13 јануари
датум
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2023 |
13 јануари — 13-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 352 денови до крајот на годината (353 во престапна).
Настани:
532 | Бунтот Ника во Цариград. |
1610 | Галилео Галилеј го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер. |
1785 | Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на „Тајмс“ (The Times). |
1898 | Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на Евреите. |
1938 | Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет. |
1953 | Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија. |
Родени:
1806 | Јован Стерија Поповиќ — српски писател. |
1864 | Вилхелм Вин — германски физичар и нобеловец, познат по неговиот закон за топлинското зрачење на апсолутните црни тела. |
1869 | Иво Ќипико — српски писател. |
1876 | Ерхард Шмит — германски математичар. |
1888 | Назим Хикмет — турски писател и револуционер. |
1898 | Живоин Павловиќ — југословенски комунист. |
1920 | Христо Стамболиев — еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и негов прв декан. |
1929 | Џо Пас — американски гитарист. |
1953 | Јордан Витанов — македонски глумец. |
1955 | Пол Кели — австралиски рок-музичар. |
1970 | Шонда Рајмс — американски сценарист, режисер и продуцент. |
1972 | Виталиј Шчербо — белоруски и советски гимнастичар. |
1977 | Орландо Блум — англиски глумец. |
1982 | Драган Чадиковски — македонски фудбалер. |
1983 | Џовани Висконти — италијански велосипедист. |
1987 | Даниел Ос — италијански велосипедист. |
1989 | Александар Минченков — руски фудбалер. |
1997 | Луис Дијас — колумбиски фудбалер. |
Починале:
1625 | Јан Бројгел Постариот — фламански сликар, син на познатиот уметник Питер Бројгел Постариот. |
1943 | Благој Страчковски — македонски народен херој, учесник во НОБ. |
1977 | Жорж Клузо — француски филмски режисер и сценарист. |
1979 | Дони Хатавеј — американски џез и блуз музичар. |
1984 | Вера Циривири Трена — носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија. |
1994 | Добри Ставревски — македонски пејач. |
1994 | Горан Ивандиќ — српски и југословенски рок-музичар, член на групата „Бијело дугме“. |
2002 | Антоние Исаковиќ — српски писател и академик. |
2007 | Мајкл Брекер — американски џез-музичар. |
2012 | Миљан Миљаниќ — српски и југословенски фудбалски тренер и функционер. |
2021 | Силвејн Силвејн — американски рок-музичар. |
Празници:
* | Василица. Според православната вера на овој ден се пали оган се крши лепче со паричка, се топли ракија. Кај кого ќе падне паричката тој е кум за следната Василица. |