Бранка Станковска
Бранка Станковска (30 април 1931, во Скопје — 21 јануари 2021) — македонска радио и тв водителка. Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читала вестите на првиот телевизиски „Весник“, заедно со Благоја Крстевски, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Била една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.[1]
Бранка Станковска | ||
Родена | 30 април 1931 Скопје | |
---|---|---|
Починала | 21 јануари 2021 Скопје, Македонија | (возр. 89)|
Националност | Македонка | |
Позната | радио и ТВ водителка |
Наводи
уреди- ↑ „СТАНКОВСКА, Бранка“. Македонска Енциклопедија. 11 октомври 2018. Посетено на 21 јануари 2021.