Васил Шишков


Васил Шишков (30 јануари 1970 во Скопје - 21 декември 2014[1][2]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, син на Ристо Шишков.

Васил Шишков
Роден 30 јануари 1970
Скопје
Починал 21 декември 2014
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Бог да ги убие шпионите
Тврдокорни
Македонски народни приказни
Занимање глумец
Татко Ристо Шишков

ФилмографијаУреди

Година Филм Улога
1991 Македонија може Полицаецот
1992 Македонски народни приказни
1991 Бог да ги убие шпионите Војин Треновски
1993 Тврдокорни Милан Арсов
1995 Македонски народни приказни
1995 Адска машина Силвестер
1997 Џипси меџик Војник од УН
2006 Стрмоглави Цветко
2006 Мост Дамјан
2007 Сенки Свештеникот
2012 Максим Дејан

Смрт и реакцииУреди

Ти си причината заради која ми течат солзи веќе 10 минути... толку е времето за кое знам дека си на подобро место. Ти ми беше прва детска симпатија, ми беше генијален и единствен во она што го правеше. Уметнички. Достојно. Самостојно и своеглаво. Зошто? Ни требаше уште меѓу нас, ни требаше да те гледаме, да не импресионираш... Да не тераш уште повеќе да го сакаме театарот. Па се видовме пред само неколку дена. Беше насмеан таков и ќе останеш засекогаш во моето сеќавање. Почивај во мир голем, генијален, достоен човеку![2]

- Нина Јанева.

Васил Шишков почивај во мир генерацијо, колега ...последната улога му беше Ристо Шишков во Вечната куќа ...апсурдот да биде поголем ..и беше бескрајно среќен на секоја изведба ...тажно, многу тажно ...се надевам Шиле дека конечно ќе го најдеш својот мир и ќе испиеш една чашка со стариот...[2]

- Весна Петрушевска.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди