Даглас Енгелбарт (англиски: Douglas Carl Engelbart; 30 јануари 1925 - починал на 2 јули 2013) — американски инженер и пронаоѓач, млад сметачки и семрежен пионер. Најпознат е по неговиот предизвик за односот човек-сметач што резултирало со пронаоѓање на сметачкото глувче, развивање на хипертекст, мрежно поврзани сметачи и предвесник на графичкиот кориснички посредник. Toj бил посветен поборник за користење на сметачите и мрежите со цел да се помогне во решавање во светските најважни и најкомплексни проблеми.

Даглас Карл Енгелбарт ("Даг")
Даглас Енгелбарт во 2008
Роден(а)30 јануари 1925
Атертон, Калифорнија, САД
Починал(а)2 јули 2014
ПолињаПронаоѓач
УстановиСРИ Стенфорд истражувачки институт, Тимшеар, МекДонел Даглас, Бутстреп Институтот, Даг Енгелбарт институтот
ОбразованиеУниверзитет во Орегон ; Универзитет на Калифорнија, Беркли
Докторски менторЏон Р. Вудјард
Познат посметачко глувче, хипертекст, однос човек-сметач
Страница
dougengelbart.org

Неговата младост и образование

уреди

Енгелбарт е роден во Соединетите Американски Држави, поточно во државата Орегон на 30 јануари 1925 година како дете на Карл Луис Енгелбарт и Гладис Шарлот Амелија Мунсон Енгелбарт. Тој имал германско, шведско и норвешко потекло. Тој бил средно од трите деца, со сестра Доријана и брат Давид. Тие живееле во Портланд додека бил уште дете, а подоцна се преселиле во заливот Џонсон кога Даглас имал 9-10 години, веднаш после смртта на неговиот татко. Тој завршил средно училиште во Портланд Франклин во 1942 година[1].

Во средината на неговото студирање на Државниот универзитет Орегон, кон крајот на Втората светска војна, тој бил земен во воена морнарица, каде служел две години како радарски техничар на Филипините. Подоцна се вратил во Орегон и го довршил студирањето, со што се здобил со неговата диплома од Електротехничкиот факултет во 1948 година. Додека бил во Орегон бил член на социјалното друштво Сигма Пи Епсилон[2][3]. Бил вработен од страна на Националниот советодавен комитет за аеронаутика во Ејмс истражувачкиот центар, каде што работел во 1951 година[4].

Кариера и достигнувања

уреди

Кариерата на Даг Енгелбарт била инспирирана во 1951 година кога се верил и разбрал дека нема никакви цели во животот освен да има добро образование и добра работа[5]. После неколку месеци тој решил дека:

  1. Ќе ја фокусира неговата кариера на правење на светот подобро место за живеење[6];
  2. Секој сериозен напор да се направи светот подобро место бара некаков организиран напор;
  3. Клучот за тоа еискористување на колективната човечка интелигенција на сите луѓе што придонесува до ефективни решенија;
  4. Ако може значително да се подобри тоа, тогаш ќе дојде до зголемувањена напорот на планетата за да се решат важни прашања – колку поскоро толку подобро;
  5. Сметачите може да бидат средство за значително подобрување на оваа способност[5].

Во 1945 година, Енгелбарт ја прочитал статијата на Ваневар БушКако што би можеле да размислуваме[7], повик за оружје за правење на знаењето широко достапно како национален предизвик. Даг исто така читал и нешто за сметачите (тогаш сè уште млад феномен) и од неговото искуство како радарски техничар тој знаел дека информацијата може да се анализира и да се претстави на екран. Тој замислил интелектуални работници како работаат во т.н „работнички станици“,искористувајќи ја нивната интелектуална моќ со цел решавање важни проблеми на многу моќен начин. Искористувањето на колективната интелигенција, олеснета со односот со сметачите, станала негова животна мисија, во време кога кога биле гледани само како направи за сметање.

Тој се запишал на Електротехнички факултет на Универзитетот на Калифорнија, Беркли, каде што завршил со МС оцена во 1953 година и докторирал во 1955 година. Како дипломиран студент на Беркли тој помагал во создавањето на проектот ЦАЛДИЦ. Неговата дипломска работа водела до неколку патенти. Полсе завршувањето на докторатот тој останал на Беркли како асистент и предавал една година, но подоцна заминал бидејќи разбрал дела не може си ја оствари замислената цел на тоа место. После тоа формирал почетничка компанија, Дигитални Техники, за да комерцијализира некои негови докторски истражувања на уреди за складирање податоци, но после една година решил да се посвети на истражувањето за кое сонувал уште од 1951 година. Тој зел место на Институтот за истражувања Стенфорд во Менло Парк, во 1957 година. Тој работел за Хјуит Крејн на магнетни уреди и минијатуризација на електроника; Енгелбарт и Крејн станале доживотни пријатели[8].

Институтот за истражувања Стенфорд и истражувачкиот центар за аугментација

уреди

Во SRI International, Енгелбарт добил многу патенти (некои и од неговата дипломска работа)[9], и до 1962 година напишал извештај за неговата визија и направил истражувачки дневен ред именуван: Аугментативна Човечка Интелигенција: Концептуална рамка[10]. Ова довело до финансирање од страна на АРПА да започне со своја самостојна работа работа[11].

Енгелбарт собрал истражувачки тим во неговиот нов истражувачки центар АРЦ, кои станале водечка сила на дизајнот и развивањето на Он-лајн системот или НЛС. Тој и неговиот тим развиле посредничките елементи, како што се бит-мапираниот екран, сметачкото глувче, хипертекст, алатки за соработка и предвесник на графички кориснички посредник. Тој осмислил и развил многу од неговите идеи за корисничкиот посредник уште во средината на 1960 година, многу време пред сметачката револуција, во време кога многу луѓе биле чувани на страна од сметачите, и можеле да видат сметач само преку посредници и кога софтверот бил напишан во вертикални апликации во комерцијални, заштитени системи.Енгелбарт аплицирал за патент на неговата дрвена школка со две метални тркала (сметачко глувче), во 1967 и го добил во 1970 година, а го развил со Бил Инглиш, негов главен и водечки инженер, неколку години порано. Во патентот сметачкото глувче е опишано како „X-Y индикатор за позиција, за дисплеј систем“. Енгелбарт подоцна открил дека направата била наречена глувче поради кабелот кој излегувал од неговиот крај. Неговата група исто така покажувачот на екранот го нарекувала бубачка, но тој термин не бил пошироко прифатен.

Тој никогаш не добил никаков хонорар за неговиот пронајдок. На едно интервју тој изјавил: „SRI International го патентира сметачкото глувче, но не бевме свесни за неговата вредност. После неколку години се дозна дека им бил лиценциран на Ејпл за околу 40.000 долари.“ Енгелбарт ја претставил акордната тастатура и многу повеќе од неговите пронајдоци во 1968 година на т.н The Mother of All Demos[12][13].

Крај на истражувачката кариера

уреди

Енгелбарт се повлекол во релативна анонимност после 1976 година. Неколку негови истражувачи се оттуѓиле од него и ја напуштиле организацијата за Зирокс ПАРЦ, дел поради фрустрација, и дел поради различни гледишта во врска со иднината на сметачите. Енгелбарт ја гледал иднината во соработката, мрежи, споделени сметачи, кои помладите ги одбивале, во корист на личните сметачи. Конфликтот бил и социјален и технички: помладите програмери дошле од ера, каде централизираната власт била многу сомнителна, а личните сметачи биле едвај на хоризонтот.

Енгелбарт бил член на одборот на директори на Ерхард Семинарс Трејнинг. Исто така, неколку клучни вработени лица во АРЦ биле вклучени тука. Иако ЕСТ биле препорачани од други истражувачи, контроверзната природа на ЕСТ и други социјални експерименти го намалиле моралот и социјалната однос на АРЦ заедницата.

Менсфилд Амандманот, крајот на Виетнамската војна, и крајот на пограмата Аполо 11, го намалиле финансирањето на АРЦ од страна на АРПА и НАСА. Менаџментот на SRI International (СРИ), кои не го одобриле работењето на Енгелбарт во центарот, ги сместиле остатоците на АРЦ под контрола на истражувачот на вештачка интелигенција Бертрам Рафаел, кој преговарал за трансфер на лабораторијата во друга компанија наречена Тимшер. За време на овој период изгорела куќата на Енгелбарт во Атерон, предизвикувајќи му нему и на неговото семејство уште поголеми проблеми. Тимшер ја презела НЛС и лабораторијата што ја основал Енгелбарт, ги вработила повеќето од персоналот вклучувајќи го и основачот како постар научинк и го преименувала софтверот Аугмент. Тимшер била веќе запознаена со НЛС; уште кога АРЦ бил оперативен, тие експериментирале со своја компија на НЛС софтвер на мини-сметач наречен Офис-1.

Во Тимшер, Енгебарт се нашол себеси маргинализиран и повлечен. Грижите во Тимшер ја потиснале желбата на Енгелбарт за понатамошни истражувања. Различни директори, првиот на Тимшер а подоцна и Мк Донел Даглас (кој ја презел Тимшер во 1984), покажал интерес за неговите идеи, но никогаш не ги финансирал за понатамошен нивни развиток. Интересите на Мк Донел, биле фокусирани кон менаџирање со големо знаење и ИТ барања кои биле вклучени во животниот циклус на воздушната програма, која служела да ја зајакне одлучноста на Мк Донел да ја мотивира ИТ арената кон глобалната интероперибилност и отворен хипердокументен систем. Енгелбарт се пензионирал од Мк Донел во 1986 година, и ја продолжил својата работа без комерцијален притисок.

Заедно со неговата ќерка, Кристина Енгелбарт, во 1988 година го основал бутстреп институтот, за да ги спои неговите идеи во серија од три и пол дена семинар понуден на Стенфорд Универзитетот 1989-2000. На почетокот на 1990 година имало доволно интерес помеѓу неговите ученици со меѓусебна соработка да се имплементира неговата работа, со тоа била формирана Бутстреп Алијанса како непрофитна организација. Иако инвазијата на Ирак и рецесијата предизвикале насип на затегнување на организациите кои драстично ги пренасочиле своите цели на нивните партнери, тие продолжиле со менаџмент семинари, консултации и мали соработки. Во средината на 1990 тие биле наградени со финансирање од ДАРПА за да развијат модерен кориснички посредник за Аугмент, наречен Вижуал АугТерм, додека учествувале во поголема програма за решавање на ИТ барањата на Џоинт Таск Форс.

Наводи

уреди
  1. Dalakov, Georgi. „Biography of Douglas Engelbart“. History of Computers. Архивирано од изворникот на 2012-07-11. Посетено на 2012-07-29.
  2. „Citation Recipients“ (PDF). Sigma Phi Epsilon. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-24. Посетено на 2013-08-14.
  3. „Prominent Alumni: Business“. Sigma Phi Epsilon. Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2013-08-14.
  4. Engelbart, Douglas. „Curriculum Vitae“. The Doug Engelbart Institute. Посетено на 2011-04-14.
  5. 5,0 5,1 Tia O'Brien (1999-02-09). „Douglas Engelbart's lasting legacy“. San Jose Mercury News. Архивирано од изворникот на 2013-07-07. Посетено на 2013-07-04.
  6. „The Unfinished Revolution II: Strategy and Means for Coping with Complex Problems“. Colloquium at Stanford University. The Doug Engelbart Institute. April 2000. Посетено на 2012-06-17.
  7. „The MIT/Brown Vannevar Bush Symposium: Influence on Doug Engelbart“. The Doug Engelbart Institute. Посетено на 2012-06-17.
  8. Markoff, John (2005). What the Dormouse Said. Penguin. стр. 70. ISBN 1-101-20108-8.
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име The Doug Engelbart Institute.
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име aughum.
  11. „What is Building Information Modeling“. Engineering.com. Архивирано од изворникот на 2017-03-04. Посетено на 2017-02-01.
  12. Engelbart, Douglas C.; и др. (1968-12-09). „SRI-ARC. A technical session presentation at the Fall Joint Computer Conference in San Francisco“. NLS demo ’68: The computer mouse debut. Engelbart Collection. Menlo Park, CA: Stanford University Library.
  13. „The Mouse – CHM Revolution“. www.computerhistory.org.