и економист, добитник на Нобеловата награда. |
1921 | Јанез Врховец — српски и југословенски глумец. |
1925 | Кирил Македонски — македонски композитор. |
1941 | Климе Савин — македонски пливачки маратонец и спортски работник. |
1943 | Џенис Џоплин — американска рок-пејачка. |
1945 | Драган Холцер — југословенски фудбалер. |
1949 | Роберт Палмер — англиски поп-рок музичар. |
1952 | Ирфан Менсур — босански и српски глумец. |
1960 | Момчило Грошев — македонски фудбалер. |
1960 | Ал Џојнер — американски атлетичар. |
1960 | Жарко Лаушевиќ — југословенски и српски глумец. |
1962 | Џеф ван Ганди — американски кошаркарски тренер. |
1966 | Стефан Едберг — шведски тенисер. |
1969 | Лук Лонгли — американски кошаркар. |
1969 | Предраг Мијатовиќ — црногорски и југословенски фудбалер. |
1979 | Светлана Хоркина — руска гимнастичарка. |
1980 | Влатко Илиевски — македонски кошаркар. |
1980 | Џенсон Батон — британски возач, светски првак во „Формула 1“. |
1986 | Клаудио Маркизио — италијански фудбалер. |
1990 | Начо — шпански фудбалер. |
1998 | Александер Шмит — австриски фудбалер. |
Починале
1526 | Изабела — данска кралица. |
1576 | Ханс Закс — германски поет, мајстор-пејач, драматург и деец на реформацијата |
1938 | Бранислав Нушиќ — српски комедиограф, сатиричар и критичар. |
1998 | Карл Перкинс — американски кантри-пејач. |
2000 | Хеди Ламар — австриско-американска глумица. |
2002 | Вава — бразилски фудбалер. |
2004 | Мирослав Павловиќ — српски и југословенски фудбалер. |
2006 | Вилсон Пикет — американски соул-пејач. |
2016 | Еторе Скола — италијански режисер. |
Настани
1265 | Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата. |
1327 | Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III. |
1649 | Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна. |
1667 | По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар. |
1921 | Прогласен е првиот устав на Турција. |
1936 | Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство. |
1936 | Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја. |
1936 | Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри. |
1941 | Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по третпат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД. |
1945 | Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче. |
1961 | Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43 година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја. |
1970 | По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори. |
1981 | Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја. |
1981 | По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници. |
1992 | Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот. |
1996 | На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран водач на палестинскиот народ. |
2001 | Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција. |
2011 | На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ — првиот функционален метеоролошки сателит на Русија. |
2017 | Доналд Трамп станува 45. претседател на САД со силна народна поддршка. |
2021 | Џо Бајден станува 46. претседател на САД. |
Родени
225 | Гордијан III — римски цар. |
1716 | Карлос III — шпански крал. |
1775 | Андре Мари Ампер — француски физичар и математичар. |
1888 | Назим Хикмет — турски писател. |
1919 | Силва Капутикјан — советска и ерменска поетеса. |
1920 | Федерико Фелини — италијански режисер. |
1921 | Телмо Зара — шпански фудбалер. |
1945 | Владимир Борозанов — македонски кардиолог. |
1945 | Сабит Кранли — македонски правник. |
1946 | Дејвид Линч — американски режисер. |
1949 | Јеран Персон — шведски премиер. |
1964 | Лубош Кубик — словачки фудбалер. |
1964 | Рон Харпер — американски кошаркар. |
1970 | Бранка Катиќ — српска глумица. |
1971 | Дерик Грин — американски рок-музичар. |
1976 | Анастасија Волочкова — руска балерина. |
1976 | Пабло Ластрас — шпански велосипедист. |
1979 | Александар Маленко — македонски пливач. |
1995 | Калум Чемберс — англиски фудбалер. |
2000 | Тајлер Хироу — американски кошаркар. |
Починале
Настани
1793 | Откако бил осуден од Француската конвенција, Луј XVI бил погубен на гилотина. |
1899 | „Опел“ го произвел првиот автомобил. |
1911 | Првото Рели Монте Карло. |
1924 | Починал Владимир Илич Ленин. |
1925 | Албанија се прогласила за република. |
Родени
Починале
304 | Света Агнија — христијанска светителка. |
1118 | Паскал II — римски папа. |
1744 | Џовани Батиста Вико — италијански филозоф. |
1774 | Мустафа III — отомански султан. |
1793 | Луј XVI — крал на Франција. |
1851 | Алберт Лорцинг — германски композитор. |
1862 | Божена Немцова — чешка писателка. |
1879 | Љубен Каравелов — бугарски писател. |
1894 | Воислав Илиќ — српски поет. |
1919 | Ахмед Мухтар-паша — отомански голем везир. |
1924 | Владимир Илич Ленин — руски револуционер. |
1926 | Камилио Голџи — италијански лекар. |
1939 | Јонко Вапцаров — македонски револуционер. |
1940 | Кристофер — принц на Грција. |
1950 | Џорџ Орвел — англиски писател. |
1979 | Трајко Прокопиев — македонски композитор и диригент. |
2006 | Ибрахим Ругова — косовски политичар. |
2015 | Кемал Монтено — босански и југословенски поп-пејач. |
2020 | Тери Џонс — британски комичар, член на групата „Монти Пајтон“. |
2021 | Натали Делон — француска глумица. |
2021 | Бранка Станковска — македонска телевизиска и радио водителка. |
Настани
1506 | Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда. |
1727 | Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство. |
1964 | Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија). |
1978 | Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите. |
1990 | Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ . |
2001 | Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово. |
Родени
Починале
1919 | Карл Ларсон — истакнат шведски битово-историски сликар. |
1994 | Тели Савалас — американски глумец. |
1997 | Ордан Петлески — македонски академски сликар. |
2004 | Руди Шелиго - словенечки писател и политичар. |
2017 | Јаки Либецајт — германски рок-тапанар, член на групата Кен (Can). |
2021 | Хенк Арон — американски бејзбол играч. |
2022 | Аки Рахимовски — македонско-хрватски пејач, член на рок- групата Парни ваљак. |
2024 | Џиџи Рива — италијански фудбалер. |
Настани
1556 | Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери („јаодунг“) ископани во растресита глина. |
1793 | Русија и Прусија си ја поделиле Полска. |
1960 | Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан. |
1968 | Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг. |
1973 | Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам. |
1991 | Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје, а за претседател бил избран Милан Талевски од ВМРО-ДПМНЕ. |
2015 | Салман бин Абдулазиз станува Крал на Саудиска Арабија по смртта на брат му Абдула. |
Родени
1783 | Мари Анри Бејл (Стендал) — француски писател, основоположник на францускиот реализам. |
1832 | Едуар Мане — француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. |
1872 | Јоже Плечник — словенечки архитект. |
1878 | Отон Жупанчич — словенечки поет. |
1910 | Џанго Рајнхард — француски гитарист. |
1928 | Жана Моро — француска глумица. |
1940 | Питер Фонда — американски глумец. |
1943 | Гери Бартон — американски џез-музичар. |
1945 | Тито Петковски — македонски политичар, претседател на Нова социјалдемократска партија. |
1947 | Владан Холец — српски и југословенски глумец. |
1956 | Лаза Ристовски — српски рок-музичар, член на групите Смак и Бијело дугме. |
1962 | Ненад Грачан — хрватски фудбалер и тренер. |
1967 | Наим Сулејманоглу — турски кревач на тегови. |
1969 | Никола Ристановски — македонски глумец. |
1970 | Аријан Комазец — хрватски кошаркар. |
1982 | Карол Бјелецки — полски ракометар. |
1984 | Арјен Робен — холандски фудбалер. |
1996 | Рубен Лофтус-Чик — англиски фудбалер. |
2002 | Јошко Гвардиол — хрватски фудбалер. |
Починале
1744 | Џамбатиста Вико — италијански политички филозоф и реторичар. |
1837 | Џон Филд — ирски композитор од романтизмот. |
1862 | Димитрија Миладинов — македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник. |
1931 | Ана Павлова — руска балерина. |
1939 | Матијас Зинделар — австриски фудбалер. |
1944 | Едвард Мунк — норвешки експресионистички сликар. |
1989 | Салвадор Дали — шпански сликар. |
1995 | Вањо Хаџиев — повеќегодишен соработник на весникот „Нова Македонија“. |
1980 | Ернст Оцвирк — австриски фудбалер. |
2000 | Александар Христовски — македонски писател. |
2021 | Лари Кинг — американски телевизиски водител. |
2022 | Радован П. Цветковски — македонски писател. |
Настани
41 | Римскиот цар Калигула, познат по својата ексцентричност и суров деспотизам, е убиен од неговата незадоволна Преторијанска гарда. |
1848 | Започнува Калифорниската златна треска во Сакраменто. |
1946 | Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески. |
1991 | Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“. |
Родени
Починале
41 | Калигула — римски цар. |
1920 | Амедео Модиљани — италијански сликар. |
1929 | Васил Главинов — еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за Балканска Федерација. |
1965 | Винстон Черчил — британски политичар, државник и писател. |
2004 | Леонидас — бразилски фудбалер. |
2006 | Марија Мирчов - Скаловска — македонска оперска и концертна пејачка. |
2017 | Буч Тракс — американски блуз-музичар. |
2018 | Марк Е. Смит — англиски рок-музичар, член на групата „Фол“. |
Настани
1533 | Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катерина Арагонска. |
1579 | Во Утрехт побунетите покраини Холандија, Зеланд, Утрехт, Гелдерланд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадале Утрешки сојуз за борба против Шпанија. |
1904 | Излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“. |
1918 | Со цел да згасне контрареволуционерната побуна создадена е Црвената армија. |
1924 | Во францускиот град Шамони почнаа првите Зимски олимписки игри. |
1942 | Втора светска војна: Тајланд им објави војна на Велика Британија и САД. |
1955 | Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија. |
1971 | Во Уганда е извршен воен удар, по што на чело на државата доаѓа Иди Амин. |
1991 | Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија. |
1996 | Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија. |
1996 | Република Македонија и Белиз воспоставиле дипломатски односи. |
Родени
Починале
844 | Грегориј IV — римски папа. |
1756 | Кристоф Томас Шефлер — германски фрескописец. |
1824 | Теодор Жерико — француски сликар и графичар. |
1896 | Фредерик Лејтон — англиски сликар. |
1920 | Амадео Модиљани — италијански сликар. |
1987 | Асим Ферхатовиќ — босански и југословенски фудбалер. |
1987 | Предраг Милосављевиќ — српски и југословенски сликар, дипломат и писател. |
1990 | Ава Гарднер — американска глумица. |
2015 | Демис Русос — грчки поп-пејач. |
2017 | Џон Херт — англиски глумец. |
2019 | Душан Макавеев — српски и југословенски филмски режисер. |
2022 | Вим Јансен — холандски фудбалер. |
Настани
1531 | Лисабон го погодил катастрофален земјотрес при што загинаале околу 30.000 луѓе. |
1788 | 736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија. |
1827 | Перу прогласи независност. |
1841 | Прогласена британска сувереност над Хонгконг. По шест дена Кина била принудена да го отстапи на Велика Британија. |
1905 | Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати. |
1934 | Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер. |
1942 | Втора светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска. |
1946 | Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески. |
1950 | Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт. |
1993 | Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка. |
1994 | Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“. |
1994 | Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународен фонд за земјоделски развој (ИФАД). |
1996 | Американскиот сенат го одобри договорот „Старт-2“ за намалување на бројот на американските и руските јадрени ракети. |
2015 | Алексис Ципрас од Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) станува Премиер на Грција. |
Родени
1494 | Иполита Марија Сфорца — ќерка на Џан Галеацо Сфорца. |
1847 | Џон Бејтс Кларк — американски економист. |
1917 | Антонио Каладо — бразилски писател и новинар. |
1919 | Валентино Мацола — италијански фудбалер. |
1925 | Пол Њуман — американски филмски глумец и режисер. |
1928 | Роже Вадим — француски филмски режисер. |
1939 | Ѓело Јусиќ — хрватски композитор, аранжер, диригент и гитарист. |
1950 | Ратислав Ѓелмаш — српски и југословенски рок-тапанар. |
1951 | Јармила Кратохвилова — чехословачка атлетичарка. |
1951 | Енди Хамел — американски поп-рок музичар, член на групата Биг стар (Big Star). |
1953 | Лусинда Вилијамс — американска пејачка. |
1955 | Еди ван Хален — американски рок-гитарист, член на групата Ван Хејлен (Van Halen). |
1959 | Александар Станковски — македонски уметник. |
1959 | Салвадро Санчес — мексикански боксер. |
1963 | Милко Ѓуровски — југословенски и македонски фудбалер и тренер. |
1963 | Жозе Мурињо — португалски фудбалер и тренер. |
1973 | Брендан Роџерс — северноирски фудбалер и тренер. |
1975 | Анабела — српска пејачка. |
1977 | Винс Картер — американски кошаркар. |
1981 | Хуан Хосе Аедо — аргентински велосипедист. |
1984 | Јуриј Трофимов — руски велосипедист. |
1987 | Себастијан Џовинко — италијански фудбалер. |
1987 | Ригоберто Уран — колумбиски велосипедист. |
1987 | Гојко Качар — српски фудбалер. |
1990 | Петер Саган — словачки велосипедист. |
1991 | Николо Мели — италијански кошаркар. |
1991 | Алекс Сандро — бразилски фудбалер. |
2000 | Нуно Тавареш — португалски фудбалер. |
Починале
1823 | Едвард Џенер — пронаоѓач на вакцината против големи сипаници. |
1864 | Лео фон Кленце — германски неокласичен архитект. |
1961 | Сотир Ставридис — македонски хирург и уролог. |
1990 | Ава Гарднер — американска глумица. |
1996 | Јосиф Бродски — руски и американски поет. |
2000 | Дон Баџ — американски тенисер. |
2020 | Коби Брајант — американски кошаркар. |
2024 | Горан Петровиќ — српски писател, член на САНУ. |
Настани
1916 | Во Берлин е формирана социјалистичка револуционерна организација „Сојуз на спартаковците“, на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт. |
1945 | Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна. |
1995 | Република Молдавија и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи. |
Родени
Починале
1814 | Јохан Готлиб Фихте — германски идеалистички филозоф. |
1901 | Џузепе Верди — италијански композитор. |
1919 | Ендре Ади — унгарски поет. |
1860 | Јанош Бојаи — унгарски математичар. |
1940 | Исак Бабел — руски писател. |
1972 | Махалија Џексон — американска пејачка, позната како „кралица на госпелот“. |
2006 | Никица Калоѓера — хрватски композитор. |
2009 | Џон Апдајк — американски писател. |
Настани
1531 | Лисабон го погодил катастрофален земјотрес при што загинаале околу 30.000 луѓе. |
1788 | 736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија. |
1827 | Перу прогласи независност. |
1841 | Прогласена британска сувереност над Хонгконг. По шест дена Кина била принудена да го отстапи на Велика Британија. |
1905 | Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати. |
1934 | Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер. |
1942 | Втора светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска. |
1946 | Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески. |
1950 | Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт. |
1993 | Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка. |
1994 | Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“. |
1994 | Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународен фонд за земјоделски развој (ИФАД). |
1996 | Американскиот сенат го одобри договорот „Старт-2“ за намалување на бројот на американските и руските јадрени ракети. |
2015 | Алексис Ципрас од Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) станува Премиер на Грција. |
Родени
1457 | Хенри VII — англиски крал |
1540 | Лудолф ван Цојлен — германски математичар, познат по своите пресметки на бројот π |
1600 | Папа Климент IX — римски папа. |
1717 | Мустафа III — 26. султан на Отоманското Царство. |
1887 | Артур Рубинштајн — полско-американски пијанист. |
1912 | Џексон Полок — американски сликар. |
1928 | Славко Милосавлевски — македонски социолог. |
1936 | Исмаил Кадаре — албански писател. |
1949 | Грег Попович — американски кошаркарски тренер. |
1955 | Никола Саркози — француски политичар, 23. претседател на Франција |
1957 | Мирјана Карановиќ — српска и југословенска глумица. |
1958 | Едевалдо — бразилски фудбалер. |
1959 | Патрицио Олива — италијански боксер. |
1975 | Тим Монтгомери — американски атлетичар. |
1978 | Џанлујџи Буфон — италијански фудбалер. |
1978 | Џејми Карагер — англиски фудбалер. |
1982 | Михаел Гигу — француски ракометар. |
1983 | Дани Макели — холандски фудбалски судија. |
1984 | Андре Игуодала — американски кошаркар. |
1985 | Славица Ќуктераш — српска пејачка. |
1988 | Адријано Малори — италијански велосипедист. |
1999 | Димитар Митровски — македонски фудбалер. |
2000 | Душан Влаховиќ — српски фудбалер. |
Починале
592 | Гунтрам — крал на Франките. |
1547 | Хенри VIII — славен крал на Англија. |
1868 | Адалберт Штифтер — австриски писател, сликар и педагог. |
1919 | Франц Меринг — германски социолог и историчар, еден од водачите на левото крило на германската социјалдемократија и еден од основачите на Комунистичката партија на Германија. |
1972 | Дино Буцати — италијански писател. |
1996 | Јосиф Бродски — руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. |
1997 | Антонио Каладо — бразилски писател и новинар. |
2006 | Душко Трифуновиќ — српски поет. |
2016 | Пол Кантнер — американски рок-музичар, член на групата Џеферсон ерплејн (Jefferson Airplane). |
2023 | Том Верлејн — американски рок-музичар, член на групата Телевижн (Television). |
Настани
1573 | Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна“. |
1963 | Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница. |
1973 | Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент. |
Родени
1843 | Вилијам Макинли — претседател на САД. |
1860 | Антон Павлович Чехов — руски раскажувач и драмски писател. |
1866 | Ромен Ролан — француски раскажувач, романописец, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. |
1892 | Ернст Љубич — германско-американски режисер. |
1905 | Барнет Њуман — американски сликар. |
1924 | Лујџи Ноно — италијански композитор. |
1934 | Бранко Миљковиќ — српски и југословенски поет. |
1945 | Том Селек — американски глумец. |
1965 | Доминик Хашек — чешки хокеар. |
1966 | Ромарио — бразилски фудбалер и политичар. |
1969 | Саша Обрадовиќ — српски и југословенски кошаркар и тренер. |
1976 | Карстен Крон — холандски велосипедист. |
1980 | Иван Класниќ — хрватски фудбалер. |
1981 | Јордан Георгиевски — македонски фудбалер. |
1985 | Марк Гасол — шпански кошаркар. |
1997 | Јусуф Јазиџи — турски фудбалер. |
Починале
1962 | Фриц Крајзлер — австриско-американски композитор и виолинист. |
1992 | Иван Дојчинов — борец во Шпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание на АСНОМ, член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и носител на „Партизанска споменица 1941“. |
1992 | Вили Диксон — американски блуз-музичар. |
2005 | Ефраим Кишон — израелски писател, сценарист и режисер. |
2013 | Буч Морис — американски џез-музичар. |
2016 | Жак Ривет — француски режисер. |
2019 | Џејмс Инграм — американски поп-пејач. |
Настани
1889 | Австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Карл Јосиф Рудолф Хабсбург и неговата седумнаесетгодишна љубовница, баронесата Марија извршиле самоубиство во царската ловечка куќа во Маерлинг. |
1944 | На планината Кожуф генералштабот на НОВ и партизанските одреди на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ одржуваат советување. Одлучено е што поскоро да се изберат делегати од сите народни одбори од Македонија и да се забрза со подготовките за свикување на АСНОМ. |
1945 | Руска подморница го торпедирала и потопила германскиот брод „Вилхелм Густлов“, преполн со бегалци при што загинале над 9.000 лица. Тоа се смета за најголема поморска катастрофа во историјата. |
1948 | Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. |
1996 | Како прилог на весникот „Вечер“ излегол првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје — Стопанска комора на Македонија. |
Родени
133 | Дидиј Јулијан — римски цар. |
1491 | Франческо Марија Сфорца — син на Џан Галеацо Сфорца. |
1781 | Аделберт фон Шамисо — германски писател. |
1830 | Григор Прличев — македонски поет. |
1848 | Фердинанд Манлихер — австриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката. |
1875 | Климент Шапкарев — македонски револуционер. |
1878 | Дончо Лазаров — македонски револуционер. |
1882 | Франклин Делано Рузвелт — американски претседател. |
1883 | Јарослав Хашек — чешки писател. |
1894 | Борис III — цар на Бугарија. |
1909 | Харалампие Поленаковиќ — еден од основоположниците на историјата на македонската книжевност. |
1925 | Даглас Енгелбарт — американски пронаоѓач. |
1930 | Џин Хекман — американски глумец. |
1937 | Ванеса Редгрејв — британска театарска и филмска глумица. |
1937 | Борис Спаски — руски и советски шахист, светски првак од 1969 до 1972 година. |
1951 | Фил Колинс — англиски рок и поп-музичар. |
1954 | Чак Свирски — кошаркарски коментатор. |
1954 | Хусеин Хасанефендиќ — хрватски и југословенски рок-музичар, член на групата „Парни валјак“.. |
1956 | Дарко Рундек — хрватски и југословенски рок-музичар, член на групата „Хаустор“. |
1970 | Васил Шишков — македонски глумец. |
1974 | Кристијан Бејл — англиски глумец. |
1975 | Жунињо — бразилски фудбалер. |
1976 | Ѓорѓи Христов — македонски фудбалер. |
1981 | Димитар Бербатов — бугарски фудбалер. |
1981 | Питер Крауч — англиски фудбалер. |
1983 | Влатко Грозданоски — македонски фудбалер. |
1983 | Стив Морабито — швајцарски велосипедист. |
1985 | Ричи Порт — австралиски велосипедист. |
1987 | Арда Туран — турски фудбалер. |
1988 | Рамунас Навардаускас — литвански велосипедист. |
1989 | Џакомо Ницоло — италијански велосипедист. |
1995 | Маркос Љоренте — шпански фудбалер. |
Починале
1948 | Махатма Ганди — водач на индиското ослободително движење. |
2024 | Чита Ривера — американска танчерка и глумица. |
Настани
1945 | Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров. |
1958 | САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“. |
1994 | Швајцарската Конфедерација и Кнежевството Лихтенштајн воспоставиле дипломатски односи со Република Македонија. |
1994 | Во Скопје е основано Друштвото на македонско-турско пријателство и соработка. |
Родени
1624 | Арнолд Гелинкс — фламански филозоф и следбеник на Декарт |
1797 | Франц Шуберт — австриски композитор, претставник на музичкиот романтизам. |
1841 | Лаза Костиќ — српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. |
1911 | Баба Ванѓа — бугарска јасновитка. |
1921 | Марио Ланца — американски тенор. |
1923 | Норман Мајлер — американски писател. |
1927 | Ацо Караманов — македонски поет и борец во НОБ. |
1937 | Филип Глас — американски композитор. |
1943 | Ристо Василевски — македонски поет, есеист, критичар, преведувач. |
1964 | Џеф Ханеман — американски хеви-метал гитарист. |
1965 | Влада Стошиќ— српски фудбалер. |
1969 | Ивана — бугарска пејачка. |
1981 | Џастин Тимберлејк — американски поп-музичар и глумец. |
1982 | Елена Папаризу — грчка пејачка. |
1983 | Фабио Кваљарела — италијански фудбалер. |
1984 | Џереми Воринер — американски атлетичар. |
1985 | Каломира — грчка пејачка. |
1997 | Мелвин Ричардсон — француски ракометар. |
2000 | Хулиан Алварес — аргентински фудбалер. |
Починале
1632 | Јост Бирги — швајцарски часовничар и математичар. |
1933 | Џон Голсфорди — англиски писател. |
1948 | Махатма Ганди — индиски национален водач. |
1973 | Рагнар Фриш — норвешки економист, добитник на Нобеловата награда во 1969 година. |
1979 | Грант Грин — американски џез-музичар. |
2007 | Мухамед Џамал Калифа — саудиски претприемач и зет на Осама Бин Ладен. |
2015 | Удо Латек — германски фудбалер и тренер. |