Родерик Дејвид Стјуарт (роден на 10 јануари 1945 година)[1] — британски поп-рок пејач и текстописец. Со својот препознатлив рапав глас, Стјуарт со продадени над 250 милиони плочи ширум светот е меѓу музичарите со најголема заработка на сите времиња.[2] Имал 10 албуми на прво место и 31 топ десет синглови во ОК, од кои шест се искачиле на прво место.[3] Во САД, Стјуарт има 16 топ 10 синглови, а четири се искачиле на прво место на Billboard Hot 100. Бил прогласен за витез во 2016 година за наговата работа поврзана со музиката и добротворните цели.

Сер
Род Стјуарт
Стјуарт настапува во Минеаполис август 2014
Роден(а)Родерик Дејвид Стјуарт
10 јануари 1945(1945-01-10)(79 г.)
Хајгејт, Лондон, Англија
Други имињаRod the Mod
Занимање
  • Singer
  • songwriter
  • record producer
  • musician
Активен период1961–денес
Сопружник
  • Алана Колинс (в. 1979; раз. 1984)
  • Рејчел Хантер (в. 1990; раз. 2006)
  • Пени Ланкастер (в. 2007)
Деца8

Во 2008 година, списанието Билборд го рангирал на 17-то место на листата „100 најдобри уметници на сите времиња од Билборд“.[4] Добитник е на Греми и Брит награди, на листата од Q Magazine „Топ 100 најдобри пејачи на сите времиња“ се наоѓа на 33 место.[5] Како соло изведувач, во 1994 година Стјуарт бил примен во американската Куќата на Славните на Рокенролот, во Куќата на славните музичари од Обединетото Кралство во 2006 година, а уште една бил примен во американската Куќа на славните од Рокенролот во 2012 година како член на Faces.[6][7]

Приватен живот

уреди

Родерик Дејвид Стјуарт е роден во Лондон на 10 јануари 1945 година, како најмало од петте деца на неговите родители.[8][9] Татко му бил Шкотланѓанец, а мајка му Англичанка и детството го поминал во Северен Лондон.

Стјуарт го напуштил училиштето на 15-годишна возраст [10] и кратко работел како ситопечатар.[11] Татко му го поддржувал во неговата амбиција била да стане професионален фудбалер,[10] и летото 1960 година бил на проба во Брентфорд[12] кој тогаш се натпреварувал во третата лига.[13] Род Стјуарт во својата автобиографија од 2012 година наведува дека никогаш не потпишал за клубот и дека клубот не го повикал по пробата. Сепак, во врска со можните опции за кариера, Стјуарт заклучил: „Па, животот на музичарот е многу полесен и јас можам да се опијам и да правам музика, а не можам да го правам тоа и да играм фудбал. Се определив за музика. . . Тие всушност се единствените две работи што знам да ги правам: да играм фудбал и да пеам.“[10][14]

Музичка кариера

уреди

Род Стјуарт музичката кариера ја започнал во 1962 година кога како баскер свирел хармоника. Во 1963 година, се приклучил на музичката група The Dimensions како вокал, а бил член и на All Stars (1964-1967), групата на Џеф Бек (1967-1969), и Faces (1969-1975). Во 1969 започнал и соло кариера; истата година го објавил својот деби албум. Првите албуми на Стјуарт биле спој на рок, фолк, соул и ритам и блуз.[15][16] Со својот трет албум, Every Picture Tells a Story (1971), се пробил на врвот од топ листите во ОК, САД, Канада и Австралија, а особено успешна била баладата „Меги Меј“. Следниот албум, Never a Dull Moment (1972), исто така се искачил првото место во Обединетото Кралство и Австралија.

Во 1975 музичката група Faces се распаднала. Род Стјуарт во следните години имал неколку хит балади како „Sailing“, од албумот Atlantic Crossing. A Night on the Town (1976) бил неговиот петти последователен албум кој се искачил на врвот од топ листите во Обединетото Кралство, а од тој албум многу добро поминала песната „Tonight's the Night (Gonna Be Alright)“ која поминала речиси два месеци на првото место во САД и Канада. Foot Loose & Fancy Free (1977) го имал хитот „You're in My Heart (The Final Acclaim) “.

 
Стјуарт на реклама за неговиот албум од 1971 година Every Picture Tells A Story

Награди и почести

уреди
  • Брит награда за исклучителен придонес во музиката, 1993 година.[17]
  • Ја добил наградата Легенда на Светските музички награди, 1993 година.[18]
  • Примен во Куќата на славните на рокенролот, 1994 година (како соло уметник. ) [6]
  • Бил добитник на првата воопшто Дијамантска награда од Светските музички награди за над 100 милиони продадени плочи ширум светот, 2001 година.[19]
  • Греми награда за најдобар традиционален поп албум, 2005 година, Stardust ... The Great American Songbook Volume III.
  • На 11 октомври 2005 година, Стјуарт добил ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд за неговиот придонес во музичката индустрија.[20]
  • Примен во Куќата на славните музичари од Обединетото Кралство, 2006 година.[21]
  • Му бил доделен Орден на Британската Империја на Новогодишните почести во 2007 година.[22]
  • Назначен за витез на прославата во чест на роденденот на кралицата во 2016 година .
  • Ја добил наградата за основачи од ASCAP во 2011 година.[23]
  • Примен во Куќата на славните на рокенролот, 2012 година (како член на Faces).[7]
  • До денес, Стјуарт има добиено седум номинации за канадската награда Џуно.[24]
  • Златна Европа 1991 година за најдобар интернационален пејач [25]
  • Ivor Novello Awards 1999 Награда за животно дело [26]

Список на групи

уреди

Во текот на својата кариера, Род Стјуарт бил член на многу групи:

  • Jimmy Powell and the Five Dimensions (1963)
  • The Hoochie Coochie Men (1964–1965)
  • Steampacket (1965–1966)
  • Soul Agents (1965–1966)
  • Shotgun Express (1966-1967)
  • The Jeff Beck Group (1967–1969)
  • Faces (1969–1975)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • An Old Raincoat Won't Ever Let You Down (1969)
  • Gasoline Alley (1970)
  • Every Picture Tells a Story (1971)
  • Never a Dull Moment (1972)
  • Smiler (1974)
  • Atlantic Crossing (1975)
  • A Night on the Town (1976)
  • Foot Loose & Fancy Free (1977)
  • Blondes Have More Fun (1978)
  • Foolish Behaviour (1980)
  • Tonight I'm Yours (1981)
  • Body Wishes (1983)
  • Camouflage (1984)
  • Every Beat of My Heart (1986)
  • Out of Order (1988)
  • Vagabond Heart (1991)
  • A Spanner in the Works (1995)
  • When We Were the New Boys (1998)
  • Human (2001)
  • It Had to Be You: The Great American Songbook (2002)
  • As Time Goes By: The Great American Songbook, Volume II (2003)
  • Stardust: The Great American Songbook, Volume III (2004)
  • Thanks for the Memory: The Great American Songbook, Volume IV (2005)
  • Still the Same... Great Rock Classics of Our Time (2006)
  • Soulbook (2009)
  • Once in a Blue Moon: The Lost Album (2010)
  • Fly Me to the Moon... The Great American Songbook Volume V (2010)
  • Merry Christmas, Baby (2012)
  • Time (2013)
  • Another Country (2015)
  • Blood Red Roses (2018)
  • The Tears of Hercules (2021)
  • Swing Fever with Jools Holland (2024)

Наводи

уреди
  1. Walsh, John (23 October 2011). „The Saturday Profile: Rod Stewart, Rock Star: Do ya still think I'm sexy?“. The Independent. London, UK. Архивирано од изворникот на 23 May 2019. Посетено на 26 November 2015.
  2. „Sir Rod Stewart is closing the show!“. Brit Awards. Архивирано од изворникот на 2022-11-15. Посетено на 29 May 2022.
  3. „UK Top 40 Hit Database (Rod Stewart)“. Everyhit.com. Архивирано од изворникот на 12 October 2008. Посетено на 28 September 2014.
  4. Празен навод (help)
  5. „The Music That Changed The World Q Magazine – 3 Special Editions Jan, Feb, March 2004“. Rocklistmusic.co.uk. Архивирано од изворникот на 2012-06-29. Посетено на 28 September 2014.
  6. 6,0 6,1 „Rod Stewart: Inducted in 1994 – The Rock and Roll Hall of Fame and Museum“. Rockhall.com. Посетено на 28 September 2014.
  7. 7,0 7,1 Празен навод (help)
  8. Nelson and Bangs, Rod Stewart, p. 53.
  9. „Elsie Rebecca Stewart“. Geni.
  10. 10,0 10,1 10,2 Ewbank and Hildred, Rod Stewart: The New Biography, pp. 10–11.
  11. Gray, Rod Stewart: The Visual Documentary, pp. 4–5.
  12. Stewart, Rod: The Autobiography, pp. 16–19.
  13. „Brentford FC: History“. Brentford F.C. Архивирано од изворникот на 17 December 2008. Посетено на 4 May 2009.
  14. Nelson and Bangs, Rod Stewart, p. 54.
  15. Eder, Bruce. „Truth: Review“. AllMusic. Посетено на 1 May 2009.
  16. Erlewine, Stephen Thomas. „Faces: Biography“. AllMusic. Посетено на 1 May 2009.
  17. „Brit Awards 1993“. Brit Awards. Архивирано од изворникот на 2012-06-30. Посетено на 28 September 2014.
  18. Sandler, Adam (3 June 1993). „1993 World Music Awards“. Variety (англиски). Посетено на 16 December 2020.
  19. Gallo, Phil (21 May 2011). „Rod Stewart: no "magicians or midgets" in Vegas show“. Reuters (англиски). Посетено на 16 December 2020.
  20. „Rod Stewart | Hollywood Walk of Fame“. www.walkoffame.com. Посетено на 21 September 2016.
  21. „Led Zeppelin make UK Hall of Fame“. BBC. Посетено на 28 September 2014.
  22. „Stewart rocks up to collect CBE“. BBC News. Посетено на 28 September 2014.
  23. „ASCAP Founders Award recipients“. Архивирано од изворникот на 2014-07-04. Посетено на 10 October 2012.
  24. „Artist Summary: Rod Stewart“. CARAS. Архивирано од изворникот на 17 July 2014. Посетено на 25 February 2013.
  25. „Goldene Europa Award recipients“. Архивирано од изворникот на 2022-11-15. Посетено на 9 July 2019.
  26. „Ivor Novello Award recipients“. Посетено на 14 June 2021.

Библиографија

уреди

Надворешни врски

уреди