Томас Харди (2 јуни 1840 - 11 јануари 1928), англиски писател. Поради специфичниот реализам и вонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството во неговите романи, него го сметале за најдобар англиски автор од тоа време - „последен викторијанец“. Неговите дела целосно го затапуваат трагично - фаталистичкиот поглед на светот.

Томас Харди
Занимањеписател, поет, раскажувач
Книжевно движењенатурализам
Сопруг/аЕма Лавинија Гифорд
(1874–1912)
Флоренс Даџдејл
(1914–28)
Потпис

Живот

уреди

Таткото на Томас (умрел 1892 г.) работел како каменорезец и локален градител, а неговата мајка (умрела 1904 г.) била добро образована и го воспитувала Томас пред тој да тргне во школо на возраст од осум години. Уште на почеток од своето школување, Томас покажал академски потенцијал.[1] Сепак поради тешката финансиска состојба во која се наоѓале неговите родители, тој го завршил школувањето на возраст од 16 години, и почнал да работи со локалниот архитект. Во 1862 година тој се преселил во Лондон, и се запишал на колеџ. Томас Харди се интересирал за социјална реформа, и се запознал со делата на Џон Стјуарт Мил и Чарлс Фурие. Пет години подоцна, се вратил во Дорсет од здравствени причини и решил да се посвети на пишување.

Харди се разболел во декември 1927 година. На претсмртна постела ја диктирал својата последна поема на својата сопруга. Умрел на 11 јануари 1928 година, а погребан е на 16 јануари.

Неговите дела се ценети од многумина писатели вклучувајќи ги Д. Х. Лоренс и Вирџинија Вулф.

Наводи

уреди
  1. Claire Tomalin, Thomas Hardy: the Time-torn Man(Penguin, 2007) pp.30,36.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: