Врбица Стефанов (роден 19 декември 1973 во Кавадарци) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец, како и поранешен помошник тренер на македонската репрезентација и клупски тренер. Врбица е висок 188 см и тежок 75 кг.

Врбица Стефанов
Врбица шутира слободно фрлање на дополнителните квалификации во Менорка за Европското Првенство во кошарка во 2007.
Врбица шутира слободно фрлање на дополнителните квалификации во Менорка за Европското Првенство во кошарка во 2007.
ПозицијаРазигрувач (како кошаркар)
Тренер
Висина1,88 м
Тежина75 кг
Роден19 декември 1973(1973-12-19)(50 г.)
Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Драфт1995 / Не драфтуван
Проф. кариера1992–2009
Клубови
  • МЗТ Аеродром (1992-1998)
  • Работнички (1998-1999)
  • Пинар Каршијака Турција (1999-2000)
  • АЕК Атина Грција (2000-2001)
  • Монтепаски Сиена Италија (2001-2005)
  • Фенербахче Улкер Турција (2005-2006)
  • Црвена ѕвезда Србија (2006)
  • Олимпијакос Грција (2006-2007)
  • Монтепаски Сиена Италија (2007)
  • Мерсин БСБ С.К. Турција (2007-2008)
  • Виве Менорка Шпанија (2008-2009)
Репрезентација
Награди
  • Македонски спортист на годината 1998
  • Македонски спортист на годината 1999
  • Македонски спортист на годината 2000
  • Грчки Ол Стар 2001
  • Македонски спортист на годината 2001
  • Македонски спортист на годината 2003
  • Италијански Ол Стар 2005
Инфо од: 02.02.2017.

Тој играл на позицијата разигрувач. Тој е повеќекратен освојувач на првенства и купови, како во Македонија, така и на европската сцена. Кариерата ја завршил во 2009 година на 35 години, по една деценија кариера по европските клубови и претставување на Македонија во најдобро можно светло. Во својата клупска кариера, Стефанов настапувал за МЗТ Аеродром, Работнички, Пинар Каршијака, АЕК, Монтепаски, Фенербахче, Црвена ѕвезда, Олимпијакос, Мерсин и Менорка. Врбица Стефанов во меѓународната клупска кариера одиграл над 100 натпревари, постигнал над 1000 бода и имал над 300 асистенции. Ја пишувал историјата на клубовите во кои играл и ја пишувал историјата на македонската кошарка.[1]

Врбица Стефанов е синонимот за македонската кошарка од 2000 до 2010 година.

Историја

уреди

Домашна кариера

уреди

Врбица Стефанов својата професионална кариера ја започнал во МЗТ Аеродром, каде го освоил Купот на Македонија во 1996 и 1997 година, иако на домашната сцена доминирала екипата на Годел Работнички. Во сезоната 1998-99 се сели во вечниот соперник Работнички каде се задржал една сезона, но доволно за да ја освои шампионската титула.

1999-2001

уреди

Со крајот на 20-от век, Врбица Стефанов за првпат се решил да проба надвор од Македонија, изборот паднал на турската екипа Пинар Каршијака со кој имал успешна сезона завршувајќи на високата 5-та позиција, а играле и во Купот Кораќ. По добрите игри во Турција, стигнал повик од Душан Ивковиќ да се пресели во АЕК Атина кој Врбица го прифатил. Со АЕК Атина во сезоната 2000-2001 успеал да дојде трофејот во Купот на Грција, прв меѓународен трофеј за него, а во финалето против Панатинаикос (66-64) постигнал 20 бода и 3 асистенции. Како член на АЕК дебитирал во Евролигата, каде имал доста успешна сезона и стигнал до полуфиналето, во својата прва сезона имал просек од 9,9 бода, 2,6 скока, 2,3 асистенции и 1,4 украдени топки од натпревар и имал одиграно 18 натпревари од кои 17 како стартер.

Во Монтепаски

уреди

Сепак, ниту во Грција не се задржал повеќе од една сезона, една од причините била заминувањето на Душан Ивковиќ, но и понудата од Монтепаски Сиена. Со тогаш амбициозниот тим од Сиена, кавадарчанецот потпишал договор од четири сезони и веќе во првата сезона стигнале до трофејот во Сапорта Купот, историски за Монтепаски Сиена зошто им бил првиот трофеј во историјата. Во финалето Монтепаски биле подобри од Памеса Валенсија (81-71), а најзаслужни биле двајцата Македонци Петар Наумоски со 23 бода и 3 асистенции и Врбица Стефанов со 17 бода и 3 скокови. Сезоната 2001-02 во Италија ја завршиле како 5-то пласирани во тогаш најсилната лига во Европа.

Следната сезона 2002-03 Монтепаски Сиена дебитирал во Евролигата на најдобар можен начин, во првата сезона италијанците стигнале до Фајнал Фор турнирот предводени од турчинот Ергин Атаман. На турнирот во Барселона покрај Монтепаски, тука биле и Бенетон Тревизо, ЦСКА Москва и Барселона. Во полуфиналниот двобој Монтепаски е поразен од Бенетон со 65:62, додека Врбица Стефанов бил најдобар поединец на теренот со 17 бода и три скокови, но без доволна поддршка од соиграчите пред сè Мирсад Туркчан. Во двобојот за третото место, Монтепаски успеал да ја победи ЦСКА Москва со 79:78. Стефанов бил повторно со 17 бода, 3 скокови, но и 3 асистенции и пред сè доволна поддршка од Туркчан и Форд. Просекот на Врбица Стефанов во таа сезона во Евролигата бил: 12 бода, 2,4 скокови, 3,6 асистенции и 1,5 украдени топки на 19 одиграни натпревари од кои 17 како стартер. Во италијанската лига завршиле една позиција подобро од претходната сезона, односно на 4-то место.

Сезоната 2003-2004 е најверојатно најважната сезона во историјата на Монтепаски Сиена, "банкарите" конечно стигнале до титулата во првенството на Италија. Во Евролигата повторно "Врба" и Сиена стигнале до Фајнал Фор турнирот, овој пат завршниот турнир се играл во Тел Авив каде учествувале Болоња, Макаби и ЦСКА Москва. Повторно кобен за Монтепаски бил другиот италијански клуб, со случајов Болоња која по продолженија со 103:102 успеала да се пласира во финалето, Врбица Стефанов бил со уште една одлична "партија" со 14 бода и 9 скокови. Во двобојот за третото место реприза од сезоната претходно, но овој пат Душан Ивковиќ со ЦСКА Москва славел со 97:94 против неговиот поранешен играч кој на тој натпревар постигнал 14 бода, но со само 2 асистенции. Во таа сезона, Стефанов имал просек од 10,6 бода, 1,7 скокови, 3 асистенции и 1,5 украдени топки на 20 одиграни натпревари од кои 19 како стартер.

Следната сезона 2004-05 ја почнале со победа во Супер купот на Италија против Тревизо со 85:77. Во првенството на Италија не успеале да ја одбранат титулата, каде завршиле како второпласирани. Во Евролигата стигнале до ТОП 16 фазата. Бројките на Врбица Стефанов таа сезона биле нешто послаби во однос на претходните сезони: 10,5 бода, 2 скокови, 2,6 асистенции и 0,9 украдени топки на 19 натпревари од кои 16 како стартер. Во 2005 година, Врбица Стефанов се решил да ја напушти Италија и да се врати во Турција, но овој пат во тимот на Улкер.

Повторно во Турција

уреди

Со Улкер истата сезона ја освоиле шампионската титула во Турција, откако во регуларниот дел на сезоната ја освоиле првата позиција, во плејофот со само еден загубен натпревар стигнале до втората титула во историјата на клубот. Во Евролигата со Улкер играле во Топ 16 фазата, Врбица Стефанов со просек од 10,6 бода, 2,3 скокови, 3 аситенции и 1 украдена топка на 20 одиграни натпревари од кои 17 како стартер. Стефанов ја напуштил Турција по само една одиграна сезона и ја прифатил понудата на Црвена Ѕвезда, но за тимот од Белград во 2006 година одиграл само еден натпревар по што го раскинал договорот поради приватни проблеми.

Само 2-3 месеци по раскинот со Црвена Ѕвезда, Стефанов повторно одлучил да се врати на терените и тоа во редовите на грчкиот великан Олимпијакос кој во тој момент на клупата го имал славниот израелски тренер Пини Гершон. Сепак за разлика од првата сезона како дел од грчката кошарка (АЕК), сезоната како член на Олимпијакос не е нешто исклучително за пофалба на Стефанов. Додека во Евролигата со Олимпијакос стигнале до плејофот каде биле елиминирани од Тау Керамика (2-0), таа сезона Врба забележал само седум настапи со просек од 0,6 бода, 0,7 скокови, 0,1 асистенција и 0,3 украдени топки. При крајо на сезоната 2006/07 решил да го раскине договорот со Олимпијакос и се вратил во Монтепаски Сиена каде им помогнал да стигнат до нова титула во Италија, втора за Врбица Стефанов, втора и за Монтепаски Сиена. Поради доаѓањето на Влатко Илиевски за почетен плејмејкер на Монтепаски Сиена во сезоната 2007/08, раководството на тимот не може да му гарантира минутажа на Стефанов и тој повторно си заминал од клубот.

Во Мерсин и шпанска Менорка

уреди

Повторно со враќање во Турција, овој пат во тимот на Мерсин кој го ангажирал Стефанов со цел да го искористат неговото искуство, знаење и вештини да обезбедат опстанок во најсилната лига на Турција, тоа и се случило без некои проблеми Мерсин обезбедил опстанок, откако завршиле на 10та пласирани на табелата. Уште еднаш Врбица Стефанов си заминал од еден тим поради што на позицијата плејмејкер дошол нов играч кој ќе ја има улогата на стартер, во овој случај за сезоната 2008/09 турски Мерсин од Соединетите Држави го довела анонимусот Лестер Бо Мекејлеб. Врбица Стефанов се решил спомената сезона да ја одигра во тогаш најсилната лига во Европа во шпанската АЦБ лига. Тимот на Менорка кој доаѓа од Балеарските Острови, истата сезона со Врбица Стефанов во составот не успеал по четири сезони да обезбеди во лигата по што Врбица Стефанов го напуштил тимот и се пензионирал како активен кошаркар.

Репрезентативна кариера

уреди

Тој бил дел од првиот тим на Македонија кој заиграл на едно големо натпреварување како Европското првенство 1999 во Франција каде нашите репрезентавци биле предводени од Заре Марковски. Првенството бил отворен со натпреварот помеѓу домаќинот Франција и Македонија, очекувано домаќините биле подобри, но само со минимални 71:67. Врбица со 5 бода, 2 скокови и 2 асистенции во тимот каде прва алка бил Петар Наумоски со 27 бода, 4 скокови и 5 асистенции. Во вториот натпревар Македонија сосема очекувано била одново поразена, но овој пат од еден од најголемите фаворити Југославија со 83:67, овој пат во отсутство на Петар Наумоски, улогата водач во тимот ја презел Врба кој постигнал 23 бода и 3 асистенции, но без никаква поддршка од соиграчите. Во последниот натпревар на ЕП, нашите повторно биле тесно поразени овој пат од Израел со 64:62, Стефанов повторно најдобар на теренот со 14 бода, 4 скокови и 9 асистенции. Македонија тоа првенство го завршила како 13то пласирана од 16 репрезентации.

На вториот голем настап за репрезентацијата на некое големо натпреварување Врба чекал десет години, односно на Европското првенство 2009 во Полска, Македонија повторно во групата А, но овој пат отворање против Грција од кои загубиле убедливо со 86-54, очајна партија на Врба со само 3 бода и 4 асистенции. Сепак во вториот натпревар дошла и историската прва победа над Израел со 82:79, Стефанов со 6 бода, 8 скокови и 3 асистенции. Во последниот натпревар од групата пораз од Хрватска со 81:71 и покрај убедливото водство на полувреме, Стефанов со учинок 12 бода и 5 скокови. Сепак победата над Израел не пласирала во следниот круг каде повторно на мегдан излегле против Франција како пред десет години, но овој пат тимот предводен од Тони Паркер бил пресилен за Македонија со 83:57, Врбица Стефанов го одиграл можеби најлошиот натпревар во кариерата со ефект 0. Во вториот натпревар од втората фаза, Македонија ја забележала и втората победа со 86:75 над Германија, овој пат Врбица Стефанов капитенски со 25 бода и 5 украдени топки ја предводел Македонија до победа. Во последниот натпревар на првенството против Русија загубиле тесно со 71:69, учинокот на Стефанов бил 10 бода и 2 скокови. Македонија го завршила првенството на 9то место.[2]

Тренерска кариера

уреди

Стефанов бил директор на македонската кошаркарска репрезентација која настапила на Европското првенство 2011 во Литванија, но дал отказ во 2013 година, поради незадоволството од однесувањето на некои од кошаркарите.[3]

Одреден период, Стефанов бил тренер на младинската екипа на КК „МЗТ Аеродром“, но дал отказ поради недисциплината на младинците. Во октомври 2014 година, по поразот од КК „Фени Индустри“ на домашен терен со 73-80, тренерот на „МЗТ Аеродром“ Змаго Сагадин добил отказ, а за тренер на клубот бил именуван Врбица Стефанов.[1][4] На клупата на „МЗТ“ Стефанов се задржал само неколку натпревари. На почетокот на ноември 2014 година, како последица на неколкуте лоши игри на „МЗТ“, по натпреварот со Работнички во домашното првенство, Стефанов поднесол оставка, а како привремена замена, на местото тренер бил поставен помошникот на Сагадин и на Стефанов, Боби Митев.[5]

За сезоната 2016/17, Врбица станал тренер на Кожув од Гевгелија.[6][7] Во ноември 2016 година, поради лошите резултати Стефанов поднел оставка од тренерското место.[8][9]

Тимови на кои бил тренер

уреди

Успеси

уреди

Титули во Првенството

уреди
  • 1998-99: Работнички
  • 2003-04: Монтепаски Сиена
  • 2005-06: Улкер
  • 2006-07: Монтепаски Сиена

Титули во Купот

уреди

Титули во Сапорта Купот

уреди
  • 2001-02: Монтепаски Сиена

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Стефанов: Ќе го вратиме победничкиот дух кај шампионот“, Дневник, година XVIII, број 5594, петок, 17 октомври 2014, стр. 24-25.
  2. Врбица Стефанов - Легенда на македонската кошарка Архивирано на 8 септември 2014 г. supersport.com.mk 6 септември 2014
  3. „Стефанов: Ја напуштив репрезентацијата поради Антиќ“, Дневник, година XVIII, број 5595, сабота-недела, 18-19 октомври 2014, стр. 20.
  4. Официјално: Врбица Стефанов е нов тренер на МЗТ Архивирано на 18 октомври 2014 г. ekipa.mk 16 октомври 2014
  5. „Стефанов изненади со оставка“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 22.
  6. „Врбица Стефанов е нов тренер на Кожув“. ekipa.mk. 26 август 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-27. Посетено на 2016-08-27.
  7. „Кожув верува во Врбица Стефанов“. sportmedia.mk. 26 август 2016.
  8. „Врбица Стефанов си поднесе оставка“. sportmedia.mk. 26 ноември 2016. Посетено на 28 ноември 2016.
  9. „Врбица Стефанов си замина од Кожув“. ekipa.mk. 26 ноември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-28. Посетено на 28 ноември 2016.