Кум (роман)
Оваа статија се однесува на романот Кум, за други значења погледнете Кум (појаснување).
Автор | Марио Пузо |
---|---|
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Жанр | Трилер, Криминален роман |
Издавач | Џ. П. Путнам’с Сонс |
Издадена | 10 март 1969 |
Страници | 448 |
Следна | Сицилијанец |
Кум е роман на американскиот писател Марио Пузо од 1969 година. Тој ја прикажува сторијата за измисленото Сицилијанско Мафијашко семејство во САД, управувано од Дон Вито Корлеоне. Романот ги покрива годините од 1945 до 1955 и ја кажува приказната за Вито Корлеоне од раното детство до зрелата возраст. Книгата го збогати англискиот речник со нови зборови како consiglieri, caporegime, Cosa Nostra, и omertà. Во Република Македонија, романот е издаден од издавачката куќа „Феникс“.
Насловување
уредиМногу контроверзности кружат околу насловот на книгата и неговите подземни импликации. Иако е нашироко е познато дека Пузо бил инспириран да го искористи „Кум“ како обележан за Мафија водач од неговите искуства како репортер, терминот „Кум“ бил првпат употребен во врска со Мафијата за време на сведочењето на Џое Валачи во 1963 на Конгресионалното Сослушување за Организиран Криминал.
Главни ликови
уредиПатријарх на Корлеоне семејството е Вито Корлеоне, чие презиме е земено од градот Корлеоне, Сицилија. Слично, презимето на мајката на Корлеоне е Кориглиано, именувано според гратчето Кориглиано Калабро, Калабриа; место добро познато за активности на ’Ндрангета. Вито има четири деца: Сантино „Сони“ Корлеоне, Фредо Корлеоне, Мајкл "Мајк" Корлеоне, и Кони Корлеоне. Тој исто така има неофицијален посвоен син, Том Хејген, кој стана consigliere на Корлеоне. Вито Корлеоне е и кум на познат пејач и филмска ѕвезда Џони Фонтејн. Кумот за кој се однесува насловот генерално е земено дека е Вито. Сепак, главниот лик на приказната е Мајкл, а главна тема на новелот е дека судбина на Мајкл е, без разлика на неговата определеност на спротивното, да го замени неговиот татко како семеен водач. Дискутабилно, во тој случај, Мајкл е насловниот лик.
Семејствата
уредиПетте Семејства на Њујорк се: Страци, Татаља, Корлеоне, Куно, и Бразини. Исто така и Бокико Кланот на Ну Јорк, кој не се вклучува во насилни бизниси или илегални операции туку повеќе служи како чувар а мирот помеѓу Петте Семејства. Има исто тка и десет други Мафија Семејства низ нацијата:
- Трамонти - Флорида
- Залучи - Детроит
- Фалконе - Лос Анџелес
- Молинари - Сан Франциско
- Панза - Бостон
- Форленза - Кливленд
- Капоне - Чикаго
Три од десетте семејства не се спомнати по име.
Филмска адаптација
уредиГлавна статија: Кум (филм)
Во 1972, излезе филмска адаптација од романот, со Марлон Брандо како Дон Вито Корлеоне, Ал Пачино како Мајкл Корлеоне, и режиран од Франсис Форд Копола. Марио Пузо помогна во пишувањето на сценариото и други продукциони задачи. Филмот „тежеше“ околу 134 милиони долари и доби многу награди, вклучувајќи три награди од Академијата, пет Златни Глобуси и Греми со што е сметан за еден од најголемите филмови на сите времиња. Следбеникот, Кум II доби 6 Оскари, и стана првиот следбеник кој добил Оскар за Најдобра Слика.
Филмот е сличен на многу места, но остава некои детали, како продолжени приказни за некои ликови. Некои од овие детали беа снимени, и подоцна беа вклучени во верзиите како Сагата Кум. Подприказна вклучувајќи го Џони Фонтејн во Холивуд не беше снимена. Најголемата разлика беше дека романот вклучуваше крај со поненагласен такт отколку филмот, во кој Кеј Корлеоне најде мирно прифаќање на одлуката на Мајкл да го преземе бизнисот на неговиот татко. Филмот, обратно, заврши остро со дознавањето на Кеј што направил Мајкл.
Други адаптации
уредиГлавна статија: Кум (игра)
Компанијата за видеоигри Електроник Артс издаде видеоигра адаптација од Кум на 21 март 2006. Играчот ја зазема улогата на „војник“ во Корлеоне семејството. Пред неговата смрт, Марлон Брандо остави гласовен материјал за Вито, кој на крај се чинеше некорисен и беше приспособен со помош на имитатор на Брандо. франсис Форд Копола во април 2005 рече дека тој не бил информиран за одлуката на Парамаунт да дозволат да биде направена игра и дека тој не се сложува со тоа.[1] Ал Пачино исто така не учествување, и неговата несложност беше заменета со друг опис на Мајкл Корлеоне.
Игра со карти заснована на филмот исто така беше направена.
Следбеници
уредиВо 2004, Рандом Хаус издаде нов роман следбеник на Кумот на Пузо, Кум се Враќа, од Марк Вајнгарднер. Понатамошен следбеник од Вајнгарднер, Одмаздата на Кум, беше издадена во 2006. Следбеничките романи ја продолжуваат приказната од романот на Пузо. Тие не контрадиктираат на настаните од филмските следбеници, и може да се читаат независно, или да бидат гледани како надополнување, на филмовите.
Кум се Враќа ја продолжува приказната веднаш по крајот на книгата на Пузо. Тој ги покрива годините од 1955 до 1962, а дава и приказна за Мајкл Корлеоне пред настаните во првиот роман. Настаните од филмот Кум II се случуваат во временската рамка на овој роман, но се спомнати само во позадина. Романот содржи додаток кој се обидува да ги поврзе настаните од романите со тие од филмовите. Романите и филмовите се вклопуваат во навистина чудна мода.
Сицилијанец
уредиУште еден роман на Пузо кој го карактеризира Мајкл Корлеоне како ситен карактер, Сицилијанец, беше издаден во 1984. Романот е сместен на крајот на двогодишното прогонство на Мајкл во Сицилија, и заплетот е заснован на вистинскиот бандит Салваторе Џулиано.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Режисерот на филмот Кум ја отфрла Кум играта - од Тор Торсен, 8 април 2005, посетено 8 април 2005.
Надворешни врски
уреди- Страна за книгата „Кум“ на Amazon.com
- Страна за книгата „Кум“ на Barnes & Noble.com Архивирано на 29 септември 2007 г.
- Мајк Вајнгарднер Архивирано на 30 август 2006 г.
- Кум се Враќа Архивирано на 16 декември 2018 г.