Аристотел Оназис

Аристотел Оназис (грчки: Αριστοτέλης Ωνάσης; 15 јануари 1906 - 15 март 1975) бил грчки стопанственик, познат како еден од најбогатите луѓе на 20 век[1][2]. Тој бил познат бродосопственик. Во почетокот, неговиот бизнис се состоел од изградба на бродови за превоз на нафта.

Аристотел Оназис
Αριστοτέλης Ωνάσης
Onassis-persia.jpg
Роден15 јануари 1906(1906-01-15)
Смирна, Отоманско Царство
Починал15 март 1975(1975-03-15) (возр. 69)
Франција
ЗанимањеПроизводство на бродови
Сопружник/циАтина Ливанос (в. 1946–60)
Жаклина Кенеди (в. 1968–75)
ДецаАлександар
Кристина
РодниниСократис (татко)
Пенелопа (мајка)
Артемис (сестра)
Калирој (полу-сестра)
Миропа (полу-сестра)

Оназис е роден на 15 јануари 1906 година, но според некои податоци, тој бил роден во 1900 година[3]. Во текот на 1946 година се оженил за Атина Ливанос, од која имал две деца: Александрос и Кристина. Александрос починал во 1973 година, кога имал 24 години во авионска несреќа, а Христина во 1988 година во Буенос Аирес. Во 1968 година се оженил за Жаклина Бувие, вдовица на починатиот американски претседател Џон Кенеди. Сепак, нивниот брак не бил успешен долго време, а од друга страна пак, Аристотел имал љубовна афера со оперската пејачка Марија Калас.

Единствениот жив наследник на Аристотел е неговата внука Атина. Аристотел починал на 15 март 1975 година.

НаводиУреди

  1. Blyth, Myrna (12 August 2004). „Greek Tragedy, The life of Aristotle Onassis“. National Review Online. Архивирано од изворникот на 9 March 2009. Посетено на 5 April 2008. Text "2008-04-05" ignored (help)
  2. Smith, Helena, The Guardian, Callas takes centre stage again as exhibition recalls Onassis's life, Посетено на 5 April 2008.
  3. „The Life of Aristotle Onassis“. Greece.org. Посетено на 26 April 2009.