Везир
Везир (арапски: وزير) — во муслимансите монархии титула соодветна на современата титула „министер“, која му се доделува на висок по ранг политички и религиозен советник на султанот. А пак титулата „голем везир“ е соодветна на денешната „премиер“.

Првпат функцијата „везир“ се појавува во Персија, каде била втора најважна личност во државата по калифот. Во некои држави и некои периоди во историјата некомпетентните везири биле убивани - на пример султанот Селим I за време на своето осумгодишно владеење во Отоманското Царство осудил на смрт седум везири.