Порече

(Пренасочено од Поречие)

Порече (Поречие, Поречје) — етногеографска област во западниот дел на Македонија, долж течението и целата долина на реката Треска од двете нејзини страни.[1]

Поглед кон вештачката акумулација Козјак од планинскиот врв Фојник висок 1.421 м
Реката Треска во Поречието
Поглед на планината Јакупица

Од сите страни областа е заградена со планини и тоа,

Релјефно, целата област е котлина, односно ја опфаќа долината на реката Треска.

Административно целата област е во составот на Општина Македонски Брод (од 1996 до 2004 година беше поделена помеѓу општините Македонски Брод и Самоков).

Население

уреди
 
Самоков, едно од поголемите поречки села

Областа отсекогаш била населена со македонско христијанско население и слично како и областа Мариово во времето на османлиското владеење не било забележано исламизирање, иако во многу блиски области тоа зело големи размери (Пласница и селата во Прилепското Поле). Според пописот од 2002 година, Поречје брои 7.141 жител од кои:

Голем дел на население од Порече се има иселено во тетовското село Брвеница и околните тетовски села, Тетово, Гостивар (особено населбата Циглана), Кичево, прилепските села во Општина Долнени, Прилеп, Скопје, а по Втората светска војна голем дел од населението на Порече се има населено во Војводина (Качарево, Јабука, Пландиште) како колонизатори на испразнетите имоти на Германци.

Населено Место 1900 1905 1917 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Белица 206 320 402 368 415 376 359 241 170 146 106
Бенче 200 240 369 437 264 122 43
Битово 200 200 230 288 316 314 305 216 108 85 63
Близанско 20 160 22 58 101 114 130 90 65 52 37
Брезница 280 240 318 295 319 332 349 186 97 94 49
Брест 204 160 238 378 439 405 427 325 253 234 189
Вир 290 280 296 245 171 76 18
Волче 85 144 160 244 275 289 294 129 45 33 7
Горни Манастирец 410 480 540 255 253 214 136 65 34 21 19
Горно Ботушје 410 400 570 518 574 140 22
Горно Крушје 512 560 352 417 419 382 327 192 80 66 44
Грешница 450 400 314 298 312 229 158 105 73 39 27
Девич 210 160 113 223 259 264 215 171 141 125 86
Долни Манастирец ... ... ... 242 329 309 232 243 152 133 169
Долно Ботушје ... ... ... 422 491 511 443 164 68 51 34
Долно Крушје ... ... 155 138 143 137 129 69 29 36 23
Драгов Дол 40 40 68 115 130 141 80 46 33 24 23
Дреново 220 250 214 240 187 121 59 45 38 33
Заград 90 96 80 102 115 117 114 72 34 26 17
Звечан 190 240 332 301 307 294 286 203 122 120 70
Здуње 260 320 264 474 522 533 352 88 26 23 20
Зркле 180 160 208 240 188 276 218 200 114 104 86
Инче 100 160 128 162 157 158 108 72 53 45 30
Калуѓерец 180 160 183 175 181 162 150 136 73 73 47
Ковач 240 400 296 ... 237 201 168 119 100 79 54
Ковче 24 24 34 85 67 33 8
Косово 176 240 229 313 344 332 318 235 131 100 67
Крапа 600 560 707 704 764 612 390 183 113 93 69
Лаг
Локвица 840 136 675 781 868 870 567 208 132 119 99
Лупште 286 320 423 460 396 327 270 159 119 90 67
Македонски Брод 350 320 278 567 628 947 1.219 1.961 3.277 3.358 3.740
Могилец 235 240 328 237 242 194 166 114 60 58 27
Модриште 165 144 124 233 263 260 167 87 97 86 39
Рамне 170 240 312 380 325 168 31
Растеш 245 240 305 394 461 492 456 218 124 92 58
Самоков 5 400 238 367 171 270 209 194 212 292 288
Сланско 560 600 587 599 612 579 406 303 245 218 169
Слатина 400 520 426 286 271 265 182 130 60 51 30
Старо Село 336 320 ... 78 ... ... 65 23 10 7 ...
Суводол 210 160 51 223 259 264 215 171 141 125 86
Сушица 260 320 245 252 241 167 117 74 25 24 13
Тажево 215 200 214 233 258 248 218 87 23 24 7
Томино Село 320 320 281 222 237 212 182 116 66 56 44
Тополница 230 320 265 303 315 253 180 106 71 63 36
Требино 65 16 55 160 147 211 189 176 206 204 198
Требовље 180 256 142 187 170 164 96 44 20 18 13
Црешнево 505 640 411 522 604 579 483 358 267 231 169

Стопанство

уреди

Населението главно се занимава со земјоделство и сточарство. Од полјоделските култури се одгледува пченката, тутунот и градинарските култури. Низ целата област богатството од најрзановиден вид на шуми ја прави дрвосечата за огрев и мебел една од главните стопански гранки. Најзастапени се листопадните шуми (околу 90%) и тоа костенот, оревот, буката, дабот итн. Индустријата е слабо развиена, главни индустриски објекти во Порече се фабриката „Сувенир“ од с. Самоков, и тутунската, текстилната и металопреработувачката кои се застапени во Македонски Брод. Со изградбата на хидроелектричната централа и вештачкото езеро Којзак, регионот стана и туристички познат. Пештерата Пешна, многуте спелеолошки богати процепи и пештери, манастирите и природните убавини придонесуваат за туристичката атрактивност на областа. Во помала мера застапено е и ископувањето на камен за градежништвото.

Историја

уреди

Камено време

уреди

Население и населби во Порече имало уште од старото камено време, за што се пронајдени остатоци од населби. Од тоа време се пронајдени предмети во училишниот двор на селото Ижиште.

Античко време

уреди

Најстари жители биле елините, од кои останале повеќе остатоци како на пример во Томино Село во месноста викана Гркови куќишта. Во Горно Крушје има остатоци на градби во месноста викана Гркоец. Кај селото Локвица има остатоци од некогашна населба, за која се смета дека била град на елините. За повеќе стари тврдини се смета дека се од римско време, како што се црквите во Модриште и Тажево, калето меѓу Бенче и Ковач.

Среден век

уреди

По доаѓањето на Словените и во средновековниот период Порече било населено од македонското словенско племе Брсјаци (Берзити), а била основана и првата македонска Склавинија. Во XI век целата област била во составот на Самуиловото Царство.

Османлиски период

уреди

Османлиската власт формира своја локална власт и извршува територијална поделба. Селата од левата страна на реката Треска биле припоени на Кичевската нахија, била формирана локална власт — мудурлук во селото Самоков. Селата од десната страна на реката Треска биле припоени кон Прилепската нахија. Селото Црешнево било припоено кон Велешката нахија, а селото Брезница кон Скопската нахија.

За обезбедување на мудурлукот ва Самоков, била донесена редовна турска војска и е направена кашла. На селаните им било дадено право да си поставуваат селски коџобашии и ази (одборници) кои имале функција кога ќе дојде некој од претставниците на власта (јазаџија, беглајлија, спаија, јумрукџија или заптија) да им ги претстави селаните. Полјакот во селото бил поставуван од страна на мудурот. За коџобашии и ази биле поставувани поимотните домаќини во селото. Коџобашиите за секоја кужа отворале рабуш, врз кој со нож ги бележеле платените пари во лири, череци, бели меџидии, грошоци, акчиња и аспри.

Во Порече немало населени бегови.

По доаѓањето на Турците на балканот, во првиот период Порече било дел од вазалното владетелство на Кралe Марко. Од овој период сведочат остатоците од тврдина во пештерата Пешна, остатоци од тврдини на повеќе други места и повеќето манастири изградени во средновековниот период. Во средината на XIX век, позната македонска револуционерна дејност во Порече создал познатиот македонски војвода Димче Латовче од селото Латово, кој се поврзал со една група на напредни револуцинери од Охрид, Крушево, Битола со кои планирале востанички акции во западниот дел на Македонија.

Македонска револуционерна организација

уреди

Во 1901 година во поречките села влегуваат неколку војводи на Македонската револуционерна организација со своите чети со цел да формираат комитети и нови чети. Прв доаѓа војводата Стојан Леринецот со седум души. Прв реонски комитет се формира на подрачјето на Рабетинска Река и тоа за селата на Горно Порече. За претседател на комитетот е поставен Милан Стреоски од с. Орланци, за благајник и дешифрант на писмата Ванѓел Тарунџиоски од с. Ижиште. Реонскиот комитет раководел со целокупната револуционерна активности и дава напатствија за натамошната работа, Членовите на комитетот по селата организирале селски револуционерни комитети. Селски комитети се формирани во селата: Ижиште, Ореовец, Латово, Козичино, Светораче, Орланци, Речани, Дворци, Доленци, Локвица и др.

Димо Грозданоски од Горно Крушје е еден од најголемите револуционери и организатори на ВМРО во Порече, соработувал со Даме Груев, одејќи по селата и организирајќи ги масите во Организацијата. За да ја прикрие својата активност Димо одел по селата на Битола, Прилеп и Велес, преоблечен во цигански алишта заедно со некоја циганка од Кичево. Димо успеал да формира нови комитети таму каде што немало а таму каде што имало формирано им давал нови задачи. 1902 година Димо бил откриен од Турците, фатен и осуден на 101 година затвор. Лежел во битолскиот затвор, од каде бил ослободен во 1903 година од страна на Комитетот, во очи на Илинденското востание. На излегување од затворот, убил еден стражар по што бил повторно фатен и осуден на 101 година затвор. Одлежал во затвор до крајот на 1904 година кога преку рускиот конзул во Битола успеал да се ослободи. После тоа ја продолжува својата револуционерна должност. Станува комита во четата на Мицко од Латово. Пролетта 1905 година е сардисан во селото Горно Крушје и по долга борба со турскиот аскер е убиен.[1]

Со текот на времето сè повеќе се формирале селски револционерни комитети во кои покрај мажи членувале и жени. Меѓу првите жени член на селските комитети била и Божана Филипоска од Горно Куршје.

Селото Сланско било прочуено по војводата Ѓурчин, кој уживал голем авторитет меѓу населението.

Ѓорѓи Сугаре во 1902 г. формира селски револуционерни комитети во селата Грешница, Девич, Слатина, Драгов Дол, Горни и Долни Манастирец.

Подоцна комитети биле формирани во селата Здуње, Брест и Рамне во кои масовно членувале на доброволна основа и жените.

Една од главните задачи на комитетите била да го снабдува населението со оружје. Врз основа на големината на имотите на селаните бил определуван данок од кој се купувале пушки и муниција. Некои од побогатите селани сами си купувале оружје.

Со формирање на реонските и селските револуционерни комитети се создадени можности за формирање на вооружени чети. Во почетокот се формирале четите на Ѓурчин војводата во Сланско, Арсо војводата во Локвица, Бошко војводата во Вир, Зафир војводата во Лупште и други. Во нивните чети имало преку сто постојани четници до селата

Илинденско востание

уреди

Српска окупација

уреди

Кон крајот на XIX век и во почетокот на XX век, во Порече била многу силна српската пропаганда. Српската пропаганда била толку силна што Порече било познато и како „Мала Шумадија“. Но постоеле и неколку села во кои лежиште нашла бугарската пропаганда како на пример селото Локвица (познато и како „Мала Софија“).

По укинувањето на солунскиот фронт, германската и бугарската војска отстапуваат во 1918 година. Во Порече се задржува српската војска. Формиран е Поречки Срез, за началник е поставен Боро Марковиќ. Срезот формира општини во истите места како во 1912 година. Претседателите на општините биле поставувани со декрет. Воспоставени биле: Општина Брод, Општина Дебреште и Пласничко-Рабетинска Општина. Општински избори биле спроведени на 28 август 1920 година.

На 28 ноември 1920 спроведени биле парламентарните избори. Поречкиот Срез немал свој кандидат, поради недоволен број на избирачи, затоа избираат кандидат од Тетовскиот Срез.

Втора светска војна

уреди

Во текот на Втората светска војна од Порече имало голем број на македонски партизани, а на целото подрачје дејствувала VI македонска ударна бригада.

Етнологија

уреди

Етонграфски населението на Порече спаѓа во брсјачката (берзитска) етногеографска група на Македонскиот народ. Населението бележи голема блискост и има многу сличности со населението од Охридско, а највеќе од областа Дебрца, поради што се претпоставува дека дел од населението на Порече и Дебрца е населено во Македонија од Албанија поради албанските напади. Дијалектот кој се говори во Порече е еден од народните говори кои се најблиски до македонскиот литературен јазик (не се забележуваат србизми, Турцизми и останати странски зборови). Поречкиот крај е богат и со народно творештво (легенди, преданија, песни, приказни), а дел од него е застапено и во збирката на Марко Цепенков. Како и останатите македонски области и Порече има своја специфична народна носија.

Потекло на името

уреди

Постојат неколку народни преданија за потеклото на името на областа.

  • Според едно народно предание името потекнува од самата место положба односно „по река“, т.е. по течението на реката (Треска) со додавката -ие (односно -је) за географска област со што се добило денешното име Порече.[1]
  • Според друго народно предание, името е добиено за време на османлиското владеење, по историскиот настан, кога турксата власт ги присилувала селаните да се потурчат. Тие прво се согласиле, а после, по укажувањата на поп Ковил од село Косово, порекле, откажале да ја прифатат исламската вера.[1]

Села во Поречието

уреди
 
Традиционална архитектура во село Лупште

Порече се дели на Горно и Долно Порече, спротивно на месноста и течението на реката Треска, во долниот дел на Треска се вика Горно Порече, а во горниот дел Долно Порече.

Во Долно Порече, од левата страна на реката Треска се селата: Ижиште, Ореовец, Русјаци, Брод (старо село), Требино, Девич, Грешница, Слатина, Манастирец, Тополница, Горно Крушје и Долно Крушје, а од десната страна: Дворци, Пласница, Латово, Сланско, Дреновци, Локвица, Крапа, Црешнево, Модриште, Горна Белица и Долна Белица, Суводол, Драговдол и Вир.

Во Горно Порече, од левата страна на реката Треска се селата: Самоков, Зркле, Звечан, Томино Село, Сушица, Лупште, Ковач, Бенче, Инче, Могилец, Горно Ботушје и Долно Ботушје, Битово, Заград, Растеш, Брест, Косово, Требовље, Здуње, Рамне, а од десната страна: Тажево и Пуста Брезница.

Поречките села не се големи, во нив има најмногу по десетина куќи, расположени на отворена, честопати стрмна и разбранувана падина на ридовите или на плоскава планинска форма. Селата ги сочинуваат маал а својата посебност му ја должат на генеалошката разграниченост на селото. Селаните потекнуваат од општиот митски предок, еден од основачите на селото, доколку во согласност со традицијата тие биле неколку или пак еден од неколкуте синови на првиот прапрадедо на целата селска група.[2]

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982
  2. Јозеф Обрембски, Македонски етносоциолошки студии

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди