Вилхелм Конрад Рентген
Вилхелм Конрад Рентген (германски: Wilhelm Conrad Röntgen 27 март 1845 - 10 февруари 1923) — германски физичар, професор на неколку универзитети во Германија. Во 1895 г. ги открил т.н. икс-зраци — електромагнетни бранови, подоцна наречени „рендгенски“ и за тоа откритие во 1901 ја доби Нобеловата награда за физика.[1] Во чест на неговиот успех во 2004 г. Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC) по неговото име го именувала хемискиот елемент 111, рендгениум, радиоактивен елемент со бројни нестабилни изотопи.
Вилхелм Конрад Рентген | |
---|---|
Роден(а) | 27 март 1845 Ремшајд, Рајнска покраина, Германија |
Починал(а) | 10 февруари 1923 Минхен, Германија | (возр. 77)
Националност | Германец |
Полиња | Физика Рендгенска астрономија |
Установи | Стразбуршки универзитет Хохенхемски универзитет Гисенски универзитет Вирцбуршки универзитет Минхенски универзитет |
Образование | ЕТХ Цирих Циришки универзитет |
Докторски ментор | Август Кунт |
Докторанди | Херман Марк Абрам Јофе Ернст Вагнер Рудолф Ладенбург Емил Силбернагел |
Познат по | рендгенски зраци |
Поважни награди | Матеучиев медал (1896) Румфордов медал (1896) Елиот Кресонов медал (1897) Барнардов медал (1900) Нобелова награда за физика (1901) |
Потпис |
Биографија
уредиКариера
уредиВо 1865, се обидел да го посетува Утрехтскиот универзитет без да поседува основни средства кои му се потребни на еден регуларен студент. По дознавањето дека може да го примат во ЕТХ Цирих, ги поминал испитите, и таму ги започнал студиите како студент по машинство. Во 1869, добил признание за доктор по филозофија од Циришкиот универзитет. Таму тој му станал најомилен ученик на професорот Август Кунт, кого го следел до Стразбуршкиот универзитет во 1873.[2]
Во 1876 Рентген предавал во Стразбуршкиот универзитет. Во 1875 станал професор во Академијата за земјоделство во Хохенхем. Се вратил во Стразбур како професор по физика во 1876 и во 1879 бил назначен за претседател на физика во Минхенскиот универзитет, по посебно барање на баварската влада. Рентген имал семејство во Ајова во САД и некое време планирал да емигрира. Иако ја прифатил средбата во Колумбискиот универзитет во Њујорк и всушност купил трансатлантски карти, избувнувањето на Првата светска војна му ги сменило плановите и останал во Минхен до крајот на својата кариера.
За време на 1895, Рентген ги истражувал надворешните ефекти на разни видови на опрема за вакуум-цевки, апарати од Хајнрих Рудолф Херц, Јохан Вилхелм Хиторф, Вилијам Крукс, Никола Тесла и Филип Ленард, кога електрично празнење поминува низ нив.[3][4] Во почетокот на ноември, тој повторувал експеримент со една од цевките на Ленард во кои тенко алуминиумско прозорче е додадено за да овозможи катодните зраци да излезат од цевката, но бил додаден картон за да спречи оштетување на алуминиумот од силното електростатичко поле кое било неопходно за произведување на катодните зраци. Тој знаел дека картонскиот капак ја спречувала светлината да излезе, сепак Рентген набљудувал дека невидливите катодни зраци предизвикувале флуоресцентен ефект на мал картонски екран обоен со бариум платиноцијанид кога ќе се постави близу алуминиускиот прозорец. Рентген увидел дека Хиторф-Круксовата цевка, која имала многу потенок стаклен ѕид од таа на Ленард, може да го предизвика овој флуоресцентен ефект.
Доцна попладнето на 8 ноември 1895, Рентген решил да ја тестира неговата идеја. Внимателно конструирал црн картонски капак сличен на оној кој го користел на ленардовата цевка. Ја покрил Хиторф-Круксовата цевка со картонот и прикачил електрода на индуктор за да генерира електростатичен полнеж. Пред да го постави бариум платиноцијанидниот екран за да ја испроба неговата идеја, Рентген ја затемнил собата за да ја тестира непровидноста на неговиот картонски капак. Како што го ослободил полнежот од индукторот низ цевката, заклучил дека капакот пропуштал светлина и почнал да се подготвува за наредниот чекор од експериментот. Токму во тој момент Рентген забележал слабо треперење од клупа неколку метри оддалечена од цевката. За да се осигура, испробал уште неколку празнења и го забележувал истото треперење секој пат. Запалил чкорче и открил дека треперењето доаѓа од местото на бариум платиноцијанидниот екран кого се подготвувал следен да го употреби.
Рентген претпоставил дека нов вид на зрак е предизвикувач на тој ефект. Во петок на 8 ноември, за време на викендот повторно го извел својот експеримент и ги направил првите забелешки. Во текот на следните седмици тој јадел и спиел во својата лабораторија како што постепено истражувал многу својства на новите зраци кои привремено ги нарекол „Х-зраци“ („Икс-зраци“) исто така познати и како рендгенски зраци, употребувајќи ја математичката ознака „Х“ (икс) за радиограмските рендгенски зраци како "Röntgenograms".
Речиси две недели по неговото откритие, со употреба на Х-зраците ја направил првата слика од раката на неговата жена Ана Берта Лудвиг. Кога го видела нејзиниот скелет на сликата таа извикала: „Си ја видов смртта!“.[5]
Во еден момент додека ја истражувал способноста на разни материјали кои ги спречуваат зраците, Рентген наместил мало оловно парче на позиција за време на празнење. Тогаш Рентген ја видел првата радиографска слика, неговиот проѕирен скелет на бариум платиноцијанидниот екран. Подоцна одлучил да продолжи со изведување на неговите експерименти во тајност бидејќи се плашел за неговата професионална репутација во случај неговите претпоставки да биле погрешни.
Оригиналното дело на Рентген, „За нов вид на зраци“ (германски: Über eine neue Art von Strahlen), било објавено на 28 декември 1895. На 5 јануари 1896, австриски весник го објавил откритието на Рентген за нов вид на зрачење. По ова откритие Рентген добил почесна награда од Вирцбуршкиот универзитет. Објавил вкупно три дела за Х-зраците помеѓу 1895 и 1897. Денес, Рентген се смета за татко на дијагностичката радиологија, медицинската специјалност која користи рендгенски снимки за одредување на болести.
Колекција на неговите дела се наоѓа во Националната медицинска библиотека во Бетесда, Мериленд.[6]
Личен живот
уредиРентген е роден во Ленет во провинцијата Долна Рајна во Германија. Тој бил единственото дете на трговец и производител на материјали. Рентген бил воспитан во Холандија откако тој и неговото семејство се преселило во Апелдорн во 1848 година каде што го примил своето прво образование во Институтот на Мартин Херман ван Дорн, интернат, а во 1861 година образованието го продолжил во Техничкото училиште воУтрехт. За жал, во 1863 година тој бил избркан неправедно од неговото училиште, откако бил обвинет за шега што друг ученик ја извршил. Иако Рентен не бил посебно надарен за училишни работи, тој бил добар во градењето на механички работи, талент кој му овозможил да изгради многу од своите експериментални уреди подоцна во неговиот живот.
Рентген се оженил со Ана Берта Лудвиг во 1872, а се развеле во 1919. Заедно имале едно дете, Џозефин Берта Лудвиг, посвоена во 1887, ќерка на братот на Ана.[7] Рентген починал на 10 февруари 1923 од карцином на дигестивниот тракт.[8] Не се верува дека карциномот бил последица од неговата работа со јонизирачко зрачење затоа што не поминувал многу време на такво истражување, исто така поради тоа што бил еден од неколкуте пионери на ова поле кои секојдневно користеле заштитна опрема.[5]
Рентген не ги патентирал своите откритија, а парите од неговата Нобелова награда за физика ги донирал на Вирцбуршкиот универзитет. Со инфлацијата по Првата светска војна, Рентген подоцна во животот банкротирал, поминувајќи ги своите последни години од животот во домот во Ваилхајм, близу Минхен.[3] По негова желба, неговата лична и научна кореспонденција била уништена по неговата смрт.[9]
Почести и награди
уредиВо 1901 Нобеловата награда за физика првпат му била доделена на Рентген. Наградата била официјално „за откривање на особено важните зраци именувани по неговото име“. Рентген ја донирал паричната награда од Нобеловата награда во неговиот универзитет. Како и Пјер Кири, Рентген одбил да го патентира неговото откритие затоа што сакал човештвото како целост да има корист од ова откритие.
- Румфордов медал (1896)
- Матеучиев медал (1896)
- Елиот Кресонов медал (1897)
- Нобелова награда за физика (1901)
- Барнардов медал (1900)
- Во ноември 2004 Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC) го именувал елементот број 111 во рендгениум (Rg) во негова чест.
Во ноември 2011 г. сојузот го прифатил името.
Наследство
уредиДенес, во Ремшајд-Ленеп, 40 километри источно од Диселдорф, куќата во која е роден Рентен во 1845 е германскиот музеј „Рентген“.[10] Во Вирцбург, каде што ги открил Х-зраците, непрофитна организација ја одржува неговата лабораторија и овозможува тури во Меморијалната мапа „Рентген“.[11]
Наводи
уреди- ↑ Novelline, Robert. Squire's Fundamentals of Radiology. Harvard University Press. 5th edition. 1997. ISBN 0-674-83339-2 p. 1.
- ↑ Trevert, Edward (1988). Something About X-Rays for Everybody. Madison, WI: Medical Physics Publishing Corporation. стр. 4. ISBN 0-944838-05-7.
- ↑ 3,0 3,1 Nitske, Robert W., The Life of W. C. Röntgen, Discoverer of the X-Ray, University of Arizona Press, 1971.
- ↑ Agar, Jon (2012). Science in the Twentieth Century and Beyond. Cambridge: Polity Press. стр. 18. ISBN 978-0-7456-3469-2.
- ↑ 5,0 5,1 Landwehr, Gottfried (1997). Hasse, A (уред.). Röntgen centennial: X-rays in Natural and Life Sciences. Singapore: World Scientific. стр. 7–8. ISBN 981-02-3085-0.
- ↑ „Fundamental contributions to the X-ray : the three original communications on a new kind of ray / Wilhelm Conrad Röentgen, 1972 1972“. National Library of Medicine.
- ↑ Glasser (1933: 63)
- ↑ Glasser, Otto (1933). Wilhelm Conrad Röntgen and the Early History of the Roentgen Rays. London: John Bale, Sons and Danielsson, Ltd. стр. 305. OCLC 220696336.
- ↑ name="Landwehr"
- ↑ Deutsches Röntgen-Museum at www.roentgen-museum.de
- ↑ Röntgen Memorial Site at www.wilhelmconradroentgen.de
Надворешни врски
уреди„Вилхелм Конрад Рентген“ на Ризницата ? |
- Biography at the official Nobel site Архивирано на 30 август 2008 г.
- Annotated bibliography for Wilhelm Rontgen from the Alsos Digital Library[мртва врска]
- Wilhelm Conrad Röntgen Biography
- The Cathode Ray Tube site
- First X-ray Photogram
- The American Roentgen Ray Society Архивирано на 14 мај 2019 г.
- Deutsches Röntgen-Museum (Германси музеј „Рентген“, Ремшајд - Ленеп)
- WC Roentgen – Medcyclopedia
- Röntgen Rays: Memoirs by Röntgen, Stokes, and J.J. Thomson (circa 1899)
- Some places and memories related to Wilhelm Conrad Roentgen on Himetop – The History of Medicine Topographical Database Архивирано на 15 декември 2018 г.
- The New Marvel in Photography, артикл и интервју со Рентген, во магазинот „McClure's“, Том. 6, Бр. 5, април 1896, од Проект Гутенберг
- Вилхелм Конрад Рентген на Find a Grave (англиски)