Рамунас Навардаускас
Рамунас Навардаускас (литвански: Ramūnas Navardauskas; р. 30 јануари 1988) — литвански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Делко.[2]
Навардаускас на Трката околу Алберта 2014 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Рамунас Навардаускас | ||||||||||||||
Прекар | Меден јазовец[1] | ||||||||||||||
Роден | 30 јануари 1988 Шилале, Литванија | ||||||||||||||
Висина | 1,90 м | ||||||||||||||
Маса | 77 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | Делко | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||
2007 2008 2009 2010 | Клајпеда-Сплендид Улан Пиемонт Вело-Клуб Ла Пом Марсеј | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2011–2016 2017-2018 2019- | Гармин-Сервело Бахреин-Мерида Делко-Марсеј Прованса | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 16 јануари 2019 |
Кариера
уредиПо четири години како аматер, Навардаускас станал професионалец со Гармин-Сервело во 2011 година.[3]
Во текот на Џиро д’Италија 2012, Навардаускас завршил на шестото место на првата етапа, на воведниот поединечен хронометар, само 22 секунди зад победникот Тејлор Фини (Аксент.џобс-Вилемс Веранда). На четвртата етапа, на екипниот хронометар, Гармин-Баракуда биле победници и Навардаускас го презел водството на трката, станувајќи првиот Литванец кој ја облекол розовата маичка.[4] Меѓутоа, Навардаускас ја загубил маичката од Италијанецот Адријано Малори (Лампре-ИСД) на шестата етапа.
Досега трипати победил на националните друмски првенства (2007, 2011, 2016) и на националното хронометарско првенство (2012, 2014, 2015).[3]
Личен живот
уредиРоден во Шилале, Литванија, Навардаускас сега престојува во Олива, Шпанија.[3]
Достигнувања
уреди- 2007
- 1. Национален друмски првак
- 9. Краен пласман Трка Олимпија
- 2008
- 4. ГП Талин-Тарту
- 2010
- 1. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
- 4. Трка околу Фландрија под 23 години
- 7. Париз-Рубе под 23 години
- 2011
- 1. Национален друмски првак
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Тур де Франс
- 2. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
- 3. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 7. Сиркут Сарт
- 2012
- 1. Национален хронометарски првак
- 1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 2. Краен пласман Трка околу Данска
- 8. Краен пласман Трка околу Оман
- 8. Краен пласман Трка околу Катар
- 8. Светско друмско првенство
- 2013
- 1. Етапа 2 Тур де Романди
- 1. Етапа 11 Џиро д’Италија
- 3. Национално хронометарско првенство
- 6. Национално друмско првенство
- 2014
- 1. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 1. Етапа 4
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 19 Тур де Франс
- 3. Гран при Квебек
- 4. Краен пласман Трка околу Алберта
- 4. Гран при Монтреал
- 4. Национално друмско првенство
- 2015
- 1. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2. Национално друмско првенство
- 3. Светско друмско првенство
- 3. ГП Западна Франција
- 4. Краен пласман Трка околу Баварија
- 2016
- 1. Национално друмско првенство
- 4. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
- 6. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
- 7. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 8. Трофео Плаја де Палма
- 2017
- 7. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
- 1. Етапа 3 (ITT)
- 2018
- 1. Етапа 1 Трка на Црното Море
- 2. Национално хронометарско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 137 | 87 | — | — | 122 | — |
Тур | 157 | — | 120 | 141 | 143 | 134 | — |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ Фотерингем, Аласдер (9 мај 2012). „Ramunas "Honey Badger" Navardauskas gobbles up the Giro lead“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 15 мај 2013.
- ↑ Бали, Кентин (10 декември 2018). „Route - Delko Marseille avec 19 coureurs la saison prochaine“ [Road - Delko Marseille with 19 riders next season]. Cyclism'Actu (француски). Swar Agency. Посетено на 13 јануари 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Рамунас Навардаускас во Гармин-Шарп“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 28 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-02-15. Посетено на 6 јануари 2013.
- ↑ „Џиро д'Италија 2012: Рамунас Навардаускас ја презема водечката розова маичка“. The Daily Telegraph. Обединето Кралство: Telegraph Media Group. 9 мај 2012. Посетено на 26 април 2013.
Надворешни врски
уреди„Рамунас Навардаускас“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Рамунас Навардаускас“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Рамунас Навардаускас“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Рамунас Навардаускас“. ProCycling.
- Профил на Cycling Base Архивирано на 1 септември 2013 г.
- Профил на официјалната страница на Гармин[мртва врска]
- Navardauskas Рамунас Навардаускас на Facebook
- Рамунас Навардаускас на Твитер
Награди | ||
---|---|---|
Претходник Јевгениј Шуклин |
Литвански спортист на годината 2015 |
Наследник Ауримас Диџбалис |