Доналд Трамп

45-ти претседател на САД

Доналд Џон Трамп (англиски: Donald Trump, роден на 14 јуни 1946) — американски политичар, стопанственик, јавна личност и 45. Претседател на САД.

Доналд Трамп
Donald Trump
45. Претседател на САД
Стапува
20 јануари 2017
Потпретседател Мајк Пенс
Претходник Барак Обама
Лични податоци
Роден(а) Доналд Џон Трамп
14 јуни 1946
Њујорк
Партија Републиканска партија (1987–99, 2009–11, 2012–денес)
Други припадности
Сопружник
Деца
Родители
Живеалиште Кула „Трамп“, Њујорк
Установа Универзитет Фордхам, Универзитет Пенсилванија
Занимање Претседател и извршен директор на конгломератот „Организација Трамп
Потпис Donald J Trump stylized autograph, in ink
Портал greatagain.gov

Животопис

уреди

Трамп е роден и израснал во подрачјето Квинс во Њујорк каде што дипломирал економија на факултетот Вартон при универзитетот Пенсилванија во 1968. Во 1971 тој ја презел семејната фирма за недвижности и градежништво „Elizabeth Trump & Son“, која што подоцна се преименила во „Организација Трамп“ (англиски: The Trump Organization), каде што моментално е извршен директор и претседател. За време на неговата деловна кариера, фирмите на Трамп изградиле, реновирале и управувале со голем број на деловни згради и простории, хотели, казина и терени за голф. Трамп бил сопственик на Мис САД и Мис Универзум од 1996 до 2015. Доналд Трамп исто така го користи своето презиме со цел да брендира голем број различни производи. Во 2004 година, тој станал водител на Чирак (англиски: The Apprentice),[3] реалити шоу кое што се емитувало на телевизијата NBC од 2004 до 2015 година (сè уште се прикажува како извршен директор на шоуто). Во 2016, Форбс го поставил Трамп како 324. најбогат човек во светот (113. во САД) со богатство од 4,5 милијарди долари.

Трамп своевремено бил кандидат на внатрепартиските избори во Реформската партија во 2000 година, но се повлекол пред да започне гласањето.[4][5][6] Тој исто така сакал да се кандидира на претседателските избори во 2012 како кандидат на Републиканската партија, но на крајот се одлучил да не се кандидира.[7][8] Во јуни 2015 година, тој го најавил своето кандидирање за претседателските избори во 2016,[9][10] и набргу станал фаворит помеѓу 17. останати кандидати од Републиканската партија.[11] Неговите главни соперници ги откажале своите кампањи во мај 2016, и во јули тој формално бил номиниран за републикански кандидат за претседател на републиканската конвенција. Кампањата на Доналд Трамп добила голема медиумска покриеност како и меѓународно внимание. Голем број од неговите изјави и интервјуа, на друштвените мрежи и на неговите митинзи биле контроверзни.[12][13][14] Бројни протести против Трамп се случиле по изборите.

Трамп победил на претседателските избори на 8 ноември 2016, освојувајќи мнозинство во американскиот изборен колегиум,[15] и покрај тоа што добил помалку гласови на народното гласање на национално ниво од кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон.[16] На полни 70 години, Трамп стана најстариот и најбогатиот човек што станал претседател на САД, надминувајќи ги Роналд Реган и Џорџ Вашингтон. Тој исто така е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.

Платформата на Трамп нагласува одново преговарање на полето на односите помеѓу САД и Кина како и договорите за слободна трговија како што се НАФТА и Транстихоокеанскиот договор, спроведување на значителен број на имиграциони закони, и изградба на ѕид долж границата помеѓу САД и Мексико. Неговите други позиции се обидот за енергетска независност на САД, заменување на Реформата за здравствено осигурување и заштита на пациенти (популарно позната како Obamacare, македонски изговор: Обамакер),[17] укинување на образовната иницијатива за стандардот Common Core (македонски изговор: Комон Кор), инвестирање во инфраструктурата, поедноставување на даночните закони како и намалување на даноците воопшто и наметнување на тарифи за увезените производи на американските претпријатија кои имаат погони надвор од САД. Трамп се залага за неинтервенционистички пристап во полето на надворешните работи, во меѓувреме зголемувајќи ги трошоците за воена опрема, темелна проверка на муслиманите со цел спречување на исламскиот тероризам[18][19][20] како и агресивна воена акција против ИСИЛ. Позициите на Трамп на одредени теми се опишани од страна на експертите како популистички, протекционистички и националистички.[21][22][23]

Наводи

уреди
  1. Gillin, Joshua (August 24, 2015). „Bush says Trump was a Democrat longer than a Republican 'in the last decade'. PolitiFact. Посетено на October 21, 2015.
  2. Sargent, Hilary (January 22, 2014). „The Man Responsible for Donald Trump's Never-Ending Presidential Campaign“. Boston.com. Архивирано од изворникот на 2016-06-03. Посетено на 2016-12-19. A New Hampshire Republican activist named Mike Dunbar dreamed up the idea of a Donald Trump presidency [in] early summer of 1987... Dunbar launched a 'Draft Trump' campaign... Stories about a possible Trump presidency ran in newspapers across the country... (Trump was registered as a Democrat at the time...)
  3. Гринбаум, Мајкл М.; Паркер, Ашли (16 јули 2016). „Donald Trump the Political Showman, Born on 'The Apprentice'. The New York Times. Посетено на 26 јануари 2021.
  4. Вингер, Ричард (25 декември 2011). „Donald Trump Ran For President in 2000 in Several Reform Party Presidential Primaries“. Ballot Access News.
  5. Клифт, Елеанор (13 април 2017). „The Last Time Trump Wrecked a Party“. The Daily Beast. Посетено на 26 јануари 2021.
  6. Нагурнеј, Адам (14 февруари 2000). „Reform Bid Said to Be a No-Go for Trump“. The New York Times. Посетено на 24 јануари 2021.
  7. МекАскил, Евен (16 мај 2011). „Donald Trump bows out of 2012 US presidential election race“. The Guardian. Посетено на 26 јануари 2021.
  8. Бобиќ, Игор; Стеин, Сем (22 февруари 2017). „How CPAC Helped Launch Donald Trump's Political Career“. HuffPost. Посетено на 26 јануари 2021.
  9. Лернер, Адам Б. (16 јуни 2015). „The 10 best lines from Donald Trump's announcement speech“. Politico. Посетено на 26 јануари 2021.
  10. Грахам, Давид А. (13 мај 2016). „The Lie of Trump's 'Self-Funding' Campaign“. The Atlantic. Посетено на 26 јануари 2021.
  11. Риве, Елспет (27 октомври 2015). „How Donald Trump Evolved From a Joke to an Almost Serious Candidate“. The New Republic. Посетено на 26 јануари 2021.
  12. Finnegan, Michael (September 25, 2016). „Scope of Trump's falsehoods unprecedented for a modern presidential candidate“. Los Angeles Times. Посетено на December 8, 2016.
  13. Cillizza, Chris (July 1, 2016). „A fact checker looked into 158 things Donald Trump said. 78 percent were false“. The Washington Post. Посетено на December 8, 2016.
  14. Dale, Daniel; Talaga, Tanya (November 4, 2016). „Donald Trump said 560 false things, total“. Toronto Star. Посетено на December 8, 2016.
  15. Шмит, Кирстен; Андревс, Вилсон (19 декември 2016). „A Historic Number of Electors Defected, and Most Were Supposed to Vote for Clinton“. The New York Times. Посетено на 26 јануари 2021.
  16. Десилвер, Древ (20 декември 2017). „Trump's victory another example of how Electoral College wins are bigger than popular vote ones“. Pew Research Center.
  17. Кодјак, Алисон (9 ноември 2016). „Trump Can Kill Obamacare With Or Without Help From Congress“. NPR. Посетено на 26 јануари 2021.
  18. „Trump's promises before and after election“. BBC. 19 септември 2017.
  19. Пилкингтон, Ед (8 декември 2015). „Donald Trump: ban all Muslims entering US“. The Guardian. Посетено на 26 јануари 2021.
  20. Џонсон, Џена (25 јуни 2016). „Trump now proposes only Muslims from terrorism-heavy countries would be banned from U.S.“. The Washington Post. [A] reporter asked Trump if [he] would be OK with a Muslim from Scotland coming into the United States and he said it 'wouldn't bother me'. Afterward, [spokeswoman] Hicks said in an email that Trump's ban would now just apply to Muslims in terror states ...
  21. Милер, Јан-Верен (2016). What Is Populism?. University of Pennsylvania Press. стр. 101. ISBN 978-0-8122-9378-4.
  22. Донован, Тод; Редлавск, Давид (2018). „Donald Trump and right-wing populists in comparative perspective“. Journal of Elections, Public Opinion and Parties. 28 (2): 190–207. doi:10.1080/17457289.2018.1441844. S2CID 148746487.
  23. Фергусон, Томас; Пејџ, Бенјамин И.; Ротшилд, Џакоб; Чанг, Артуро; Чен, Џи (2020). „The Roots of Right-Wing Populism: Donald Trump in 2016“. International Journal of Political Economy. 49 (2): 102–123. doi:10.1080/08911916.2020.1778861. S2CID 221061555.

Надворешни врски

уреди