Арјен Робен
Арјен Робен (хол. Arjen Robben, р. 2 јануари 1984 година) — холандски фудбалер кој игра за германскиот бундеслигаш Бајерн Минхен. Иако е класифициран како напаѓач, тој обично игра на крилната позиција веднаш зад напаѓачите, и е познат по својот дриблинг, брзина, центаршут и прецизен удар од далечина. Тој, исто така е дел од холандската репрезентација и настапил со неа на Европското првенство 2004 година, Светското првенство 2006 година, Европското првенство 2008 година и на Светското првенство во 2010 година. Робен најпрво се истакнал во Гронинген за кого настапувал и бил прогласен за играч на годината во холандското првенство во сезоната 2000-01. Две години подоцна, тој потпишал за ПСВ од Ајндховен, каде што станал најдобар млад играч на годината во Холандија и ја освоил титулата во холандското првенство. Следната сезона, водечките англиски тимови биле заинтересирани за потписот на Робен, и по долготрајни преговори, тој се приклучил на Челзи во 2004 година. Дебитантскиот настап на Робен во Челзи бил одложен поради повреда, но откако закрепнал од повредата тој му помогнал на Челзи да освои две последователни титули во Премиер лигата и бил играч на месецот ноември во 2005 година. По третата сезона во Англија, која му била нарушена поради повреда, Робен се преселил во шпанскиот тим Реал Мадрид за сума од 35 милиони евра. Во Август 2009 година, Робен преминал во Бајерн Минхен за сума од околу 25 милиони евра и постигнал два гола во дебитантскиот настап. Во својата прва сезона во Минхен, Бајерн ја освоил шампионската титула, петта лига титула за Робен во осум години и стигнал до финалето на Лигата на шампиони. По неговата прва сезона во баварскиот тим, играчот бил исто така именуван за фудбалер на годината во Германија.
Арјен Робен | |||
---|---|---|---|
Робен во 2015 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Арјен Робен[1] | ||
Роден на | 23 јануари 1984 | ||
Роден во | Бедум, Холандија | ||
Висина | 1.80 м (5 ст 11 ин)[2] | ||
Позиција | Крилен напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Баерн Минхен | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
1989–1996 | ВВ Бедум | ||
1996–2000 | Гронинген | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2000–2002 | Гронинген | 46 | (8) |
2002–2004 | ПСВ | 56 | (18) |
2004–2007 | Челзи | 67 | (15) |
2007–2009 | Реал Мадрид | 50 | (11) |
2009– | Баерн Минхен | 200 | (98) |
Репрезентација ‡ | |||
1999 | Холандија 15 | 1 | (0) |
1999–2000 | Холандија 16 | 11 | (4) |
2000 | Холандија 17 | 3 | (1) |
2001–2002 | Холандија 19 | 8 | (2) |
2001–2003 | Холандија 21 | 8 | (1) |
2003– | Холандија | 96 | (37) |
* Ажурирано на: 18:15, 8 April 2017 (UTC) ** Ажурирано на: 25 March 2017 |
Почеток на фудбалска кариера
уредиРобен е роден во Бедум, предградие на Гронинген во североисточна Холандија. Тој започна со фудбал уште од рана возраст, станувајќи приврзаник на методот на Коервер. Вештината на контрола на топката и одличната работа со нозе го направија Робен ценет играч, и тој набрзо потпиша договор со регионалниот клуб Гронинген. Таму, тој го развил својот препознатлив стил на менување правец и префрлање на топката од десната на левата нога постигнувајќи неколку спектакуларни голови.
Клупска кариера
уредиГронинген
уредиГронинген го именува Робен во првиот тим за сезоната 1999-00. Тој постигнал три гола во лигата. Менаџерот Јан ван Дијк го вклучил крилото во првиот тим на Гронинген пред натпреварот на гости со Твенте во ноември 2000 година, но тој не настапил сè до натпреварот со Валвијк на 3 декември 2000 година, како замена за повредениот Леонардо дос Сантос во 79-та минута. Во текот на зимата, Робен се избори за место во почетниот состав. Во 18 старта за Гронинген во текот на сезоната 2000-01, тој постигнал два гола. Во неговата прва сезона со тимот, Робен бил именуван за играч на годината, и заедно со тимскиот колега Хорди Хугстрат, тој ја демонстриралсилата на младинската школа на Гронинген. Робен останал во Гронинген и постојано се подобрувал во сезоната 2001-02, во која настапил на 28 натпревари и постигнал 6 гола. Робен преминал во ПСВ за 3.9 милиони евра пред почетокот на сезоната 2002-03.
ПСВ
уредиВо текот на неговата прва сезона во ПСВ, 2002-03, Робен одиграл 33 натпревари и постигнал 12 голови. Тој бил прогласен, заедно со напаѓачот Матеја Кежман за најдобар играч на ПСВ, со кого го сочинувале напаѓачкото дуо, познато кај навивачите на ПСВ и како “ Бетмен и Робен”. Тој му помогнал на ПСВ во освојувањето на нивната 17-та титула во Холандија, и ја освои наградата за најталентиран играч на годината. По добриот почеток, подоцна ПСВ не можешл да остане во чекор со соперникот Ајакс и биле принудени да се борат за второто место во холандската лига ( Ередивизие). Робен отпатувал во Лондон и се состанал со менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон. Понудата на Фергусон била премала за апетитите на ПСВ и Робен, притоа претседателот на ПСВ, Хари ван Раи, му соопштил на Манчестер Јунајтед дека најмногу што може да добијат со нивната понуда од 7 милиони евра е дрес со автограм од Робен. Речиси веднаш, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, понуди 18 милиони евра (12.1 милион фунти) и ПСВ прифатил. Останатиот дел од сезоната за него во ПСВ, била разочарувачка. Тој ја повредил тетивата двапати и пропуштил неколку натпревари. До крајот на сезоната, Робен постигнал пет гола на 23 натпревари во првенството.
Челзи
уредиРобен не дебитирал за Челзи во официјален натпревар сѐ до ноември 2004 година, откако тој се повредил во претсезонски пријателски натпревар против Рома и ја скрши метатарзалната коска на стапалото во двобој со Оливие Дакур. Во текот на овој период, тој им соопштиl на клупските доктори дека забележал непознат израсток на еден од тестисите. Медицинскиот тим брзо направи тестови за да провери дали станува збор за рак на тестиси, но подоцна му било соопштено дека сѐ е во ред. Робен се покажал како клучен играч во сезоната 2004-05, во ноември 2004 година, тој ја добил наградата за најдобар играч на месецот во англиската Премиер лига. Робен ја завршил сезоната 2004-05 со седум постигнати гола, втора по учинок во професионалната кариера. Тој бил во потесниот список за најдобар млад играч на годината, но наградата отишла кај Вејн Руни од Манчестер Јунајтед. Робен бил тешко повреден на гостувањето кај Блекбурн Роверс во Премиерлигата и бил принуден да биде надвор од тимот на Челзи во Битката за титулата и пласманот во полуфиналето на Лигата на Шампионите. Откако се вратил по повредата за сезоната 2005-06, Робен бил составен дел од левата крилна позиција на Челзи. На 28 натпревари, Робен придонел со шест гола во освојувањето на втората последователна титула на Челзи во Премиер лигата, прва последователна титула за тимот од западен Лондон.
Во сезоната 2005-06, Робен бил инволвиран во неспортски инцидент со голманот на Ливерпул, Пепе Реина. Кон крајот на првенствениот натпревар помеѓу Ливерпул и Челзи, на Стемфорд Бриџ кој го добил Челзи со 2-0, Реина го зграпчил Робен за лицето по неколку провокативни зборови од страна на Робен. Робен паднал театрално на тревата, а Реина добил црвен картон за насилно однесување, бидејќи насилното однесување е нелегално. Како резултат на тој инцидент, Реина дал коментар дека Робен го сторил тоа толку театрално, што е доволно за да освои Оскар. Подоцна, менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез во интервју дадено по натпреварот, се пошегувал дека ќе оди во болница за да провери каква е состојбата на Робен. Црвениот картон на Реина не бил поништен. Подоцна, Робен бил именуван за играч на натпреварот против Виган на 23 декември, на кој асистирал во постигнувањето на два гола и го постигнал победоносниот гол.
Робен се здобил со уште една повреда на натпреварот против Ливерпул, на 20 јануари 2007 година. Робен се вратил на теренот во победата од 3-0 против Мидлсборо, во февруари, на кој упатил удар кој го одби голманот Марк Шварцер во неговиот соиграч Абел Ксавиер кој си постигна автогол. Робен постигнал гол во нокаут фазата во Лигата на Шампионите против Порто, кој му помогна на Челзи да го добие двомечот со вкупен резултат од 3-2. На крајот на месец Март 2007 година, Робен беше подложен на операција на коленото, откако се повредил додека имал обврски со репрезентацијата и се очекувало да биде надвор од терените најмалку четири недели. Шпанскиот клуб Реал Мадрид, бил заинтересиран за двајца играчи на Челзи. Тренерот Бернд Шустер, изјавил дека се заинтересирани за Михаел Балак, додека поранешниот претседател на Реал, Рамон Калдерон, бил наклонет кон Робен. Робен изјавил пред новинарите на шпанскиот весник АС: “ Не знам кога ќе биде постигнат договор. Би сакал да им испратам порака на навивачите на Реал Мадрид, но не можам сè додека мојата иднина не се реши.
На крајот, Реал Мадрид ги осигура услугите на Робен во август 2007 година. Тој, за официјалното мрежно место на Челзи изјавил: “ Тешко беше да си заминам, бидејќи поминав три одлични години во Челзи и стекнав доста пријатели. Немаше време да се збогувам, бидејќи договорот беше склучен во среда, во 22 часот вечерта, а веќе следното утро морав да одлетам. Кога би имал еден слободен ден, би сакал да се вратам и да се збогувам со навивачите бидејќи ним им должам едно големо благодарам, затоа што тие беа секогаш добри со мене. Во моите три години, ги освоив сите награди што можат да се освојат во Англија.
Реал Мадрид
уредиРобен го комплетирал трансферот во Реал Мадрид на 22 август 2007 година за обесштетување од 24 милиони фунти (35 милиони евра), потпишувајќи петгодишен договор. На 18 септември, тој дебитирал како замена за Раул во натпреварот против Вердер Бремен во Лигата на Шампионите, кој го доби Реал со 2-1. Неговиот дебитантски настап во првенството бил на 23 септември, овојпат како замена за Ројстон Дренте во ремито од 1-1 на гости кај Ваљадолид. На 10 февруари, Робен го постигнал својот прв гол, на домашен терен во победата од 7-0 против Ваљадолид. Робен се покажа како клучен во многу натпревари на Реал Мадрид, со неговите познати пробиви по левата крилна позиција и многу брзо станал прв избор за левата крилна позиција во средниот ред, забележувајќи 28 настапи во неговата дебитантска сезона во која постигна и пет гола. Реал Мадрид ја освоил шампионската титула неколку натпревари пред крајот на сезоната, и веќе биле шампиони во Шпанија кога играа со нивниот вечен соперник Барселона на 7 мај 2008 година. Фудбалерите на Барселона, формирале почесна гарда во чест на фудбалерите на Реал Мадрид додека излегувале на теренот на Сантјаго Бернабе, а Робен одиграл клучна улога во победата од 4-1, постигнувајќи го вториот гол за шампионот. Тој ја задржал клучната улога во средниот ред на Реал Мадрид во текот на сезоната 2008-09, настапувајќи на 35 натпревари на кои постигнал осум гола. Иако холанѓанецот бил еден од најважните играчи на шпанскиот тим во подготвителните натпревари за сезоната 2009-10, откако постигна три гола и бил асистент на уште четири, тој бил меѓу играчите чие место во првиот тим било загрозено, по доаѓањето на Флорентино Перес и потпипишувањето на договори со Кристијано Роналдо и Кака. Реал Мадрид ја прифатил понудата од околу 25 милиони евра за Робен од Бајерн Минхен. Робен навел дека бил принуден да го напушти Реал Мадрид, велејќи дека “ тој не сакал да си замине, но клубот сакал да го продаде”.
Бајерн Минхен
уредиНа 28 август 2009 година, Робен се преселил во Бајерн Минхен за околу 25 милиони евра. Нему му бил даден дресот со бројот 10, којшто последен го носел неговиот холандски колега Рој Макај. Неговиот дебитантски настап бил ден потоа. Тој влегол во игра како замена на полувремето, на натпреварот против Волфсбург, на кој постигнал два гола и му помогнал на неговиот тим да го победи шампионот од минатата сезона во првата сезонска победа за Бајерн. На 9 март 2010 година, Робен го постигнал решавачкиот погодок за Бајерн во поразот од 2-3 против Фиорентина ( вкупен резултат 4-4 по двата натпревари), и обезбедиле пласман во четвртфиналето на Лигата на Шампионите во сезоната 2009-10, благодарение на правилото на повеќе постигнати голови на гости. На 7 април 2010 година, Робен го одвел Бајерн Минхен во полуфиналето на Лигата на Шампионите, со прекрасниот волеј удар од работ на шеснаесетникот директно во аголот од голот на натпреварот со Манчестер Јунајтед. Натпреварот завршил со резултат 3-2 за Јунајтед (вкупен резултат 4-4 по двата натпревари), а Бајерн се пласирал понатаму повторно со повеќе постигнати голови на гости. На 17 април 2010 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во Бундеслигата, против Хановер на Алијанц Арена. Натпреварот завршил со резултат 7-0 за Баварците. На 8 мај 2010 година, тој ја освои првата титула во Бундеслигата со Бајерн Минхен, откако постигна два гола во победата од 3-1 над Херта Берлин, завршувајќи го првенството како најдобар стрелец на Бајерн. Една недела подоцна, Бајерн Минхен играше во финалето на Купот на Германија против минатогодишните шампиони, Вердер Бремен, на Олимпискиот стадион во Берлин. Бајерн Минхен го доби натпреварот со 4-0, а Арјен Робен го постигна првиот гол од тие четири гола од пенал. Робен со тоа им помогнал на Баварците да ја освојат нивната петнаесетта титула во Купот на Германија. На 25 мај 2010 година, Робен бил именуван за фудбалер на годината во Германија за 2010 година. Тој победил во изборот со освоени рекордни 72.1% од гласовите и бил првиот Холанѓанец кој победил во овој избор. Сезоната 2010-11 започнала лошо за Робен, откако медицинските испитувања потврдиле дека неговата тетива не е соодветно заздравена и дека тој ќе биде надвор од терените два месеци. Претседателот на Бајерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, истакнал дека многу се лути во Бајерн Минхен на холандската Федерација, и ќе се бара отштета од нив, продолжувајќи “ Уште еднаш ќе мора да ја платиме сметката како клуб, откако наш играч сериозно ќе се повреди играјќи за репрезентацијата. На 15 јануари 2011 година, тој се вратил во строј во првиот тим, влегувајќи во игра како замена во ремито од 1-1 на гости кај Волфсбург. Робен бил номиниран за најдобар играч од средниот ред во Лигата на Шампионите, но оваа награда отиде кај неговиот сонародник од репрезентацијата, Весли Снајдер. Тој, исто така бил номиниран за престижната награда “Балон д’Ор” и наградата Ференц Пушкаш на ФИФА, која се доделува за најубавиот гол на годината, а исто така бил номиниран во најдобриот состав според ФИФА за годината 2010, благодарение на неговата фантастична сезона со Бајерн Минхен. Во текот на неговиот престој во Бајерн Минхен, Робен во два наврата подлегнал на контроверзии, откако физички ги нападна неговите тимски колеги Филип Лам за време на тренинг, и Томас Милер за време на натпреварот против Вердер Бремен. Двата инцидента, не довеле до одмазда.
Репрезентативна кариера
уредиЕвропско првенство 2004
уредиРобен има одиграно 52 натпревари за Холандија и постигнато 16 голови. Првото репрезентативно искуство во кариерата на Робен, беше на Европското првенство во 2004 година, кога селекторот, Дик Адвокат, повика во составот помлади фудбалери како што се Весли Снајдер и Џони Хеитинга. За време на Европското првенство 2004, Адвокат го замени Робен во 66-та минута за да го брани водството од 2-1 против Чешка. Сепак, Чешка потоа постигна два гола и победи со 3-2, што доведе до критики околу одлуката на Адвокат. На истото првенство, Робен беше тој кој го постигна решавачкиот пенал во пенал рулетот помеѓу Холандија и Шведска, постигнувајќи го петтиот погодок, а Холанѓаните конечно победија на пенали.
Светско првенство 2006
уредиРобен играше во првите за него квалификации за Светското првенство во 2006 година. На шест натпревари за Холандија, Робен постигна два гола. Холандија се пласираше на Светското првенство 2006 и на премиерниот натпревар против Србија и Црна Гора, Робен го постигна победоносниот погодок во 18-та минута и беше прогласен за играч на натпреварот. На натпреварот против Брегот на Слоновата Коска, Робен ја доби оваа награда по вторпат, со тоа станувајќи еден од осумтемина играчи на првенството што ја добиле наградата за играч на натпреварот повеќе од еднаш.
Европско првенство 2008
уредиЗа време на Европското првенство во 2008 година, селекторот Марко ван Бастен ја промени формацијата во 4-2-3-1, претпочитајќи го триото од средниот ред Рафаел ван дер Варт, Весли Снајдер и Дирк Кајт. Робен го загуби местото на крилната позиција од Робин ван Перси. Во натпреварот од групата против Франција, кој го доби Холандија со 4-1, Робен влезе во игра на полувремето. Тој ја влечеше топката од половината на теренот далеку од противничките дефанзивци поминувајќи тројца од нив, а потоа упати центаршут до Ван Перси, кој испрати удар во голот на Грегори Купе, кој успеа само да ја допре топката со рака пред да влезе во голот. При резултат 2-0, Анри постигна гол за 2-1, и речиси веднаш по тргнувањето од центарот по постигнатиот гол, Робен беше проигран од Снајдер и по тркот кон францускиот гол се најде пред “мртов” агол, но и покрај тоа, тој ја упати топката во мрежата на Купе.
Светско првенство 2010
уредиРобен беше избран од холандскиот селектор, Берт ван Марвијк, во финалниот состав од 23 играчи за Светското првенство. На последниот пријателски натпревар со Унгарија, непосредно пред летот за Јужна Африка на 4 јуни, Робен падна незгодно кон крајот на натпреварот и заработи повреда на тетиватакоја предизвика загриженост околу неговата спремност за Светското првенство. На 5 јуни, Ван Марвијк објави дека одлучил да не повика замена за Арјен. Сакам да му ја дадам секоја шанса да настапи на Светското првенство. На 12 јуни 2010, Арјен пристигна во Јужна Африка и се приклучи на тимот. Тој не влезе во игра од клупата, на премиерниот натпревар против Данска, кој го добија без многу напор со резултат 2-0, и повторно во победата од 1-0 над Јапонија. Тој влезе во игра во 73-та минута против Камерун во победата од 2-1, и ја погоди стативата, по што Клас-Јан Хунтелар по одбиената топка постигна гол. На 28 јуни 2010, тој за првпат го започна натпреварот против Словачка, и го постигна првиот погодок во елиминационата фаза од натпреварувањето, натпревар кој го доби Холандија со 2-1. Тој, исто така ја доби наградата за играч на натпреварот. Робен го постигна третиот гол, со добро пласиран удар со глава, во полуфиналето против Уругвај, што го доби Холандија со 3-2 и се пласираше во финалето. Робен го одигра целиот финален натпревар, што го загуби Холандија со 1-0 од Шпанија. Исто така, Робен беше номиниран и за “златна топка” на Светското првенство, награда за најдобриот играч на првенството 2010 која ја освои Диего Форлан.
Приватен живот
уредиНа 9 јуни 2007 година во Гронинген, Робен се ожени со неговата девојка Бернадин Елер. Двајцата се запознале во средно училиште во градот, Камерлин Он. Тие имаат два сина, Лука роден 2008 година и Каи роден 2012 година, и една ќерка Лин родена 2010 година. Таткото на Робен, Ханс, работи како негов менаџер. Околностите под кои за првпат се запознале Арјен и Бернадин ги соопшти неговиот поранешен младински тренер, Баренд Белтман.”Ајрен беше мотивиран и решителен уште од мала возраст. Тој беше секогаш точен, никогаш не доцнеше. Но, едно петочно попладне, тој се појави со 15 минутно задоцнување на тренингот. Го прашав што се случува. Бевме на пазарот на плоштадот, се забавувавме, рече тој. Имаше некои девојки и неговите пријатели, па го прашав, Дали е вредна? Да тренер, вредна е, рече. Му реков да ја облече опремата и да се вклучи на тренингот. На неговата свадба, слушнав дека жената што ја запозна тој ден, сега е негова жена и мајка на неговите деца. Бернадин е нејзиното име.” Робен,течно зборува: холандски, германски, англиски и шпански.
Статистика на кариерата
уредиКлупска статистика
уредиКлупски успеси | Првенство | Куп | Лига Куп | Интерконтинентален | Друго | Вкупно | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Клуб | Првенство | Сезона | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови |
Холандија | Првенство | Куп | — | Европа | Друго | Вкупно | ||||||||
Гронинген | Eredivisie | 2001–02 | 22 | 6 | 6 | 4 | — | — | — | 28 | 10 | |||
ПСВ Ајндховен | 2002–03 | 33 | 12 | 4 | 1 | 1 | 0 | 38 | 13 | |||||
2003–04 | 23 | 6 | 8 | 2 | 1 | 1 | 32 | 9 | ||||||
Англија | Првенство | ФА Куп | Лига Куп | Европа | Друго | Вкупно | ||||||||
Челзи | Премиер Лига | 2004–05 | 18 | 7 | 2 | 0 | 4 | 1 | 5 | 1 | — | 29 | 9 | |
2005–06 | 28 | 6 | 4 | 1 | 1 | 0 | 6 | 0 | 1 | 0 | 40 | 7 | ||
2006–07 | 21 | 2 | 4 | 0 | 3 | 0 | 7 | 1 | 1 | 0 | 36 | 3 | ||
Шпанија | Првенство | Копа дел Реј | — | Европа | Друго | Вкупно | ||||||||
Реал Мадрид | Ла Лига | 2007–08 | 21 | 4 | 2 | 1 | — | 5 | 0 | 0 | 0 | 28 | 5 | |
2008–09 | 29 | 7 | 0 | 0 | 6 | 1 | 2 | 0 | 37 | 8 | ||||
Германија | Првенство | Куп на Германија | — | Европа | Друго | Вкупно | ||||||||
Бајерн Минхен | Бундеслига | 2009–10 | 24 | 16 | 3 | 3 | — | 10 | 4 | — | 37 | 23 | ||
2010–11 | 14 | 12 | 1 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 | 17 | 13 | ||||
2011–12 | 24 | 12 | 3 | 2 | 9 | 5 | — | 36 | 19 | |||||
Вкупно во кариерата | Netherlands | 78 | 24 | 6 | 4 | — | 12 | 3 | 2 | 1 | 98 | 32 | ||
England | 67 | 15 | 10 | 1 | 8 | 1 | 18 | 2 | 2 | 0 | 105 | 19 | ||
Spain | 50 | 11 | 2 | 1 | — | 11 | 1 | 2 | 0 | 65 | 13 | |||
Germany | 62 | 40 | 7 | 6 | — | 21 | 9 | 0 | 0 | 90 | 55 | |||
Статистика на кариерата | 257 | 90 | 25 | 12 | 8 | 1 | 62 | 15 | 6 | 1 | 358 | 119 |
Репрезентативна статистика
уредиПредлошка:Репрезентација на Холандија |- |2003||3||1 |- |2004||8||2 |- |2005||6||3 |- |2006||10||2 |- |2007||4||0 |- |2008||6||2 |- |2009||8||1 |- |2010||7||4 |- |2011||1||0 |- |2012||1||2 |- !Вкупно||53||17 |}
Голови за репрезентацијата
уредиGoal | Date | Venue | Opponent | Score | Result | Competition |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 11 October 2003 | Philips Stadion, Eindhoven, Netherlands | Молдавија | Euro 2004 qualifying | ||
2. | 18 February 2004 | Amsterdam ArenA, Amsterdam, Netherlands | САД | Friendly | ||
3. | 17 November 2004 | Mini Estadi, Barcelona, Spain | Андора | 2006 World Cup qualifiation | ||
4. | 4 June 2005 | De Kuip, Rotterdam, Netherlands | Романија | 2006 World Cup qualifiation | ||
5. | 17 August 2005 | De Kuip, Rotterdam, Netherlands | Германија | Friendly | ||
6. | 17 August 2005 | De Kuip, Rotterdam, Netherlands | Germany | Friendly | ||
7. | 11 June 2006 | Zentralstadion, Leipzig, Germany | Србија и Црна Гора | 2006 World Cup | ||
8. | 16 August 2006 | Lansdowne Road, Dublin, Republic of Ireland | Ирска | Friendly | ||
9. | 1 June 2008 | De Kuip, Rotterdam, Netherlands | Велс | Friendly | ||
10. | 13 June 2008 | Stade de Suisse, Berne, Switzerland | Франција | Euro 2008 | ||
11. | 10 June 2009 | De Kuip, Rotterdam, Netherlands | Норвешка | 2010 World Cup qualification | ||
12. | 5 June 2010 | Amsterdam ArenA, Amsterdam, Netherlands | Унгарија | Friendly | ||
13. | 5 June 2010 | Amsterdam ArenA, Amsterdam, Netherlands | Hungary | Friendly | ||
14. | 28 June 2010 | Moses Mabhida Stadium, Durban, South Africa | Словачка | 2010 World Cup | ||
15. | 6 July 2010 | Cape Town Stadium, Cape Town, South Africa | Уругвај | 2010 World Cup | ||
16. | 29 February 2012 | Wembley Stadium, London, England | Англија | Friendly | ||
17. | 29 February 2012 | Wembley Stadium, London, England | Англија | Friendly |
Трофеи
уредиКлупски
уреди- Првенство на Холандија (1): 2002–03
- Јохан Кројф Трофеј (1): 2003
- Премиер Лига (2): 2004–05, 2005–06
- ФА Куп (1): 2007
- Лига куп (2): 2005, 2007
- Супер Куп на Англија (1): 2005
- Ла Лига (1): 2007–08
- Супер Куп на Шпанија (1): 2008
- Бундеслига (1): 2009–10
- Куп на Германија (1): 2010
- Супер Куп на Германија (1): 2010–11
- UEFA Champions League Runner-up: 2009–10, 2011–12
Холандија
уреди- Светско првенство (Сребрен медал) (1): 2010
Поединечни
уреди- Најдобар млад играч во Холандија (1): 2003
- Играч на месецот во Премиер Лигата (1): Ноември 2004
- Избран во тимот на годината според Асоцијацијата на професионални фудбалери (1): 2005
- Гол на месецот во Премиер Лигата (1): Декември 2005
- Браво награда (1): 2005
- Гол на месецот во Германија (3): јануари 2010, Март 2010, Април 2010
- Играч на годината во избор на магазинот Кикер (1): 2010
- Фудбалер на годината во Германија (1): 2010
- Избран во тимот на годината според УЕФА (1): 2010–11
Наводи
уреди- ↑ „FIFA Club World Cup Morocco 2013: List of Players“ (PDF). FIFA. 7 December 2013. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-24. Посетено на 7 December 2013.
- ↑ „Player Profile“. Bayern Munich. Посетено на 24 April 2014.