Шонда Лин Рајмс[2] (англиски: Shonda Rhimes) — сценарист, режисер и продуцент. Таа е најдобро позната по тоа дека е творецот и еден од извршните продуценти на хит серијата Вовед во анатомија и нејзиниот спин-оф Приватна пракса. Во мај 2007, таа беше именувана како една од Time 100 луѓе кои помогнаа да се обликува светот.[3]Според податоци од 2023 година, таа е една од најбогатите жени забавувачи во Америка, со нето вредност од 250 милиони долари.[4]

Шонда Рајмс
Shonda Rhimes
Родена 13 јануари 1970[1]
Чикаго, Илиноис, САД
Позната По создавањето на хит серијата Вовед во анатомија и нејзиното продолжение Приватна пракса
Занимање продуцент, сценарист и режисер.
Рајмс на насловната страна на магазинот Ms. во 2015 година


Вовед во анатомија

уреди

Шонда Рајмс е творец и извршен продуцент на хит серијата Вовед во анатомија како и сценарист покрај големиот број на сценаристи. Серијата се работи за животот на младата стажистка Мередит Греј (Елен Помпео) која е протагонистот на серијата. Серијата има доста голем глумечки тим меѓу кои останатите стажисти со кои Мередит работи, нивната менторка, шефот на хирургија Ричард Вебер (Џејмс Пикенс Џуниор) кој има бурно минато со нејзината мајка, неврохирургот Дерек Шепард (Патрик Демпси) љубовниот интерес на Мередит и кардиоторакалниот хирург Престон Бурк (Исаија Вашингтон). Подоцна на глумечката екипа и се придружува мистериозната жена на Дерек Шепард, Адисон Монтгомери (Кејт Волш), вечната ривалка на Престон Ерика Хан (Брук Смит), преатрактивниот пластичен хирург Марк Слоун (Ерик Дејн), несигурната ортопетка Кели Торес (Сара Рамирес) и полусестрата на Мередит Лекси Греј (Чајлер Леигј).

Шонда има изјавено дека ликот на Мередит највеќе наликува на неа и тоа е причината зошто го создала. Откако првпат се појавува оваа серија на телевизија прифатена е со голема гледаност и телевизијата решава да ја продолжи да ја емитува сè додека серијата не стане една од најпознатите и ја направат редовна со сè повеќе сезони. Досега се завршени цели четри сезони во кои се запознавме со ликовите четри од петте стажисти станаа ментори а останатите се бореа да одржат баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Во четвртата сезона Исаија поради некои караници со колегите ја напушта серијата а ликот на Кејт достигнува голема популарност со што достигнува да стане главен лик на нова серија исто така создадена од Шонда. Од септември оваа година започна емитувањето на петтата сезона.

Приватна пракса

уреди

Приватна пракса е серија исто така создадена од Шонда Рајмс. Во Вовед во анатомија главен лик е Мередит Греј таа се вљубува во Дерек Шепард сè додека не се појави жената на Дерек Адисон која тој ја фатил како го изневерува со неговиот најдобар пријател и ја оставил. Таа решава да му се врати на Дерек и останува во Сиетл. Марк човекот со кој го изневерила Дерек се враќа во Сиетл и ја обновува врската со Адисон. Но покрај се Адисон минува низ се и сешто и се и доаѓа преку глава сè додека не реши да оди во Лос Анџелес и да започне ново поглавје во нејзиниот живот. Адисон едноставно си оди од Вовед во анатомија сè додека Шонда не реши всушност да го покаже животот на Адисон во Лос Анџелес и ја создава серијата Приватна пракса, која се работи за Адисон и нејзините пријатели од факултет и таму го запознава мажот на нејзиниот живот. Оваа серија се покажа добро не толку добро како Вовед во анатомија но доволно добро да издржи да се емитува. Нејзината прва сезона е прекината поради штрајкот на сценаристите а втората сезона започна на први октомври оваа година.

Наводи

уреди
  1. „UPI Almanac for Wednesday, Jan. 13, 2021“. United Press International. January 13, 2021. Архивирано од изворникот February 27, 2021. Посетено на February 27, 2021. …TV producer Shonda Rhimes in 1970 (age 51)…
  2. „Shonda L. Rhimes '91 (Doctor of Arts)“. Dartmouth College. June 8, 2014. Посетено на October 9, 2014.
  3. Oh, Sandra. „The TIME 100, ARTISTS & ENTERTAINERS“. TIME. Архивирано од изворникот на 2007-05-05. Посетено на 2007-05-05.
  4. „Here Are The 15 Richest Women Celebrities In America“. Forbes. June 1, 2023. Посетено на June 1, 2023.