Едер Милитао (роден на 18 јануари 1998 година, во Сертанзињо) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација.

Едер Милитао
Лични податоци
Полно име Едер Габриел Милитао[1]
Роден на 18 јануари 1998(1998-01-18)(26 г.)
Роден во Сертанзињо, Саун Пауло, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид Реал Мадрид
Број 3
Младинска кариера
2010–2017 Саун Пауло Саун Пауло
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017-2018 Саун Пауло Саун Пауло 49 (5)
2018-2019 Порто Порто 29 (3)
2019- Реал Мадрид Реал Мадрид 75 (5)
Репрезентација
2015 Бразил Бразил 17 5 (0)
2018- Бразил Бразил 27 (1)
* Ажурирано на: 20 јуни 2014
** Ажурирано на: 1 септември 2014

Технички одлики

уреди

Централен дефанзивец[2] надарен со одлични физички предиспозиции, игра во воздухот, техника и брзина.[2][3] Благодарение на својата тактичка еластичност[2], исто така, може да игра и странично, како десен бек.[2][3] Тој е добар во давањето на вертикални додавања и во промените на насоката на нападите на својот тим.[3]

Клупска кариера

уреди

Саун Пауло

уреди

Роден во Сертанзињо во државата Саун Пауло, Милитао започнал да игра фудбал во младинските категории на Саун Пауло во 2010 година. Своето деби за првиот тим го имал на 14 мај 2017 година, во поразот со 1–0 на гостувањето кај Крузеиро, во воведниот натпревар на Кампеонато Бразилеиро Серија А 2017.[4] На 12 ноември 2017, тој добил црвен картон во ремито 1-1 со Васко да Гама.[5] Во текот на сезоната во која клубот завршил на 13-тото место, Милитао забележил 22 настапи и постигнал два гола; првиот од неговите голови бил во победата со 2–1 против Виторија на 17 септември.

Порто

уреди
 
Милитао играјќи за Порто во октомври 2018

На 7 август 2018 година, Милитао потпишал петгодишен договор со португалскиот шампион Порто.[6] Тој го направи своето деби во португалската Примеира лига на 2 септември, започнувајќи во победата со 3–0 на домашен терен против Мореиренсе во која тој асистирал за првиот гол на Порто, кој го постигнал капитенот Ектор Ерера.[7] Во текот на следните натпревари, Милитао го зацврстил своето место како централен одбранбен играч во почетните единаесет на Порто, формирајќи партнерство во срцето на одбраната со сонародникот Фелипе.[8]

На 28 ноември, Милитао го постигнал својот прв гол за клубот во победата на домашен терен со 3–1 против Шалке 04 во групната фаза од Лигата на шампионите, со удар со глава по центаршутот на Оливер Торес.[9] На 3 јануари 2019 година, Милитао го постигнал својот прв гол во португалското првенство, во натпревар против Авеш.[10]

Својата единствена сезона во дресот на Порто ја завршил со 47 настапи и 5 голови во сите конкуренции и бил избран во Тимот на годината на Примеира лига.[11]

Реал Мадрид

уреди

На 14 март 2019 година, бил објавен неговиот трансфер во Реал Мадрид, кој стапил на сила на 1 јули 2019 година.[12] За доведувањето на Милитао во својте редови, Реал му платил на Порто 50 милиони евра, а играчот потпишал шестгодишен договор со Кралевите. Тој го направил своето деби на 14 септември, влегувајќи како замена за Серхио Рамос во последниот половина час од победата со 3–2 на домашен терен над Леванте.[13] Тој забележал 15 настапи во лигата во текот на сезоната 2019-2020, во која Реал Мадрид ја освоил титулата.[14]

Милитао го постигнал својот прв гол за Реал Мадрид против третологашот Алкојано во шеснаесттинафиналето на Купот на Шпанија на 20 јануари 2021 година; тој го отворил резултатот со удар со глава по центаршутот на Марсело, но неговиот тим на крајот изненадувачки загубил со 2–1 по продолженија.[15] Истата година, на 1 мај, Милитао го постигнал својот прв првенствен гол за Реал во победата со 2–0 над Осасуна.[16]

Репрезентативна кариера

уреди

На 12 септември 2018 година, Милитао го направил своето деби за сениорската репрезентација на Бразил во победата со 5-0 во пријателски натпревар против Ел Салвадор.[17][18][19]

Тој бил повикан за Копа Америка 2019,[20] каде играл малку (меѓудругото поради повреда, иако и не бил највисоко рангиран во хиерархијата на селекторот Тите)[21] само во последните 15-тина минути од финалето против Перу кое завршило со победа на Кариоките од 3-1 за нивна деветта континентална титула.[22]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
12-9-2018 Вашингтон Бразил   5 – 0   Ел Салвадор Пријателска -
23-3-2019 Порто Бразил   1 – 1   Панама Пријателска -
6-6-2019 Бразилија Бразил   2 – 0   Катар Пријателска -   81'
9-6-2019 Порто Алегре Бразил   7 – 0   Хондурас Пријателска -   46'
7-7-2019 Рио де Жанеиро Бразил   3 – 1   Перу Копа Америка 2019 - Финале -   77' дет.
10-9-2019 Лос Анџелес Бразил   0 – 1   Перу Пријателска -
15-11-2019 Ријад Бразил   0 – 1   Аргентина Пријателска -   64'
19-11-2019 Абу Даби Бразил   3 – 0   Јужна Кореја Пријателска -
3-6-2021 Порто Алегре Бразил   2 – 0   Еквадор Квал. за СП 2022 -   47'
8-6-2021 Асунсион Парагвај   0 – 2   Бразил Квал. за СП 2022 -
13-6-2021 Бразилија Бразил   3 – 0   Венецуела Копа Америка 2021 - Прва фаза -
17-6-2021 Рио де Жанеиро Бразил   4 – 0   Перу Копа Америка 2021 - Прва фаза -
27-6-2021 Гојанија Бразил   1 – 1   Еквадор Копа Америка 2021 - Прва фаза 1
2-7-2021 Рио де Жанеиро Бразил   1 – 0   Чиле Копа Америка 2021 - Четвртфинале -   90+1'
5-7-2021 Рио де Жанеиро Бразил   1 – 0   Перу Копа Америка 2021 - Полуфинале -   85'
2-9-2021 Сантјаго Чиле   0 – 1   Бразил Квал. за СП 2022 -
9-9-2021 Ресифе Бразил   2 – 0   Перу Квал. за СП 2022 -
10-10-2021 Баранкиља Колумбија   0 – 0   Бразил Квал. за СП 2022 -
16-11-2021 Сан Хуан Аргентина   0 – 0   Бразил Квал. за СП 2022 -
27-1-2022 Кито Еквадор   1 – 1   Бразил Квал. за СП 2022 -   45+2'
29-3-2022 Ла Пас Боливија   0 – 4   Бразил Квал. за СП 2022 -
6-6-2022 Токио Јапонија   0 – 1   Бразил Пријателска -
23-9-2022 Ле Авр Бразил   3 – 0   Гана Пријателска -
28-11-2022 Доха Бразил   1 – 0   Швајцарија СП 2022 - Прва фаза -
2-12-2022 Лусаил Камерун   1 – 0   Бразил СП 2022 - Прва фаза -   7'
5-12-2022 Доха Бразил   4 – 1   Јужна Кореја СП 2022 - Осминафинале -   63' дет.
9-12-2022 Ал Рајан Хрватска   1 – 1 прод.
(4 – 2 пен.)
  Бразил СП 2022 - Четвртфинале -   106' дет.
Вкупно Настапи 27 Голови 1

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 2 ноември 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2017   Саун Пауло А1/СП+А 0+22 2 КБ 0 0 КС 0 0 - - - 22 2
2018 А1/СП+А 14+13 0+1 КБ 6 1 КС 2 0 - - - 35 2
Вкупно Саун Пауло 14+35 3 6 1 2 0 - - 57 4
2018-2019   Порто ПЛ 29 3 КП+ЛК 6+3 0 ЛШ 9 2 СП 0 0 47 5
2019-2020   Реал Мадрид ПД 15 0 КШ 2 0 ЛШ 3 0 СШ 0 0 20 0
2020-2021 ПД 14 1 КШ 1 1 ЛШ 6 0 СШ 0 0 21 2
2021-2022 ПД 34 1 КШ 2 1 ЛШ 12 0 СШ 2 0 50 2
2022-2023 ПД 11 2 КШ 0 0 ЛШ 4 0 СШ+СУ+Скп 0+1+0 0 16 2
Вкупно Реал Мадрид 74 4 5 2 25 0 3 0 107 6
Вкупно во кариерата 152 10 20 3 36 2 3 0 211 15

Титули

уреди

Клупски

уреди
Реал Мадрид
2019-2020, 2021-2022
2019-2020, 2021-2022
2021-2022
2022

Репрезентативни

уреди
2019

Индивидуални

уреди
  • Примеира лига одбранбен играч на месецот: септември 2018,[23] октомври 2018,[24] ноември 2018, декември 2018,[25] јануари 2019[26]
  • Примеира лига Тим на годината: 2018–2019[11]
  • Примеира лига Ферплеј играч: 2018–2019[27]
  • Ла Лига Тим на годината: 2021–2022[28]

Наводи

уреди
  1. „Acta del Partido celebrado el 17 de agosto de 2019, en Vigo“ [Minutes of the Match held on 17 August 2019, in Vigo] (шпански). Royal Spanish Football Federation. Архивирано од изворникот на 2021-01-15. Посетено на 17 August 2019.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Top XI: Primeira Liga 2018/19“. L'Ultimo Uomo (италијански). 2019-06-12. Посетено на 2020-01-04.
  3. 3,0 3,1 3,2 „40 giovani da seguire nel 2019“. L'Ultimo Uomo (италијански). 2019-01-08. Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 2020-01-04.
  4. „Polivalente, Éder Militão comemora estreia pelo São Paulo“ [Versatile Eder Militão celebrates his debut for São Paulo] (португалски). ESPN Brasil. 17 May 2017. Архивирано од изворникот на 2018-09-02. Посетено на 25 July 2018.
  5. „São Paulo e Vasco da Gama ficam no 1 a 1 em empate ruim para ambos“ [São Paulo and Vasco da Gama end 1–1 in a disappointing draw for both] (португалски). UOL. 12 November 2017. Архивирано од изворникот на 2019-04-03. Посетено на 16 October 2018.
  6. „Militão feliz por estar "num clube vencedor" [Militão happy to be "in a winning club"]. Diário de Notícias (португалски). 7 August 2018. Посетено на 7 August 2018.
  7. Nogueira, Carlos (2 September 2018). „Dragões marcaram cedo e depois tiveram medo dos seus fantasmas“ [Dragons scored early and then were afraid of the ghosts of their past]. Diário de Notícias (португалски). Посетено на 16 October 2018.
  8. „Felipe: «Militão absorve tudo muito rápido»“ [Felipe: "Militão absorbs everything very fast"]. Record (португалски). 26 October 2018. Посетено на 20 December 2018.
  9. Tavares, Nuno (28 November 2018). „Porto brilha e sela apuramento“ [Porto shines and seals clearance] (португалски). UEFA. Посетено на 20 December 2018.
  10. Teles, Gonçalo (3 January 2019). „Valeu, Militão. FC Porto isola-se ainda mais no primeiro lugar do campeonato“ [Thanks, Militão. FC Porto isolates even more in the first place of the championship] (португалски). TSF. Посетено на 4 January 2019.
  11. 11,0 11,1 „FC Porto domina Onze do Ano da Primeira Liga“ [FC Porto dominates the Primeira Liga Team of the Year] (португалски). SAPO. 5 July 2019. Посетено на 8 July 2019.
  12. „Official Announcement: Militão“. Real Madrid C.F. 14 March 2019. Посетено на 14 March 2019.
  13. „Militao makes his debut with Real Madrid's backs against the wall“. Marca. 14 September 2019. Посетено на 14 September 2019.
  14. „Real Madrid win the longest LaLiga Santander season“. Marca. 17 July 2020. Посетено на 17 July 2020.
  15. „Real Madrid stunned by Alcoyano in Copa Del Rey - European round-up“. Sky Sports. 21 January 2021. Посетено на 22 January 2021.
  16. „Real Madrid win to keep pace in La Liga race“. ESPN. 2 May 2021. Посетено на 23 May 2022.
  17. „Brasil goleia El Salvador na estreia de Felipe e Éder Militão“ (португалски). Посетено на 2020-01-04.
  18. „Da região, Éder Militão estreia na Seleção Brasileira“ (португалски). Посетено на 2020-01-04. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  19. „Balanço das novidades: Richarlison, Arthur e Militão se destacam no início da renovação“. Globoesporte (португалски). Посетено на 2020-01-04.
  20. „Tite divulga convocação do Brasil para a Copa América com Neres e Fernandinho: "Lista mais difícil". Globoesporte (португалски). Посетено на 2020-01-05.
  21. „Militao leaves Brazil training after feeling a pain in his hip“ (англиски). 2019-06-15. Посетено на 2020-01-05.
  22. „Le pagelle di Brasile-Perù 3-1: Everton è dominante“. Eurosport. 2019-07-08. Посетено на 2020-01-05.
  23. „Melhores de setembro: Phellype e Shoya em destaque“ [Best of September: Phellype and Shoya highlighted] (португалски). Liga Portugal. 19 October 2018. Посетено на 19 October 2018.
  24. „Melhores de outubro e novembro: Bas Dost e Luiz Phellype em destaque“ [Best of October and November: Bas Dost and Luiz Phellype highlighted] (португалски). Liga Portugal. 12 December 2018. Посетено на 12 December 2018.
  25. „Melhores de dezembro: Bruno Fernandes e Luiz Phellype em destaque“ [Best of December: Bruno Fernandes and Luiz Phellype highlighted] (португалски). Liga Portugal. 9 January 2019. Посетено на 9 January 2019.
  26. „Melhores de janeiro: João Félix e Pedro Henrique em destaque“ [Best of January: João Félix and Pedro Henrique highlighted] (португалски). Liga Portugal. 12 February 2019. Посетено на 28 February 2019.
  27. „Vencedores dos Prémios Oficiais da Liga Portugal 2018–19“ [Liga Portugal Official Awards Winners 2018–19] (португалски). Liga Portugal. 5 July 2019. Посетено на 23 July 2019.
  28. „LaLiga Santader Team of the Season“. EA. 19 May 2022. Посетено на 21 August 2022.

Надворешни врски

уреди