Мејсон Маунт
Мејсон Маунт (роден на 10 јануари 1999 година, во Портсмут) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација.
Мејсон Маунт | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Мејсон Тони Маунт[1] | ||
Роден на | 10 јануари 1999[2] | ||
Роден во | Портсмут, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м[3] | 1,81||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Манчестер Јунајтед | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
Челси | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2017- | Челси | 129 | (27) |
2017-2018 | → Витесе | 29 | (9) |
2018-2019 | → Дарби Каунти | 35 | (8) |
2023- | Манчестер Јунајтед | 14 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2014-2015 | Англија 16 | 5 | (0) |
2015-2016 | Англија 17 | 9 | (2) |
2016-2017 | Англија 18 | 5 | (3) |
2017-2018 | Англија 19 | 16 | (7) |
2018- | Англија 21 | 4 | (1) |
2019- | Англија | 36 | (5) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Биографија
уредиМаунт е роден во Портсмут, Хемпшир.[4] Неговиот татко, Тони, бил поранешен фудбалер кој играл во нисколигашки екипи, а подоцна бил и тренер на некои локални клубови, како Хавант Таун.[5]
Како дете, Маунт играл во локалните лиги; во 2003 година, на 4-годишна возраст, тој поминувал еден ден неделно тренирајќи во академиите на Портсмут и Челси.[6] Наведувајќи ги Френк Лампард, Лука Модриќ и Андрес Инјеста како свои идоли и омилени играчи,[7] Маунт на крајот се приклучил на Челси во 2005 година.[5][8]
Маунт е најдобар пријател со фудбалерот на Вест Хем Јунајтед и тимски колега од англиската репрезентација, Деклан Рајс, уште од детството.[9]
Технички одлики
уредиМаунт е комплетен играч за врска, способен да игра како мецала и понапред како офанзивен играч од средниот ред. Вешт е во вклучувањата во нападот од позадина и во фазата на реализација, но тој има и извонредна визија за играта и одлична индивидуална техника. Поради неговите одлики е споредуван со неговите сонародници Френк Лампард и Џек Вилшер.[10][11]
Клупска кариера
уредиЧелси
уредиМладински категории
уредиНа 18-годишна возраст, Маунт бил промовиран во сениорскиот тим на Челси;[12] претходно тој дебитирал за тимот под 18 години во 2014 година, на 15-годишна возраст, а исто така, играл редовно и за тимот под 21 година во 2016 година. Маунт постигнал 10 гола на 30 натпревари во шампионската кампања на Челси во Премиер лигата под 18 години.[13] Тој, исто така, освоил два ФА купа за млади, УЕФА Младинската лига и бил избран за Играч на годината на Академијата на Челси до 2017 година.[14][15][16]
Позајмиците во Витесе и Дарби Каунти
уредиНа 24 јули 2017 година, Маунт се приклучил на заем на холандскиот Ередивиси клуб Витесе.[12] Своето деби за првиот тим го направил на 26 август, влегувајќи како замена во 77-мата минута во поразот на домашен терен од Аз Алкмар со 1–2.[17] Следниот месец, тој го направил својот прв старт за Витесе во натпреварот од првото коло на Купот на Холандија на гостувањето кај петтолигашот Свифт, играјќи 90 минути во ремито 0-0, по што екипата на Свифт победила по изведување на пенали.[18] Својот прв гол за Витесе го постигнал на 1 октомври 2017, во 76-тата минута од натпреварот на домашен терен против Утрехт што завршил нерешено 1-1.[19] Маунт бил избран во Ередивиси Тимот на годината и бил избран за Играч на годината на Витесе.[20]
За време на првиот полуфинален натпревар во плејофот на Ередивиси за европските натпреварувања против АДО Ден Хаг на 9 мај 2018 година, Маунт го постигнал својот прв хет-трик во кариерата, помагајќи му на Витесе да победи на гости со 5-2. Во реваншот, Маунт погодил уште еднаш за победата со 2-1, со што Витесе со вкупни 7-3 се пласирале во финалето. На првиот натпревар од финалето на плејофот против Утрехт, Маунт го отворил резултатот, но поради картони бил суспендиран за вториот; сепак, Витесе успеал да го добие двомечот со вкупен резултат 5-3. Маунт забележал 39 настапи во сите натпреварувања за Витесе, постигнувајќи 14 гола, пред да се врати во Челси.
На 17 јули 2018 година, Маунт се приклучил на заем до крајот на сезоната во Дарби Каунти.[21] Дебитирал во Чемпионшип на 3 август 2018, постигнувајќи гол уште на своето деби со кој го израмнил резултатот во 60-тата минута од победата со 1-2 на гостувањето кај Рединг.[22] Маунт бил надвор од терените два месеци откако претрпел повреда на тетивата во натпреварот од ФА Купот против Акрингтон Стенли.[23] Тој се врати во акција во победата со 6-1 над Ротерам Јунајтед, во која над него бил направен пенал.[24] Две недели подоцна, тој го постигнал својот втор хет-трик во кариерата во натпреварот против Болтон Вондерерс, добиен со 4-0.[25] Маунт одиграл вкупно 44 натпревари и постигнал 11 голови во сезоната 2018-2019. На 27 мај 2019, тој, исто така, го започнал финалето на плејофот во Чемпионшип против Астон Вила, но не успеал да му помогне на својот клуб да обезбеди промоција во Премиер лигата откако овните биле поразени со 2-1 на Вембли.
2019–2020: Пробивот во првиот тим
уредиНа 15 јули 2019 година, Маунт потпишал нов петгодишен договор со Челси. Дебитирал за Челси на 11 август 2019 година, во поразот со 4–0 на гости кај Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.[26] Тој го постигнал својот прв гол во дресот на Челси само една недела подоцна против Лестер Сити, за време на своето деби пред домашната публика, кога екипата предводена од менаџерот Френк Лампард одиграла нерешено 1-1,[27] и додал уште гол веќе еден на следниот натпревар на гостувањето кај Норич Сити.[28] На 17 септември, тој се здобил со повреда на глуждот во натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите против Валенсија.[29]
После паузата која уследила заради панедмијата на КОВИД-19, во доигрувањето на првенството во јули 2020, Маунт станал првиот матурант на Академијата на Челси кој дебитирал за првиот тим и завршил со 50 или повеќе настапи во рамките на една иста сезона.[30] Во последното коло од сезоната, победата со 2-0 против Вулверхемптон Вондерерс, Маунт го постигнал првиот гол од слободен удар и му асистирал на Оливје Жиру за вториот гол за да им помогне на сините да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.[31] Тој играл и во финалето на ФА Купот, кое Челси го загубиле од лондонскиот градски соперник Арсенал со 2-1.
2020–2021: Лига на шампиони и Играч на сезоната
уредиМаунт ја започнал сезоната 2020–2021 играјќи речиси во сите натпревари на Челси во првите месец дена. На 26 септември 2020, тој го постигнал својот прв гол за сезоната против Вест Бромвич Албион во ремито 3–3 на гости.[32] Меѓутоа, веќе во следниот натпревар следело големо разочарување за него, откако Маунт го промашил решавачкиот пенал во поразот на Челси по изведување на пенали со 5-4 од Тотенхем во четвртото коло од Лига купот играно на 29 септември.[33] Во јануари 2021, Маунт постигнал гол во два последователни натпревари: најпрво ја погодил мрежата на Морекамб во победата со 4-0 во третото коло на ФА Купот, а потоа бил стрелец и на победеносниот гол на гостувањето кај Фулам во Премиер лигата, со кој сините славеле успех со 1-0.[34][35] На 24 јануари, Маунт излегол на терен како капитен на Челси за првпат во својата кариера, во победата со 3–1 над Лутон Таун во ФА Купот.[36]
На 4 март, Маунт го постигнал единствениот гол во победата со 1-0 на гостински терен над Ливерпул,[37] пред да го постигне својот прв гол во европските натпреварувања во победата на Челси со 2-0 над Порто во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на 7 април,[38] станувајќи најмладиот играч на Челси кој постигнал гол во нокаут фазата на Лигата на шампионите.[39] На 27 април, тој го одбележал својот 100-ти настап за Челси играјќи во ремито 1-1 на гостувањето против Реал Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите;[40][41] во реваншот во Лондон одигран на 5 мај, тој го постигнал вториот гол во победата со 2-0 над шпанскиот клуб, со што му помогнал на Челси да се пласира во финалето со вкупен резултат 3-1.[42]
На почетокот на сезоната, присуството на Маунт во почетниот состав на Челси и на англиската репрезентација било осудувано од навивачите и медиумите заради фаворизирање од неговите менаџери, Лампард и Гарет Саутгејт.[43] Сепак, сомнежите биле расчистени откако Томас Тухел ја преземал клупата на Челси, нарекувајќи го Маунт „клучен за нашата игра“ и „апсолутно клучен играч“ и го прогласил како еден од најдобрите играчи во Европа.[44][45] На 18 мај, Маунт бил изгласан за Играч на годината на Челси.[46] На 29 мај, Маунт обезбедил асистенција за голот на Каи Хаверц, со кој Челси го победил Манчестер Сити со 1-0 во финалето одиграно во Порто, за освојување на Лигата на шампионите по втор пат во нивната историја, и првиот трофеј на Маунт со клубот.[47]
Манчестер Јунајтед
уредиНа 5 јули 2023, Маут потпишал пет годишен договор со Манчестер Јунајтед.[48]
Репрезентативна кариера
уредиМлади репрезентации
уредиМаунт ја претставувал Англија во неколку младински репрезентации: под 16, под 17, под 18, под 19 години и под 21 година.[49]
Со репрезентацијата под 17 години, настапил на Европското првенство за играчи под 17 години во 2016 година.[50] Година дена подоцна, тој играл на Европското првенство за играчи под 19 години.[51] Маунт му асистирал на Лукас Нмеха за победничкиот гол против Португалија во финалето, благодарение на кој Англија станала шампион.[52] Потоа тој бил прогласен за најдобар играч на турнирот.[53]
За репрезентацијата под 21 година дебитирал на 11 септември 2018, забележувајќи гол и асистенција во победата со 1-2 на гостувањето кај Латвија, во квалификациите за Европското првенство 2019. На 27 мај 2019, Маунт бил избран во составот од 23 играчи кој учествувале на Европското првенство 2019.[54] Тој настапил во сите три натпревари на Англија во групната фаза, забележувајќи асистенција во поразот со 2-4 од Романија.
Сениорска репрезентација
уредиПосле неговата импресивна сезона со Витесе, Маунт бил поканет од менаџерот Гарет Саутгејт да тренира со сениорскиот тим една недела пред Светско првенство 2018.[55] Потоа, тој повторно бил повикан во сениорскиот тим за натпреварите од Лигата на нации против Хрватска и Шпанија во октомври 2018 година.[56] пред конечно да го направи своето деби за трите лавови на 7 септември 2019 година - влегувајќи како замена во 67-мата минута при победата на Англија со 4-0 над Бугарија на домашен терен во квалификациите за Европското првенство 2020.[57] Во споменатите квалификации, Маунт го постигнал и својот прв гол за репрезентацијата во победата со 4-0 над Косово.[58]
Маунт бил избран во 26-члениот состав на Англија за Европското првенство 2020.[59] Дебитирал на првенството на 13 јуни 2021, кога Англија ја совлдала Хрватска со 1-0 на Вембли во првиот натпревар од групната фаза. Девет дена подоцна, Маунт и неговиот соиграч од англиската репрезентација Бен Чилвел биле принудени да се самоизолираат откако стапиле во контакт со играчот на Шкотска Били Гилмор, кој бил позитивен на КОВИД-19 на тестирањето по натпреварот меѓу Англија и Шкотска што завршил 0-0.[60] Поради самоизолацијата, тој ги пропуштил следните два натпревари на својата земја: победата со 1-0 над Чешка со која Англија како прва ја минала групата, како и победата над Германија во осминафиналето. Маунт се вратил за четвртфиналето и го одиграл целиот натпревар во кој англичаните биле подобри од Украина со 4-0 во Рим.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 9 јули 2021.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2017-2018 | Витесе | ЕД | 29+3[61] | 9+5[61] | КХ | 1 | 0 | ЛЕ | 6 | 0 | СХ | 0 | 0 | 39 | 14 |
2018-2019 | Дарби Каунти | ФЛЧ | 35+3[62] | 8+1[62] | ФАКуп+ЛК | 2+4 | 0+2 | - | - | - | - | - | - | 44 | 11 |
2019-2020 | Челси | ПЛ | 37 | 7 | ФАКуп+ЛК | 6+1 | 1+0 | ЛШ | 8 | 0 | СУ | 1 | 0 | 53 | 8 |
2020-2021 | ПЛ | 36 | 6 | ФАКуп+ЛК | 5+2 | 1+0 | ЛШ | 11 | 2 | - | - | - | 54 | 9 | |
Вкупно Челси | 73 | 13 | 14 | 2 | 19 | 2 | 1 | 0 | 107 | 17 | |||||
Вкупно во кариерата | 137+6 | 30+6 | 21 | 4 | 25 | 2 | 1 | 0 | 190 | 42 |
Титули
уреди
КлупскиуредиЧелсиуреди
РепрезентативниуредиАнглија под 19 годиниуреди |
Индивидуалниуреди
|
Наводи
уреди- ↑ „List of Players under Written Contract Registered Between 01/04/2017 and 30/04/2017“. The Football Association. стр. 2. Архивирано од изворникот на 24 October 2019.
- ↑ „Mason Mount: Overview“. ESPN. Архивирано од изворникот 11 September 2020. Посетено на 11 September 2020.
- ↑ „Mason Mount“. Chelsea F.C. Посетено на 20 January 2023.
- ↑ Marshman, Jeff (15 January 2016). „Portsmouth-born talent signs for Chelsea“. The News. Portsmouth. Архивирано од изворникот на 28 April 2018. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ 5,0 5,1 Baldi, Ryan (8 April 2020). „Mason Mount: How midfielder ended Chelsea's long wait for homegrown star“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 8 April 2020. Посетено на 8 April 2020.
- ↑ De Bont, Stef (14 December 2017). „Mason Mount, Vitesse-pareltje dat uitzondering op Chelsea-regel moet worden“ [Mason Mount, Vitesse gem that should be the exception to Chelsea rule]. Voetbal International (холандски). Архивирано од изворникот 15 January 2021. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ Kinsella, Nizaar (29 April 2019). „The making of Mason Mount: Inside Chelsea wonderkid's ascent to greatness“. Goal.com. Посетено на 6 May 2021.
- ↑ Fordham, Josh (15 July 2019). „Chelsea starlet Mason Mount signs new five-year contract after impressing on loan with Frank Lampard at Derby County“. Talksport. Архивирано од изворникот 22 August 2019. Посетено на 22 August 2019.
Mount added: "I joined this club at six-years-old and it was always my goal to play for the first-team one day.
- ↑ Steinberg, Jacob (29 November 2019). „Mason Mount and Declan Rice: 'We're always together. They call us Dumb and Dumber'“. Посетено на 30 June 2021 – преку www.theguardian.com.
- ↑ Mason Mount: 1999 – Inghilterra Архивирано на 30 октомври 2017 г. generazioneditalenti.it
- ↑ Un talento al giorno, Mason Mount: un nuovo Lampard per il Chelsea tuttomercatoweb.com
- ↑ 12,0 12,1 „Mount signs new deal and heads to Vitesse“. Chelsea F.C. 24 July 2017. Архивирано од изворникот на 7 October 2017.
- ↑ 13,0 13,1 „Honours even after first leg of 2015/16 FA Youth Cup Final“. The Football Association. 22 April 2016. Архивирано од изворникот 12 August 2019. Посетено на 10 October 2018.
„Chelsea win the FA Youth Cup for third successive season“. The Football Association. 27 April 2016. Архивирано од изворникот 27 June 2019. Посетено на 10 October 2018. - ↑ 14,0 14,1 „All square in FA Youth Cup Final between Man City and Chelsea“. The Football Association. 18 April 2017. Архивирано од изворникот 10 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
Veevers, Nicholas (26 April 2017). „Chelsea 5–1 Man City“. The Football Association. Архивирано од изворникот 10 October 2018. Посетено на 10 October 2018. - ↑ 15,0 15,1 „Paris 1–2 Chelsea: Line-ups“. UEFA. Архивирано од изворникот 10 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ 16,0 16,1 „Hazard named Chelsea Player of the Year“. Архивирано од изворникот 31 May 2017. Посетено на 29 May 2017.
- ↑ „Vitesse vs. AZ 1–2“. Soccerway. Perform Group. Архивирано од изворникот 10 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ „Swift vs. Vitesse 0–0“. Soccerway. Perform Group. Архивирано од изворникот 10 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ „Vitesse vs. Utrecht 1–1“. Soccerway. Perform Group. Архивирано од изворникот 10 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ 20,0 20,1 Srinivas, Ram (29 April 2018). „Mason Mount becomes third Chelsea loanee to win Vitesse Player of the Year award“. We Ain't Got No History. Vox Media. Архивирано од изворникот 13 December 2019. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ „Derby County sign youngsters Mason Mount and Harry Wilson on loan“. BBC Sport. 17 July 2018. Архивирано од изворникот 19 September 2018. Посетено на 17 July 2018.
- ↑ Williams, Adam (3 August 2018). „Reading 1–2 Derby County“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 1 September 2018. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ „FA Cup: Mason Mount injured as Derby edge Accrington… Wolves deny Shrewsbury… Doncaster join Portsmouth and QPR in hat“. The News. 26 January 2019. Архивирано од изворникот 2 April 2019. Посетено на 2 April 2019.
- ↑ „Derby County 6–1 Rotherham United“. BBC Sport. 30 March 2019. Архивирано од изворникот 10 April 2019. Посетено на 2 April 2019.
- ↑ Gavrilov, Fedor (13 April 2019). „Mount scores first senior hat-trick sending Derby closer to premier league promotion“. Tribuna.com. Архивирано од изворникот 16 April 2019. Посетено на 16 April 2019.
- ↑ „Match Report: Man United 4 Chelsea 0“. Chelsea F.C. 11 August 2019. Архивирано од изворникот 18 December 2019. Посетено на 11 August 2019.
- ↑ „Chelsea 1–1 Leicester City: Mount hits the heights before Foxes bite back“. Goal.com. Perform Group. 18 August 2019. Архивирано од изворникот 18 December 2019. Посетено на 24 August 2019.
- ↑ „Match Report: Norwich City 2 Chelsea 3“. Chelsea F.C. 24 August 2019. Архивирано од изворникот 24 August 2019. Посетено на 24 August 2019.
- ↑ „Mason Mount injury: Chelsea to assess ankle over next 48 hours“. BBC Sport. 17 September 2019. Архивирано од изворникот 21 December 2019. Посетено на 18 September 2019.
- ↑ „Team News: Liverpool vs Chelsea“. Chelsea F.C. 22 July 2020. Архивирано од изворникот 22 July 2020. Посетено на 22 July 2020.
- ↑ „Mason Mount and Olivier Giroud sink Wolves and seal fourth place for Chelsea“. The Guardian. 26 July 2020. Архивирано од изворникот 26 July 2020. Посетено на 26 July 2020.
- ↑ „West Bromwich Albion 3–3 Chelsea: Tammy Abraham scores stoppage-time equaliser“. BBC Sport. 26 September 2020. Архивирано од изворникот 26 September 2020. Посетено на 27 September 2020.
- ↑ „Carabao Cup: Tottenham 1–1 Chelsea (5–4 pens)“. BBC Sport. 29 September 2020. Архивирано од изворникот 29 September 2020. Посетено на 1 October 2020.
- ↑ „Football: Mount scores birthday goal as Chelsea thrash Morecambe“. channelnewsasia.com. 11 January 2021. Архивирано од изворникот на 2021-01-22. Посетено на 17 January 2021.
- ↑ „Fulham 0–1 Chelsea: Mason Mount to the rescue as Blues narrowly see off 10-man Fulham“. Sports Illustrated. 17 January 2021.
- ↑ „Match Report: Chelsea 3 Luton 1“. Chelsea F.C. 24 January 2021.
- ↑ McNulty, Phil (4 March 2021). „Liverpool 0–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 4 March 2021.
- ↑ Johnston, Neil (7 April 2021). „Porto 0-2 Chelsea: Mason Mount scores his first Champions League goal“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 8 May 2021. Посетено на 8 May 2021.
- ↑ „Mason Mount: England midfielder scores his first Champions League goal“. BBC Sport. 7 April 2021. Архивирано од изворникот 8 May 2021. Посетено на 8 May 2021.
- ↑ Dean, Sam (28 April 2021). „Chelsea's Mason Mount proves he belongs at football's highest level against Real Madrid“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот 7 May 2021. Посетено на 7 May 2021.
- ↑ „100 up for Mount – watch Mason's best moments so far“. Chelsea F.C. 28 April 2021. Архивирано од изворникот 2021-05-07. Посетено на 7 May 2021.
- ↑ McNulty, Phil (5 May 2021). „Chelsea 2-0 Real Madrid (agg 3-1): Thomas Tuchel's side set up all-English Champions League final“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 7 May 2021. Посетено на 7 May 2021.
- ↑ Smith, Adam (5 May 2021). „Chelsea midfielder Mason Mount set to star in Champions League semi-final second leg with Real Madrid“. Sky Sports. Архивирано од изворникот 2021-05-05. Посетено на 5 May 2021.
- ↑ „Thomas Tuchel labels Chelsea star Mason Mount the full package after 2-0 win over Fulham“. Sky Sports. 2 May 2021. Архивирано од изворникот 2021-05-02. Посетено на 2 May 2021.
- ↑ Marsh, Charlotte (11 May 2021). „Chelsea head coach Thomas Tuchel says 'humble' Mason Mount has no limits on his future“. Sky Sports. Архивирано од изворникот 2021-05-12. Посетено на 12 May 2021.
- ↑ 46,0 46,1 „Mason Mount wins Chelsea Player of the Year award“. Chelsea F.C. 18 May 2021. Архивирано од изворникот 18 May 2021. Посетено на 18 May 2021.
- ↑ „Man. City 0-1 Chelsea: Havertz gives Blues second Champions League triumph“. UEFA. 29 May 2021. Посетено на 29 May 2021.
- ↑ „United sign Mason Mount“. www.manutd.com (англиски). 5 July 2023. Посетено на 5 July 2023.
- ↑ „Mason Mount“. The Football Association. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 12 August 2017.
- ↑ Veevers, Nicholas (4 May 2016). „England under-17s squad named for Euro Championship“. The Football Association. Архивирано од изворникот 21 July 2019. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ „Squad for U19 Euro“. The Football Association. 26 June 2017. Архивирано од изворникот 22 December 2019. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ 52,0 52,1 Walker, Andy (15 July 2017). „Portugal 1–2 England U19s“. The Football Association. Архивирано од изворникот 24 March 2019. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ 53,0 53,1 „2017: Mason Mount“. UEFA. 25 July 2017. Архивирано од изворникот 8 August 2019. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ „England U21s Squad Named by Aidy Boothroyd for this Summer's Euro Finals in Italy“. The Football Association. 27 May 2019. Архивирано од изворникот 4 June 2019. Посетено на 19 June 2019.
- ↑ Rooney, Will (18 May 2018). „Portsmouth-born Mount to train with Southgate's England squad“. The News. Portsmouth. Архивирано од изворникот 10 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ „James Maddison, Jadon Sancho and Mason Mount named in England squad“. BBC Sport. 4 October 2018. Архивирано од изворникот 14 January 2021. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ McNulty, Phil (7 September 2019). „England 4–0 Bulgaria“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 11 September 2019. Посетено на 7 September 2019.
- ↑ McNulty, Phil (17 November 2019). „Kosovo 0–4 England“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 12 December 2019. Посетено на 17 November 2019.
- ↑ „Euro 2020: Trent Alexander-Arnold named in England's 26-man squad“. BBC Sport. 1 June 2021. Архивирано од изворникот 1 June 2021. Посетено на 7 July 2021.
- ↑ „Mason Mount and Ben Chilwell out of England's Euro 2020 clash with Czech Republic“. BBC Sport. 22 June 2021. Посетено на 22 June 2021.
- ↑ 61,0 61,1 Плејоф за Лига Европа.
- ↑ 62,0 62,1 Плејоф за промоција во Премиер лигата
- ↑ „Mason Mount has been training at the club since he was six years old and signed at the Under-9 age group“. Chelsea F.C. Архивирано од изворникот 15 January 2021. Посетено на 24 June 2020.
- ↑ McNulty, Phil (29 May 2021). „Man. City 0–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 31 May 2021.
- ↑ „The UEFA technical team: Team of the Tournament“. UEFA. Архивирано од изворникот 23 September 2019. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ Eredivisie [@eredivisie] (9 May 2018). „⚽| Het elftal van het seizoen is bekend en dit zijn de 11 namen 😏👇🏻 Staat je favoriete speler niet in de basis? kijk dan eens bij de wisselspelers 👋🏻➡ Wie was voor jou de smaakmaker dit seizoen? #eredivisie #onsvoetbal“ [⚽| The team of the season is known and these are the 11 names 😏👇🏻 Is your favourite player not in the base? take a look at the substitutes 👋🏻➡ Who was the season for you this season? #eredivisie #ourfootball] (Tweet) (холандски). Посетено на 25 August 2019 – преку Twitter.
- ↑ „UEFA Champions League Squad of the Season“. UEFA. 31 May 2021. Посетено на 1 June 2021.
- ↑ „Mount wins 2020/21 Academy Graduate award“. Premier League. 2 June 2021. Архивирано од изворникот 2 June 2021. Посетено на 2 June 2021.