Ардени

низок планински венец во Белгија
(Пренасочено од Ардените)

Ардени (француски: Ardennes; луксембуршки: Ardennen, валонски: Årdene од келтски: Arduenna, „вис“ или Ar Duen, „црн“) или Арденска Шума — низок планински венец во сливовите на реките Мозел и Меза кој се одликува со пространи богат со шумски предели. Геолошки претставува западен продолжеток на венецот Ајфел создаден во геолошкиот период девон[1] заедно со него и другите венци во системот.

Ардени
Поглед на Фран во свиокот на реката Семоа
МестоВалонија, Белгија;
Езлинг, Луксембург;
департман Ардени и регион Шампања-Адрени, Франција
Површина11.200 км2
Управно телоНП „Шампања/Адрени“
НП „Фирфоз“
Местоположба на Ардените
Геолошка карта на Ардените
Високите Мочуришта

Венецот се протега претежно во Белгија и Луксембург, но навлегува и во Германија и Франција (давајќи им го името на департманот Ардени и регионот Шампања-Ардени), а геолошки продолжува во Ајфел—источниот дел од Арденската Шума навлегува во округот Битбург-Прим, Германија, додепа пак најголемиот дел од самите Ардени е сместен во југоисточна Валонија, јужна Белгија. Јужниот дел од Ардените пак, го опфаќа источниот дел на Велевојводството Луксембург, а на југоисток, Ајфел продолжува во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, Германија.

Поради своето богатство од дрво и реки, Ардените играле важна улога како добавувач на дрвен јаглен во значајниот индустриски период на Валонија во XVIII и XIX век, кога таа станала второто индустриско подрачје во светот, веднаш по Англија. Поширокиот регион ја задржил индустриската важност и во XX век, кога камениот јаглен го заменил дрвениот како средство во металургијата.

Областа имала воено значење во двете светски војни. Војсководците на Сојузничките сили во Втората светска војна сметале дека оваа област е непроодна за поголеми групи оклопни и товарни возила, па затоа во неа не поставувале речиси никаква одбрана. Искористувајќи го ова, германската војска на двапати ги искористила Ардените како премин во северна Франција и јужна Белгија преку Луксембург — еднаш во Битката за Франција и потоа, во подоцнежната Арденска битка (Арденска офанзива).

Географија

уреди

Најголемиот дел од Ардените е прекриен со густа шума, а ридовите имаат просечна висина од 350–400 м, но се издигаат до преку 694 м во калливите вресишта во областа Високи Мочуришта (Hautes Fagnes, Hohes Venn) во југоисточна Белгија. Ова подрачје се одликува со стрмни долини низ кои течат брзи реки, од кои најзабележителна е Меза. Најнајселени градови се Вервје во Белгија и Шарлевил Мезјер во Франција — обата со преку 50.000 жители. Меѓутоа, Ардените се релативно слабо населени со само неколку града поголеми од 10.000 жители, а со малку исклучоци како Ојпен (Епен) или Бастоња.

Венецот Ајфел во Германија се надоврзува на Ардените како дел од една иста геолошка образба, но сепак, венците секогаш се сметаат за посебни.

Највисоки врвови

уреди
  • Сињал де Ботранж со 694 м — највисок врв на Високите Мочуришта, покраина Лиеж
  • Вајсер Штајн со 692 м во Миринген, покраина Лиеж
  • Барак Мишел (Михелсхите) со 674 м, покраина Лиеж
  • Барак де Фретир со 652 м — највисока точка на висорамнината Тај, покраина Луксембург
  • месноста Галата со 589 м — највисока точка на висорамнината Сен Ибер, покраина Луксембург.
  • Кроа-Скај со 504 м, на кој се наоѓа Милениумската кула (Tour du Millénaire), покраина Намир (на француско-белгиската граница)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Gerrard, John, Mountain Environments: An Examination of the Physical Geography of Mountains, MIT Press, 1990, стр. 16.

Надворешни врски

уреди